Започнаа возбудувањата во квалификациите за европските натпреварувања, па четири меча кои се играат денеска во Лига на Европа, заедно со четвртфиналето од Светско првенство се дел од понудата во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 43.44. Динамо Киев е домаќин на Универзитатеа Клуж и тука украинскиот тим треба да постигне барем по еден гол во двете ...

Кулминацијата на Светското првенство започнува вечерва со почеток на четвртфиналните пресметки, а прв на програмата е дуелот меѓу Франција и Мароко. Ова е дуел на две селекции за кои уште пред почетокот на Мундијалот се најавуваше дека ќе одат далеку на турнирот. Франција играше финалиња на последните две Светски првенства во Русија 2018 стана шампион, а загуби од Аргентина четири години подоцна во Катар, додека Мароко ќе се обиде да стане ...

Селекторот на Франција Дидие Дешан покажа големо почитување кон следниот ривал на Галските петли, репрезентацијата на Мароко. Дешан рече дека Мароко е многу квалитетен ривал и дека ќе биде многу тешко да стигнат до полуфиналето на Мундијалот. „Мароко не е Парагвај. Тие се многу добар тим кој сака да ја има топката во свој посед и да напаѓа“, започна Дешан. Во врска со одлучувачките фактори во натпреварот, тој рече: „Ќе мора да бидеме одлични ...

Речиси девет години Златко Далиќ беше на чело на репрезентацијата на Хрватска, период во кој Коцкестите ги достигнаа најголемите успеси. Во 2017 година Далиќ беше назначен за селектор, а само една година подоцна направи чудо од националниот тим. На Светското првенство во Русија, Хрватска играше во финалето против Франција кога загуби со 4:2, а на крајот го освои сребрениот медал. Потоа доби продолжување на договорот до 2020 година, а како се ...

Возбудувањата во четвртфиналната фаза од Светското првенство започнуваат вечерва и тоа со дуелот меѓу Франција и Мароко на „Жилет стадион“ во Бостон. Овие две репрезентации играа меѓусебе и пред четири години на Мундијалот во Катар, кога во полуфиналето, Галските петли со 2:0 славеа над африканската селекција. Сега Французите сакаат реприза од пред четири години, додека Мароко се надева на реванш. Како загревање за дуелот кој вечерва ќе се ...

Мексиканската репрезентација го објави заминувањето на Хавиер Агире како селектор и преземањето на таа позицијата на Рафаел Маркес. Му се заблагодарија на човекот кој беше нивен селектор на репрезентацијата во три различни мандати и три Светски првенства (2002, 2010 и 2026 година). Му оддадоа почит на Агире со многу трогателно видео, збогувајќи се со него како национален херој, бидејќи земјата е многу задоволна од настапот на мексиканската ...

Македонија бележи пад за едно место на ранг листата на УЕФА каде се рангираат лигите според резултати во евркуповите во последните пет години. Синоќешниот пораз на Вардар од фински КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите, значеше дека Македонија останува со ист број бодови, но Малта која беше под нас, собра поени благодарение на победата на нивниот првак Флоријана над ирски Шамрок роверс, па на виртуелната табела се најде пред ...

Напаѓачот на Сантос и бразилска ѕвезда, Нејмар, може целосно да се пензионира од фудбалот по елиминацијата на Бразил од Светското првенство. Бразилскиот клуб му даде на 34-годишниот крилен напаѓач 10 дена да одмори и да одлучи за својата иднина. Нејмар најверојатно ќе се врати во тимот и ќе го одработи договорот кој важи до крајот на годината. Сепак, тој е тажен откако беше елиминиран од СП и верува дека неговиот придонес во текот на 15-те ...

Финансиската моќ на клубовите од англиската Премиер лига повторно се манифестираше на почетокот на овој летен преоден рок. За само седум дена од официјалниот старт на преодниот рок на 1-ви јули, англиските клубови веќе инвестираа вкупно 1.014 милиони евра во засилувања. Оваа бројка, која веќе ја вклучува реализацијата на опциите за купување на играчите кои беа на позајмица, го истакнува растечкиот јаз со другите големи европски лиги. За ...

Реал Мадрид и Бетис постигнаа договор за трансферот на левиот бек Фран Гарсија. Договорот на Фран со Бетис е до 30-ти јуни 2030 година. Бетис ќе му плати на Реал отштета од 4 милиони евра, но мадридскиот клуб ќе добие и половина од парите при евентуален иден трансфер на Фран од Бетис во некој друг клуб. „Реал Мадрид сака да ја изрази својата благодарност и наклонетост кон играчот кој отсекогаш го бранел нашиот дрес со посветеност и примерно ...

