Кристијано Роналдо беше творецот на пресвртот во дуелот против Хрватска. Тој го постигна голот за израмнување на 1:1 и тоа од пенал, а по завршување на средбата, капитенот на Португалија беше прогласен и за најдобар играч на натпреварот. Погодокот што го даде Роналдо од пенал имаше големо значење. Со тој погодок, Роналдо постави рекорд како најстар фудбалер што постигнал погодок во меч од нокаут фаза на Светскоо првенство и тоа со 41 година и ...

Хрватска не успеа на трето светско првенство по ред да освои медал. По среброто на СП 2018 и бронзениот медал на Мундијалот во Катар во 2022 година, Коцкеситте сега се елиминирани во првата нокаут-фаза. Хрватска беше елиминирана од Португалија и тоа на драматичен начин. Вкупно три погодоци беа поништени на Хрватите, а Португалија доби пенал по еден „мек контакт“ во шеснаесетникот. На крајот, најголемата драма се случи во 90+13 минута кога ...

Селекцијата на Швајцарија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако без многу проблеми со 2:0 го победи Алжир. Уште во 10-тата минута Швајцарија стигна до водство благодарение на погодокот на Емболо во 10-тата минута и тој гол може да го видите ТУКА. Статистички, Алжир имаше поголем посед на топка, но Швајцарците беа многу поконкретни. Европската селекција создаде повеќе шанси, додека Алжир упати само два шута кои одеа во ...

Неверојатна драма се случуваше во финишот на мечот меѓу Португалија и Хрватска, а на крајот тимот предводен од Кристијано Роналдо се радуваше на триумф од 2:1 и пласман во осминафиналето. Хрватска прва даде гол, но Португалија со два погодоци стигна до 2:1 во 90+4 минута. Хрватска буквално во последниот напад, односно во 90+13 минута постигна погодок за 2:2, но потоа се јавија од ВАР собата. Ренато Веига нафрли, топката стигна до Пашалиќ, кој ...

Репрезентацијата на Португалија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако со 2:1 славеше над Хрватска, во највозбудливиот меч кој досега се одигра на овој турнир. По првото полувреме немаше погодоци, а на почетокот на вториот дел, односно во 53 минута Хрватска со голот на Иван Перишиќ поведе со 1:0. Португалија мораше да тргне многу поофанзивно, па во 61 минута Роналдо даде гол кој беше поништен поради офсајд. Капитенот на ...

Шпанија без никакви проблеми се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако со 3:0 славеше над Австрија во првата нокаут фаза. Црвената фурија имаат три победи и едно реми без голови на овој Мундијал, со што само потврдуваат дека се фаворити за највисок пласман. Освен добрата игра во нападот, Шпанија потврдува дека има и гранитна одбрана. Голманот Унаи Симон повторно ја сочува својата мрежа незатресена, а тоа беше доволно за да ...

Шпанската фудбалска репрезентација на убедлив начин се пласираше во осминафиналето на Светското првенство. Во првата нокаут фаза, Црвената фурија со 3:0 славеше над Австрија и сега го чека подобриот од дуелот меѓу Португалија и Хрватска. Во текот на целиот меч Шпанците доминираа на теренот и на крајот повеќе од заслужено стигнаа до лесен триумф. Микел Ојарзабал со погодок во 36 минута донесе радост за 1:0 по првото полувреме, но кое голманот ...

Македонската кошаркарска репрезентација стигна до петата победа во петиот меч од предквалификациите за пласман на Европско првенство 2029 година, откако убедливо со 77:56 ја победи Република Ирска. Со овој триумф Македонија го обезбеди првото место во групата со максимални 10 бодови, па мечот на 5 јули на гости против Луксембург ќе биде чиста формалност. Убава беше атмосферата во салата „Лазар Лечиќ“, а навивачите задоволни си заминаа по ...

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и Ајакс, Ерик тен Хаг, би можел да ја преземе функцијата селектор на холандската репрезентација, според новинарот Николо Шира. Поранешниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот исто така e опција за испразнетото селекторско место. Холандија имаше неславен настап на Светското првенство 2026 откако беше исфрлена уште во 16-финалто. По 120 минути игра Лалињата одиграа 1:1 против Мароко, а во пенал-рулетот, ...

По првите 45 минути, Шпанија ја оправдува фаворитската улога против Австрија и води со 1:0. Погодокот за водство на Црвената фурија го постигна Микел Ојарзабал во 36 минута, по асистенција на Кукурења. Со овој погодок, Ојарзабал само ја потврди одличната форма во која се наоѓа. За него ова беше 16-ти погодок во последните 16 меча за националниот тим. Spain 1-0 Austria – Mikel Oyarzabal 37′ by u/977x in soccer Шпанија целосно доминираше во ...

