
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Денеска (16 мај) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Искра“. Како солист ќе настапи еден од најуспешните црногорски и европски виолинисти Роман Симовиќ, кој е концерт-мајстор во Лондонскиот симфониски оркестар, Марински театарот и Минхенската филхармонија. Симовиќ ќе го свири Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Димитриј Шостакович. На програмата се и Адаџото за гудачкиот квинтет во Ф-дур од австрискиот композитор Антон ...
Во уникатен амбиент, на сцена која личеше на дневна соба, кантавторката Мијата со својот бенд и со неколкумина гости сношти одржа концерт во малата сала на Филхармонијата, во рамките на Скопски градски фестивал. Највпечатлива гостинка беше нејзината мајка Драгица Мијатовиќ, за која Мијата рече дека ѝ ја всадила љубовта кон пеењето. „Не знаев дали ќе издржам да го допеам ова со мајка ми“, рече пејачката, која со мајка си ја отпеа народната „Чешма ...
Краткометражниот игран филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски влезе во официјалната селекција на Филмскиот фестивал во Оденсе, Данска. „Мала шега“ е во продукција на „ДНФ филмс“, копродуциран од ИРЛ од Македонија и „Изван фокуса“ од Хрватска. Филмот раскажува приказна за тинејџерска љубов и авантура, а главните улоги ги толкуваат Јана Никодиновска и Марко Илиевски. Продуцент и монтажер е Гоце Кралевски, а копродуценти се Сашка ...
Првенците на Софиската опера и балет, Марта Петкова и Никола Хаџитанев, ги играат главните улоги во балетот „Заспаната убавица“ од Чајковски, кој ќе се изведе вечерва (15 мај) во Националната опера и балет на 42. Мајски оперски вечери. Ќе диригира Најер Нагуи од Египет, главниот диригент на оркестарот на операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, а сценограф и костимограф е Миодраг ...
По големиот успех на Евровизија викендов, Марко Пуришиќ попознат како Бејби Лазања влезе на официјалната британска топ-листа на синглови. Неговиот хит „Рим тим таги дим“ дебитираше на 70. место. Бејби Лазања е само вториот хрватски пејач кој успеал да оствари ваков успех. Во 1959 година, легендарниот Иво Робиќ бил на 23. место со песната „Утро“ (Morgen). „Рим тим таги дим“, со која Лазања заврши на второто место на Евровизија во Малме, се најде ...
Кардиологот и пасиониран планинар Сашко Кедев го искачи четвртиот највисок врв на светот Лоце, кој се наоѓа на границата на Тибет и Непал. Висок 8.516 метри, Лотсе е вториот врв од групата 8.000 метри што Кедев го совлада оваа сезона. На 5 мај, тој го искачи и врвот Макалу (8.463 метри) заедно со уште тројца планинари и четворица шерпаски водичи. Од 14-те врвови во светот повисоки од 8.000 метри, Кедев досега ги има искачено десет, вклучувајќи ...
Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје освои златен медал и прво место на 23. издание на меѓународниот хорски фестивал Мајски музички свечености во Бијељина, Босна и Херцеговина. Скопскиот хор, со кој диригира маестра Јасмина Ѓорѓеска, победи во конкуренција од повеќе хорови од регионот. „Уште еднаш докажавме дека кога душата пее, лимити не постојат. Се потврди нашата заемна соработка со маестра Јасмина Ѓорѓеска, под чие водство хорот покажа ...
„Мато Наполетано“ од Скопје се најде на 16. место во годишниот избор на 50-те најдобри пицерии во Европа. Годинашната церемонија се одржа во Мадрид. „Уживајте во автентичната италијанска кујна, од појадок до вечера, вклучувајќи аперитиви, ручек и закуски, сето тоа во прекрасен амбиент. Ова е суштината на ‘Мато Наполетано*, ресторан и пицерија што нешто повеќе од две години од отворањето се етаблираше како главно место за уживање во италијанските ...
Регионално стручно жири ќе го избере добитникот на музичката награда „Милан Младеновиќ“, која се доделува на 21 септември, на денот кога е роден фронтменот на култната група „Екатарина Велика“. Наградата е востановена со цел да се поттикне музичкото творештво кое се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Младеновиќ, а се доделува за најдобра песна од поранешна Југославија. Во 2022 оваа награда ја доби младата ...
Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе одржат и втор концерт во Филхармонијата на 2 јуни, откако се распродаде првиот, на 1 јуни, објави „Авалон“. Македонскиот и српскиот гитарист, кои долги години соработуваат, ќе го свират заедничкиот албум „Трета мајка“, кој „Авалон“ неодамна го реобјави на винил по 20 години. На албумот гостува бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов. „Трета мајка“ содржи десет композиции кои се инструментални верзии на ...
