
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Кина објави дека го гради најголемиот аеродром на светот на вештачки остров. Меѓународниот аеродром „Далијан Џинжу беј“ се гради покрај североисточниот брег на Кина, на остров од 20 квадратни километри. Аеродромот ќе има четири писти и патнички терминал од 900.000 квадратни метри. Првата фаза треба да биде отворена во 2035 година. Најавено е дека годишно ќе опслужува 80 милиони патници од 540.000 летови. Кога ќе биде завршен, тоа ќе биде ...
Идната прва дама на САД Меланија Трамп ќе биде во фокусот на нов документарен филм на „Амазон прајм“, што треба да излезе подоцна оваа година. Стриминг платформата не објави детали за проектот, туку само кажа дека ќе „сподели вистински уникатна приказна“. Трамп е извршна продуцентка на документарецот, што кажува дека има уредувачка контрола врз него. Филмот почнал да се снима минатиот месец и прво ќе биде објавен во кината, а на „Амазон прајм“ ...
Со доаѓањето на 2025, Кемниц и Горица/Нова Горица го презедоа статусот на Европска престолнина на културата. Споменикот на Карл Маркс е една од најголемите бисти на светот, по која источногерманскиот град Кемниц е препознатлив од 1971. „На Карл Маркс не му требаат раце и нозе, неговата глава кажува сѐ“, рекол советскиот скулптор Лав Кербел за своето дело тешко 40 тони. Маркс немал никаква лична врска со Кемниц. Роден е во Трир, а умрел во Лондон ...
Германскиот град Либек своевремено бил моќен политички и економски центар, а денес е најпознат по производството на марципан. Во овој град работат четири фабрики за марципан, од кои најголемата е „Нидерегер“. Основниот рецепт за марципан е едноставен: две третини бадеми, една третина шеќер. Марципанот на „Нидерегер“ е регистриран во Европската Унија како заштитен производ со географско потекло. Бадемите најмногу се одгледуваат во Калифорнија, ...
Владо Јаневски вчера (5 јануари) ја промовираше новата песна „Твој засекогаш“ на скопското радио „Буба мара“. Кантавторот прослави 30 години музичка кариера.со пет концерти во Скопје и еден во Охрид одржани во 2023 и 2024. Пред две години, тој од скопски Чаир, што го опеа во песната „Чаирска романтика“, се пресели во Гевгелија. Откако ја продаде куќата во Чаир рече дека веќе не сака ништо да поседува и живее во изнајмен стан во Гевгелија. „Во ...
Скопје ова лето би требало да го добие својот прв фестивал посветен на метал музиката. Во организација на „Терорвоид“, засега се познати времето и местото на неговото одржување: стадионот на АРМ во Градски парк на 13 септември. „Скопје фјури“ (Skopje Fury) на своето прво издание ќе има шест учесници, чии имиња допрва ќе бидат објавени. „Сметаме дека е дојдено време Скопје да добие метал фестивал на отворено, кој се надеваме со тек на времето ќе ...
Холивудските ѕвезди донесоа многу стил на црвениот тепих на доделувањето на Златните глобуси, отворајќи ја сезоната на филмски награди во Лос Анџелес, што ќе заврши со Оскарите на 2 март. Освежени од празничниот одмор, славните личности вообичаено доаѓаат на Глобусите во разиграно и опуштено расположение и спремни малку да се забавуваат на црвениот тепих. Во поглед на модата, забележливо беше враќањето на гламурот од старата школа, дополнето со ...
Откако „освои“ три златни малини за најлоша актерка, Деми Мур го доби првото признание за својата кариера на 62 години. Мур, која беше една од најпопуларните актерки во 1990-тите, лани го имаше големото враќање во Холивуд со хоророт „Супстанција“, што ноќеска ѝ го донесе Златниот глобус за најдобра актерка во категоријата комедија/мјузикл. „Бев на многу ниско ниво пред да ја добијам улогата во ‘Супстанција‘“, призна Мур, примајќи ја наградата. ...
На 27 февруари од 20 часот, во Центарот за култура во Битола, Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт насловен „За Мојата Битола“. о повод 10-годишнината на ‘Бабам Битола’. Концертот е омаж на убавината, историјата и душата на нашиот сакан град. Ќ е уживате во прекрасни песни за Битола, како и рецитали во изведба на битолски уметници“, велат од оркестарот. Првиот концерт на Битолски камерен оркестар пред повеќе од 10 години, исто така, беше ...
Повеќе од шест години по неговата смрт на 28 години, животот на номинираниот за Греми диџеј и продуцент Авичи се раскажува во нов документарен филм. „Avicii- I Am Tim“ сега се емитува на Нетфликс. Авичи, кој е роден како Тим Берглинг, го раскажува филмот преку архивски снимки. Режисерот на филмот, Хенрик Бурман, за „Билборд“ раскажа зошто ја раскажал приказната за Берглинг. „Кога решив дека ќе се раскаже оваа приказна, помислив дека можеби така ...
