Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
На „Пушкаш арената“ во Будимпешта и по преку 100 минути игра нема победник, па Арсенал и ПСЖ ќе играат продолженија за трофејот од Лигата на шампионите, а можеби ќе има и пенали. „Топчиите“ поведоа преку Каи Хаверц уште во шесттата минута, воедно тоа беше и единствениот гол во првото полувреме. ПСЖ долго се обидуваше да израмни, а шанса за такво нешто доби по стартот на Москера над Кварацхелија во 62-рата минута, бидејќи Сиберт без ...
Њујорк веќе е во големото финале на НБА лигата, а кој ќе им се придружи таму ќе дознаеме рано наутро по македонско време, откако ќе се одигра мајсторката помеѓу Оклахома и Сан Антонио. Серијата е израмнета, 3-3, а предноста да игра пред својата публика на одлучувачкиот меч ја има најдобрата екипа во регуларниот дел, Оклахома, а и квотите во Sport Life ги фаворизираат токму нив. Оклахома има квота од 1.71, додека гостински триумф на Сан ...
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија и вторпат загуби со идентични 3-1 од селекцијата на Косово во рамки на подготовките за настапот во Европската лига. По синоќешниот пораз во Скопје, одбојкарките загубија и на гостувањето во Косово со 3-1, по сетови 25:21, 20:25, 25:20, 25:18. За нашите одбојкарки ова беше последна проверка на силата во подготвителниот период, а веќе во сабота, на шестти јуни го започнуваат настапот во новото ...
Арсенал уште во раната фаза од финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта има водство од 1-0 против ПСЖ. Каи Хаверц уште во шесттата минута успеа да го најде патот до мрежата на Сафонов и со вистинска бомба да ги донесе „топчиите“ во водство од 1-0. Голот на Хаверц е одлична најава за спектакуларно финале во Лигата на шампионите. Арсенал уште во раната фаза од финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта има водство од 1-0 против ...
Попладнево се одиграа три од четирите бараж-натпревари за опстанок/пласман во Втората македонска фудбалска лига. Фудбалерите на Кожуф ја оправдаа фаворитската улога и следната сезона ќе играат во второлигашката конкуренција, откако со убедливи 4-0 славеа над шампионот на Третата лига – Југ, велешки Борец. Изненадување направи победникот на Третата лига – Север, Еуромилк од Горно Лисиче, откако со 2-1 славеше над второлигашот Каменица Саса на ...
Арсенал има водство од 1-0 по првиот дел на „Пушкаш арената“ во Будимпешта против ПСЖ во големото финале на Лигата на шампионите. Во првите 45 минути двете екипи заедно упатија само два удари во рамки на противничкиот гол, а оној на Хаверц од шесттата минута, заврши зад грбот на Сафонов за водство на „топчиите“, додека вториот беше на Руис кој повеќе сакаше да центрира, отколку да шутира. По примениот гол ПСЖ притисна, има посед на топката ...
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година загуби минимално, со 1-0, на гостувањето кај Бугарија, во пријателски меч. До крајот на квалификацискиот циклус, Македонија треба да одигра уште два меча, но тие на програмата се дури во октомври, па селекторот Горан Станиќ, го искористи овој прозорец за контролен дуел, но и да им даде шанса на неколку помлади фудбалери. Единствениот гол за Бугарија на мечот во Бистрица беше ...
Финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал е историски од многу аспекти. Првпат во едно европско финале се среќаваат англиски и француски клуб, првпат во финале ќе се надмудруваат тренери сонародници водејќи странски клубови, а после 55 години првпат во финале на ЛШ или претходно КЕШ играат тимови од два различни главни градови (во финалето во 1971 играа Ајакс од Амстердам и Панатинаикос од Атина). „Пушкаш арената“ во 2023 беше ...
Тренерите на Пари Сен Жермен и Арсенал, шпанските стручњаци Луис Енрике односно Микел Артета, ги објавија почетните состави со кои од 18 часот ќе ја стартуваат финалната битка за трофејот во Лигата на шампионите. ПСЖ почнува со: Сафонов, Мендеш, Пачо, Маркињос, Хакими, Витиња, Невес, Руиз, Кварацхелија, Дуе и Дембеле. Формацијата на Светците е 4-3-3, ова е веројатно најдоброто што го имаат, воиграноста и победничкиот менталитет се нивните ...
Финалето на Лигата на шампионите вечерва во Будимпешта ќе им ги спои патиштата на Мартин Одегард и Ашраф Хакими кои пред 10 години како јуниори, играа заедно во третата шпанска лига во дресот на Реал Мадрид Кастиља. Бројот 8 на Арсенал и бројот 2 на Пари Сен Жермен под водство на Сантијаго Солари, заедно одиграа девет натпревари во вториот тим на Реал. Во тоа време, во Кастиља со нив беше и Федерико Валверде кој сега е еден од капитените на ...
