Кандидатот за претседател на Барселона, Ксавиер Вилахоана, го обвини актуелното раководство на чело со Џоан Лапорта дека лаже за финансиската состојба на клубот, повикувајќи на целосна транспарентност во врска со заминувањето на Лионел Меси во 2021 година. Според нов независен извештај, нарачан од самиот Вилахоана, долгот на каталонскиот гигант пораснал на рекордни 4,12 милијарди евра, што фрла сомнеж врз приказните за економско закрепнување ...

Српската фудбалска репрезентација утре на „Вембли“, со новиот селектор, Вељко Пауновиќ, ќе и се спротивстави на Англија во квалификациите за пласман на Светското првенство. Пауновиќ, официјално функцијата ја презеде минатиот понеделник од Драган Стојковиќ Пикси. Во пресрет на натпреварот, порталот „Foot mercato“, пишува дека пред да го ангажира Пауновиќ, Фудбалскиот сојуз на Србија го контаактирал Тијаго Мота. Според овој извор, ...

Британскиот весник Гардијан објави сензационална информација дека Барселона подготвува понуда за ангажман на англискиот голгетер Хари Кејн. Каталонскиот клуб, наводно, е подготвен да ја активира откупната клаузула од околу 65 милиони евра за напаѓачот на Баерн Минхен. Кејн минатото лето се пресели во Минхен од Тотенхем за сума од речиси 100 милиони евра, а со германскиот шампион има договор до 2027 година. Сепак, според информациите од ...

Познатиот италијански тренер Роберто Манчини (60) постигна договор за нова профитабилна работа. Како што објавува секогаш добро информираниот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, неговиот сонародник Роберто Манчини ќе стане нов тренер на Ал Сад, најтрофејниот и најбогат катарски клуб. Двете страни веќе постигнале договор. „Роберто Манчини утре лета за Доха за да го потпише договорот како нов главен тренер на Ал Сад, договорот е ...

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе, го тужи клубот за 1 милион фунти (1.300.000 евра) поради наводна „клиничка небрежност“ во третманот на повреда на грбот, тврдејќи дека таа му предизвикала „сериозни“ и долгорочни проблеми. Туанзебе, кој поминал низ познатата фудбалска академија на клубот, ја поднесе тужбата во Високиот суд уште во јули, а сега се откриени клучни детали од случајот. Главната поента на тужбата се однесува ...

Претседателот на Ферари, Џон Елкан, ги нападна Луис Хамилтон и Шарл Леклер по Големата награда на Бразил, на која дуото на Ферари не успеа да ја заврши главната трка. Тој им даде ист совет на двајцата во многу лоша сезона за Скудерија. -Во Формула 1, од една страна, имаме механичари кои си ја завршија работата, и во квалификациите и во пит-лејнот. Инженерите го направија истото, а автомобилот покажа очигледни подобрувања. Останатите не ги ...

Последнопласираната екипа во Премиер лигата Вулверхемптон има нов менаџер. 42-годиншниот Роб Едвардс од Мидлсброу седнува на клупата на премиерлигашот до јуни 2029. Вулверхемптон го откупи договорот од Мидлсброу. Едвардс на клупата ќе го наследи Витор Переира, кој е сменет по серијата слаби резултати од почетокот на сезоната. Во периодот од 2016 година Едвардс веќе седеше на клупата на Вулверхемптон, како привремен тренер. Едвардс беше ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа очекувањата за пријателски натпревар против Летонија. „Црвено-жолтите“ утревечер од 18 часот ќе ја пречекаат летонската селекција во пресрет на завршницата од мундијалските квалификации и дуелот против Велс во Кардиф. -Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. Ќе се обидеме да ...

Фудбалската федерација на ДР Конго им гарантира на секој играч бонус од еден милион долари ако се квалификуваат на Светското првенство во 2026 година, објави „Sport News Africa“. ДР Конго ќе се соочи со Камерун во полуфиналето од плејофот во квалификациите за Мундијалот во 2026 година. Натпреварот ќе се одржи на 13 ноември и ќе започне во 20 часот. Доколку победи, ДР Конго ќе се соочи со поуспешниот од натпреварот Нигерија – Габон за место на ...

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, постави рекорд за освоен најголем награден фонд во една сезона, објави „Tennis.com“. Белорусинката заработила 15 милиони и 8.519 долари во 2025 година. Претходниот рекорд ѝ припаѓаше на Американката Серена Вилијамс, која освои 12.385.572 долари во 2013 година. Дваесет и седумгодишната Сабаленка одигра 75 натпревари во сезоната 2025 година, од кои победи на 63. Таа го освои УС Опен, како и турнирите во ...

