Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“ по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Режисер на филмот е Бојан Василев. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашо Василев, а продуценти се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“. Филмот има за цел да го поттикне дијалогот на Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните ...

Едо Мајка го откажа настапот на претстојниот фестивал Таксират и како негова замена доаѓа Смоке Мардељано, уште една голема балканска хип-хоп ѕвезда. Од „Пасворд продукција“ кажаа дека босанскиот музичар не е во можност да дојде од оправдани причини, а тој преку видеопорака им се извини на македонските фанови. Смоке Мардељано, чие вистинско име е Милош Стојановиќ, ѝ е исто така добро познат на македонската публика. Дете на белградскиот асфалт, ...

Младиот трап пејач Христијан Настески-Пајак сними дует со поп-пејачот Елвир Мекиќ. Песната „Негде после два“ има сличен наслов со онаа која пред повеќе од 15 години ја испеа Мекиќ, „Некаде после два“. Мекиќ со новиот дует се враќа на музичката сцена по десет години. Тој сега живее во Сараево со семејството и работи во претставништво на македонска винарија. „Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има ...

„Ние сме заедница“ е мотото на третиот Слоу фуд салон, кој ќе се одржи во Скопје на 9 ноември, во хотелот „Лимак“. На настанот, посетителите ќе можат да дегустираат храна и пијалаци од домашни производители. „Ќе има околу 70 изложувачи од цела Македонија со традиционални производи: ајвар, лутеница, пинџур, мед, џем, разни видови сирења и кашкавал, слатко од смокви, домашни јуфки и малака, производи од тартуфи, домашни сокови, сушено овошје, чај. ...

Џез гитаристот Владимир Василевски-Четкар во декември и во јануари ќе оди на турнеја низ САД и ќе настапи во неколку клубови со своја авторска музика. Следниот месец тој ќе свири во Њујорк, Детроит, Кливленд и Колумбус, а во јануари има закажани настапи во Сан Франциско и Чикаго. Македонскиот композитор, аранжер, продуцент, гитарист и пејач неодамна го издаде својот нов студиски албум „Let Us Be“ во Јапонија преку јапонската дискографска куќа ...

Јапонската козметичарка Наоми Аримото го решава светското загадување од пластика така што ја става во вештачките нокти кои им ги прави на нејзините клиентки. На плажата во близина на нејзиниот дом јужно од Токио, Аримото внимателно избира ситни парчиња пластика што може да ги обликува во украсни врвови за да ги стави на ноктите во нејзиниот салон. Таа дошла на оваа идеја откако учествувала во чистење на заедницата долж брегот. „Станав свесна за ...

Во Македонскиот народен театар (МНТ) се одржа првата читачка проба за претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин. Асистент на режија е Шенај Мандак. Во претставата играат Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Сценограф е Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а преводот е на Загорка Поп-Антоска Андовска. Ова е трета постановка на познатата ...

Вечерва (26 ноември) од 20 часот, во Велешкиот театар гостува Драмско-куклениот театар од Враца, Бугарија, со комедијата „Гимнастика за бремени жени“ од Здрава Каменова, а во режија на Петринел Гочев. „Четири трудници, сите по име Марија, се среќаваат на час по гимнастика за трудници и ова познанство ги води до непромислено бегство и најлудата ноќ во нивните животи. Ова е претстава за најекстремното искуство, патување низ апсурдите, лудилото и ...

Сер Елтон Џон изјави дека не може да го заврши својот нов албум затоа што сѐ уште не гледа добро откако доби инфекција во јули. Тој не можеше да гледа со десното око во последните четири месеци. „Можам да дојдам на интервју, но одење во студио и снимање се проблем, бидејќи не можам да го видам текстот на песната. Ме измачува и не можам да видам ништо“, рече пејачот. Сер Елтон додаде дека се лекува и има надеж и охрабрување дека ќе биде во ред. ...

Најубавите поп и рок класици ќе ги свири Националниот џез оркестар на концертот на 30 ноември од 20 часот во Филхармонијата, најави на денешната прес-конференција директорот на оркестарот Гоце Стевковски. „Ова ќе биде еден гламурозен концерт со прекрасни аранжмани кои се купени од Пол Енка. Гостите кои ги поканивме како вокали се сите со свои карактери и не случајно избрани“, кажа Стевковски. На концертот насловен „Golden Rock Swings” гости се ...

Седмиот албум на Крсте Роџевски насловен „Крстена вода“ ќе има слушачка промоција на 27 ноември во „Аудиокултура“ во Скопје (20 часот). Албумот содржи 12 песни и е издаден под етикатата на „Порт оф ентри“ од Чикаго. Роџевски е продуцент и комплетен автор на албумот, на кој пее и ги свири сите инструменти: акустична гитара, усна труба, удиралки… Албумот е снимен од Арон Невези, миксот е на Бен Гос и мастериран од Мајкл Фосенкемпер во Њујорк. ...