На прес-конференцијата пред утрешниот историски меч на кој ГРК Охрид има добра шанса да го освои трофејот во ЕХФ Европскиот куп во ракомет, тренерот Борис Ројевиќ и голманот Кристијан Пилиповиќ ги кажаа своите очекувања од дуелот со унгарска Татабања, по победата на македонскиот тим од 29-28 на првата средба во Унгарија. „Историјата е веќе испишана, со самиот влез во финале на ЕХФ Европски Куп сметам дека ГРК Охрид направи еден огромен ...
Играчот од средниот ред на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џошуа Кимих, откри дека ќе навива за лондонскиот клуб во финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал. Причината е блискоста со неговиот соиграч од репрезентацијата, Каи Хаверц, кој игра за Топчиите. Кимих се надева дека победата на Арсенал во Лигата на шампионите ќе им даде на Хаверц и на германската репрезентација дополнителна енергија пред претстојните натпревари ...
Мохамед Салах објави дека летово ќе го напушти Ливерпул, имаше и емотивна разделба со публиката на „Енфилд“ на последниот меч на Црвените дома сезонава, но сега се појави информација која ја распали имагинацијата на фановите дека Мо можеби и ќе се премисли и ќе остане во Ливерпул. Само што Ливерпул објави дека тренерот Арне Слот си оди, наводно Салах веднаш побарал средба со неговиот агент. Се шпекулира дека е можно сега Салах да се ...
Арсенал вечерва има прилика на англиската Премиер лига да ѝ донесе успех каков што никогаш порано немала, а тоа е англиски екипи во иста сезона да ги освојат трите најквалитетни европски клупски натпреварувања. Кристал Палас ја освои Конференциската лига, Астон Вила го крена победничкиот пехар во Лига Европа, па ако и Арсенал првпат во својата историја триумфира во Лигата на шампионите, Англија ќе направи хет-трик и ќе ја потврди доминацијата ...
Македонската фудбалска експедиција утрово го напушти Сараево каде синоќа одигра 0-0 со БиХ, и веќе слета на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. В понеделник за екипата на селекторот Гоце Седлоски претстои нова пријателска средба со силен противник кој е учесник на Светското првенство. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Шукру Сарачоглу“, в понеделник од 18.30 часот по македонско време. Македонската фудбалска експедиција утрово го напушти ...
Ливерпул официјално ја објави разделбата со 47-годишниот менаџер Арне Слот кој две сезони беше на клупата на Црвените, а во првата ја освои Премиер лигата, додека во втората беше само петти на табелата. „ФК Ливерпул може да потврди дека Арне Слот веднаш заминува од улогата на главен тренер, и дека процесот на именувње на негов наследник е во тек. Тој со оди со освоена титула во Премиер лига и би сакале да му искажеме најдлабока благодарност и ...
УЕФА потврди дека Комо нема да ги игра своите домашни натпревари од Лигата на шампионите во сезоната 2026/27 на својот стадион „Џузепе Синигаљи“. Причината за оваа одлука беше неподготвеноста на арената да биде домаќин на натпревари од елитното натпреварување. Наместо тоа, тимот на Сеск Фабрегас ќе биде домаќин во „Чита дел Триколори“ во Сасуоло. Комо ја заврши сезоната во италијанското првенство на четвртото место на табелата со 71 бод, што ...
Финалето на Лигата на шампионите е најважниот натпревар во клупскиот фудбал, па затоа денешниот дуел на ПСЖ и Арсенал заслужува и огромен број на игри и нестандардни опции за обложување. Sport Life има специјални игри како што се да погодите кој тим ќе го освои ушлестиот пехар, фаворит е францускиот првак кој може да му се придружи на Реал Мадрид како единствени кои ја одбраниле титулата во ЛШ откако ова натпреварување се игра под тоа име. ...
Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ преку социјалните мрежи упатија благодарност до Босанците за топлиот прием во Сараево, за чувството како да се дома, и им порачаа дека ќе навиваат за БиХ на претстојното Светско првенство. „Сараево, ви благодариме! Не беше само гостопримство, беше чувство како да сме дома. Голема благодарност до претседателот Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата Фудбалска ...
Во последните години често губи битки со Барселона на теренот, но Реал Мадрид и натаму останува неприкосновен надвор од него – барем кога станува збор за социјалните мрежи. Најновото истражување на „ЦИЕС Фудбалската опсерваторија“ покажа дека Кралскиот клуб е најследениот фудбалски бренд во светот. Анализата ги опфаќа официјалните профили на клубовите Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, Јутјуб и Икс, а Реал Мадрид убедливо се наоѓа на врвот со дури ...