Финансискиот кварт на Лондон ги одобри плановите за облакодер од 73 ката што ќе одговара во висина со највисоката кула во Западна Европа. Предложената кула од 309,6 метри доби зелено светло откако претходно одобрениот план беше ревидиран „за подобро да одговори на потребите на канцеларијата по пандемијата“, соопштија од локалната власт во Лондон. Кулата ќе обезбеди 154.156 квадратни метри деловен простор, области за образование на децата на ...
Актерската двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли нема да присуствува на годишната церемонија на доделување на Златните глобуси вечерва (5 јануари), поради правната битка на Лајвли со актерот и режисер Џастин Балдони. Рејнолдс (48) и неговиот колега Хју Џекмен, се номинирани во категоријата филмски достигнувања на овогодинешната церемонија. Џекмен, 56, исто така нема да присуствува. Одлуката на тројцата актери да не присуствуваат на церемонијата ...
Се проценува дека на Земјата има околу 11.000 трајно населени острови, на кои живеат околу 730 милиони луѓе. Најголемиот од овие острови е Гренланд, со 410.500 квадратни километри. „Дејли паспорт“ направи избор од петте најмалите острови во светот кои луѓето ги нарекуваат дом. 5.Кодакараџима – Јапонија Има 14.125 острови кои го сочинуваат јапонскиот архипелаг, вклучувајќи ги и оние во синџирот Токара Острови, лоцирани на околу 240 километри ...
Анџелина Џоли никогаш не сакала да биде актерка. Во новообјавеното интервју за магазинот „W“ за промоција на нејзиниот филм „Марија“, славната актерка и режисерка рече дека на почетокот се вклучила во индустријата „бидејќи тоа било сон на мајка ѝ“. „Таа се занимаваше со глума, но кога мајка ми имаше 25 години, беше разведена со две деца и реши да го фокусира својот живот само на мајчинството“, изјави Џоли. „Таа не направи да се чувствувам како ...
Златните глобуси се почеток на сезоната на филмските награди во светот. Церемонијата е место на моменти кои ја одредуваат кариерата за некои од најголемите холивудски ѕвезди од нејзината инаугуративна година во 1944 година. Годинава, на доделувањето на наградите кои се одржуваат по 82. пат нема да биде поинаку. Домаќинка на цермонијата ќе биде комичарката Ники Глејзер, а најголемите холивудски имиња ќе прослават успеси во хотелот „Беверли ...
Во 2024 беше отворен вториот највисок облакодер во светот, повторно се отвори катедралата Нотр Дам и се најавија повеќе футуристички урбани мегапроекти. Сепак, светот на архитектурата сè повеќе ја препознава вредноста на поскромните градби. Третиот по големина рибен пазар во светот станува уште поголем. Повеќе од осум години откако владата на Нов Јужен Велс го објави преместувањето на историскиот рибен пазар во Сиднеј, кој датира од 1870-тите, а ...
Српската поп-пејачка Јелена Томашевиќ ќе прослави 20-годишен јубилеј со концерт во Скопје на 8 март, меѓународниот ден на жената, објави продукција „Прагма“. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет од 20 часот. Томашевиќ лани во јануари на концертот во Филхармонијата доби силен аплауз откако ја испеа „Судбо моја“, македонската народна песна која своевремено ја пееше Васка Илиева. Томашевиќ ја има оваа песна на репертоарот на ...
Од ледени скулптури до волшебни натпревари во резбање на снег, зимските фестивали ја трансформираат студената сезона во прослава на креативноста и заедницата, нудејќи нешто незаборавно. Ова се пет од најуникатните зимски фестивали во светот според „Дејли паспорт“. „Денови на снегот“, Банф и Лејк Луиз, Канада Во текот на неколку недели кон крајот на јануари и во почетокот на февруари, посетителите можат да се восхитуваат на поголеми скулптури низ ...
Кина претстави прототип на нејзината следна генерација брзи возови, за кој вели дека ќе биде најбрз на светот. Моделот „ЦР450“, претставен во Пекинг, постигнал максимална брзина од 450 километри на час на пробното возење и оперативна брзина од 400 километри на час, објави кинеското министерство за транспорт. Откако ќе влезе во комерцијална употреба, тоа ќе биде најбрзиот воз на светот, надминувајќи го сегашниот кинески модел „ЦР400“, кој може да ...
Српската хит-претстава „Хотел 88″, која требаше да се игра на 30 ноември во Националната опера и балет, е презакажана за 9 февруари, објави „Јес продукција“. Претставата тогаш се одложи поради болест на еден од глумците. Купените билети остануваат важечки за новиот термин. Во претставата, која досега била изведена повеќе од 500 пати, играат Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин-Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ, а режисерка е Сташа ...