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави денеска конкурс за избор на официјална маскота која ќе биде заштитен знак на македонскиот ракомет на домашната и меѓународната сцена. Конкурсот ќе биде отворен до 15 декември и на истиот можат се пријават сите заинтересирани. Идејното решение на маскотата, како што е соопштено, треба да го „претставува нашиот ракометен дух, тимска енергија и национален идентитет на сите домашни и меѓународни ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, се произнесе за честите гласини за можното враќање на напаѓачот Лионел Меси во клубот како краткорочна позајмица. -Од почит кон Меси, нашите играчи и нашиот персонал, сега не е време да се шпекулира врз основа на нереални сценарија, изјави Лапорта за шпанските медиуми. Пред два дена 38-годишниот Аргентинец го посети реновираниот „Камп Ноу“, објавувајќи фотографија од арената на социјалните мрежи. Меси ...

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ќе потроши најмалку 50 милиони евра за зимски засилувања за да го убеди главниот тренер Антонио Конте да остане на својата функција, објави „Sportmediaset“. На 10 ноември, новинарот Матео Морето извести за состанокот помеѓу 56-годишниот Италијанец и раководството на клубот за да разговараат за евентуално неговото заминување. Минатата недела, Конте навести дека ќе го напушти клубот, ...

Бразилскиот фудбалер Оскар Ембоаба, некогашна ѕвезда на Челзи и бразилската репрезентација, мора принудно да ја заврши својата професионална кариера поради срцеви проблеми. Според информациите од Бразил, лекарите му препорачале на 34-годишниот офанзивен играч веднаш да прекине со играње фудбал, откако при рутински преглед биле откриени аномалии во срцевиот ритам кои можат да бидат опасни по живот. Оскар последните години настапуваше во Кина ...

Македонската фудбалска репрезентација втор ден се подготвува за завршните два натпревари во оваа година. Првиот в четврток против Летонија е контролен и тоа ќе биде одлична можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата на играчите кои се во комбинација и за клучниот натпревар во квалификациите против репрезентацијата на Велс. “Секој натпревар има свој важност без разлика дали тој е контролен или квалификациски. Наша примарна ...

Кошаркарите на Валенсија синоќа го победија тимот на Реал Мадрид во натпревар од 10. коло на Евролигата. Резултати на средбите од елитната кошаркарска лига одиграни вчеравечер: Валенсија – Реал Мадрид 89:76 Париз – Панатинаикос 95:101 Дубаи – Црвена ѕвезда 102:86 Хапоел – Басконија 114:89 Фенербахче – Макаби 84:75 Виртус – Ефес 99:89 Партизан – Монако 78:76. Пред комплетирање на 10.коло води Хапоел со 8-2 (победи-порази), пред Жалгирис со 7-2 ...

Фудбалерите на репрезентацијата на Нигерија ги бојкотираа тренинзите два дена пред почетокот на плејофот за квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Според „Blueprint.ng“, бојкотот е поради нерешени проблеми со исплатата на бонуси. -Целиот состав, вклучувајќи ги и службените лица, го бојкотираа денешниот тренинг во Мароко поради нерешени заостанати плаќања, се вели во соопштението на играчите. Нигерија треба да игра против Габон ...

Фудбалерот на Леон, Хамес Родригез, нема да го обнови договорот со мексиканскиот клуб, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа „X“. Неговиот тековен договор е до 31 декември 2025 година. Триесет и четиригодишниот Колумбиец кој во минатото настапуваше за Реал Мадрид, сака да си најде нов клуб каде што ќе може да се докаже и да заработи место во составот на колумбиската репрезентација за Светското првенство во 2026 година. ...

НБА објави промена во форматот на Ол-стар натпреварот, кој ќе се одржи во Лос Анџелес на 15 февруари 2026 година. Натпреварот ќе се игра во формат „САД против Свет“. Наместо традиционалниот натпревар меѓу двете конференции, сега ќе се натпреваруваат три екипи од по осум играчи: два американски тима и еден составен од играчи од други земји. Секој тим ќе започне со петте играчи кои добиле најмногу гласови од навивачите, новинарите и играчите. ...

Српскиот фудбалски стратег Дејан Станковиќ ја напушти клупата на Спартак Москва, објави денеска рускиот клуб. Станковиќ и Спартак меѓусебно ја прекинаа соработката, а поранешниот тренер на Црвена Звезда, Сампдорија и Ференцварош го водеше московскиот клуб од летото 2024 година. Минатата сезона, Станковиќ со Спартак го освои четвртото место во руското првенство. По 15 одиграни натпревари оваа сезона, Спартак е на шестото место во руското ...

