
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Појавата на исклучително редок бел бизон, кој беше снимен во националниот парк Јелоустоун, предизвика возбуда кај домородните племиња во САД, кои го сфаќаат ова како религиозно пророштво кое носи големи промени. Според современи извештаи, ова е првиот бел бизон роден во последното диво стадо во САД. Другите бели бизони во изминатите децении биле родени во заробеништво, од родители кои содржеле ДНК од домашни крави. Раѓањето на бел бизон е свет ...
Вечерва (22 јуни) на Скопско лето, во 20:30 часот, во Музејот на македонската борба, концерт ќе одржат Јана Каевска (флејта) и Ивона Базгалоска (пијано), а гостин е Ана Трсунова (флејта). На програмата се дела од Г. Коларовски, Ф. Мартен, С. Прокофјев, А. Грнин, П.И. Чајковски и Т. Прокопиев. Влезот е слободен. Каевска дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2021 година како дел од класата по флејта на проф. м-р Страшо Темков. ...
Композиторот Григор Копров вели дека не ги памети сите песни што ги компонирал и сосема заборавил дека „Прости ми“, која Маја Оџаклиевска ја испеа на Скопскиот фестивал во 1996, е негова песна. „Прости ми“ е една од песните кои ќе се пеат на концертот „Најдоброто од Копров“, што ќе се одржи на 4 јули од 20:30 часот во Операта во рамките на Скопско лето. Како главен солист настапува Ана Петановска со камерен оркестар и со бенд, а гости се Наде ...
Виолинистот, професор и диригент Ерхан Шукри вчера (20 јуни) на Школка во градскиот парк во Скопје, на децата болни од дијабетес им ја даде донацијата која ја вети минатата година во октомври, откако во Националната опера и балет (НОБ) одржа јубилеен хуманитарен концерт. „Конечно успеавме да ја дадеме донацијата која ја ветивме за децата со дијабетес. На 2 октомври лани се одржа мојот јубилеен концерт ‘Првите мои 20 во 30’ кој беше со ...
Здружението на слепи лица во Штип е домаќин на првиот меѓународен турнир во шах за слепи лица, со учество на шахисти од Србија, Бугарија и Македонија. Учество пријавиле 12 шаховски мајстори од трите држави, кои ќе играат на специјални табли за вакви турнири. „Шаховскиот турнир ќе трае четири дена по системот секој со секого и за најдобрите се предвидуваат награди. Турнирот ќе се игра во Државниот студентски дом во Штип“, вели претседателот на ...
Охрид фест-Охридски трубадури по 31. пат ќе се одржи на 30 и 31 август на сцената „Долни Сарај“ во Охрид. Поделен е во две вечери: фолк на 30 и интернационална на 31 август. „Годинава влезот е слободен. Очекуваме одличен фестивал, со многу добри песни, со настапи на наши докажани пејачи и гости од странство, ѕвезди од поранешна Југославија, но и многу млади пејачи“, вели Григор Копров, директорот на фестивалот. Благоја Грујовски, Катерина ...
Адвокатот на Џастин Тимберлејк вели дека со нетрпение чека „енергично да го брани“ поп-пејачот откако тој беше обвинет за возење во алкохолизирана состојба. Тимберлејк (43) беше уапсен нешто по полноќ во понеделникот бидејќи видел знак за стоп и не застанал. Инцидентот се случил во Саг Харбор на њујоршки Лонг Ајленд, популарна дестинација за одмор на познати личности. Тој беше ослободен без кауција откако беше официјално обвинет и треба да се ...
Владимир Путин и Ким Џонг Ун разменија подароци при вчерашната прва посета на рускиот претседател на Северна Кореја по пауза од 24 години. Путин го поднови Ким со руска лимузина „аурус“, додека тој од севернокорејскиот лидер доби уметнички дела и две кучиња од локалната раса пунгсан. Оваа ретка раса на големи ловечки кучиња се одгледува во северниот дел на Северна Кореја и практички е непозната во остатокот од светот. Расата, која има потекло од ...
Вечерва (20 јуни) од 20 часот, на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе се одржи традиционалната модна ревија на студентите од Институтот за текстилно инженерство под менторство на професорката Лидија Георгиева. Ревијата е на тема „Време“ и се одржува по повод прославата на 65-годишнината од основањето на факултетот. „Дизајните ги одразуваат моментите на транзиција, каде што старото се среќава со новото, отелотворувајќи го ...
Една од најубавите скопски летни традиции е концертот на отворено на Филхармонијата, кој секоја година во јуни се одржува во Градски парк. Музичките теми секогаш се различни и главно популарни, а на концертот кој се одржа сношти (19 јуни), се свиреше музиката од филмовите на легендарниот режисер Стенли Кјубрик, кој важи за визионер со големо влијание врз светската филмска уметност. Паркот и годинава беше полн со публика од различни генерации на ...
