Афро-кубанска музика ќе свири Националниот џез оркестар на концертот кој ќе се одржи на 20 февруари од 20 часот во Филхармонијата. Концертот е насловен „Кубански оган“ (Cuban Fire) по албумот на американскиот пијанист, композитор и аранжер Стен Кентон. „Репертоарот вбројува дел од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и овој албум, вистинско биг-бенд ремек-дело, кое критиката го опишува како возбудлива и кинематографска фузија на ...
Националниот џез оркестар на 20 февруари од 20 часот во Филхармонијата ќе одржи концерт насловен Кубански оган (Cuban Fire) под диригентската палка на Зиги Фајг од Австрија, кој веќе има настапувано со џез оркестарот во земјава. -Ве покануваме на уште едно неверојатно музичко доживување што се фокусира на афро-кубанската музика и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии! Низ оваа автентична „латино свита” ќе не води нашиот ...