
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола дефинитивно направи скапа грешка кога му дозволи на Хулијан Алварез да го напушти клубот. Аргентинецот незадоволен од статусот, најчесто беше резерва кај Гвардиола, побара да си замине од Сити. За фиксни 75 милиони евра, плус 20 милиони доколку ги оствари бонусите, Алварез се пресели во Атлетико Мадрид. Алварез, бргу се прилагоди на се она што го бара неговиот сонародник, тренерот на „јорганџиите“, ...
Шкендија по 21.коло во Првата македонска фудбалска лига се одлепи од конкурентите на пет бода. Шкендија минимално славеше над Тиквеш, се одвои од конкурентите благодарение на ремито меѓу Гостивар и Работнички. Во дербито Силекс славеше со 3.1 над актуелниот првак Струга. Резултати, 21. КОЛО Шкендија – Tиквеш 1-0 /Алхасан 35′/ Шкупи – Ппелистер 3-1 /Ибиши 44′, 69′, Ајетовиќ 75′ – Ивановски 44′(п)/ Воска спорт – АП Брера 3-1 /Виноградац 5′, ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја продолжија својата неверојатна серија на резултати и победи. „Светците“ за полувреме го декласираа Лил во Лига 1 со што си направија добра увертира пред двомечот со Ливерпул во Лигата на шампионите. Покрај дуелот на градските ривали од Мадрид, ова е најочекуваниот осминафинален натпревар во елитната лига. ПСЖ за три дена во Париз ќе го пречека Ливерпул, а реваншот е шест дена подоцна на „Енфилд“. „Не сум видел ...
Челниците на Манчестер Јунајтед се повеќе веруваат дека имаат поголеми шанси да се договорат околу трансферот на Лиам Делап (22) од Ипсвич Таун отколку за ангажирање на примарната цел Виктор Осимен (27) по неговото враќање во матичниот клуб Наполи од Галатасарај на крајот на сезоната, откриваат извори на англискиот портал „GiveMeSport“. Иако „Црвените ѓаволи“ беа активни пред затворањето на зимскиот трансфер период, при што Патрик Доргу (20) ...
Рутинска победа за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на денешниот натпревар против Вардар (88:66) во Првата МТЕЛ македонска лига. Така, играчите ја задржуваат предноста на врвот од табелата во шампионатот по одиграни 18 кола. Дамјан Стојановски доби поштеда од тренерот на МЗТ поради поситна повреда од завршниот турнир од Купот на Македонија, додека Бојан Крстевски и Војдан Стојановски одиграа колку да се загреат за следните предизвици кои го ...
Фудбалерите на Атлетико Мадрид на домашен терен го совладаа Атлетик Билбао со 1:0, во 26. коло од Ла Лига. Тимот од Мадрид победи со голот на Хулијан Алварез. Првото полувреме беше изедначено, со една добра шанса на двете страни. Ле Норман не успеа да му донесе водство на Алтлетико во третата минута, откако беше заборавен пред голот на Симон, но неговиот обид со глава заврши над голот. Инаки Вилијамс во 11. минута имаше „еден на еден“ со Облак, ...
Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Хорхе Мартин нема да ја вози и втората трка сезонава. Хорхе Мартин ќе ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд овој викенд, а откако заработи нова повреда нема да вози ниту во Аргентина. Возачот на Априлија ја повреди другата рака за време на првиот тренинг по операцијата на скршеница на раката и ногата, поради што било потребно да се изврши уште една операција. Големата награда на Аргентина ќе се вози ...
Штотуку им се врати на тренинзите по долга пауза, Андреас Кристенсен ќе мора да замине на нова пауза. Данскиот дефанзивец го одигра првото коло оваа сезона и оттогаш е надвор од терените поради повредата што ја заработи на тој меч. Кристенсен повторно се повреди. Овој пат го повреди стапалото на тренинг и ќе биде надвор од терените следниот месец, потврди тренерот Ханси Флик. Данскиот репрезентативец пристигна во каталонскиот клуб во 2021 година ...
Никола Јокиќ со трипл дабл го предводеше Денвер до триумф во Детроит, двецот Лука Дончиќ-Леброн Џејмс блескаше во победата на ЛА Лејкерс во градското дерби против Клиперси, а Кливленд надополни негатива од 22 поени и забележа победа во Бостон, против Селтикс во дуелот на двата најдобри тима во Источната конференција. Денвер Нагетс го продолжуваат подемот во Западната конференција и ноќта меѓу петокот и саботата ја постигнаа 39-та победа во ...
Бетис на „Бенито Виљамарин“ го победи Реал Мадрид со 2:1 во 26.коло во Примера. Бетис ја забележа 10.победа од почетокот на сезоната, а Реал го запиша четвртиот пораз. Инаку ова беше прва победа на Мануел Пелегрини во дуелите со колегата Карло Анчелоти. Реал на „Бенито Виљамарин“ одигра добро само во првите 20 минути. Без Белингем и Валверде, впечаток е дека тоа и беше максимумот на Реал. Во 10.минута најубавиот момент на натпреварот и ...