Изложба на фустани и лични предмети на супермоделот Наоми Кембел е поставена во Музејот на Викторија и Алберт во Лондон. Таа ги следи примерите на Дејвид Боуви, Фрида Кало и Кајли Миног, кои исто така имаа самостојни изложби во престижниот лондонски музеј. „Чував толку многу работи во складиште затоа што патувам многу. Тоа не е само облека, чувам и фотографии и бекстејџ пропусници од модни ревии од пред 20 години. Едвај чекам да го покажам тоа ...
„Колдплеј“ објавија дека нивниот нов албум „Moon Music“ ќе биде најеколошкиот досега. Секоја плоча ќе биде направена од девет пластични шишиња собрани од отпад, а специјалното издание од околу 70% пластика извадена од реката Лас Вакас во Гватемала. Бендот соопшти дека ќе ги намали јаглеродните емисии за 85% и ќе спречи производство на повеќе од 25 метрички тони „девствена пластика“, материјал што се користи во производството на фолии и пакувања. ...
Сè уште неименуваниот филм за Формула 1 на Бред Пит ќе биде глобално објавен на 25 јуни следната година, со американска премиера два дена подоцна. Филмот се снима во соработка на тимови и возачи и е во режија на Џозеф Косински, чиј филм „Топ ган: Маверик“ заработи 1,49 милијарди долари ширум светот. Продуцент е Џери Брукхајмер. Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон е копродуцент, а снимањето започна минатата година и продолжи ...
Утре (19 јуни) од 19 часот, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одржи хуманитарен концерт за Симона Темелкова-Кабранова, која поради мозочно крвавење не може да седи и да се движи самостојно. На Симона ѝ е потребно лекување во Турција, кое нејзиното семејство не може да го плати. (фото) Во организацијата се вклучија многу луѓе од Кавадарци, како и здружението „Донирај компјутер“, кое по повод 3.000 донирани компјутери ќе поставии ...
Утре (19 јуни) од 16 часот, во Амфитеатар 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ќе се одржи „Натпревар во раскажување“, во организација на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“. Овој натпревар настојува да помогне децата да го развиваат јавното говорење и е дел од иницијативата за поттикнување на љубовта кон книгата и читањето. Бројни научни студии покажаа дека изобилството информации достапни преку интернет, компјутери, мобилни телефони и ...
Од денеска (18 јуни) до четврток (20 јуни), во „Котур кафе и филм“ во Скопје ќе има проекции на документарни филмови за правата на ЛГБТИ заедницата, во организација на Холандската амбасада во Македонија. Од 20 часот ќе бидат прикажани три наградувани документарни филма: „Нели и Надин“ (Шведска, Норвешка, Белгија), „Лесвиа“ (Грција) и „Мама беарс“ (САД). Првите два филма беа дел од минатогодишната селекција на фестивалот Македокс. Влезот е ...
Пијанистката Дуња Иванова на 24 јуни ќе одржи солистички концерт во Виена. На програмата се дела од јапонскиот композитор Рјуичи Сакамото и Ханија Рани од Полска. Дуња Иванова е магистерка по пијано и докторка на науки по филозофија. Има настапувано во САД, Франција, Босна и Херцеговина, Италија, Косово, Црна Гора и Албанија и на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонска музика, филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ и други. ...
Музичарот и продуцент Драги Иванов го објави новиот сингл „Крута“. Иванов е автор на песната и сценарист на спотот кој е снимен во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Мирослав Илиќ направи колор и графички дизајн на спотот, Филип Методиев свири гитара на песната, а Мартина Баракоска синтисајзери и дел од оргулите. Драги Иванов има студирано музичка и електронска продукција на Беркли во Бостон. На домашната музичка сцена е ...
По 30 години музичка кариера, поп-пејачот Ѓоко Танески ќе одржи концерт во родниот Охрид, во Антички театар на 20 јули од 21 часот. Ќе го придружува Битолскиот камерен оркестар, а гости ќе му бидат Драган Мијалковски и продуцентот Никола Мицевски. Танески вели дека е среќен што конечно ќе му се оствари желбата да одржи свој концерт во родниот град. „Триесет години го чекав ова и конечно го дочекав. Не можам да поверувам дека толку поминаа откако ...
Германскиот електро бенд „Шилер“ ќе настапи со битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ на настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола. Со германскиот бенд ќе настапат и македонските поп-пејачки Агни Авшар и Наде Талевска. „Шилер“ е формиран во 1998, името го добил по германскиот поет и драматург Фридрих Шилер и има издадено 15 албуми. На истиот настан ќе настапат и Каролина Гочева, ...
