Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Македонскиот вицепрвак Шкендија на убедлив начин ја стартуваше новата европска мисија во Конференциската лига. Покажа сила и квалитет против домаќинот од Гибралтар, тимот на Европа, славејќи со 0-5. Тренерот Артим Положани имаше повеќе од успешно деби на клупата на Шкендија. Одлично ги распредели силите, па Шкендија доминираше во текот на целиот натпревар. Водството го обезбеди Фад Нзенге во 28-та минута, реализирајќи по една одлична тимска ...
Освојувачот на Купот, тимот на Силекс, успешно ја стартуваше европската одисеја откако во првиот меч од воведното квалификациско коло во Конференциската лига го победи Динамо Минск со 0-1. Дуелот се одигра на неутрален терен во Стара Загора, а реваншот по седум дена е закажан на комплексот на ФФМ во Скопје. Силекс беше подобар ривал, одигра мудро, а тренерот Александар Васоски комплетно ги затвори добрите страни на противникот. Кратовци ја ...
Атлетико Мадрид го обезбеди потписот на Мортен Хјулманд откако постигна договор со Спортинг Лисабон за трансферот на капитенот на португалскиот шампион. Шпанскиот клуб ќе плати 40 милиони евра, а со предвидените бонуси зделката може да достигне 45 милиони евра. Данскиот репрезентативец ќе стави потпис на петгодишен договор, според кој ќе инкасира околу четири милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси. Хјулманд во Спортинг пристигна во ...
Интер е на чекор до ангажманот на Анан Халаили откако постигна договор со белгискиот Ројал Унион Сен Жил за трансфер на израелскиот репрезентативец, пренесуваат медиумите во Италија. Според информациите, миланскиот гигант ќе издвои 25 милиони евра, плус бонуси, додека 21-годишниот фудбалер ќе потпише договор до 2031 година со годишна плата од 1,8 милиони евра. Во Интер гледаат на Халаили како на идеална замена за Дензел Дамфрис, кој ова лето ...
Одлуката на ФИФА да му изрече суспензија од два натпревари на англискиот репрезентативец Џарел Кванса предизвика бурни реакции на Островот и отвори нови полемики околу критериумите на светската куќа на фудбалот. Дефанзивецот на Баер Леверкузен беше исклучен на осминафиналниот натпревар против Мексико, а дисциплинската комисија одлучи директниот црвен картон да го казни со два меча суспензија. Тоа значи дека Кванса сигурно ќе го пропушти ...
Вимблдон ќе добие нова шампионка, а за трофејот во саботното финале ќе се борат две чешки тенисерки, Каролина Мухова и Линда Носкова. Единаесеттиот ден од најпрестижниот гренслем турнир донесе историски момент за чешкиот тенис, кој за првпат по подолго време ќе има две свои претставнички во женското финале. Каролина Мухова обезбеди место во мечот за титулата по вистинска тениска драма против Коко Гоф. Чехинката славеше по три сета (6-2, 1-6, ...
Матеј Гаштаров ја продолжи верноста со Црвена ѕвезда, откако потпиша нов договор со белградскиот гигант до летото 2029 година. Младиот македонски репрезентативец, кој очигледно остави одличен впечаток за време на подготовките за новата сезона, доби доверба од клубот и ќе продолжи да го носи дресот на српскиот шампион. Гаштаров пристигна на „Маракана“ во 2024 година како еден од најперспективните македонски таленти, а денес е сè поблиску до ...
Фудбалскиот национален тим на Мароко има шестмина играчи во својот состав кои се родени во Франција. Станува збор за Редуан Халал од Монпелје, Гесиме Јасин од Салон де Прованс, Самир Ел Мурабет од Стразбур, Нил Ел Ајнауи од Нанси, Иса Диоп од Тулуз и Ајуб Буади од Сенлис. Трендот што го користи Мароко за зајакнување на својот тим предизвикува гнев кај Франција, која сметаше на Буади. Мароканската стратегија е да регрутира играчи кои се ...
Кристијан Ериксен ќе ја продолжи рехабилитацијата во својата родна Данска, откако минатиот месец по вторпат во кариерата колабираше на фудбалски терен. Поранешниот играч на Манчестер juнајтед и Тотенхем се фати за градите и падна за време на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина на 7 јуни, речиси пет години по срцевиот застој што го доживеа на Европското првенство во 2021 година. Во критичниот момент се активирал неговиот имплантиран ...
Норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд испрати порака до легендата на Англија, Вејн Руни, потсетувајќи го да го исполни ветувањето дека ако Викинзите го елиминираат Бразил, ќе весла со чамец по реката Мерси во Ливерпул. Норвешка ја елиминира Селесао со два гола на Халанд, што го стави Руни во незгодна ситуација. „Едвај чекам да го гледам Вејн Руни како весла по реката Мерси. Руни бој, очекувам да го одржиш ветувањето и да излезеш со чамецот“, рече ...