Националниот џез оркестар имаше успешен настап на Албанија џез фест во Тирана како претставник на Македонскиот културен центар во Тирана. Настапи и џез групата „Сетстет“ под етикетата на „ПМГ џез“. „Директорот на Албанија џез фест, Бесим Петрела, за нашите музичари од Националниот џез оркестар рече дека се генијални и се заблагодари што свиреа во нивниот град“, велат од МКЦ Тирана. Оркестарот во својот репертоар има различни стилови, од класичен ...
Македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и после 30 години од премиерата инспирира нови режисери насекаде низ светот. Деновиве, во Нов Зеланд режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ изјави дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм. Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот ...
„ОпенАИ“ објави дека лансираше нов модел со вештачка интелигенција наречен ГПТ-40, како и ажурирања кои вклучуваат нова десктоп услуга и унапредувања на способностите на неговиот гласовен асистент. Шефицата на технолошкиот оддел на компанијата Мира Мурати кажа дека новиот модел е чекор напред во вештачката интелигенција. „Новиот модел ќе биде побрз и бесплатен за сите корисници. Гледаме во иднината на интеракцијата помеѓу нас и машините. Сметаме ...
Камерниот состав „Агогик“, во кој свират Филип Петрески (хармоника), Ајхан Куртов (пијано) и Пламенка Трајковска (виолина), ќе одржи концерт вечерва (14 мај) од 20:30 часот во „Салон 19:19“ во Културно информативниот центар во Скопје. Концертот е насловен „Танго приказна“, а на програмата се танго композиции, милонги и валцери од најпознатите композитори на тангото, како Пјацола, Канаро, Гардел и други. На концертот ќе настапи и танцовата двојка ...
В четврток (16 мај) со почеток во 20 часот, во пабот „Дранкен манкис“ во Скопје групата „Пеперминт“ ќе ги промовира новите песна и спот. Песната е со наслов „Minna Aishiteru” (Сите ги сакам) на македонски и на јапонски јазик. За јапонската верзија, „Пеперминт“ работеле во консултација со јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, со што е првиот македонски бенд со авторска песна на јапонски јазик. На промоцијата, бендот ќе изведе неколку песни во ...
Турција ќе биде земја во фокус на шестото издание на фестивалот за литература и илустрација за деца и млади Литера во Скопје, од каде што како гости доаѓаат тројца илустратори и една авторка. Фестивалот ќе трае од 15 до 18 мај, а настаните ќе се одржуваат во Младински културен центар. „Годинава сме во Младински културен центар, зашто ова е фестивал за младите, за оние кои допрва треба да се развиваат и да бидат идна читателска публика. ...
Македонија две години по ред не учествува на Изборот за Песна на Евровизија поради, како што рекоа од МРТВ, финансиски причини. Младата поп-пејачка Андреа Коевска беше последната наша претставничка на Евросонг во 2022 во Торино со песната „Кругови“ (Circles), за која го напиша текстот, а музиката и аранжманот се на Александар Масевски. Во 2021, македонски претставник во Ротердам беше Васил Гарванлиев. Ниту тој ниту Коевска не влегоа во финалето. ...
По повеќе од 16 години пауза, Калиопи ќе одржи два концерта во Македонија. Првиот е во Битола на 20 јули на Херкалеа, а вториот во Скопје во салата „Борис Трајковски“ на 19 октомври. Калиопи изминатиов период со продуцентот Ромео Грил го снимаше новиот албум кој треба да излезе до крајот на овој месец. Во април, Калиопи настапи во „Борис Трајковски“ и со овации беше пречекена во полната сала како гостинка на концертот на српскиот поп-пејач Жељко ...
Непалскиот шерпас Ками Рита го подобри сопствениот светски рекорд откако по 29. пат се искачи на Монт Еверест. Качувачката сезона на највисоката планина на светот само што започна и се очекува околу 400 планинари да го направат својот обид во следните недели. Минатата недела, Ками Рита објави на Инстаграм дека се вратил на Монт Еверест во обид по 29. пат да се искачи на „врвот на светот“. Иако вели дека качувањето му е само работа, Рита лани се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести ја презеде функцијата од досегашниот претседател Стево Пендаровски. На инаугуративна седница во Собранието, Сиљановска-Давкова даде свечена изјава за стапување на функцијата претседател во мандатниот период 2024 – 2029. При изговорањето на заклетвата, т. е. повторувајќи ги зборовите на претседателот на Собранието Јован Митрески, таа ...