„Парамаунт“ ќе снима римејк на големиот хит од 1980-тите „Офицер и џентлмен“, во кој Мајлс Телер ќе го замени Ричард Гир. Оригиналниот филм од 1982 беше номиниран за седум оскари и освои два, за најдобра машка споредна улога (Луис Госет Џуниор) и за најдобра песна. Телер ќе биде во фокусот на модерното раскажување на оваа приказна, која следеше питомец на американската авијација кој се пробива низ академијата и притоа се вљубува во локална ...
Вториот дел на „Опаку наопаку“ (Inside Out 2) постави рекорд на киноблагајните откако во првиот викенд од прикажувањето заработи 295 милиони долари на светско ниво. Компанијата „Пиксар“, која е дел од „Дизни“, објави дека тоа е најдоброто отворање на анимиран филм на сите времиња, што е опишано како голема победа за кината. Во Северна Америка, филмот оствари заработка од 155 милиони долари во првиот викенд. Продолжението го надмина и ...
Шведската кралица Силвија го пофали настапот на македонската оперска пејачка Миланка Новеска-Густавсон, која е добитник на кралската стипендија „Johanneslogen Erik“ и веќе три години живее во Шведска. „Настапив на церемонија во театарот на палатата Дротнингхолм, која беше организирана како прослава за нашите кралски стипендии. Луѓе кои работеле на проект во овој театар и покажале голем успех, професионалност и потенцијал за уште поголемо ...
„Лебдечки скали“ се нова атракција во туристичката понуда на Норвешка, на кои изгледа како луѓето да лебдат во воздухот. Скалата наречена „Стигул“ е долга 40 метри и виси 790 метри над фјордот во малото село Лоен на северозападот на земјата. „Можеби на повеќето луѓе малку ќе им треперат нозете. Гледано од блискиот висечки мост во Лоен, изгледа како луѓето да лебдат во воздухот“, рече Пер Хелге Бо, извршниот директор на компанијата „Лоен актив“. ...
Педесет години кариера на Влатко Стефановски ќе бидат претставени на изложба во Скопје, во рамките на 10. издание на фестивалот на музички документарни филмови Скопје синема сити. Изложбата ќе биде поставена во Мала станица, а отворањето е на 26 јуни. На изложбата ќе можат да се видат фотографии од Стефан Рајхл, Ангел Ситновски-Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир ...
На 19 јуни во Европска куќа во Скопје ќе има интерактивна средба со еден од најзначајните современи француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар. Настанот го организираат Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Антолог“ во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт. Романот „Бусола“, за кој Енар ја доби најпрестижната француска книжевна награда во 2015, е објавен од „Антолог“ во превод на ...
Едни од предводниците на новиот бран на македонската рок сцена „Луфтанза“ ќе му се придружат на „Фанк шуи“ на претстојното издание на фестивалот Егзит во Нови Сад. „Луфтанза“, кој неодамна го промовираше својот нов албум, доаѓа на Петроварадинската тврдина како еден од финалистите на годинашната регионална музичка награда ХЕМИ. Покрај нив, на Егзит ќе настапи и македонската раперска тројка Јанг Дади, Матеј Фолц и Зи Бомб. Егзит ќе се одржува од ...
Поп-пејачите Александар Тарабунов и Димитар Андоновски снимија заедничка песна насловена „Ќе преживеам“. Идејата за дуетот доаѓа по долгогодишните соработка и пријателство и е остварување на нашите дамнешни планови, но и најава за она што ќе следува од нас, велат тие. „Песната се создаде спонтано, додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се претвори во музика и текст. Велат, кога нешто ...
Од 17 јуни (понеделник), во Кинотеката ќе се прикажат три филма во кои доминира актерската легенда Марлон Брандо. Ревијата е по повод стогодишнината од неговото раѓање. На 17 јуни од 20 часот ќе се прикаже „Да живее Запата!“ (1952), следниот ден е „Квемада – островот во пламен“ (1969), а на 22 јуни е проекцијата на „Апалуса/Југозападно од Сонора“ (1966). „Американски ловец, британски платеник и мексикански револуционер, во каква и да е улога, ...
„Се гордеам што станав светски шампион во бодибилдинг во конкуренција на јуниори до 23 години. На светскиот шампионат во Малага, Шпанија конкуренцијата беше голема затоа што учествуваа бодибилдинзи од стотина земји, но јас ги поминав сите селекции и на крајот се најдов во самото финале. Сите судии по бодибилдинг дадоа највисоки оценки за мене и мислам дека со право станав шампион на светот“ рече по освојувањето на титулата македонскиот ...