Арсенал го потпиша поранешниот голман на Лидс јунајтед, Ијан Мелие. Овој 26-годишен фудбалер му се приклучи на лондонскиот клуб како слободен играч. Во Арсенал, Французинот ќе го носи дресот со број 30. Мелие бранеше за Лидс од 2020 до 2026 година, одигра над 215 натпревари за тој тим во којшто соиграч му беше и нашиот Џани Алиоски. „Исклучително сум среќен, ова е одличен ден за мене бидејќи штотуку им се придружив на шампионите. Тоа е ...
Мартин Мирчевски по девет години се врати во Пелистер, клубот во којшто ја почна кариерата и ќе биде силен адут на битолчани во враќањето во првата лига. „Како играч ќе го дадам својот максимум за да му помогнам на клубот повторно да расте и да се развива по вистинскиот пат. Ми се допадна проектот што ми беше претставен и верувам дека, доколку сите работиме максимално професионално, ФК Пелистер многу брзо ќе се врати таму каде што му е ...
Во француската престолнина Париз се преземаат безбедносни мерки за натпреварот Франција-Мароко во четвртфиналето на Светското првенство. Постои загриженост дека би можеле да избувнат немири за време и по натпреварот, како што се случи за време на Светското првенство во 2022 година. Тогаш 167 лица беа приведени на улиците на Париз. Еден час пред натпреварот, шест метро-станици ќе бидат затворени. Сообраќајот помеѓу станиците Шарл де Гол-Етоил ...
Поранешниот романски фудбалер Габриел Мурешан почина откако се удави во езеро во близина на градот каде што беше градоначалник, објавија романските медиуми. Романската фудбалска федерација ја потврди смртта на 44-годишниот поранешен играч од средниот ред, кој играше деветпати за националниот тим, вклучително и во квалификациите за Светското првенство и за Европското првенство од 2007 до 2011 година. „Романската фудбалска федерација изразува ...
Специјалниот сингл на Sport Life зa вечерашното четвртфинале на Светското првенство помеѓу Франција и Мароко нуди широка лепеза на игри со супер квоти кои вреди да се одиграат. Килијан Мбапе е прв фаворит за прв стрелец на мечот. Тука се и Матета, Дембеле, Дуе, Олисе, Баркола, Шерки, а и од Мароко има голем број потенцијални стрелци кои ако ги погодите, би фатиле одлична квота. Тука се и опциите да има пенал, црвен картон, автогол и уште ...
Македонската ракометна репрезентација за играчи до 20 години, го претрпе и вториот пораз на Европското младинско првенство кое се одржува во Романија. Избраниците на селекторот Игор Илиевски беа надиграни од Хрватска со 29-34 во меч на кој Хрватите клучната предност ја направија во финишот на првото и почетокот на второто полувреме. И во првото коло против Норвешка, Македонија загуби со пет голови разлика. Кога Македонија даде гол за ...
Англискиот гигант Манчестер јунајтед ги објави плановите за изградба на нов стадион со капацитет од 100.000 седишта, кој ќе се наоѓа приближно 350 метри северозападно од нивниот сегашен стадион „Олд Трафорд“. Овој голем проект предвидува создавање цела област со 48.000 работни места, 15.000 нови домови и спортски и забавен кварт со новиот стадион на Црвените ѓаволи во неговиот центар. Комплексот со повеќекратна намена на локација од 150 ...
Само еден ден откако официјално се раздели со Португалија, за Роберто Мартинес веднаш се појави информација дека ќе стане нов селектор на шкотската репрезентација. Овој 52-годишник е прв кандидат за функцијата. Стив Кларк ја напушти репрезентацијата на Шкотска по нивната елиминација од Светското првенство во 2026 година. Мартинес, исто така, се повлече од функцијата селектор на португалската репрезентација по СП 2026 година. Шпанецот беше на ...
ФК Илинден го објави првото огромно летно засилување – Дарио Десниќ, кој пристигнува од Шкендија Арачиново. Дарио е искусен фудбалер со богато прволигашко и второлигашко искуство, а потекнува од општина Илинден. „Убедени сме дека со своето знаење, квалитет и професионален однос ќе биде големо засилување за нашиот тим, но и ќе придонесе за развојот и напредокот на нашите млади фудбалери. Му посакуваме многу здравје, успешни настапи и заедно ...
Новак Ѓоковиќ се подготвува за нов предизвик против Јаник Синер. Овие двајца тенисери утре попладне ќе се сретнат во меѓусебна пресмртка, и тоа во полуфиналето на Вимблдон. Секогаш кога играат овие двајца, се очекува да биде спектакл и голема борба за победа која овојпат треба да донесе пласман во финале на неофицијалното светско тениско првенство. Досега 11-пати играле меѓу себе Ѓоковиќ и Синер, а италијанскиот тенисер е во мала предност со ...
