„Некст тајм“ и „2Бона“ ќе бидат гости на концертот на Слаткаристика и Тони Зен, кој ќе се одржи на 11 октомври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, објави продукцијата „Прагма“. Концертот е насловен „Спушти се доле“, според дуетот што Слаткар и Тони Зен го објавија во 2009. Синглот „Еуфорија“, кој излезе во февруари, го снимија како најава за концертот, а претходно излезе уште еден нивни дует, „Жими сè“. Концертот ќе биде прослава на ...

Симболичен датум за заедничкиот концерт избраа Тони Зен и Слаткаристика, 11 октомври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје од 21 часот. „Револуционерен концерт на Денот на востанието во Македонија“, рече Слаткар на денешната прес-конференција во Скопје. Менаџерот Кристијан Стефановски од „Прагма“ рече дека почнал да соработува со хип-хоп музичарите уште од основањето на продукцијата во 2007. „Ја паметам нашата прва прес конференција, но тогаш ...