Манчестер сити се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот, откако по многу борба и пресврт ја потврди улогата на фаворит во петтото коло, победувајќи го пред своите навивачи еден од најслабите англиски второлигаши, Плимут Аргил. Натпреварот на стадионот „Етихад“ во Манчестер заврши со резултат 3:1 (1:1) Плимут е претпоследен на табелата во Чемпионшип дивизијата, но одлично играше во ФА купот, забележа две сензационални победи над екипи од ...
Наполи и Интер ремизираа 1-1 во Неапол во 27. коло од Серија А. Интер ја задржа предноста од еден бод на челот на табелата во однос на Наполи. Домашниот тим многу поофанзивно влезе во натпреварот. Сепак, не создаде сериозна шанса за гол, додека Интер ја искористи првата. Во 22. минута на гостите им беше досуден слободен удар на околу 20 метри од голот на Наполи. Федерико Димарко ја презеде одговорноста и го погоди десниот агол од голот на Мерето ...
Фудбалерите на Баер Леверкузен ја продолжуваат трката со Баерн за титулата во Биндес лигата, откако во Франкфурт го победија Ајнтрахт со 4:1. Баер веќе имаше големо водство по првото полувреме (1:3), а победата ја потврди во вториот дел од натпреварот (1:4). Се се случуваше од 26. до 33. минута од натпреварот. Најпрвин Нејтан Теља погоди за 1:0 на асистенција на Гранит Џака, а Норди Мукиеле три минути подоцна погоди за 2:0. На 3:0 зголеми Патрик ...
Со голем пресврт во второто полувреме екипата на Мајнц го изненаду Лајпциг и прокнижи победа од 1:2 за нови три бода со кои се најде на 4. место на табелата во Бундеслигата кое води во Лигата на шампионите. Упорните гости не се разочараа ни по раното водство на Лајпциг остварено со голот на Симонс во 1. минута на мечот, па трпеливо ја чекаа својата шанса. Тоа се случи на стартот на вториот дел кога во 6 минути Мајц двапати ја погоди мрежата на ...
Рајо Ваљекано – Севиља 1:1 е епилогот од попладневниот меч во рамките на 26.коло во Ла Лига. Домашните поведоа со голот на Ратиу во 55.минута, и така беше се до 82.минута кога Севиља успеа да израмни на 1:1 со голот на Лукебакио. И двата беа еврологолови, вистинско уживање на „Ваљекас“. Па така и двете екипи мораа на крајот да се задоволат со бод. По овој меч, тимот на Рајо Ваљекано сега има 35 бода и се наоѓа на 6.место на табелата, додека ...
Рускиот тенисер Андреј Рубљев го освои АТП турнирот 500 во Доха, Катар. Во денешното финале, 10-топласираниот светски играч го победи Британецот Џек Дрејпер (16-ти на АТП ранг-листата) за 2 часа и 6 минути – 7:5, 5:7, 6:1. Русинот сервираше 10 асови, не направи ниту една двојна грешка и претвори 3 од 7 брејк топки во поени. Неговиот противник имаше 12 аса, 2 двојни грешки и една конвертирана брејк топка од три можности. Дваесет и седумгодишниот ...
Кошаркарската репрезентација на Србија се пласираше на Евробаскетот 2025 без пораз во квалификациите. Србите беа неприкосновени во групата со Финска, Данска и Грузија, па со нетрпение ја очекуваат ждрепката за Евробаскетот на 27 март во Рига кога ќе видиме во која група ќе се најдат избраниците на селекторот Светислав Пешиќ. Како и пред секое големо натпреварување, ФИБА почна да ги објавува своите прогнози за Евробаскетот, кој ќе се одржи од 27 ...
Во првиот денешен натпревар од 27. коло на италијанската Серија А, Аталанта и Венеција одиграа нерешено во Бергамо со резултат 0:0. Со ова реми, Аталанта ја загуби борбата за титулата со Интер и Наполи, кои се среќаваат вечерва од 18 часот. Домашните имаа поголем посед на топката и повеќе шанси, но Лукман денеска беше вистински трагичар, затоа што не искористи неколку „зицер“ ситуации. Најдобрата шанса на Аталанта дојде во 83. минута, но и таа ...
По подолга пауза од терените поради повреда, и два настапи од клупата, нашиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски денеска беше стартер во тимот на Џирона во првиот попладневен дуел од 26. коло на Ла Лига. Џирона одигра нерешено 2:2 против екипата на Селта, а Миовски доби 67 минути од тренерот на тимот, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Џирона поведе со голот на Циганков во 21. минута, по што Лосада во 36. минута израмни на ...
Фудбалерите на Кристал Палас и Престон се пласираа во четвртфиналето на ФА купот. Кристапл Палас го победи Милвол со 3:1, а Престон со 3:0 го победи Барнли. Дербито на јуѓен Лондон, дуелот меѓу Кристал Палас и Милвол го реши ужесниот момент во осмата минута. Голманот на Милвол Робертс доби директен црвен картон, поради ужесен старт врз напаѓачот на Палас, Матета. Матета доби силен удар во главата, кој по укажаната прва помош е изнесен на носилки ...
