Папата Фрањо се сретна со повеќе од 100 комичари од целиот свет, вклучувајќи ги Вупи Голдберг, Крис Рок и Џими Фалон. На приемот во Ватикан, папата кажа дека комичарите имаат моќ да шират спокојство и насмевки во светот во кој луѓето се соочуваат со многу општествени и лични итни ситуации. „Вие ги обединувате луѓето зашто смеењето е заразно“, додаде тој. Папата прими 107 комичари од 15 држави, пред да учествува на самитот на Г7 во Пуља. „Вие ...

Продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ настапи на фестивалот „Бумеранг“ на Малта. Били Естебан, основачот на продукцијата, вели дека е среќен што запознал многу колеги од Европа, со кои разговара за идна соработка. „Фестивалот имаше три главни сцени и секоја нудеше различно музичко патување. Првиот ден настапија локални ѕвезди на електронската музика, а останатите два дена познати музичари од оваа област на Европа, како ‘Скинтс’ и Џош Винк. ...

Американскиот рок бенд „Ар-И-Ем“ го имаше првиот настап во полн состав од 2007, откако сите четворица членови се собраа за приемот во Салата на славните за текстописци во Њујорк. Групата стана трио откако тапанарот Бил Бери ја напушти во 1997 по претрпен мозочен удар, а целосно се распадна во 2011. „Во тој период, не можевме да се согласиме околу ништо во музички поглед. Не можевме да се согласиме ни каде да одиме на вечера. Сега барем го можеме ...

Фановите на Селин Дион можат да видат како нејзините здравствени борби се одразиле врз нејзиниот живот во новиот документарен филм „Јас сум: Селин Дион“. Таа конечно најде начин да им се врати за настапите и се подготвуваше за ново шоу во Лас Вегас. „Работевме толку напорно за да го направиме ова шоу, затоа што се вратив“, вели пејачката со огромна насмевка и додава: „Ќе бидам на сцената. Не знам кога точно, но верувајте ми, ќе врескам гласно. ...

Поп-пејачката и харфистка во Операта Сара Мејс е сценарист на својот нов спот за песната „Хероина“, која, како што вели, им ја посвети на сите жени кои не се откажуваат од борбата. Во спотот учествуваат педесетина статисти. Меѓу нив, освен Сара Мејс со ќерка си Илина, се пејачките Лидија Кочовска и Тамара Тодевска со децата, виолинистката Ана Кондратенко, режисерката Тамара Котевска, актерките Наталија Теодосиева и Емра Куртишова, Атиџе Муратова ...

Утре почнува Европското фудбалско првенство во Германија, а мечевите ќе се играат на десет стадиони во десет градови. На отворањето во Минхен се среќаваат Германија и Шкотска, а финалето е еден месец подоцна во Берлин. Девет стадиони беа во функција и за Светското првенство 2006 во Германија. Ќе се играат 51 натпревар, на кои се очекуваат вкупно 2,7 милиони гледачи. ОЛИМПИСКИ СТАДИОН ВО БЕРЛИН – 70.033 ГЛЕДАЧИ Стадионот кој е домаќин на ...

Утре (14 јуни) од 20 часот, во кафулето „Ли“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ од Ана-Марија Бранѓолица, во издание на „Фуснота“. Книгата ќе ја промовира Душко Крстевски. Издавачот вели дека предмет на истражување во научниот труд на Бранѓолица е феноменот на баење како интегрален дел од македонската народна култура, а опсервацијата на баењето како магиски обред вклучува детално ...

Ѕвездите на „Куќата на змејот“ беа пречекани со големи овации од обожавателите на црвениот килим во Лондон, за премиерата на втората сезона на една од најпопуларните серии на Ејч-Би-О. Оливија Кук, Ема Д’Арси, Мет Смит и Фабиен Франкел беа дел од големата екипа која присуствуваше на премиерната проекција на новата сезона. На Ејч-Би-О ќе се прикажува од 16 јуни и ќе има осум епизоди. Втората сезона ќе го означи почетокот на Танцот на змејовите, ...

Тетово во наредните четири дена ќе биде домаќин на 13. издание на филмскиот фестивал „Воч аут“ (Watch Out). За оваа традиционална филмска манифестација и овојпат владееше голем интерес, па биле испратени 630 филмови од 81 земја од шест континенти. „Ова издание на фестивалот ги слави животот и надежта, истовремено истражувајќи ги неодминливите реалности и борбата за подобар живот. Фестивалот ги користи уметноста и културата да ги донесе овие ...

Збирката поезија „Координати на болката“ на Александра Спасеска ќе биде промовирана на 15 јуни (сабота) од 19 часот во дворчето на кафе-книжарницата „Илика“ во Скопје. Промотор ќе биде Катерина Шекутковска, а стихови ќе интерпретира актерката Александра Стојановска. „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“ беше нејзината прва објавена книга, во издание на „ПНВ публикации“ (2023). Спасеска лани ја доби наградата „Антев ...