Поранешниот менаџер на Арсенал, а сега шеф за глобален развој во ФИФА, легендарниот француски фудбалски стручњак Арсен Венгер, направи своја мини-анализа на Светското првенство. „Ако го анализирате Светското првенство 2026, треба да видите дека се игра со темпо што би требало да можете да го поднесете. На пример, сите азиски тимови беа елиминирани затоа што не можеа да се справат со интензивниот и брз фудбал. Исто така, им недостасуваат ...

УЕФА е подготвена да го блокира враќањето на руските тимови во меѓународниот фудбал откако Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) привремено ја укина суспензијата на земјата од глобалните натпреварувања. Одлуката на ИОК е препорака што може да се следи или игнорира. Фудбалот отсекогаш бил независен, па одлуката не значи автоматски дека руските клубови и репрезентации ќе бидат вратени. ФИФА и УЕФА не брзаат да ги укинат санкциите против ...

Бруно Гимараеш го прекина молкот од неколку дена по елиминацијата на Бразил од Норвешка и објави неколку срцепарателни зборови на своите социјални мрежи. Фудбалерот за врска, при 0-0 утна пенал што можеше да ја промени историјата. „Фудбалот кој ми даде сè што имам, сега е одговорен за тоа што ме натера да ја почувствувам најлошата болка во моите 28 години живот“, напиша тој на своите социјални мрежи, пред храбро да ја преземе одговорноста за ...

Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) не го поништи жолтиот картон што го доби крилниот напаѓач на француската репрезентација, Мајкл Олисе, на осминафиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година против Парагвај. Французинот доби жолт картон по конфликт со Матијас Галарза кон крајот на натпреварот. Парагваецот падна на земја држејќи се за лицето, но снимките покажаа дека немаше удар. Француската фудбалска ...

Уште осум репрезентации останаа во игра за титулата на Светското фудбалско првенство. Четвртфиналните битки почнуваат утревечер, а според квотите во Sport Life, фаворити, и тоа големи, да одат понатаму се Франција, Шпанија, Англија и Аргентина. Тоа значи дека ако нема изненадувања, полуфиналните двојки ќе бидат Франција – Шпанија и Англија – Аргентина. Што се однесува до квотите за освојувач на првенството, и тука овие четири земји се топ ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар со 0:2 загуби на свој терен од КуПС од Финска во првиот меч од првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Црвено-црните беа инфериорни на теренот, речиси не создадоа ниту една вистинска шанса за гол, додека гостите може да жалат што не си заминаа со поубедлив триумф. КуПС поведе со гол во финишот од првото полувреме, а на почетокот на вториот дел веќе беше 2:0 за гостите. По завршувањето на ...

Поранешниот елитен судија од Премиер лигата, Марк Халси, изјави дека Аргентина имала среќа со две контроверзни одлуки во нивна корист што им помогнале на светските шампиони да стигнат до четвртфиналето на Светското првенство во 2026 година. Еден погодок на Египет беше поништен откако ВАР-системот сигнализираше дека има прекршок врз Лисандро Мартинес. Подоцна Фараоните тврдеа дека победничкиот гол на Енцо Фернандес му претходел пенал по фаул ...

Англискиот репрезентативец Џордан Хендерсон успешно е опериран по бизарната повреда која ја заработи на зглобот на раката. Хендерсон се повреди додека се радуваше за победата на Англија против Мексико на легендарниот стадион „Астека“. Некогашниот капитен на Ливерпул и актуелен член на Брантфорд настрада откако падна преку рекламиот ЛЕД панел, по драматичната победа на Англија со 3:2 против Мексико. Фудбалерот веднаш беше префрлен во болница ...

Ден одмор на Светското првенство, ден за сумирање на впечатоците и анализа на досега одиграното. Од утре започнуваат возбудувањата во четвртфиналето, а некои од фудбалерите кои се очекува да бидат на терените во борба за место во полуфиналето ќе мора посебно да внимаваат. Дури 17-мина фудбалери од осумте селекции кои останаа се под опасност да добијат суспензија ако добијат жолт картон. Под опасност од суспензија се четворица играчи од ...

Поранешниот капитен на Наполи и долгогодишен италијански репрезентативец Лоренцо Инсиње ќе ја продолжи кариерата во Сампдорија, откако неговиот изненадувачки трансфер во грчкиот Ираклис пропадна. Иако многу медиуми во последните денови објавија дека Инсиње е многу блиску до преселба во Грција, договорот на крајот пропаднал поради финансиски услови за кои двете страни не можеле да се договорат. Според информациите објавени од извори блиски до ...

