На Светското првенство во фудбал играат 48 репрезентации од целиот свет, но фалат огромни земји како Индија, Кина, Русија, кои од разни причини ги нема на Мундијалот. Всушност од десетте земји во светот со најмногу жители, само две се присутни на првенството, тоа се САД и Бразил. Фалат Индија, Кина, Индонезија, Пакистан, Нигерија, Бангладеш, Русија и Етиопија. Русија (моментно суспендирана на ФИФА) и Нигерија често се појавуваа на СП во ...

Првите два меча осминафиналето на Светското првенство се играат вечерва и тоа е прилика да се обложите на огромниот број на нестандардни игри кои ги нуди Sport Life во својот Специјал. Предизвикот е да погодите како ќе се одвиваат настаните на Канада – Мароко, каде двата тима имаат реални шанси за место во четвртфиналето. Тука се игрите како кој тим ќе има почетен удар, прв корнер, прва замена, прв пенал, прв картон, потоа богатата понуда на ...

Пред осминафиналниот натпревар од Светското првенство помеѓу Франција и Парагвај, легендарниот голман на јужноамериканската репрезентација, 60-годишниот Хозе Луис Чилаверт, се огласи со навредливи расистички зборови кон Триколорите. Но, тоа беше негова реакција откако екс францускиот репрезентативец Кристоф Дугари рече дека Французите ќе го згазат Парагвај и дека Парагвајците немаат офанзивен капацитет. Чилаверт кој е познат како човек без ...

Клип кој стана вирален на социјалните мрежи, покажува како повеќе членови на репрезентацијата на Зеленортски острови се трансформираа во фанови на Лионел Меси, страста кон аргентинскиот идол беше толку голема што во микс зоната тие целосно заборавија на нивното испаѓање од Светското првенство. Откако капитенот на Аргентина ја заврши својата должност со давање изјави на новинарите, на Лео му се приближија играчи од малата африканска земја да ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, изјави дека само легендарниот поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, е поквалификуван од него. „Во Италија велат дека сите мажи сакаат да бидат тренери, а сите жени сакаат да бидат архитекти. Не знам дали разбирам фудбал или не, но никој не може да ме суди за тоа. Единственото нешто што можам да го кажам со сигурност е дека се подготвив за над 1.400 натпревари. Тоа ...

Откако станаа познати сите осминафинални двојки на Светското првенство, излегоа и нови квоти во Sport Life за тоа кој ќе биде светски првак и кои тимови ќе одат во четвртфиналето. Франција е прв кандидат за титулата, пред Аргентина и Шпанија, а потоа следуваат Португалија, Англија и Бразил. Тука е и опцијата да одиграте кој оди понатаму од осминафиналните двојки. Вечерва се играа дуели на кои фаворити за пласман понатаму се Мароко и ...

Колумбија беше репрезентацијата која последна обезбеди место во осминафиналето на СП 2026, откако минимално со 1:0 ја победи Гана. Натпреварот во Канзас Сити влезе во историјата на Светското првенство поради својот необичен почеток. Двата тима беа принудени да направат измени пред 15-тата минута, нешто што никогаш претходно не се случило на мундијалски меч. Се играше осмата минута кога колумбискиот напаѓач Џон Кордоба, додека трчаше по ...

Првите два меча од осминафиналето треба да биде во знакот на „гостинските“ екипи, барем според досегашните резултати и игрите кои беа прикажани. Тоа значи дека Мароко и Франција се фаворити во пресметките против Канада и Парагвај. Во Sport Life има два интересни Бонус типа во кои се вклучени двата меча. „Гостинските“ екипи да водат на полувреме и на крајот да победат во мечеви на кои ќе бидат постигнати меѓу два и четири гола носи бонус квота ...

Начинот на кој Хрватска беше елиминирана од Светското првенство е главна тема на Мундијалот. Спорен беше контактот на топката со главата на Игор Матановиќ по кој Хрватска даде гол. Светската фудбалска федерација ФИФА се пофали со чипот кој е вметнат во топката и кој сигнализираше дека Матановиќ имал минимален допир на топката, па затоа беше досуден офсајд и голот на Гвардиол беше поништен. Сепак, ФИФА заборави да го толкува правилото кое сама ...

Светското првенство во САД, Канада и Мексико стигна до осминафинална фаза. Најдобрите 16 селекции остануваат во трка за трофејот, а вечерва се играат два меча. Еден од домаќините, селекцијата на Канада игра против Мароко, но на терен во САД, додека Парагвај ќе се обиде да направи ново чудо против Франција. За двата меча има микс билдерска комбинација која носи 50 коефициент, а да биде добитна потребно е: двата тима да постигнат гол на двата ...

Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата човечка страна. Откако ја виде пораката на 10-годишното момче Андрес од Венецуела, кое остана без сè во катастрофалниот земјотрес, португалската ѕвезда реши да реагира. Роналдо му испрати зборови на поддршка и охрабрување на момчето, а потоа го изненади со посебна покана. „Сакам да дојдеш на еден од моите натпревари“, рече Роналдо. Неговиот потег предизвика бројни позитивни реакции на ...

6000 Канада – Мароко (19 ч.) Еден од домаќините на Мундијалот, селекцијата на Канада игра историски турнир. Прв пат поминаа една фаза од нокаут системот и сега за ривал го имаат Мароко. Африканската селекција пред четири години на Мундијалот направи подвиг со пласман во полуфиналето, а оптимисти се дека и сега може да дојдат до фазата која нуди борба за освојување на медал. На тој Мундијал пред четири години овие селекции беа во иста група, ...

Дефанзивецот на Аргентина Лисандро Мартинез неочекувано се претвори во еден од хероите на мечот против Зеленортски острови. Мартинез беше стрелец на погодокот со кој Аргентина поведе со 2:1 против сензацијата на турнирот. За бекот кој игра во Манчестер јунајтед ова беше само втор гол во репрезентативниот дрес, а по мечот беше многу среќен. „Најмногу би ја истакнал отпорноста на нашата екипа. Никогаш не се предаваме. Се боревме до крајот. ...

Комбинација на фудбал и тенис е денешната понуда на Супер тип во Sport Life. Од тенисите секако дека најинтересни се дуелите кои се играат на Вимблдон, а меѓу фаворитките да победи се Кејс и Носкова за кои има зголемени квоти на 1.65 и 1.52. Беретини да слави над бугарскиот тенисер Димитров е со квота од 1.82, а Качанов да оди во следната фаза со триумф над Коболи е со квота од 1.75. Фудбалот е застапен со дури 10 меча, а во фокусот с ...

Лионел Меси трет пат на ова Светско првенство е прогласен за најдобар играч на мечот. Капитенот на Аргентина даде гол, а учествуваше и во останатите два, во тешката победа над дебитантот Зеленортски острови со 3:2. На овој меч Меси постави неколку рекорди. Кога погоди за 1:0, тој стигна до јубилеен 20-ти гол во историјата на Мундијалите, а тоа беше и осми натпревар по ред на кој постигнува погодок на планетарните собири. Интересно е дека Меси ...

Пет интересни мечеви од кои два се дуели од Светското првенство ја сочинуваат денешната понуда во Квоти на ден. Доколку сите пет комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент е одличен и изнесува 57.30. Вастерас да не загуби на гостувањето кај Халмстад во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу два и четири погодоци носи коефициент од 2.20. Шпанија У19 селекцијата треба да ја победи Германија У19 во натпревар на кој нема да бидат ...

Најпријатното изненадување на СП 2026 е дебитантот Зеленортски острови. Селекцијата за која малкумина знаеја со каков состав располага, на крајот си заминува од Мундијалот со високо кренати глави. Малата островска земја на Архипелагот има едвај 500.000 жители, а со настапот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, многумина слушнаа за Зеленортски острови. На Мундијалот, Зеленортски острови одигра четири меча и тоа против две фудбалски ...

Најубавата фудблска приказна на СП 2026 и дефинитивно е селекцијата на Зеленортски острови. Малку кој знаеше нешто повеќе за дебитантот на Мундијалите, но оваа мала земја на теренот покажа дека со срце, желба, но и квалитет и знаење, може да се биде рамноправен ривал на секого. Во четири меча што ги одигра на турнирот, Зеленортски острови ниту еднаш не загуби, а играше против два поранешни светски прваци и против актуелниот планетарен ...

Четирикратниот светски првак Германија е едно од најголемите разочарувања на СП 2026, откако беше елиминирана уште во 16-финалето од Парагвај. Мечот заврши 1:1, а на пенали, за прв пат во историјата на светските првенства се случи Германија да загуби. По овој неуспех, вината ја презема селекторот Јулијан Нагелсман кој си замина од функцијата. Челниците на германската федерација не чекаа многу за да бараат наследник на Нагелсман, а прв избор е ...

Лионел Меси повторно беше предводникот на Аргентина во тешкиот триумф над Зеленортски острови со 3:2. Капитенот на Гаучосите го даде првиот гол на мечот, за водство на актуелниот светски првак со 1:0, но тоа како да беше само најава за драмата која следуваше до 120 минута игра. „Знаевме дека ќе биде многу тежок натпревар. Не е случајно тоа што оваа селекција не загуби ниту од Шпанија, ниту од Уругвај. Го направивме најтешкиот дел од работата, ...