„Злобница“ (Wicked) заработи над 164 милиони долари во првиот викенд на прикажувањето во светот, што претставува рекорд за филмска адаптација на бродвејски мјузикл. Од оваа сума, 114 милиони долари се во САД и Канада, а 50,2 милиони во остатокот од светот. Претходниот рекорд го држеше „Клетници“ од 2012. „Злобница“, во кој главните улоги ги играат Синтија Ериво, Аријана Гранде и Џеф Голдблум, е првиот од двата филма на „Јуниверзал“ засновани врз ...

Познати македонски пејачи ќе ги пеат најголемие хитови на Гоце Арнаудов, на концертот кој ќе се одржи на 4 декември од 19 часот во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица. Концертот се одржува во знак на сеќавање на легендарниот пејач на народна музика, кој почина на 6 декември во 2011. Ќе настапат Ламбе Алабаковски, Јоце Панов, Миле Кузмановски, Елена Велевска, Александар Тарабунов, Мартинијан Кириловски, Александра Јанева, Ленче и Горан ...

Два нови божиќни ТВ филмa потсетуваат на животот на Тејлор Свифт, а нејзините фанови веднаш знаеја дека поп-ѕвездата е инспирација. „Божиќ во центарот на вниманието“ дебитира на 23 ноември на „Лајфтајм“. Во него глуми Џесика Лорд како најголемата светска поп-ѕвезда и Лејт Волшлегер како професионален фудбалер. Тие се запознаваат и се вљубуваат. „Очигледно е инспирирано од Тејлор и Тревис Келси, но јас не ги познавам и не знам што се случува зад ...

Краткиот игран филм „Закрепна надеж“ во кој играат дваесетина тинејџери, беше промовиран денеска (24 ноември) во Кинотеката на Македонија. Филмот има за цел да се промовира дијалог и соработка помеѓу младите од различно етничко потекло. Глумат млади од филмското учлиште „Тинтити минтири“ и други тинејџери кои немаат искуство пред камера а се избрани претходно на аудиција. „Во период од 6 месеци пред снимањето се одржаа филмски работилници на кои ...

Младата поп-пејалчка Ана Петановски сними дует со познатиот хравтски рокер Дадо Топиќ. Песната се вика „Бисери во твоите очи“ (Бисери у твојим очима) за која музиката ја напиша Григор Копров, текстот е на Душан Бачиќ а аранжманот е Стефан Петановски, братот на Ана Петановска. „Многу се радувам и не ми се верува дека овој проектот наскоро ќе биде реалност. Голема шанса за мене е да испеам песна заедно со Дадо Топиќ, растев со неговата музика, па ...

Публиката со овации го испрати музичарот Владимир Николов кој одржа концерт сношти (23 ноември) во Велешкиот театар со Националниот џез оркестар. Авторскиот концерт насловен „Crossover Stories” вклучи композиции од различни периоди во изминативе 22 години од неговата авторска музика. Николов моментално е професор на Факултетот за музичка уметност во Белград. „Ќе слушнете и неколку мои композиции, кои досега не се изведени во Македонија но се ...

Најдобрите светски архитекти честопати сакаат да ги поместуваат границите. Понекогаш, критичарите го фалат крајниот резултат како впечатлив, но радикалниот дизајн може да предизвика и негативна реакцијa. Ова се седумте најгрди згради во светот според „Дејли паспорт“. „Зградата чудовиште“ во Хонг Конг (фото) како што ја нарекоа локалното население не е една, туку пет згради групирани заедно. Изградени во 1960-тите, овие густо преполни станови беа ...

Актерот Сашко Коцев беше забавен и весел водител на фестивалот „Златно славејче“ кој заврши сношти (23 ноември) во Македонскиот народен театар (МНТ). Коцев за првпат го води најстариот детски фестивал во Македонија кој годинава се одржува по 54 пат, а имаше вкупно 7 претстави. Коцев се појави во мал автомобил со еден од хитовите на фестивалот „Сакам кола убава“ и во текот на сите најави правеше трикови кои ги развеселија децата, а ги советуваше ...

Македонскиот бенд „Фанк шуи“ ќе одржи концерт во Белград во салата на во Дом на млади на 6 декември од 21 часот. Првиот албум, бендот го сними во 2012, вториот во 2015, а од актуелниот „Никогаш пак“ излегоа неколку хитови како: „Ветер“, „Но време“, „Мог“, „Никогаш пак“ и „Роденден“. „Фанк шуи“ настапи на годинашното издание на Егзит во Нови Сад, еден од најголемите музички фестивали во Европа. Нивниот настап беше на 14 јули на бината „Виза ...