Екипата на МФК Карвина нема да игра во европските клупски натпреварувања, иако како освојувач на Купот во Чешка, обезбеди место во Лига на Европа. Сепак, Карвина е исфрлена од европските купови поради сомнежи за директно или индиректно вклучување во натпревари со наместен исход, одлучи Комитетот за жалби на УЕФА. Ова значи дека има промени за тоа кои екипи од Чешка, во кои натпреварувања ќе играат. Викторија Плзен ќе игра во плејофот за ...

Реал Мадрид ќе се обиде да го продаде францускиот играч за врска, Едуардо Камавинга. Кралскиот клуб отпочна преговори со Манчестер сити. Тешко лето е зад младиот фудбалер од средниот ред. Најпрво, селекторот на Франција, Дидие Дешан, поради послаба форма во вториот дел од сезоната не го повика на Светското првенство, иако Камавинга беше важен дел од тимот на претходниот Мундијал. Сега, шпанската „Марка“ пишува дека Реал Мадрид во летниот ...

Многумина со нетрпени го очекуваат дуелот меѓу Хрватска и Португалија, кој е прогласен за дерби на 16-финалната фаза на Светското првенство. Мечот е закажан за 1 часот по полноќ по македонско време, но можно е да не започне во предвидениот термин. Тоа е така затоа што временската прогноза покажува дека во тој период се најавува невреме со дожд и грмотевици во Торонто, каде ќе се игра оваа пресметка. На Мундијалот во сила е протокол според кој ...

Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Скопје, откако со 2:0 во сетови го победи Лијам Деликата од Малта. Во меч кој траеше речиси два часа, Ивановски беше подобар со 6:4 и 6:3. Во првиот сет се водеше голема борба, но Ивановски успеа да го скрши отпорот и по 55 минути игра да поведе со 1:0 во сетови. И вториот сет беше неизвесен и траеше 53 минути, но Ивановски уште еднаш покажа квалитет да биде подобар од ...

Андреј Јакимовски уште еднаш покажа дека е вистински предводник на македонската кошаркарска репрезентација. На дуелот против Република Ирска во салата „Лазар Лечиќ“, Јакимовски за 33 и пол минути поминати на теренот заврши со дабл-дабл учинок. Кошаркарот на италијански Тренто на крајот имаше 19 поени и 13 скока. Веднаш по мечот, Јакимовски изрази задоволство од играта на нашата селекција. „Очекувавме физичка игра од страна на Ирска, така ...

Македонската кошаркарска репрезентација продолжи да реди победи во претквалификациите за пласман на Европското првенство, откако во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје без многу проблеми славеше против Република Ирска со 77:56. За Македонија ова е петта победа во петиот меч и сигурно го обезбеди првото место во групата во која се уште и селекциите на Луксембург и Азербејџан. До крајот на квалификациите, Македонија ќе гостува кај Луксембург. ...

Очекувањата во Јапонија се дека Хаџиме Моријасу ќе остане селектор на националниот тим и покрај раната елиминација од Мундијалот. Моријасу го одведе тимот до шеснаесетфиналето на Светското првенство во Северна Америка, каде што Јапонија беше поразена со 2-1 од петкратниот светски шампион Бразил. Јапонската селекција сè уште нема победа во натпревар од директна елиминација на Светските првенства. Моријасу ја презеде репрезентацијата по ...

Англија и Белгија во последен момент се спасија од шок во дуелите со африканските селекции на ДР Конго и Сенегал. Англија со 2:1 славеше над ДР Конго, откако губеше со 1:0 на полувреме, додека Белгија иако губеше со 0:2, на крајот со 3:2 се пласираше во осминафиналето и тоа со гол во 120+5 минута, откако по регуларните 90 минути, мечот заврши 2:2. Со овие два натпревари, само се потврдува дека овој Мундијал е турнир на пресврти. На вкупно 11 ...

Малку фудбалски моменти предизвикуваат толкав притисок како изведувањето пенали, особено кога станува збор за Светско првенство. Напнатоста ја чувствуваат изведувачите, голманите, играчите, тренерите покрај аут-линијата, навивачите, па дури и судиите. За едни пеналите се лотарија, а за други резултат на темелна подготовка. „Секако дека трениравме пенали. Ќе го направиме тоа и на последниот тренинг пред натпреварот. Работиме на секој можен ...

Дуелот меѓу Хрватска и Португалија кој ќе се игра во вечерва со почеток во 01 часот по полноќ ќе биде „шлагот“ на 16-финалните пресметки на СП 2026. Ова е Мундијал на кој прв пат се игра 16-финале, а Португалија и Хрватска се селекции кои атакуваат на висок пласман. Кристијано Роналдо од едната страна и Лука Модриќ од другата ќе бидат капитените и предводниците на двете селекции. Во пресрет на мечот, Роналдо преку социјалните мрежи упати ...