Војвотката од Сасекс Меган Маркл најави ново шоу на „Нетфликс“ кое се опишува како шоу за животен стил што ги спојува практичното однесување и искрениот разговор. „Со Љубов, Меган“ ќе има премиера на 15 јануари и вклучува осум епизоди од по 30 минути, во кои се појавуваат и познати личности како актерките Минди Калинг и Абигејл Спенсер. Во трејлерот, Маркл украсува торта со малини и мед во Калифорнија, каде што живее со нејзиниот сопруг принцот ...
Мел Гибсон се врати во режисерското столче по пауза од речиси десет години со акциониот филм „Flight Risk“, за кој е објавен нов трејлер. Марк Волберг глуми платен убиец преправен во пилот кој во авион се соочува со агентка на ФБИ (Мишел Докери), која придружува заштитен сведок (Тофер Грејс). Ликот на Волберг има задача да го ликвидира сведокот пред да стигне на судење. Филмот ќе има премиера на 24 јануари. „Flight Risk“ е првото режисерско ...
Детски анимирани филмови ќе се прикажат во Кинотеката во рамките на тематската програма „Кино утро“. Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ (фото), во режија на Гоце Цветановски ќе има четири проекции: на 9 јануари од 11 часот, 13 јануари од 18 часот, 14 јануари од 18 часот и на 15 јануари од 14 часот.. Ќе се прикажат и „Мечето Падингтон“, „Планета 6793“ „Божиќната магија на животните“, „Кариран нинџа 2“, ...
Девет од десет новокупени автомобили во Норвешка минатата година биле целосно електрични, велат официјални податоци, со што земјата се ближи кон својата цел да додава само електрични возила на патиштата до крајот на 2025. Целосно електрични возила имале удел од 88,9% во купувањето нови возила лани, што е пораст од седум отсто во споредба со 2023. Најпродаваните брендови биле „Тесла“, „Фолксваген“ и „Тојота“. „Норвешка ќе биде првата држава во ...
Џез гитаристот Владимир Четкар вели дека бил на две места за Нова година во Америка, во Чикаго и во Сан Франциско. Четкар во моментов е на американска турнеја. Досега одржа четири концерти, а следат уште два. „Постојано сум во движење. Новата година ја дочекав на две места: до три часот на новогодишната ноќ бев во Чикаго, па заминав за Сан Франциско. Таму стасав на 1 јануари утрото“, ни рече Четкар. Во Сан Франциско ќе има настапи на 8 јануари, ...
Педесет и пет илјади луѓе меѓу кои и гости од Македонија ја пречекаа Нова година во Сараево, со концерт на хрватската поп-ѕвезда Северина на улицата „Маршал Тито“, во народот позната како Титовата улица. Северина меѓу своите песни го испеа и хитот на Кемал Монтено, „Сараево, љубов моја“ (Sarajevo ljubavi moja) и кажа дека цела вечер се чувствувала дека таа ѝ е придружен вокал на публиката. Пејачката ги поддржа студентите од Белград кои дошле да ...
Филмот „Сам дома“ е празнична класика која се репризира секоја Нова година, но едно прашање остана неодговорено низ годините. Во подкастот на „Холивуд рипортер“, режисерот Крис Колумбус конечно откри што работеле родителите на Кевин Мекалистер кога можеле да си дозволат толку голема куќа. Во филмот, семејството не само што живее во огромна куќа во Чикаго, туку родителите, кои ги играат Кетрин О’Хара и Џон Херд, можат да платат патување во Париз ...
Славното лондонско архитектонско студио „Заха Хадид“ победи на меѓународниот конкурс за новата зграда на музејот на Никола Тесла во Белград, на што соработуваше со домашното студио „Кјуб партнерс“. Српскиот министер за култура Никола Селаковиќ изјави дека новото седиште на најпосетуваниот музеј во Србија ќе биде зградата на некогашната фабрика за хартија „Милан Вапа“, во која подоцна беше сместена фирмата „Југошпед“. „Ова ќе биде еден од ...
Од Њујорк до Хонгконг (фото), од Париз до Рио де Жанеиро, државите низ светот постепено ја пречекуваа 2025 година со спектакуларни огномети и светлосни шоуа. Традиционалниот пречек на Тајмс сквер во Њујорк не го попречи ни силниот дожд, а 18 часа порано, првите големи огномети беа испукани во Окленд и Сиднеј, каде што пееше Роби Вилијамс. Во светот има 39 различни временски зони, па на целата планета ѝ требаат 26 часа за да влезе во новата ...
Повеќето од филмовите за кои се смета дека ќе бидат хитови во 2025 се продолженија, но има и неколку нови. Си-Ен-Ен направи избор на најисчекувани филмови во новата година. „Повторно во акција“ Сè е во насловот на овој шпионски филм на „Нетфликс“ кој го означува враќањето на Камерон Дијаз, која се оддалечи од Холивуд десетина години и оскаровецот Џејми Фокс (фото), кој лани едвај преживеа мозочен удар. Филмот ќе започне да се емитува на 17 ...