Утре (13 јуни) во 19 часот, кај фонтаната „Лотус“ во Градски парк во Скопје е свечениот дел од отворањето на виртуелната изложба „Поместени граници“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Станува збор за традиционална изложба од годишната програма на ДЛУМ, но оваа година, целта е со иновативен уметнички пристап да се промовира новиот простор на ДЛУМ на улицата Илинденска во Скопје. Изложбата вклучува дела на етаблираните автори ...

Секогаш кога сме во авион и се подготвуваме да полетаме ги слушаме овие познати упатства: седиштето и масата во исправена положба, рачната торба под седиштето и мобилниот телефон на авионски режим. Но, ретко кој се запрашал зошто мораме да ги префрлиме телефоните на авионски режим и што навистина значи тоа. Авионскиот режим беше воведен поради загриженоста дека мобилните телефони би можеле да предизвикаат пречки кај авионските инструменти за ...

Младите рапери Јанг Дади, Матеј Фолц и Зи Бомб ја промовираа новата заедничка песна „Место“ во „Лабораториум“ во Скопје. „Место“ е продолжение на иницијативата #НаправиМесто на „Македонски Телеком“ и се надоврзува на нејзината главна идеја, но низ една нова, свежа и креативна перспектива. Во текстот се користат сегменти од делата на Горан Стефановски како инспирација да се создаде нов наратив. „Нашата генерација живее со истите проблеми како и ...

Африканските слонови можат да се обраќаат едни на други користејќи индивидуализирани повици налик на човечки имиња, покажа ново истражување. Познато е дека делфините се повикуваат меѓусебе имитирајќи го свиркањето на другиот делфин, а и папагалите се обраќаат едни на други на сличен начин, но слоновите одат чекор подалеку во меѓусебното идентификување. Тие учат, препознаваат и користат индивидуализирани повици како имиња за да им се обратат на ...

Француската актерка Марион Котијар ќе глуми во четвртата сезона на ТВ-серијата „Утринска програма“ (The Morning Show). Котијар им се приклучува на Рис Витерспун и Џенифер Анистон, кои ги играат главните улоги. Оскаровката ќе го глуми ликот на Селин Думон, која доаѓа од познато европско семејство. Витерспун и Анистон се и продуцентки на серијата, која е во продукција на „Епл ТВ“. Првата епизода излезе во 2019. „Вараети“ објави дека во четвртата ...

Втората групна изложба на која ќе се обединат професори и студенти од уметничките факултети и школи во Македонија ќе се отвори в петок (14 јуни) во 19 часот во Младински културен центар во Скопје. На изложбата насловена „Професори и студенти“ ќе бидат претставени дела на професори и студенти од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН во Скопје, Факултетот ...

Афроџек, „Вини вичи“ и Мејсио Плекс ќе бидат главни ѕвезди на годинашното издание на фестивалот на електронсата музика Охрид колинг, што ќе се одржува од 31 јули до 3 август во охридската касарна, објави „Авалон“. Вкупно се најавени 19 имиња, а меѓу оние кои првпат ќе настапат во Македонија е и маскираниот германски диџеј и продуцент Клептоне. Најголемото име во поставата е холандскиот хитмејкер Афроџек (фото), кој првпат доаѓа во Македонија, ...

Популарниот српски фолк панк бенд „Бркови“ ќе прослави 20 години работа со голем концерт на отворено во Скопје. Концертот во организација на „Пасворд“ ќе се одржи на 31 август на стадионот на АРМ во Градски парк. Познати по енергични настапи во живо, „Бркови“ го опишуваат својот музички израз како „панк фолк велнес“, кој претставува мешавина на народна музика со други жанрови, како панк, рок и реге. За период од две децении имаат објавено осум ...

Четириесет и петтото издание на Скопско лето се отвора на 21 јуни со концерт на хрватскиот уметник, пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан. Ружиќ доаѓа во Скопје со својот проект „Пијанотрон“, комбинација од пијано, мелотрон и педали. „Звјездан е човек-оркестар. Иако е академски џез пијанист, тој го опишува ‘Пијанотрон’ како филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музика“, велат од скопската ...

Несмасен, темпераментен и често баксуз, Пајо Паторот дебитираше во цртан филм на 9 јуни 1934 и неговата „кариера“ трае до денес. Креаторот Волт Дизни своевремено го нарекол „проблематично дете“ меѓу неговите главни анимирани ликови. Пајо Паторот, чие оригинално име е Donald Fauntleroy Duck, првпат се појави во филмската уметност во краткиот анимиран филм „Мудра мала кокошка“ (The Smart Little Hen) од 1934. Во него е прикажан како лик кој не сака ...