Фудбалскиот клуб Милан дури по завршувањето на сезоната ќе решава дали ќе му го продолжи престојот на тренерот Серж Консеисао, откако гласни се шпекулациите дека тој и пред завршувањето на првенството може да добие отказ. Консеисао има клаузула во договорот според која Милан може да го раскине договорот на крајот од оваа сезона доколку не ги исполни амбициите и не ги постигне посакуваните резултати. Милан испадна од Лигата на шампионите, во ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим го бранеше капитенот на тимот Бруно Фернандеш од критиките што му ги упати легендата на клубот Рој Кин. Кин, кој беше капитен на „црвените ѓаволи“, уште еднаш го прекори Фернандеш за неговото однесување на теренот поради честите расправии со судиите. Зборовите на Ирецот дојдоа веднаш по победата на Манчестер Јунајтед со 3-2 над Ипсвич, во која Фернандеш беше прогласен за „Играч на натпреварот“. „Само ...
Астон Вила со победата над Кардиф обезбеди пласман во четвртфиналето на ФА Купот. Во победата блескаа Марко Асенсио и Маркус Рашфорд. Двајцата и се приклучија на Астон Вила во јануари. Асенсио постигна два гола против Кардиф и има вкупно четири откако пристигна на Вила Парк. Додека Рашфорд забележа асистенција, негова трета откако го напушти Олд Трафорд. Тие заработија пофалби од тренерот Унаи Емери. – Ова е важно и за тимот и за нив како ...
Само што се врати во Сантос, веќе се зборува за заминување на Нејмар од татковината. Нова дестинација за Бразилецот би можела да Барселона. Спортскиот сектор на каталонскиот гигант веќе започнал преговори со претставници на една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата, а контактирани се и челниците на тимот од Сао Паоло. Најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација (79 голови) во јануари потпиша договор со клубот од ...
Фудбалерите на Јувентус испаднаа од Лигата на шампионите, а потоа и од Купот на Италија. Но, тоа не се единствените проблеми за гигантот од Торино. Како што пишуваат италијанските медиуми „Кориере дела Сера“, еден од фудбалерите чиј идентитет не е познат, изјавил дека не го поднесува тренерот, Тијаго Мота. Наводно, тој му се доверил на еден пријател и рекол дека не е единствениот што има такво мислење за стратегот. – Не можам да го поднесам и не ...
28-годишниот фудбалер на Реал Мадрид Дани Себаљос минатото лето одби неколку понуди, бидејќи имаше желба да се докаже во екипата на Карло Анчелоти, но сега веќе размислува да ја промени средината. Во оваа сезона добива малку време на теренот, а Милан ја гледа оваа ситуација како можност за да го ангажира како квалитетен играч за средниот ред. За слобода на Себаљос, Реал бара 15 милиони евра, сума која „росонерите“ се подготвени да ја платат. ...
Светската автомобилска федерација (ФИА) ги промени правилата за трката во Формула 1 за Големата награда на Монако. Возачите ќе мора да застанат двапати во боксот, во обид да внесат одредена динамика на трката, каде што претекнувањето е речиси невозможно. ФИА, исто така, објави дека ќе наложи употреба на најмалку три комплети гуми „со намера да се подобри динамиката на трката со оглед на значителните тешкотии при претекнувањето на оваа патека“. ...
Серијата на лоши вести за НБА тимот на Филаделфија продолжи со веста дека Џоел Ембид е загубен до крајот на натпреварувачката 2024/2025 година. Ембид во повеќе наврати истакнуваше дека има проблеми и не може да биде свој, па токму проблемот со левото колено донесе предвремен крај на кампањата. Клубот информираше дека Камерунецот со американски пасош сега ќе се фокусира на третманот и закрепкувањето, односно заедно со лекарите ќе се дојде до ...
Тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ потврди дека нема да го води тимот до крајот на сезоната, како што соопшти клубот пред неколку дена. Тој се уште се опоравува од последиците од благиот мозочен удар. Оттогаш Сан Антонио го предводи неговиот помошник Мич Џонсон. „Одлучив да не се враќам на клупата оваа сезона. Мич Џонсон и неговиот тим завршија прекрасна работа, а одлучноста и професионалноста што ја покажаа играчите беа извонредни. Сакам да ...
Убедлива победа од 1:3 на отворањето на 24. коло во Бундеслигата за лидерот на табелата Баерн (М). Баварците на гостувањето кај Штутгарт успеаја да дојдат до нови три бода и да ја засилат својата позиција во трка за титулата. Воочекување на натпреварите од осминафиналето на ЛШ, Баерн вечерва одигра одличен меч и сосема заслужено изброи нови три бода. Домашнте одлично се држеа, успеаја и први да поведат во 34. минута со голот на Штилер, но по ...