Влезот за воведниот натпревар на македонската женска кошаркарска репрезентација против Данска во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство ќе биде бесплатен. Дуелот е закажан за утре со почеток во 17 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје. „Ги повикуваме сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде ...

Светскиот број еден го „состави“ својот идеален тениски Франкенштајн – форхенд, бекхенд, волеј, менталитет… Суперталентираниот Шпанец, Карлос Алкараз, се етаблираше како член на водечкото дуо во белиот спорт, заедно со Јаник Синер. На Завршниот АТП мастерс во Торино, тој се бори со Италијанецот за место на тронот на крајот од сезоната, а слободно време, по победата над Де Минор во првото коло, го искористи за да создаде непобедлив тенисер. Ги ...

Младиот бразилски напаѓач Ендрик Фелипе Мореира де Соуса (19) би можел да го напушти Реал Мадрид оваа зима, пренесуваат денеска шпанските и бразилските медиуми. Бразилскиот фудбалер пристигна во Реал како голема засилување во трансфер вреден околу 60 милиони евра од Палмеирас, но минува низ многу тежок период во клубот за кој оваа сезона одигра само 11 минути. Гласините за можно заминување во претстојниот зимски преоден рок се сè погласни. ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим во натпревар од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 7:5 и 6:1. Дваесет и четиригодишниот Синер сервираше три аса, направи една двојна грешка и реализираше три од 10 брејк топки. Неговиот 25-годишен противник сервираше девет аса, направи две двојни грешки, а немаше ниту една шанса за брејк. Синер на следниот меч утре ќе се соочи со Германецот Александар Зверев. ...

Навивачите Лос Анџелес лејкерс добија охрабрувачки вести за здравствената состојба на Леброн Џејмс. Ѕвездата на тимот од Калифорнија оваа седмица ќе тренира со јуниорскиот тим на Лејкерс во развојната лига. Четириесетгодишниот Џејмс е се поблиску до своето деби во 23. НБА-сезона. Тој го пропушта почетокот на кампањата за прв пат во својата кариера поради ишијас на десната страна. Главниот тренер на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, претходно изрази ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го прогласи претстојниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед за „Меч на неделата“. Македонскиот и унгарскиот претставник во европската Лига на шампионите, силите ќе ги одмерат утревечер во спортската сала „Боро Чурлевски“ каде спортската јавност освен домашните ѕвезди ќе ги гледа и познатите унгарски репрезентативци Фазекаш, Бодо, голманот Миклер и интернационалците Готфридсон од Шведска, Јелиниќ ...

Францускиот фудбалер Рандал Коло Муани нема да има потреба од операција откако доби фрактура на вилицата за време на саботниот натпревар на Тотенхем против Манчестер јунајтед, јавија денеска британските медиуми. Муани, кој се повреди во судир со дефанзивецот на Јунјатед, Хари Мегваер, беше заменет на полувремето и првично се стравуваше дека ќе мора да се подложи на операција, што ќе го оставеше надвор од теренот неколку месеци, но ...

Екипата на Атланта утрово го победи тимот на Лос Анџелес Клиперс со 105:102 на гостински терен во натпревар од НБА-лигата. Ниту трипл-дабл ефектот на Џејмс Харден (35 поени, 10 скока и 11 асистенции) не беше доволен Клиперси да го избегнат поразот. Во победничката екипа најефикасен беше Вит Крејчи со 28 поени. За Клиперс ова беше петти пораз во низа по кој с енајдоа на 1.позиција во Западната конференција. Атланта е деветта во Источната ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави денеска дека Светското првенство во 2026 година ќе биде негово последно, а ќе продолжи да игра фудбал на професионално ниво уште година или две. Роналдо, кој постигна над 950 голови на клупско и репрезентативно ниво, дебитираше како тинејџер во лисабонски Спортинг во 2002 година и во интервјуто најави дека наскоро ќе се пензионира за да поминува повеќе време со своето семејство. На прашањето за ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Аталанта го назначи денеска Рафаеле Паладино за нов тренер, ден откако клубот од Бергамо му врачи отказ на Хрватот Иван Јуриќ. „Рафаеле Паладино потпиша договор до 30 јуни 2027 година“, се наведува во соопштението на освојувачот на Лига Европа во 2024 година. Поранешниот италијански репрезентативец, 41-годишниот Паладино, ја почна својата тренерска кариера во Монца, првично работејќи во младинските категории, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
66%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
68%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
1.54
67%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.72
96%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
75%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
66%
1015
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
77%
1016
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
0.89
57%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Злато

166450.52

Алуминиум

3.18

Иридиум

258288.78

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Калај

43.90

Родиум

350443.14

Паладиум

45911.27

Платина

60154.05

Цинк

3.07