Речиси една деценија по распаѓањето на глобалниот музички феномен „Уан дајрекшн“, Сајмон Кауел тргнува во потрага по нов бој бенд. „Сајмон ве треба! Се бараат идни мегаѕвезди за нов бој бенд“, вели Кауел во кампањата лансирана во Лондон. Аудициите ќе почнат во Њукасл на 4 јули, а следниот месец ќе се одржат и во Ливерпул, Даблин и Лондон. „Секоја генерација заслужува бој бенд со мегаѕвезди и мислам дека во последните 14 години немало бенд со ...

Легендарни се подбивањата на скопјани дека Битола нема аеродром, но затоа Битола го има единствениот метал фестивал во Македонија. „Метал дисчарџ“ (Metal Discharge) стигна до мал јубилеј и ова петто издание беше најобемно и најамбициозно досега: првпат со две вечери, најмногу бендови (14), најмногу странски бендови (четири), камп, промоција на албум („Трендкил“), беспрекорна организација на необична, но практична локација (асфалтирано ракометно ...

Платите се секогаш популарна туристичка атракција, а „Дејли паспорт“ издвои седум највпечатливи палати, од Шпанија до Сеул и Индија до Истанбул, кои туристите најмногу ги посетуваат. Версајската палата беше познатата резиденција на француските владетели, Луј XVI и Марија Антоанета. Версај го започнал животот во 1623 година како скромна ловечка куќа. Сепак, „скромно“ не е збор што би се применил за Версај што можете да го посетите сега. Во ...

Бројката од над 900 учесници на втората детска трка „Мини трчај бе“ што денес се одржа во Битола, ги надмина и најоптимистичките очекувања на организаторите. Стотици деца на возраст од 4 до 12 години трчаа на Градското шеталиште на една од најмасовните детски трки во Регионот и пошироко. Ако лани, на првата трка имаше 380 деца, сега тој број беше скоро три пати поголем. Децата трчаа распоредени во девет категории на патеки со должина од 150 до ...

Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт на Хераклеја во Битола, на 5 јули. Гостин ќе биде Дарко Гелев – Брејк. Минатата година, бендот одржа пет акустични концерти во Филхармонијата со Брејк како гостин. „Кога бев многу млад, поминував покрај Дом на градежници, тогаш уште ги имаше оние стари вентилатори. Слушнав бенд како свири, ѕирнав зад вентилаторот од надвор, и внимание ми привлече пејачот, не ми беше познат. Години подоцна, патиштата ни се ...

Независен експерт ќе ги истражува настаните околу овогодинешната Евровизија во Малме, по низа контроверзии, како што се дисквалификацијата на холандскиот натпреварувач и пропалестинските протести. Меѓународниот музички натпревар го дисквалификуваше холандскиот натпреварувач Јост Клајн поради „инцидент“ во кој тој наводно вербално се заканувал на вработен во продукцијата, а израелскиот натпреварувач Еден Голан настапи за време на влошената ...

Жените кои се подолг период на медитеранска исхрана живееле многу подолго од оние кои не ја применувале, покажа новото истражување кое следело повеќе од 25.000 жени во текот на 25 години. „Нашата студија покажува дека следењето на медитеранската шема на исхрана може да резултира со околу една четвртина намалување на ризикот од смрт. Исто така, таа е природен борец против ракот и за кардиоваскуларните болести смртност“, вели кардилогот д-р Самиа ...

Четиринаесетотто издание на Филозофскиот филмски фестивал во Скопје ќе се одржува од 7 до 14 јуни, а пет долгометражни и 16 кратки филмови се во официјалните селекции за наградата „Златен був“. Мотото на фестивалот е „Неред меѓу редови“, а го организира Филозофското друштво на Македонија, во соработка со Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Фестивалот се отвора на 7 јуни во 21 часот во летното кино на Кинотеката со ...

Второто издание на проектот „УГД – Чекор кон светот“ од 6 до 9 јуни продолжува во Братислава, каде што студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ќе настапат во рамки на Интернационалниот фестивалот на танцови универзитети под наслов „Шер“ (Share). Како што велат од УГД, проектот се одвива под менторство на професорката Рисима Рисимкин, деканка на Филмската академија и доцент Адријана Данчевска, во соработка ...

На 11 јуни од 20 часот во Македонскиот народен театар, „Танец“ ќе го одржи концертот „Седенка се збира“. Концертот е посветен на 100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски, еден од легендарните македонски музичари од сферата на народната музика. Во „Танец“ се вработил во 1954 и тука останал до крајот на својот работен век во 1978, кога се пензионирал. 25 години бил раководител на оркестарот, солист на виолина и тамбура, аранжер на песни и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
68%
1013
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1007
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
0.0
87%
1007
weather icon

Софија

24ᴼ / 18ᴼ
0.51
34%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.7
55%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
96%
1006
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
61%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1010
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
40%
1011
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
68%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.06
71%
1006
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
53%
1013
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641