Вкупно 226 луксузни домови ќе ги сочинуваат ориенталните резиденции во Абу Даби, кои данското студио „Биг’“ ги дизајнира покрај Националниот музеј Зајед на островот Саадијат. „Биг“ го уреди домувањето со поглед на петте кули кои личат на крила на скулптурниот музеј. Комплексот треба да биде завршен во 2028 година, поделен на два блока со скалести тераси кои припаѓаат на секој од 226-те домови. Ќе бидат во продажба од 21 ноември. „Mandarin ...

Со еден долгометражен детско младински филм и четири кратки, денес (23 ноември) ќе се одржи настанот „Велес на филм“ кој го реализираат Европската куќа и Здружението „Арт генератор““. Првата проекција е во 17 часот на хрватскиот долгометражен филм „Дневникот на Паулина П.“ кој бил најгледан лани во хрватските кина. Од 19 часот ќе се прикажат четири кратки филмови: грчкиот „Мирни вод“’, македонскиот „Баг“ на Филип Момировски, хрватскиот „Екипата“ ...

Ричард Гир и неговата сопруга Алехандра Силва се појавија на премиерата на неговата нова серија „Агенција“ (The Agency) во Њујорк, додека се подготвуваат да се преселат во Шпанија. Со нив беше и 24-годишниот син на Ричард Гир, Хомер, кој ретко се појавува на црвениот тепих, за да го поддржи татко му на премиерата. Хомер е најстариот син на Ричард Гир од бракот со поранешна сопруга Кери Лоуел. „Мојата сопруга е од Шпанија и ми даде околу седум ...

Една и пол година, поп-пејачката Елена Петреска со семејството живее во Белгија, во градот Монс, на 60 километри од Брисел. Петреска, која беше активна во поп-музиката долги години и вработена во хорот на Националната опера и балет вели дека им е убаво во Монс кој е град на уметноста, со прекрасни автентични градби, посебно во центарот. Таа во Белгија предава соло пеење во театар кој е клон на Бродвеј. „Сопругот Андреј доби понуда за работа една ...

Скопскиот хардкор бенд „Трендкил“ утре (23 ноември) ќе го промовира својот нов албум „Половен кросовер“ на концерт во „Станица 26“ во Скопје. Гости на настанот ќе бидат групите „Последен удар“ и „Пепел“. „Половен кросовер“ излезе четири години по последниот албум на „Трендкил“, „Never a Victim Always a Renegade“, а во меѓувреме беше снимен миниалбумот „Heavy Fucking Metal“. Новиот албум имаше премиера во живо на фестивалот „Метал дисчарџ“ во ...

Мешаниот хор на Солун ќе настапи во малата сала на Филхармонијата во Скопје на 25 ноември од 19:30 часот. Како што велат од Амбасадата на Грција, репертоарот вклучува класична музика и современи грчки песни. Како солист ќе настапи Александрос Сагурис, пијанист е Атанасиос Папаисиу, а ќе диригира Мери Констандиниду, која го води хорот од основањето. Мешаниот хор на Солун е основан во 1987. Неговиот широк репертоар вклучува дела од ренесансата, ...

На 28 ноември од 20 часот, во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на Скопје. Ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, групи и пејачи кои ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните триесет години. Изложбата е во организација на „Баги комуникации“. „Музиката е прозорец во душата на еден град. Оваа изложба е ...

Од 28 ноември до 1 декември во Битола ќе се одржи 16. Фестивал на музика од светот, во организација на Центaрот за култура. Првата вечер е поетско-музичкиот перформанс „Волкот на љубовта“ на Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски, на кој ќе ги изведат најубавите љубовни песни од македонската современа сцена. Настанот ќе се одржи на Новата сцена од 20 часот. На 29 ноември, на Големата сцена ќе настапи Камерниот оркестар од Битола со програмата ...

На прославата на десеттиот роденден, скопскиот бенд „Рингтонс“ го наполни клубот „Станица 26“, а парите од продадените билети ќе ги донира за купување музички инструменти за ООУ „Браќа Рамиз-Хамид” во Шуто Оризари. Иако млади музичари, тие се популарни и впечатливи по тоа што ја негуваат македонската поп музика, свирејќи хитови од 1990-тите и 2000-тите, а пеат и македонски шлагери и светски хитови, што беше повод да одржат весел и полн ...

„Bad People“ е новото студиско издание на Игор Станоески-Иги Ман, што ќе биде презентирано во рамките на петтиот Котон блуз фестивал, што ќе се одржи на 28 ноември во „Лабораториум“ во Скопје. Миниалбумот, кој претставува спој на блуз, рок и аренби, содржи пет песни, од кои четири се авторски и една обработка од Роберт Џонсон. Покрај Станоески, во снимањето на албумот учествуваа Гоце Стевковски (тапани), Дарко Мучев-Мучо (бас гитара), Џорџ ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
35%
1009
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.57
39%
1009
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
46%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
2.57
46%
1010
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
1.97
27%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
5.14
49%
1011
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
27%
1012
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
27%
1011
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
46%
1010
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
5.66
35%
1008
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
7.2
47%
1011
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484