
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Првпат досега, бројот на Американците кои секојдневно консумираат марихуана го надминал бројот на оние кои пијат алкохол, што следува откако рекреативното користење канабис стана легално во речиси половина американски сојузни држави. Во 2022, околу 17,7 милиони луѓе во САД користеле марихуана секој ден или речиси секој ден, наспроти 14,7 милиони кои пиеле алкохол со тоа темпо, покажуваат официјални национални податоци. Триесет години порано, ...
Во чест на создавателите на македонската азбука, сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, утре (25 мај) во 14 часот во Домот на младите во Штип ќе започне музичко-драмскиот фестивал од „А до Ш(тип)“. „Тоа е фестивал на урбана култура, хип-хоп музика и поезија, на кој ќе настапат домашни и странски музичари, а премиерно ќе се изведе монодрамата според краткиот расказ на Достоевски, ‘Сонот на смешниот човек‘, во изведба на актерот Ане ...
Кинотеката ќе го реставрира филмот „Мис Стон“ на Жика Митровиќ во рамките на проектот „Сезона на филмски класици“, кој е во организација на Европската асоцијација на кинотеки. Ова следува откако Кинотеката во изминатите години дигитално реставрираше уште неколку македонски филмски класици: „Мирно лето“ (1961), „Фросина“ (1952) и „Мементо“ (1967), како и трите етнолошки филма на Вера Кличкова. Дигитално реставрираната копија на „Мис Стон“ ќе биде ...
Рок групата „Културно уметнички работници“ утре (25 мај) ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје, со кој ќе прослави 25 години постоење. Јубилејот ќе биде одбележан и со објавувањето на плочата „25 мај“, концертен албум снимен во живо на 25 мај 2021 во кино Фросина во МКЦ. Издавачи на албумот се „Корпус деликти рекордс“ и „Кичма рекордс“. Во својата 25-годишна кариера, „К.У.Р.“ има објавено шест студиски албуми и еден анплагд ...
Актерот Јовица Михајловски сними нова верзија на хитот „Кирилица“ од Влатко Стефановски, специјално за настанот „Боцкаме на Кирилица“, што сајтот „Трн“ го организираше во КЦ „Бруталиск“ во Скопје по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Текстот и музиката на песната ги напиша Стефановски, а идејата и концептот на преработката се на Михајловски. Во снимањето на песната учествуваа и Бранко Тасевски на виолина, Христијан ...
Триесет и пет години откако дебититаше на музичката сцена, рок-ѕвездата Лени Кравиц утре (24 мај) ќе го објави својот 12. студиски албум, прв по шест години пауза. Насловен „Blue Electric Light“, албумот излегува два дена пред 60. роденден на Кравиц. Новиот албум ќе биде проследен со европска турнеја, во рамките на која Кравиц ќе настапи во Охрид на 4 август, што ќе биде негово трето гостување во Македонија. Кравиц има продадено 40 милиони ...
Петтото издание на Парадата на гордоста во Скопје ќе се одржи на 22 јуни (сабота). Годинашното мото на манифестацијата ќе биде „Спектакуларно непослушни“. Организаторите кажаа дека повеќе информации за настанот ќе бидат објавени во следните денови. Првата Парада на гордоста во Скопје се одржа во 2019 година и оттогаш стотици луѓе во мирна и забавна атмосфера ги славеа љубовта и различностите, парадирајќи низ центарот на градот. Фото: К. Попов ...
Концертната сезона на Филхармонијата свечено се затвора вечерва (23 мај) од 20 часот, а концертот е насловен „Алфа и омега“. Ќе настапи еден од најпознатите пијанисти Фазил Сај од Турција, кој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 3 во Ц-мол, оп. 37 од Лудвиг ван Бетовен. Диригент на концертот е Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија, а на програмата е уште едно дело на Бетовен, увертирата „Егмонт“ ...
Во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб утре (23 мај) ќе се отвори самостојна изложба на уметникот Синиша Новески насловена „Мистерија и индивидуализам“. Ќе бидат претставени 12 скулптури, а на официјалното отворање ќе се обратат Милаим Фетаи – вонреден амбасадор на Македонија во Хрватска, Наталија Поповска – директорка на КИЦ Загреб, Дита Старова-Ќерими – директорка на Националната галерија и Маја Крстевска – ...
Операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, во режија на Огњан Драганов од Бугарија, ќе се изведе утре (23 мај) од 20 часот на Мајските оперски вечери (МОВ) во Националната опера и балет. Ќе диригира Паоло Бресан од Италија. „’Тоска’ е музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој оперски трилер“, ...