Најдобрите 16 репрезентации останаа да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а веќе се познати и сите осминафинални двојки. Според распоредот кој е познат, се очекува да има неколку спектакуларни дуели. Сепак, мечевите од 16-финалето веќе покажаа дека нема „големи и мали“ селекции, дека нема фаворити и дека буквално секој секого може да изненади. Затоа секој следен меч на Мундијалот ќе биде посебен спектакл. ...

Репрезентацијата на Колумбија минимално со 1:0 ја победи Гана во последниот меч од 16-финалето на Светското првенство. Со овој триумф, Колумбија си обезбеди место меѓу најдобрите 16 селекции на турнирот во САД, Канада и Мексико. Клучниот момент на средбата се случи на почетокот, односно во 14 минута кога Џон Аријас погоди за 1:0, што на крајот се покажа дека ќе биде единствен гол. Во продолжение на средбата Колумбија доминираше и се ...

Актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Аргентина се намачи и дури по продолженија стигна до победа од 3:2 во дуелот со селекцијата на Зеленортски острови. Трикратниот светски првак беше апсолутен фаворит во дуелот со дебитантот на Мундијалите, но на теренот, Зеленортски острови покажа дека има состав да направи дури да парира и против една Аргентина. Мечот започна како што многумина очекуваа, па Аргентина поведе со 1:0, со погодокот ...

Аргентина поведе со 1:0 во дуелот против Зеленортски острови во меч од 16-финалето на Светското првенство, а стрелец на голот е кој друг ако не Лионел Меси. Се играше 29 минута кога Мартинез асистираше, а Меси одлично ја прими топката и од близина успеа да го совлада противничкиот голман Возиња. За Меси ова е јубилеен 20-ти погодок во историјата на Светските првенства, а дури седми на овој турнир. Argentina (1) – Cabo Verde 0 Messi “28 by ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува за промена на времето на почеток на два натпревари од осминафиналето на Светското првенство. Се работи за два меча кои ќе се играат во недела вечер, а причина за можното поместување на термините за почеток се лошите временски услови, вклучително и ризикот од поплави, изјавија извори запознаени со ова прашање за Ројтерс. Натпреварот помеѓу Мексико и Англија на стадионот „Ацтека“ може да се ...

Ризикот на австралискиот селектор Тони Поповиќ со менување на голманот неспоредно пред пеналите не се исплатеше. Поповиќ се обиде да ги изненади Египќаните со тоа што го повлече Патрик Бич кој бранеше одлично 118 минути. Бич е прилично неискусен, имаше само два настапи за Австралија пред ова Светско првенство и можеби подобро ќе беше да останеше на голот, неговата замена не одбрани ниту еден шут од белата точка на Египќаните. Фараоните беа ...

Египет се пласираше во осминафиналето на Светското првенство и ќе биде ривалот најверојатно на Аргентина во таа фаза од Мундијалот 2026. Фараоните првпат во нивната историја минаа една нокаут фаза на СП. Австралија во пеналите утна двапати (еднаш преку гол, еднаш пречка), а Мет Рајан кој влезе во 118-та минута за да брани пеналим, не одбрани ниеден удар од белата точка. За нив и третиот обид во нокаут фаза беше неуспешен, а првите два пати ...

Австралија и Египет на пенали ќе решаваат која од овие две селекции ќе игра во осминафиналето на Светското првенство во фудбал. И по 120 минути игра резултатот остана 1-1, а победник мора да има и пенал рулетот ќе одлучува. Австралискиот селектор Тони Поповиќ при крајот на продолженијата го смени голманот. Иако бранеше одлично, 22-годишниот Патрик Бич е повлечен од игра и на негово место е многу поискусниот Мет Рајан кој ќе ги брани пеналите. ...

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез ја обои косата во боите на националното знаме пред натпреварот од 16-финалето на Светското првенство во 2026 година против Зеленортските острови. Голманот претходно ја обои косата во боите на Аргентина и за време на Светското првенство во 2022 година и Копа Америка во 2024 година. Натпреварот помеѓу Аргентина и Зеленортски острови започнува на полноќ, а популарниот Дибу верува дека фризурата со ...

Египет и Австралија по 90 минути игра не се победија, резултатот е 1-1, и ова 16-финале на Светското првенство оди во продолженија. Голот за Австралија беше автогол на несреќниот Мохамед Хани, кој стана само вториот во историјата на мундијалите со два автогола на едно СП. Претходно, ваков малер му се случило само на Иван Вуцов од Бугарија во 1966. Египќаните сакаа да избегнат играње дополнителни 30 минути бидејќи нивната прва ѕвезда Мо Салах ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35