
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Владо Јаневски на 10 август од 21 часот ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид. Вели дека е возбуден што по шест години повторно се враќа на местото кое за него има посебна магија. Од ноември лани до јануари годинава, тој распродаде пет концерти во Филхармонијата и имаше повеќе настапи низ Македонија. „Мислам дека досега сум имал 3 или 4 концерти во Античкиот театар, во просек на секои 6-7 години му доаѓа ред. Последен пат бевме таму во ...
Саудиска Арабија ги објави плановите за стадион кој ќе се наоѓа 350 метри над површината на земјата, на врвот на мегаградот Линија. Тој е дел од пријавата на Саудиска Арабија за организација на Светското фудбалско првенство во 2034 година, чии мечеви би се играле на 15 стадиони. „Стадионот ‘Неом‘ ќе биде најуникатниот стадион на светот. Со теренот сместен 350 метри над земјата, неверојатните глетки и со покривот создаден од самиот град, ...
Од 9 до 11 август во Прилеп ќе се одржи традиционалниот пиво фест, сега со сменето име Прилепски викенд на пивото, (Prilep Beer Weekend). Ќе настапат близу 20 музичари од Македонија и Балканот“, најавија од продукцијата „Евент груп“. На 9 август ќе настапат Бојана Скендеровски, српската група „Ван Гог“, диџеј Марио и Наум Петрески. Следниот ден на прогрмата се Том Нови, Огнен Здравковски, Таско и „Суперхикс“ (фото), кои годинава слават 30 години ...
Реномираните македонски музичари виолинистот Климент Тодороски и пијанистката Марија Вршкова вечерва (8 август) ќе имаат концерт на Охридско лето, од 21 часот во „Св. Софија“. Ќе се изведат дела од Григ, Римски-Корсаков и Фролов. Тодороски е роден во 1984 во Охрид. Музичкото образование го започнал во Охрид и Битола, а го продолжил на Националниот музички конзерваториум во Тулуз, Франција, во класата на професор Благоја Димчевски. Дипломирал на ...
На 10 август од 21 часот, во градината на кафулето „П ин“ во Старата скопска чаршија ќе се одржи промотивен музички настан по повод 5 години активна работа на издавачот на електронската музика „Пи-Ем-Џи танц дигитал“. Музичката платформа е основана од Мирко Попов и Андреја Салпе во 2019 и во своето петгодишно постоење има 23 музички изданија регистрирани на Бендкамп. Освен издавање музика, „Пи-Ем-Џи танц дигитал“ има и континуирана активност во ...
Марко Маринковиќ-Слаткаристика го промовираше новиот сингл „Налеј“. Хип-хоп музичарот вели дека ова не е преработка на македонската народна песна, но насловот е инспириран од неа. „Од народната ‘Налеј’ земав еден дел од текстот, а музиката е сосема различна. Насловот е инспириран од познататa ‘Налеј’, но текстот, раскажува љубовна приказна помеѓу мене и мадам Мадлен. Ова е една нова, љубовна и модерна песна“, ни рече Слаткаристика. За „Налеј“, ...
Серијата на Ејч-Би-О, „Куќата на змејот“, ќе има уште две сезони, а четвртата ќе биде последна, изјави кокреаторот Рајан Кондал на прес-конференција. На 5 август беше прикажана последната, осма епизода од втората сезона. Кондал најави дека во тек е пишувањето на сценаријата за третата сезона, подготовките ќе почнат есенва, а се планира продукцијaта да стартува на почетокот на 2025. На новинарско прашање дали и третата сезона ќе има осум епизоди ...
Тамара Тодевска заедно со Роберт Билбилов и диџеј Никифор ја преработи песната „Викај ме Лена“ (Зови ме Лена) од српската пејачка Лена Ковачевиќ. Со оваа песна, таа се натпреваруваше на српскиот избор за Евровизија годинава. Оваа преработка е најава за новиот албум на Билбилов со уметничко име Just RB и диџеј Никифор, насловен „Африканска кралица“ (African Queen). Албумот е инспириран од африканската музичка култура. Автор на музиката на песната ...
Краткиот игран филм „Љубовни маки“ на Александер Саул од Данска освои Гран-при на 19. издание на Филмскиот фестивал Астерфест во Струмица. Златната потковица ја доби краткиот анимиран филм „Гилгамеш “ на Шаќир Весели (Албанија), Сребрената потковица ја доби краткиот игран филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова од Македонија, а Бронзената потковица – „Фортисимо “на Виктор Цеска од Франција. Наградата за најдобар режисер „Ацо Алексов“ ја доби ...
Групата „Нокаут“ денеска (7 август) ќе одржи концерт во Делчево, на летната сцена во градскиот парк од 21 часот. „Почитувани фанови, летната турнеја на ‘Нокаут‘ продолжува понатаму. ‘Нокаут‘ за првпат во својата музичка кариера ќе настапи во Делчево“, велат од групата, поканувајќи ги и фановите од Македонска Каменица, Кочани, Пехчево, Виница и другите градови. По петте настапи лани во Филхармонијата и концертот на Хераклеја во Битола на 5 јули, ...
Претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска, во продукција на независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, на 10 август ќе учествува во официјалната конкуренција на меѓународниот џез театарски фестивал Нишвил во Ниш, Србија. Овој театарски фестивал од 2017 се одржува во рамките на џез фестивалот Нишвил, кој годинава слави 30 години постоење. Во главната програма се вклучени осум претстави од Србија, Италија, САД, Холандија и Црна Гора, а ...
Краткометражниот игран филм „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески освои две награди на фестивалот Парадизо, за најдобро сценарио и за најдобар филм со социјална тема. Фестивалот се одржа од 2 до 4 август во Палермо, Сицилија. Филмот, кој е продукција на „Минимал колектив“, е приказна за момче кое расте со самохрана мајка и кое обидувајќи се да одговори на предизвикот од својот сосед, ја добива својата прва лекција по животна иронија. Улогите ги ...
Режисерот Дејвид Линч во интервју за еден британски магазин откри дека му е дијагностициран емфизем и не сака да се насочува кон нови проекти поради стравот да не се зарази со ковид-19. Режисерот на култната ТВ-серија „Твин Пикс“ изјави за магазинот „Сајт енд саунд“ дека со неговата состојба е способен само да оди на кратки прошетки. „Добив емфизем од пушењето и затоа сум ограничен во движењето. Би било многу лошо да се разболам, дури и само да ...
Групата „Фолтин“ ќе одржи минитурнеја низ Македонија со три концерти. Првиот е во Струга на 8 август во рамките на осмото издание на фестивалот Дрим шорт. Следниот концерт е во матичната Битола. Настанот на ракометното игралиште ќе го отворат младите битолски бендови „Tzar von time”, „Siotto jazz” и „Corrosion”, а специјални гости ќе бидат „Суперхикс“. На 25 август, „Фолтин“ ќе одржи концерт во Кавадарци во Винскиот музеј. „Фолтин“ претходно ...
„Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич од Турција доби Гран-при за најдобар филм на петтото издание на Галичник филм фестивал. На фестивалот се прикажаа 28 кратки филмови. За наградите одлучуваше жири-комисијата во состав Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов и Жан Дакар. Наградата за најдобра кинематографија ја доби Себастијан Вебер за „Нечуени работи“, наградата за најдобро сценарио ѝ припадна на Рејчел Волден од САД за филмот ...
Вечерва (6 август) на Охридско лето, во предворјето на црквата „Света Софија“, во 21 часот ќе има промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски. Јолевски е новинар кој професионалната кариера ја започнал во почетокот на 1980-тите во весникот „Млад борец“, безмалку истовремено со почетокот на студиите по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Во 1990-тите се префрлил во Втората програма на Македонското радио, каде што ...
Ризницата со песни за Битола како најопеан град на Балканот е збогатена со нови инструментални композиции создадени и отсвирени од едни од најдобрите македонски инструменталисти кои живеат во и надвор од државата. Новите композиции првпат беа изведени синоќа (5 август) на концертот „Боите на Македонија“ (Colors of Macedoina), што се одржа на платото пред Офицерскиот дом, во организација на Културно-информативниот центар (КИЦ) Битола во рамките ...
Поп-пејачката Лара Иванова објави серијал од четири песни и четири видеоспота. Иванова, која студира балетска педагодија, е авторка на овој проект и дел од авторскиот тим на песните. Песните кои се најдоа на првиот миниалбум на Иванова се „Само лага“, „Ризик“, „Токсин“ и „Таму горе“. „Сите песни се поврзани со слична љубовна тематика, со силна емоција, но со различен ритам“, вели пејачката и додава дека ова е најголемиот предизвик кој досега го ...
По 16 години, Лени Кравиц се врати во Охрид и одржа енергичен концерт со својот бенд на стадионот „Билјанини извори“. На истото место, американската рок ѕвезда свиреше на 3 август 2008 пред 12.000 луѓе, исто во организација на „Авалон“. Кравиц го почна настапот енергично, со хитот „Are You Gonna Go My Way“ и продолжи да ја шета публиката низ времето. Повеќето во публиката биле тинјеџери во 1991 кога ја објави баладата „It Ain’t Over Til It’s ...
Музичарот Владимир Василевски-Четкар, кој живее и работи во САД, го одржа својот традиционален летен концерт на домашен терен, во Охрид. Ги свиреше своите најпознати песни пред полниот клуб, нарекувајќи ја публиката „лепотани и лепотанки“, неговиот заштитен знак кога снима видеа за социјалните мрежи. Одлично звучеше во придружба на неговиот бенд составен од познати музичар и повеќе од два часа ја развеселуваше публиката со џез и фанк. „Ве молам ...