Легендарната рок-група од поранешните ју-простори „Црвена јабука“ синоќа одржа топ концерт со старите и понови хитови во Центарот за култура во Битола. Фронтменот Дражен Жериќ-Жера над два часа без пауза ја забавуваше публиката со незаборавните евегрини „Таму каде почнува љубовта“, „Дирлија“ и многу други песни кои беа екстра популарни во поранешна Југославија. На концертот дојдоа љубители на музиката создадена од „Црвена јабука“, од Битола, ...
Групата „Брас брадрс“ сними дует со кантавторката Мијата насловен „Сакав уште“ (I Wanted More). „Нашата нова песна е музичка симбиоза која ги спојува уникатните звуци на бендот со прекрасниот вокал на Мијата. Ни беше задоволство да соработуваме со неа, нејзиниот вокален стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата“, велат од „Брас брадрс“. Песната е најава за концертот на Мијата, кој ќе се одржи на 15 мај во малата сала на ...
Документарниот игран филм „Градина“ (Garden) на режисерот Бојан Тантуровски ќе има светска премиера на 23 мај во Белград, Србија, нa Фестивалoт за документарни филмови Белдокс. Филмот се снимаше во последниве 5 години на периферијата на Скопје и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари, кои се принудени да ги напуштат градините, на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служи како еден вид ...
Книгата „Пат во рајот“ од македонскиот писател Томислав Османли е објавена во Србија, негов шести наслов преведен на српски. Станува збор за книга со три драмски текста со теми меѓу војната и надежта, кои според изборот и предлогот од авторот, на српски јазик ги преведе Александар Турунџиќ, а ги објави новосадски „Прометеј“. Книгата ги содржи драмите на Османли „Пат за Парамарибо“, „Двајца во Еден“ и „Апокалиптична комедија“. Неделникот „Нови ...
Денеска (11 мај) од 17 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи промоција на сликовницата „Другарко“ од Денис Јанкуловски-Космонаутко, со илустрации на Наташа Костовска. На промоцијата ќе настапат инклузивното танцово студио „Еурека“, Марија Савеска и Дени Жерновска. На неодамнешниот Саем на книга во Скопје, сликовницата „Другарко“ го доби највисокото признание за општествена одговорност, што го доделува ...
По повеќе од четири години пауза од пеењето по операцијата на мозокот предизивикана од инфекција (абсцес), беровчанката Ангела Здравковска ѝ се врати на музиката со преработка на македонската народна песна „Си заљубив едно моме“. Здравковска решила да препее песна од нејзиниот крај, малешевскиот регион, во продукција и аранжман на Диран Тавитјан и симболично да ја промовира токму на Велигден. „Сестрите Мавровски од село Смојмирово, Беровско, ...
Њујоршкиот фестивал Лонг плеј, иако има само три изданија, прерасна во еден од најзначајните настани за промоција на нова современа музика во светот. Годишешното трето издание на Лонг плеј понуди над 60 концерти на нова одлична музика, во еден долг викенд, на повеќе места во Бруклин, сите на непосредна близина едно од друго. „За наша среќа, овогодинешниот фестивал Лог плеј е преплавен со сите различни видови музика и музичари – музика која е ...
Пијанистот Дино Имери утре (11 мај) од 12 часот ќе одржи концерт во Градски парк во Скопје на „Школка“, при што ќе свири дела од полскиот композитор Фредерик Шопен. Настанот е организиран од Амбасадата на Полска по повод Денот на уставот. Имери ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од Шопен. „Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање концерти на отворено како во Полска, близу Варшава, кај споменикот на Шопен и неговото ...
„Меморија“ направи преработка на четири македонски народни песни во рок аранжман. Групата ги спои песните „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј, налеј“ во една со наслов „Македонски бисери“. Аранжманот е на Петар Георгиевски-Камиказа, Давор Јордановски и Мите Димовски, во чие студио „Тра ла ла“ е снимена песната. Продуценти се Димовски и Јордановски. Во најава се уште неколку песни кои ќе излезат до скопскиот концерт, ...
„М“ на Вардан Тозија освои награда за најдобра режија во интернационална конкуренција на филмскиот фестивал Фантаспоа во Бразил. Ова беше јубилејното 20. издание на фестивалот во Порто Алегре, кој е единствениот фестивал од Јужна Америка што е дел од Европската федерација на фантастични филмови „Мелиес“. „М“ беше дел од интернационалната селекција на фестивалот, составена од 24 филмови и најавена е негова широка дистрибуција низ Јужна Америка. ...