Kапитенот на Германија, Џошуа Кимих, изрази големо разочарување по елиминацијата на неговиот тим од Светското првенство. Германската репрезентација беше исфрлена од Парагвај во шеснаесетфиналето, по нерешени 1-1 во регуларниот дел и пораз од 3-4 по изведување пенали. „Во моментов се чувствувам целосно празно и искрено немам желба да зборувам. Но, тоа е дел од работата, да се соочиш и со вакви моменти. Заедно планиравме да имаме успешно ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, призна дека неговиот тим нема да може целосно да се приспособи на високата надморска височина во Мексико сити, каде што Англичаните ќе го играат осминафиналниот натпревар против домаќинот Мексико на легендарниот стадион „Ацтека“. Англичаните вчера со многу мака стигнаа до победа од 2-1 над Демократска Република Конго. Херој на Англија беше Хари Кејн, кој со два гола во последните 15 минути направи целосен ...

Кристијано Роналдо доби многу критики за својата игра во првата фаза од Мундијалот, а потоа за момент ги замолкна хејтерите со двата гола против Узбекистан. Сепак, сѐ уште има такви кои велат дека Роналдо не е во вистинската форма и дека не може да постигне гол за Португалија на важен натпревар. Вечерашниот дуел против Хрватска е неверојатно важен, тоа е првиот чекор во нокаут-фазата и нема простор за грешка. Ако сметате дека Роналдо ќе ја ...

Леброн Џејмс официјално се раздели од ЛA лејкерс по цели осум години, но не планира да ја заврши кариерата ниту на 42-годишна возраст. Сега останува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата, а според пишувањата на локалниот „Денвер Пост“, кој се повикува на извори од лигата, тој би можел да стане соиграч на Никола Јокиќ во Денвер нагетс. Според истите информации, Нагетс покажале сериозен интерес и веќе воспоставиле контакт со Леброн Џејмс. ...

Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон во следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити. Од редовите на англискиот гигант се пофалија дека е постигнат договор со тимот на Нотингем Форест каде досега настапуваше Андерсон. „Манчестер Сити и Нотингем Форест постигнаа договор за трансферот на Елиот Андерсон“, соопштија од таборот на Сити. Најавите се дека ова ќе биде рекорден трансфер во клупската историја на тимот од Манчестер. За ...

Јури Тилеманс влезе во историјата на Светските првенства со решавачкиот погодок во победата на Белгија од 3-2 над Сенегал во шеснаесетфиналето. Белгискиот капитен реализираше пенал во 124 минута и 43 секунда, со што постигна најдоцна даден гол во историјата на елиминациската фаза на мундијалите. Претходниот рекорд го држеше Алжирецот Абделмалек Џабу, кој во 2014 година постигна гол против Германија во 120:49 минута. По него следуваат ...

Младинската академија на ФК Илинден ги промовираше тројцата нови тренери кои во иднина ќе работат со фудбалските надежи кои се дел од овој клуб. За координатор на Младинската академија на ФК Илинден е промовиран Виктор Кравченко. Тој ќе биде и главен тренер на кадетската екипа (генерација 2010). Виктор е млад, амбициозен и модерен тренер со значајно искуство во работата со млади фудбалери. Во наредниот период ќе стане носител на УЕФА ПРО ...

Шпанија е еден од фаворитите за титулата на Светското првенство, а вечерва (21 часот) ја стартува нокаут-фазата со дуелот против Австрија. Нема да им биде лесно на избраниците на селекторот Ралф Рангник, но тие се надеваат дека сепак можат да направат сензација и да го сопрат големиот фаворит. Подготвен е Специјален сингл за оваа пресметка, а ваше е да го направите вистинскиот избор и да го ставите добитниот тип. Има огромен број игри, ...

Синоќешните дуели на Светско првенство меѓу европски и африкански селекции имаа речиси идентичен тек, а еден обложувач кој уплатил тикет во Куманово, одлично заработи. На тикетот погодено е дека ДР Конго ќе види на полувреме против Англија, но дека Гордиот албион во вториот дел ќе направи целосен пресврт за погодена квота од 30,5. Конго водеше со 1:0 по првите 45 минути, а Англија со двата гола на Хари Кејн во второто полувреме стигна до ...

Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, изјави дека една од главните задачи на неговата селекција во вечерашниот дуел против Шпанија во шеснаесетфиналето на Светското првенство ќе биде да го запре Ламин Јамал. Младиот шпански ас досега одигра 141 минута во трите натпревари од групната фаза на Мундијалот и постигна еден гол. „Ламин Јамал е извонреден фудбалер и ќе остане таков во следните 12, 13 или 14 години, а можеби и подолго. Ако остане ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Калај

46.54

Цинк

3.76