Фудбалската репрезентација на Шпанија ја доби битката со Португалија славејќи со 1-0 во Арлингтон. Двете селекции имаа многу шанси во текот на мечот, прикажаа одличен фудбал, но единствениот гол го постигна Микел Мерино во 91-та минута. Феран Торес го проигра на фантастичен начин, а џокерот на Луис де ла Фуенте успеа да ја погоди мрежата на Диого Кошта. 🚨 MIKEL MERINO SCORES FOR SPAIN VS PORTUGAL CRISTIANO RONALDO DREAM IS OVER 🤯🔥 ...

Орелиен Чуамени е новата главна трансферна цел на Манчестер јунајтед за засилување на средниот ред, пренесува шпанскиот весник „АС“. Според изворот, англискиот клуб во наредните денови ќе започне преговори со Реал Мадрид за евентуален трансфер на францускиот репрезентативец. Црвените ѓаволи се во потрага по долгорочна замена за Каземиро, а откако не успеаја да ги ангажираат Матеуш Фернандеш и Елиот Андерсон, вниманието целосно го насочиле кон ...

Играчот за врска на Бразил, Каземиро, не го криеше разочарувањето по елиминацијата на Селесао од Светското првенство. По поразот од Норвешка, искусниот фудбалер емотивно зборуваше за пропуштената можност да им донесе радост на милионите навивачи во својата земја. „Сите Бразилци се разочарани затоа што повторно испаднавме. Тажни сме бидејќи дадовме сè од себе за да ја оствариме нашата цел. Верувам дека во текот на целиот натпревар бевме ...

Играчот за врска на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, успешно мина низ помал хируршки зафат по враќањето во Минхен од настапот со германската репрезентација на Светското првенство. Интервенцијата била однапред планирана како дел од медицинскиот протокол по сериозната повреда што ја заработи минатото лето. Од клубот посочуваат дека операцијата е рутинска и на Мусијала ќе му овозможи да ја спроведе претсезонската подготовка според прецизно утврден ...

Светското првенство во 2026 година ќе остане запаметено по историски преседан. За првпат од постоењето на мундијалите, меѓу осумте најдобри репрезентации нема да се најде ниту една од трите најтрофејни фудбалски велесили, Бразил, Германија и Италија. Историскиот момент беше потврден по елиминацијата на Бразил од Норвешка во осминафиналето. Петкратниот светски шампион го заврши настапот пред четвртфиналната фаза за првпат уште од Светското ...

Тренерот на финскиот шампион КуПС, Мика Нутинен, со оптимизам го очекува утрешниот натпревар против Вардар во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Младиот стратег верува дека неговиот тим е подготвен да одговори на предизвикот и да се врати во Финска со активен резултат. „Владее големо исчекување во тимот. Ова е важен натпревар за нас и сметам дека сме максимално подготвени. Иако сме во средината на домашната сезона, не мислам ...

Спартак Суботица и официјално го претстави македонскиот младински репрезентативец Давид Ангелевски како свое ново засилување за претстојната сезона. Младиот фудбалер, кој е редовен член на селекцијата на Македонија до 19 години, остави одличен впечаток уште за време на подготовките со српскиот прволигаш. Добрата форма ја потврди и на контролниот натпревар против Алашкерт, кога го постигна својот дебитантски погодок во дресот на Спартак. ...

Македонскиот првак Вардар утре од 19 часот го пречекува финскиот шампион КуПС во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тренерот Кристијан Фабијани вели дека неговиот тим е подготвен за големиот предизвик. “Дојде долгоочекуваниот меч. Добро се подготвувавме и оптимистички влегуваме во овој дуел. Нов сум во клубот. Задоволен сум како сме подговени. Ова ќе биде битка која ќе трае 180 минути во двата меча се ...

Македонскиот шампион Вардар е подготвен за големиот предизвик, најавува капитенот Азер Омерагиќ. Утревечер од 19 часот на Националната арена “Тодор Проески” ќе го пречека финскиот првак КуПС во првиот меч од воведното квалификациско коло од Лигата на шампионите. “Подготвени сме, Вардар после девет години повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите, оптимисти сме и утре ќе играме да победиме. Можам да го ветам во името на целата екипа”, ...

Фудбалската федерација на Франција и официјално поднесе жалба до ФИФА со барање да биде поништен жолтиот картон што го доби Мајкл Олисе на крајот од осминафиналниот натпревар против Парагвај (1-0) на Светското првенство. Ова и откако беше „поништен“ црвениот картон на американскиот фудбалер Фоларин Балогун во пресрет на мечот со Белгија. Како што и претходно беше најавено, Французите сметаат дека опомената за офанзивецот на Баерн Минхен е ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, јавно се обрати по големите реакции што следуваа откако на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун му беше укината автоматската суспензија по црвениот картон. Балогун беше исклучен на натпреварот против Босна и Херцеговина во шеснаесетфиналето на Светското првенство и според правилата требаше да го пропушти осминафиналниот дуел со Белгија. Сепак, ФИФА донесе одлука да ја суспендира казната, по што ...