Македонскиот лев бек Филип Талески потпиша договор со ГРК Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување за 2027/2028. Талески ќе го носи дресот со број 28. Овој 30-годишник доаѓа од Татабања со која минатата сезона играше против Охрид во Европскиот куп. Потекнува од школата на Металург, како голем талент замина во бундеслигашот Рајн Некар Левен со кој освои бундеслигашка титула, а во Германија играше и за Балинген. Има играно и за ...
Четвртфиналните дуели се во фокусот на Светското првенство. Во Sport Life денеска може да се одиграат одлични седум комбинации за натпреварите кои треба да ги дадат полуфиналистите на Мундијалот. Бонус квота дури од 75 носи комбинацијата сите четири дуели да завршат од 1-2 гола во првото полувреме, а да бидат со 3+ погодоци на крајот. За оваа понуда шифрата која треба да се каже за да се уплати е 8336. Сите седум дадени комбинации во Sport ...
Голманот на Швајцарија, Грегор Кобел, потенцираше дека е многу горд затоа што неговата репрезентација остана меѓу најдобрите осум селекции во светот. Швајцарија на пенали со 4:3 ја елиминира Колумбија и се пласираше во четвртфиналето, каде што сега ги чека меч против актуелниот светски првак Аргентина. „Тоа навистина е огромно достигнување за нас и за цела Швајцарија. За една толку мала земја да биде меѓу најдобрите осум во светот во ...
По еден ден пауза, продолжуваат возбудувањата на Светското првенство. На ред се четвртфиналните пресметки, а прв на листата е дуелот меѓу Франција и Мароко. Вo Sport Life подготвени се 10 различни Бет Билдер комбинации, од кои четири се понуда за сите четири натпревари од оваа фаза на натпреварувањето. Освен Франција – Мароко ќе играат и Шпанија – Белгија, Норвешка – Англија и Аргентина – Швајцарија. Најголемиот коефициент 70, а се однесува ...
Возбудувањата во Конференциската лига на УЕФА започнуваат денеска, а тоа значи старт на европските предизвици за Силекс и Шкендија. Тоа се двата македонски преставници во третото по ранг натпреварување на УЕФА. И Силекс и Шкендија денеска играат на гостински терен. Тетовци се во Гибралтар на мегдан против екипата на Европа. Шкендија во овој меч влегува како фаворит. Тие беа во улога на носители и реално се поквалитетен состав од денешниот ...
6892 Хајдук – Жилина (20 ч.) Старт на квалификациите во Лигата на Европа, а хрватскиот тим пред своите навивачи е во улога на фаворит. Интересно е дека овие два тима во квалификациите за ЛЕ играа и во 2009 година, а тогаш беше 1:1 на теренот на Жилина, додека во Сплит гостите славеа со 1:0 и поминаа понатаму. Тоа значи дека Хајдук има дополнителн мотив да се реваншира за елиминацијата од пред 17 години. Предлог тип: 1&2-4 (2.10) 6889 ...
Славен Билиќ ќе биде назначен за нов селектор на Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми. Коцкестите останаа без селектор откако Златко Далиќ реши да си замине од функцијата. Девет години Далиќ беше предводник на Хрватска, период во кој репрезентацијата ги оствари најдобрите резултати, но тој реши да си замине по елиминацијата во осминафиналето на СП 2026, кога загубија со 2:1 од Португалија. Билиќ е некогашен репрезентативец на Хрватска, ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) и официјално потврди дека Џастин Бибер ќе биде еден од главните изведувачи за време на полувремето на финалето на Светското првенство, со што дополнително е збогатен спектаклот кој ќе се одржи на 19 јули на стадионот во Њу Џерси. Ова ќе биде првпат финалето на Мундијалот да добие шоу како по примерот што е на американскиот Супербол, а организаторот се погрижи да има имиња од врвна класа. Покрај Бибер, ќе ...
Четири тениски пресметки и дури 12 фудбалски дуели се дел од денешната понуда на Супер типот во која може да се најдат многу зголемени коефициенти. На тениските мечеви, Даниел да слави над Колар е со квота од 1.72, додека Гастон е голем фаворит во дуелот против Петковиќ и за победа има коефициент од 1.34. Дерби треба да биде дуелот меѓу Костјук и Носкова, а за победа на Костјук квотата е 1.87. Фудбалските возбудувања ќе започнат од 18 часот, ...
По победата над Бразил, Норвешка сега ги чека нов голем предизвик. Норвешка во четвртфиналето на СП 2026 ќе игра против Англија. Селекторот на Норвешка Стале Солбакен, вели дека неговата селекција нема некоја предност во однос на Англија, иако главните ѕвезди на неговата селекција настапуваат токму во Премиер лигата. Голгетеорт Ерлинг Халанд кој досега на Мундијалот постигна седум голови настапува за Манчестер сити, додека капитенот на ...