Биографскиот филм за подемот на Доналд Трамп „Приправник“ (The Apprentice) вчера имаше светска премиера на Канскиот фестивал. Филмот е во режија на Али Абаси, ѕвездата на „Марвел“, Себастијан Стен, го глуми младиот Трамп, а играат и Џереми Стронг и Бугарката Марија Бакалова. Дејството e сместено во 1970-тите и 1980-тите и ги следи подемот на Трамп во њујоршки тајкун за недвижности и неговиот однос со Рој Кон, озлогласениот адвокат кој му станал ...
Денеска (21 мај) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде промовирано делото „Дни, години“ од Димитар Башевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 на Струшките вечери на поезијата (СВП). Книгата ја издаде „Слово“. Според жирито за минатогодишната награда „Браќа Миладиновци“, „Дни, години“ претставува значаен прилог во новите текови на современата македонска поезија. Книгите на ...
Со традиционална музика, Турците секоја година го слават 19 мај, Денот на сеќавање на првиот претседател на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Во туристичката област Анталија, каде што веќе е почната сезоната, во сите хотели се прават забави за гостите. Турските угостители велат дека македонските туристи им се едни од најредовните. „19 мај, денот на младите и спортот, кој е и ден на сеќавање на Ататурк, го славиме како заеднички празник, ...
Хорор филмот „Супстанца“ на француската режисерка Корали Фаржа доби десетминутни овации на синоќешната светска премиера на Канскиот фестивал. Филмот е во конкуренција за Златна палма. „Супстанца“ е вториот филм на Фаржа, а прв на англиски јазик. Таа е авторка на сценариото, продуцентка и монтажерка. Главните улоги ги играат Деми Мур, Маргарет Квали и Денис Квејд, кој се приклучи на екипата по смртта на Реј Лиота, кој бил прв избор за таа улога. ...
Британскиот комичар Џими Кар ќе гостува со своето стендап шоу во Скопје на 29 ноември, објави „Авалон“. Настапот во Филхармонијата е дел од неговиот нов серијал „Laughs Funny“, кој следува по успешната турнеја „Terribly Funny“. Педесет и едногодишниот Кар ја почнал комичарската кариера во 1997 и во изминатите две децении е водител на популарни забавни емисии на британската телевизија „Ченл 4“. Паралелно настапува како стендап комичар и е првиот ...
Светскиот ден на хармониката ќе се одбележи денеска (20 мај) и во Скопје со гала концерт во Музејот на македонската борба за самостојност, со почеток во 20 часот. Влезот е слободен. Во организација на здружението „Љубители на класична музика“, кое е членка на Светската унија на хармоникашите, на концертот ќе настапат реномирани домашни музичари и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје од класата на професорката Зорица Каракутовска. ...
Иако е важно луѓето од сите возрасти да внесуваат доволно протеини, уште поважно е да им се даде приоритет како што старееме. Потребата за протеини се зголемува со возраста бидејќи мускулната маса се намалува, а протеините се важни за нејзино одржување. Важно е да внимавате како го зголемувате внесот на протеини бидејќи додека некои извори на протеини се корисни за здравјето на срцето, други можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања кога ...
На 18 октомври во Филхармонијата, концерт ќе одржи виолинистот Ара Маликијан, објави продукцијата „Прагма“. Маликијан е виолинист со ерменско потекло роден во Либан, се школувал во Германија, а подоцна се преселил во Шпанија. Свирел во над 40 земји и има освоено бројни награди на меѓународни натпревари. Има снимено 28 албуми за период од 25 години. Во својот репертоар, освен неговите авторски композиции, вклучува и преработки на песни од Дејвид ...
Националниот џез оркестар ќе одржи нов концерт на 1 јуни, во Македонскиот народен театар, на кој гости ќе бидат Џон Рајли на тапани и диригентот Зиги Фајгл, двајцата од САД. Рајли (69) настапувал со бројни славни имиња на џезот, како Мајлс Дејвис, Дизи Гилеспи, Џон Скофилд, Вуди Херман и Стен Гец. Билетите се продаваат на билетарницата на МНТ или на онлајн страницата на театарот. Студентите и пензионерите ќе можат да набават билети со попуст од ...
Калиопи најави промоција на нов албум со песни на македонски, кој изминатиов период го работеше во Македонија и во Швајцарија, со продуцентот Ромео Грил. За една од песните од албумот, таа ќе снима спот во Охрид, во вторник, на 21 мај. На социјалните мрежи, таа ги повиќа охриѓани да ѝ се придружат на снимањето, а сите заинтересирани можат да се пријават на Инстаграм профилот Калиопи менаџмент. Промоцијата на албумот е на 29 мај напладне во ...