Шпанија против Португалија можеше да биде и финале на Светското првенство, но една од овие ѕвездени селекции вечерва во осминафиналето ќе го заврши својот пат на Мундијалот 2026. Јамал против Роналдо, Педри и Родри против Витиња и Жоао Невеш, спектаклот вечерва во Далас е гарантиран, но место во четвртфиналето ќе има само за еден од тимовите од Иберискиот полуостров. Така беше и во 2010, Шпанија и Португалија играа меѓусебе во истата ...

Во долгиот список на успеси и достигнувања во кариера на шпанскиот фудбалски стручњак Луис Енрике, од денеска е и именувањето на една плажа по неговото име. Тренерот роден во Хихон ја отвори новата Плаја Верде (Зелена плажа) во Хихон, која го прикажува неговото име. Луис Енрике, опкружен со своите пријатели, учествуваше на церемонијата, на која присуствуваа и претставници од Градскиот совет на Хихон, клубот Спортинг Хихон и други истакнати ...

Претставниците на УЕФА наводно почнале да работат на номинирање на противник за Џани Инфантино на следните претседателски избори на ФИФА. Според изворите, незадоволството кон Инфантино во фудбалските структури се засилило по суспензијата на црвениот картон на напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун. Ова ќе му овозможи на 25-годишниот напаѓач да игра на натпреварот од осминафиналето против Белгија. УЕФА јавно ја критикуваше ...

Ерлинг Халанд со партнерката Изабел Хаугсенг Јохансен долго се во врска, од пред тој да стане славен, се запознале на фудбалските терени во нивниот роден град Брине, а нивната приказна е необична поради неколку интересни детали. Во видео објавено на YouTube во октомври 2025 година двојката се присети на тие рани денови, а Изабел додаде дека верува дека нивната средба била „судбина“ бидејќи претходно го познавала најдобриот пријател на Ерлинг ...

Мегапресметката на Португалија и Шпанија е дерби на осминафиналето на Светското првенство, па тука е и Специјалот на Sport Life со огромен број нестандардни игри на кои може да се обложите. Необично е што како ретко кога, Кристијано Роналдо овојпат не е прв кандидат за стрелец на еден меч. Поголеми шанси за прв стрелец и да даде гол во текот на мечот му се даваат на Микел Ојарзабал, кој има луда статистика во последно време, даде 12 гола на ...

Фудбалерите на Реал Мадрид се блиску до рекордот за најмногу голови постигнати од играчи од еден клуб на едно Светско првенство. На Мундијалот 2026 година играчите на Кралевите постигнаа веќе 16 гола. Ова е два помалку од најдоброто достигнување на сите времиња (18 гола), рекорд кој го делат ПСЖ, Баерн и Хонвед. Килијан Мбапе, кој е меѓу фаворитите за Златната копачка, веќе има 7 гола, додека Џуд Белингам и Винисиус Жуниор имаат по 4, но ...

Белгиската репрезентација поднесе жалба против одлуката на ФИФА за поништување на дисквалификацијата на американскиот репрезентативец Фалорин Баголун, дозволувајќи му да игра во осминафиналниот натпревар против Белгија иако доби црвен картон во 16-финалето. Апелацискиот комитет на ФИФА има 12 члена, а претседател на Комитетот за жалби е Американецот Нил Еглстон. Тој нема да може да учествува во разгледувањето на жалбата на белгискиот тим ...

Бонус типот на Sport Life е доста примамлив за играње затоа што има двоцифрени квоти коишто за да бидат добитни, потребно е да се исполнат само два услова. Едната варијанта е на средбите Португалија – Шпанија и САД – Белгија да има 2+ гола во прво полувреме, а 0-1 во второ и ова носи квота од 30.0. Квота од 14.0 се нуди за двата тима да дадат гол на двата меча и притоа да има 2-3 гола на натпреварите. Бонус типот на Sport Life е доста ...

Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали е нов член на Тотенхем. Тонали на лондонските Петли им се приклучува откако тие за него на Њукасл му платија отштета од 117 милиони евра. Договорот е на 6 години, а неделната плата на играчот ќе изнесува 275.000 фунти. Ова е рекорден трансфер на еден Италијанец и втора најскапа продажба во историјата на Њукасл, поскапо го продадоа само Александер Исак во Ливерпул. Минатата сезона Италијанецот одигра 53 ...