Ејч-Би-О го даде првиот увид во новата спиноф серија на „Игра на тронови“, „Витез на седумте кралства“ (A Knight of the Seven Kingdoms), која ќе излезе следната година. Во првиот краток тизер, главниот актер Питер Клафи се претставува како сер Данкан Високиот. Заснована врз настаните од серијата романи на Џорџ Р. Р. Мартин „Данк и Ег“, првата сезона е адаптација на првата книга „The Hedge Knight“. Данк е благородник кој го облекува оклопот на ...
На денешната (5 август) грчка вечер на Охридско лето ќе се одржи концерт на Христос Гримпас – виолончело и Џорџ-Емануел Лазаридис – пијано. Концертот е од 21 часот во црквата „Света Софија“. Гримпас студирал на Државниот конзерваториум во Солун и на Универзитетот за уметности во Берлин. Како солист настапувал со оркестрите во Солун, Карлови Вари, Пазарџик, Софија, Днипро и Харкив. Во моментот е член на групата виолончела во Државниот оркестар во ...
Со блескав настап во „Палатата на принцот“, пијанистот со светска кариера Симон Трпчески синоќа (4 август) го заокружи своето гостување како резиденцијален уметник на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, соопшти здружението за култура и уметност „КултурОп“. Оттаму велат дека публиката со овации ја поздравила изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс, што Трпчески и Оркестарот го изведоа под диригентство на неговиот ...
Хрватскиот поп-пејач Кристијан Кики Рахимовски, синот на Аки Рахимовски, првпат ќе настапи на Охрид фест, на 31 август на сцената на „Долни Сарај“. Ракимовски не само што првпат ќе пее во Охрид, туку и првоат доаѓа во Охрид. Вели дека за градот многу слушал од татко му. „Цел живот слушам за Охрид. Ми зборуваше татко ми, таму имаше многу пријатели, се надевам дека некои и ќе ги запознам. Ова за мене е можност уште повеќе да се поврзам со своите ...
Американскиот спринтер Ноа Лајлс ја освои титулата на 100 метри во најдраматичното финале во олимписката историја, во кое што разликата помеѓу златото и среброто беше само 0,005 секунди. Дваесет и двегодишниот Лајлс и Јамајканецот Кишане Томпсон стигнаа на целта со идентично време од 9,79 секунди, но фото-финишот покажа дека Американецот бил побрз за пет илјадити дела од секундата. Трет беше светскиот првак Фред Керли од САД со време од девет ...
Со концерт на салса оркестарот „Меркадонегро“ , Фестивалот Охридско лето вечерва (4 август) ќе одбележи 64 години од основањето. „Охридско лето е врвна културна сцена. Место каде музиката и театарот ја надополнуваат богатата традиција. Денеска ги славиме годините испишани со богата историја, со славни имиња од светската музичка и театарска елита“, рече директорката Наташа Поповиќ. Салса оркестарот „Меркадонегро“ е оформен од Армандо Миранда. ...
Осмото издание на Фестивалот за краток филм „Дримшорт“ (DrimShort 2024) ќе се одржи од 8 до 11 август во Струга. Годинава темата е „Бесконечна слобода“. Програмата ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Европска куќа Струга и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на Иван Бакрач. „Со цел промоција на македонскиот ...
Легендарниот американски рок бенд „Аеросмит“ објави дека ги откажал сите преостанати датуми на концерти и официјално се повлекуваат од турнејата, бидејќи „не е можно закрепнувањето на пејачот Стивен Тајлер поради повредата на гласните жици“. „Ни беше чест што нашата музика стана дел од вашите животи“, стои во објавата на групата на социјалните мрежи која наликува како проштална изјава. Групата веќе беше на она што беше најавено како нивна ...
Калиопи сношти (2 Aвгуст) одржа фантастичен концерт во Охрид, на Античкиот театар како убава прослава на Илинден. Долги години немаше концерти во Македонија, и точно се виде дека на публиката ѝ фалел нејзиниот моќен глас, енергијата и срцето кое го дава на сцената. „Таа е примадона, ѝ нема рамна“, коментираше еден турист од Србија во публиката. Имаше публика од цела Македонија, од регионот и фанови на Калиопи од странство, кои ја следат од ...
Филмското студио „Јуниверзал“ ги откупи правата за мемоарите на Бритни Спирс, „Жената во мене“ (The Woman in Me”) и ќе снима филм за поп-пејачката. Режисер ќе биде Џон М. Чу, режисер на „Откачени богати Азијци“, а продуцент е Марк Плат, кој беше продуцент и на оскаровецот „Ла ла ленд“. Мемоарите на Спирс излегоа лани во октомври и се продадоа во над 2.5 милиони примероци. Четириeсет и двегодишната Спирс на платформата Икс објави дека е „среќна ...