Специјалниот сингл на Sport Life за финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал кое се игра од 18 часот во Будимпешта, нуди огрмен број на опции за обложување и тоа нестандардни игри кои може да ви донесат добивка. Оние што редовно ги играат Специјалите, знаат дека тука се игри на стрелец, може да погодувате прв стрелец, стрелец во тек, хет-трик, комбинација победа и стрелец, опцијата да има автогол. Кај стрелците, фаворити за прв ...
Пеп Гвардиола наводно има желба во иднина да седне на селекторската клупа на Англија, откриваат медиумите на Островот. Шпанскиот стратег неодамна го водеше последниот натпревар како менаџер на Манчестер сити, ставајќи крај на десетгодишната ера на „Етихад“. Во периодот минат во Манчестер, Гвардиола освои дури 20 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата, трофејот во Лигата на шампионите, три ФА Купа, пет Лига купа, три „Комјунити шилд“ ...
Ентони Гордон официјално беше претставен како ново засилување на Барселона, а англискиот репрезентативец ги изненади присутните со тоа што течно зборуваше шпански јазик. Брзоногиот крилен напаѓач стана првото засилување на шпанскиот шампион за новата сезона, а каталонскиот гигант за неговиот трансфер издвои дури 80 милиони евра. На промоцијата Гордон одговараше на прашањата на новинарите на шпански јазик и објасни како дошло до тоа да го ...
6001 ПСЖ – Арсенал (21 часот) Европскиот првак Пари Сен Жермен нема да дозволи да го загуби финалето, барем не во регуларниот тек од натпреварот, а очекувањата се дека ќе има од два до пет гола. Предлог тип: 1X & 2-5 (1.95) 4979 Фламенго – Коритиба (21 часот) Домаќинот е сериозен фаворит, а типуваме дека на овој дуел ќе има најмалку три гола. Предлог тип: 1 & 3+ (2.11) 3565 Ауда – Огре (16 часот) Ауда можеби не е најдобриот тим во ...
Арсенал веќе си обезбеди огромна заработка од настапот во Лигата на шампионите оваа сезона, откако со пласманот во финалето инкасира најмалку 105,6 милиони евра, пренесува „Би-Би-Си“. Според информациите, конечната сума може да достигне и до 150 милиони евра, во зависност од приходите од ТВ-правата што клубот ќе ги добие од УЕФА. Доколку лондонскиот тим го совлада ПСЖ во финалето, вкупната заработка дополнително ќе се зголеми. Арсенал доби ...
Од петте квоти на денот во Sport Life за кои вкупниот коефициент е 46.95, поединечно најголемата е за најважниот натпревар, финалето во Лигата на шампионите. Предлогот за ПСЖ – Арсенал е да одиграте дека нема да биде нерешено после 90 минути игра и притоа дека во двете полувремиња ќе има барем по еден гол. Оваа комбинација ви носи супер квота од 2.80. Квота од 2.05 се нуди за победа на Малме над Халмстад и притоа треба да има 2-5 гола за оваа ...
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, порача дека неговиот тим со максимален респект го очекува финалето од Лигата на шампионите против Арсенал, истакнувајќи дека лондонскиот состав е меѓу најдобрите екипи во Европа. Францускиот репрезентативец зборуваше за претстојниот спектакл, за амбициите на ПСЖ и за влијанието што тренерот Луис Енрике го има врз неговата игра. „Арсенал е извонреден тим. Покажаа дека играат одличен фудбал, силни се ...
Денешниот Супер тип содржи два спорта, фудбал и тенис. Фудбалот доминира, но и тениски мечеви има во завиден број. Секако, сето тоа со максимално зголемени коефициенти. Понудата стартува од 11 чассот со тенискиот дуел меѓу Сакари и Чвалинска. Зголемени се максимално коефициентите на Гимпо, Коболи, Беретини, Черундоло, Малме, Остерс, ПСЖ, Оже-Алијасим, Фламенго, Атлетико ПР… Денешниот Супер тип содржи два спорта, фудбал и тенис. Фудбалот ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ, Сергеј Барбарез, по пријателскиот натпревар против Македонија упати пофалби за нашиот национален тим, нагласувајќи дека станува збор за квалитетна селекција против која не е лесно да се игра. Барбарез истакна дека Македонија располага со јасна идеја во играта, како и со искусни и квалитетни фудбалери, поради што неговата репрезентација немала лесна задача на теренот. „Нема дилеми дека ...
По освојувањето на шампионската титула, во таборот на Вардар интензивно се работи на креирање на играчкиот кадар за претстојната сезона, а клубот денеска потврди и две разделби. Црвено-црните нема да сметаат на услугите на голманот Ведран Ќосевски и напаѓачот Михаил Талевски, откако со двајцата фудбалери беше постигнат взаемен договор за прекин на соработката. Ќосевски во редовите на Вардар пристигна од Струга, а во својата кариера ...