Не стивнуваат реакциите по дуелот меѓу Аргентина и Египет на кој Гаучосите губеа со 0:2, но во последните 15 минути постигнаа три гола и направија целосен пресврт за влез во четвртфиналето на Светското првенство. Египѓаните беа многу разочарани по поразот, а дел од нив тврдеа дека судиите буквално биле творци на пресвртот за победа на Аргентина. За целата ситуација на тој меч, со своја реакција се јави и Жозе Мурињо. Португалскиот стратег кој ...

Аргентинскиот судија Факундо Тељо е назначен за главен судија на утрешниот прв четвртфинален дуел на Светското првенство меѓу Франција и Мароко. Оваа одлука на ФИФА предизвика негодување во таборот на двете репрезентации. Француските медиуми и навивачите сметаат дека е контроверзно што судија од Аргентина, тим кој сè уште се бори за титулата и е потенцијален ривал на Французите во финалето, ќе го суди натпреварот. Слични реакции имаше и од ...

Стоперот на англиската репрезентација, Џон Стоунс, би можело како слободен агент да се пресели во Јувентус. Според информациите на „Скај спорт“, Стоунс му бил понуден на италијанскиот гигант и постои можност кариерата да ја продолжи во Торино. Не е тајна дека Џон Стоунс уште во март бил понуден и на Интер, но миланскиот клуб не покажал интерес за неговите услуги. Сега останува да се види каков ќе биде одговорот на Јувентус. Стоунс ова лето ...

Расистичките навреди упатени кон францускиот репрезентативец Килијан Мбапе за време на Светското првенство беа остро осудени од Жорж Веа, претседател на експертската група во ФИФА задолжена за заштита на правата на фудбалерите. Напаѓачот на Реал Мадрид беше цел на навредливи коментари од парагвајската сенаторка Селест Амарија, откако неговиот гол од пенал го елиминира Парагвај од Светското првенство 2026 во натпреварот одигран минатата ...

Интер Мајами, покажува интерес за голманот на репрезентацијата на Зелено’ртските Острови, Возиња, пренесува „Марка“. Американскиот клуб размислува да потпише со 40-годишниот чувар на мрежата, кој го привлече вниманието на раководството со одличните настапи на Светското првенство. Возиња би можел да стане соиграч на аргентинската суперѕвезда Лионел Меси, кој веќе настапува за тимот од Мајами. Искусниот голман моментално е слободен агент откако ...

Денеска е првиот слободен ден на Светското првенство, а само уште осум репрезентации останаа во трката за највредната титула која се доделува еднаш во четири години. По досега постигнатите резултати, јасно е дека европските репрезентации доминираат. Дури шест европски селекции се дел од четвртфиналето, а по една репрезентација остана од Јужна Америка и една од Африка. Ако се погледне историјата, Европа ваков успех во четвртфиналето немала ...

Хрватската фудбалска репрезентација ќе има нов селектор. Ова стана јасно откако Златко Далиќ реши дека е време да си замине од функцијата на која беше од 2017 година. „Скромно доаѓање. Незаворавен пат. Гордо заминување. По речиси девет години, селекторот Златко Далиќ одлучи да ја заврши неверојатно успешната ера. Селекторе ви благодариме на се. Резултатите говорат за тоа каков тренер сте“, напишаа од Хрватската фудбалска федерација (ХНС), ...

Македонскиот репрезентативец Лука Стојановски (26 години, 190 см) е првото летно засилување на МЗТ Скопје, откако официјално стави потпис на договорот со актуелниот кошаркарски првак. За него ова претставува враќање во добро позната средина, бидејќи веќе го носеше сино-белиот дрес во сезоната 2018/19. Потоа, три години беше дел од Академија ФМП, играше и за Еуро Никел, а изминатите три сезони ги мина во редовите на Пелистер. Сега, повторно е ...

Eден од нашите најамбициозни млади тренери, Владимир Димитровски, кариерата ќе ја продолжи во Грција. Димитровски од денеска е дел од тимот на Ники Волос, каде што ќе работи како асистент на главниот тренер. За популарниот Дади ова нема да биде прво тренерско искуство. Во 2023 година тој работеше во тимот на Каламата, и тоа заедно со македонскиот стратег Илчо Ѓорѓиоски. Димитровски, кој важи за тренер кој ги следи модрените светски трендови ...

Додека целиот свет сè уште зборува за контроверзниот начин на којшто Аргентина се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, на површина исплива нов голем скандал што дополнително го потресе Мундијалот. Во моментите кога претседателот на Фудбалската асоцијација на Аргентина (АФА), Клаудио Тапија, престојуваше во Мајами заедно со аргентинската репрезентација пред осминафиналниот дуел, во истиот град се одвивале клучни активности ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Платина

49319.25