Англискиот играч од средниот ред, Џордан Хендерсон, претрпе „навистина лоша“ повреда на зглобот додека ја славеше драматичната победа на неговиот тим над Мексико во осминафиналето на Светското првенство, изјави менаџерот Томас Тухел. Хендерсон незгодно слета откако падна од рекламните табли на стадионот „Ацтека“ во Мексико сити и беше фотографиран како го напушта теренот на носила. Ветеранот веројатно има скршеница и за него Светското ...

Светското фудбалско првенство секогаш е извор на најразлични приказни. Една од најинтересните приказни од Мундијалот кој се игра во САД, Канада и Мексико, доби епилог. Навивачот кој дури и Интерпол го бараше, пронајден е жив, здрав и пред сè среќен поради искуството што го имал во Барселона. Семејството мислело дека исчезнал во Соединетите Држави, дури и Интерпол се вклучи на потрагата, но всушност – англискиот навивач Мајкл Хјуит (65) ги ...

Европското дерби меѓу Португалија и Шпанија, како и пресметката меѓу домаќинот САД против Белгија се во фокусот на денешната програма на Светското првенство. За овие две средби има одлична понуда во Бет билдерот на Sport Life. За мечот меѓу соседите Португалија и Шпанија една од понудите е со 25 коефициент, а ќе биде добитна ако: Двете репрезентации постигнат гол и во првото полувреме има повеќе од 3,5 корнери во секое полувреме, Ламин Јамал ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја укина, или поточно ја суспендира, суспензијата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун. Голгетерот на САД доби црвен картон на дуелот против Босна и Херцеговина, но сепак доби дозвола да игра на следниот меч против Белгија во осминафиналето на Светското првенство. Одлуката веднаш предизвика огромни реакции, особено по информациите дека Белата куќа контактирала со ФИФА, а Доналд Трамп јавно ѝ ...

Ерлинг Халанд дефинитивно е еден од хероите на ова Светско првенство. Тој покажува дека е вистински лидер на норвешката репрезентација која првпат ќе игра во четвртфинале на еден Мундијал. На синоќешниот меч против Бразил, Халанд ги постигна двата гола во победата од 2:1 и со тоа ја продолжи неверојатната низа од 14 натпревари по ред на коишто игра за Норвешка и дава барем еден погодок. Вкупно на последните 14 средби во националниот дрес, ...

Англија ќе игра во четвртфиналето на Светско првенство, а селекторот Томас Тухел не штедеше зборови да ги пофали неговите играчи. Сепак, по мечот, Тухел не заборави да ја прокоментира и најактуелната ситуација на Светското првенство, а тоа е поништувањето на суспензијата поради црвен картон на репрезентативецот на САД, Фоларин Балогун. Фудбалерот кој даде три гола на овој Мундијал за САД беше исклучен на дуелот против Босна и Херцеговина, но ...

6864 Португалија – Шпанија (21 ч.) Соседско дерби за пласман во четвртфиналето на СП. Португалија нема пораз на последните девет меча, а Шпанија е во низа од 14 средби без пораз. Минатото лето последен пат играа меѓу себе, и тоа во финалето на Лигата на нациите, кога беше 2:2, а Португалија победи на пенали со 5:3. Традицијата вели дека на шест од последните седум дуели на овие ривали било нерешено по 90 минути игра, а Шпанија еднаш се ...

Бразил е елиминиран од Светското првенство откако со 2:1 загуби од Норвешка во меч од осминафиналето на планетарниот турнир. Ерлинг Халанд е херојот на Норвешка постигнувајќи ги двата гола во второто полувреме. Ако Халанд е херојот, тогаш титулата за трагичар на мечот му припаѓа на Бруно Гимараиш. Бразилскиот репрезентативец промаши пенал во 14-тата минута, кога голманот на Норвешка го одбрани неговиот удар. По тој пенал, многумина го ...

Натпреварите на неофицијалното тениско светско првенство Вимблдон се во полн ек, па затоа и не е чудно што овој спот денеска доминира во Супер тип понудата на Sport Life. Дури 10 тениски пресметки со зголемени коефициенти има за денеска. Возбудувањата ќе започнат точно на пладне кога Костјук е фаворит против Кругер и за победа има зголемена квота од 1.47. Меѓу фаворитите на кои има зголемени коефициенти се и Де Минаур, Еала, Баросо Кампос, ...

Селекторот на Белгија Руди Гарсија остро ја нападна ФИФА поради одлуката ја го „поништи“ црвениот картон на Фоларин Балогун и да му дозволи на репрезентативецот на САД да настапи на дуелот против Белгија во осминафиналето. Балогун со три погодоци е прв на САД на Мундијалот и неговото присуство е многу значајно и секако ќе биде големо засилување за дуелот против Белгија, што донесе револт кај селекторот на европската репрезентација. „Не знаев ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07