Битолскиот кларинетист Горан Бојчевски, кој 23 години живее и работи во Љубљана, магистрираше на признатиот Универзитет Моцартеум во Салцбург во Австрија со највисока оцена во класата на професорот Алоис Брандхофер, кој е прв кларинет на Берлинската филхармонија. Бојчевски вели дека му недостасуваат Македонија и неговата родна Битила, но не жали што како многу млад решил да замине од дома и да си го исполни сонот. Во Словенија живее од 2001. „На ...
Денес, (18 мај) од 12 до 16 часот, во „Hera Happy Friendly Dogs” во скопската населба Долно Нерези спроти црквата „Св. Пантелејмон“ ќе се одржи настанот „Фестивал на кучиња“ (Dog Fest), замислен како дружба на сите љубители на кучиња. „Ќе има едукација за сопствениците, забавни игри за милениците и подароци на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња, а настанот ќе трае четири часа. Добредојдени се сите сопственици со нивните ...
Во Ликовниот салон во Велес е отворена патувачката изложба „Калиопа – Австрија-Македонија“. На десетина паноа се претставени жени од Австрија и Македонија кои со делата што ги создале и оставиле се значајни имиња во историјата на уметноста во двете земји. Изложбата ја организира Австриската амбасада и ја отвори амбасадорот Мартин Памер. „Калиопа, најстарата и најмудра од античките музи, е претставничка на епската поезија, науката и филозофијата. ...
„Фуриоза: Сага за Лудиот Макс“ ја имаше светската премиера на 77. Кански филмски фестивал во присуство на екипата на филмот. Меѓу нив беа и главните актери Крис Хемсворт и Ања Тејлор-Џој. Двајцата беа доста емотивни по завршувањето на проекцијата, по која уследија шестминутни овации од публиката. Ова беше една од најсчекуваните премиери во Кан. Снимањето се одвиваше во Австралија од јуни до октомври 2022, а во кината ќе игра од 23 мај, кога е и ...
Популарната годишна ревија на „Викторијас сикрет“ ќе се врати оваа есен по шест години пауза. Производителот на долна облека објави на Инстаграм дека шоуто се враќа, без да го наведе точниот датум и најави некои промени во неговиот формат. На шоуто познато по екстравагантни сценски поставки, сложени костими и градници вредни милиони долари настапуваа најпознатите светски модели, како Адријана Лима, Наоми Кембел и Бела Хадид, проследено со ...
Денеска (17 мај) во 20 часот, во Даут пашин амам во Скопје почнува 17. издание на Фестивалот за современа музика „Модоарс“. На отворањето ќе настапат тројца пијанисти: Ервин Леитер од Унгарија и Леонид Петрески и Стефанија Јонческа-Тонски од Македонија. Ќе се изведат дела од класичната и современата музика, меѓу кои и „Турски марш“ од Моцарт, „Ероика варијации“ од Бетовен и Скерзо бр. 4 од Шопен. На 30 мај е концертот на гитаристите Дејан ...
Повозрасните луѓе кои не се пребирливи со јадењата се чини дека имаат подобро ментално здравје од оние кои се на поограничени диети, според ново истражување. Истражувањето ги следело навиките за исхрана на речиси 182.000 постари возрасни лица во Британија. Студијата беше невообичаена зашто наместо да се фокусира на здравствените ефекти од одредена диета, ја испитуваше врската помеѓу храната што ја сакале и не ја сакале поединците и нивните ...
Курт Елиот, еден од најдобрите џез вокали на сите времиња, двократниот добитник на Греми награда, сношти беше гостин на концертот на Националниот џез оркестар во МНТ во Скопје. Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две за најдобар вокален џез албум во 2009 и во 2021. Гоце Стевковски, директорот на Националниот џез оркестар вели дека концертот бил вистинско доживување за љубителите на џезот. „Секој момент од ...
Композиторот Никола Мицевски ќе одржи концерт со проектот „Нова ера“ на 18 мај во „Јавна соба“ во Скопје (21 часот). Минатата година, Мицевски со истиот проект одржа концерти во Филхармонијата, Центарот за култура во Битола и во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес. Мицевски вели дека му е драго што со своите колеги сега ќе свири во поинтимен амбиент. Проектот „Нова ера“ е спој на различни жанрови: филмска музика, етно, рок ...
Саурон добива моќ во првиот трејлер за втората сезона на „Господар на прстените: Прстените на моќта“, што ќе има премиера на 29 август на стриминг платформата на „Амазон“. Трејлерот полн со акција се фокусира на подемот на страшниот и моќен негативец за време на втората доба на Средната Земја. Саурон (Чарли Викерс) се маскира во елф за да му помогне на Селебримбор (Чарлс Едвардс) во создавањето на прстените на моќта. Во исто време, многумина од ...