„Хуавеи“ го претстави смартфонот „Mate XT Ultimate Design“, кој може да се преклопи и да се трансформира во таблет од 10,2 инчи. Компанијата го опиша како „првиот тројно преклоплив телефон“ на светот, при што екранот е прикачен на шарки во две насоки. Кога целосно ќе се отвори, екранот со 3.000 пиксели овозможува она што е опишано како „гледачко искуство на ниво на кино“. Уредот автоматски се префрла помеѓу режимите на еден, двоен и троен екран ...

Метју Пери и Дејвид Швимер, ѕвездите на серијата „Пријатели“, беа пријатели и надвор од екранот, но не биле секогаш толку отворени еден со друг. Во интервју за подкастот на британската актерка Каш Џамбо, Швимер разговараше и за односот со неговиот покоен колега. „Тој зборуваше за тебе како клучна личност во сцените на серијата, дека луѓето се идентификуваа со тебе“, се присети Џамбо. Швимер не очекуваше да слушне ваква анегдота. „Интересно е од ...

Тарја Турунен и Марко Хиетала, некогашните членови на популарниот фински симфониски метал бенд „Најтвиш“ (Nightwish), ќе настапат во Скопје на 5 април 2025. Концертот во организација на „Пасворд продукција“ ќе се одржи во Младински културен центар и е во рамките на нивната турнеја „Living the Dream Together“. Турунен (47) е една од најпознатите пејачки на метал сцената и еден од основачите на „Најтвиш“, со кој ги сними првите пет албуми. Од ...

Легендите на хеви металот „Ајрон мејдн“ најавија нова светска турнеја, со која ќе се одбележат половина век од основањето на бендот. Турнејата насловена „Run For Your Lives“ ќе почне на 27 мај 2025 во Будимпешта и засега се потврдени 27 концерти во Европа. Фановите ќе добијат специјален сет што ги опфаќа првите девет албуми, од „Iron Maiden“ до „Fear of the Dark“, што без сомнение е и најквалитетниот период во историјата на групата, што басистот ...

Италијанската група „Лајвплеј – Колдплеј трубјут бенд“ на 16 ноември за првпат ќе одржи концерт во Скопје во Филхармонијата, објави продукцијата „Прагма“. Бендот во моментов е на европска турнеја со најголемите хитови на британската поп-рок група „Колдплеј“. Организаторите најавуваат настап богат со аудио-визуелни ефекти. Италијанскиот бенд е во состав: Енрико Коин како пејачот Крис Мартин, Филипо Коин како гитаристот Џони Баклeнд, Анџело ...

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на летната сцена „Славиша Кајевски“ пред Македонскиот народен театар на 1 октомври од 21 часот. Оркестарот ќе ги свири најголемите хитови на „Битлс“ во нови аранжмани. На 21 септември, на истата сцена ќе настапи Игор Џамбазов со бендот на Гуру Харе, два дена подоцна ќе свири бендот „Рингтоунс“, а на 24 септември настапува Пијан Славеј. Претставата „Кец на десетка“ игра на 25 септември, следниот ден е ...

На 23 септември во 19:30 часот, во Монтажната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе се отвори изложбата „Монумент за неродените“ на уметникот Иван Аџиевски. Ова е неговата четврта самостојна изложба и претставува концептуален проект со кој се обидува на пошироката јавност да ѝ покаже критика на реалната општествена состојба како причина за миграција на младите од државата. На изложбата се презентирани фотографии отпечатени на платно ...

Скопското трио „Мај тир“ (My Tear) го објави вториот студиски албум „Кога не се сакаме“, кој е достапен на Јутјуб и Бендкамп, а наскоро и на сите дигитални платформи. Албумот е заедничко издание на „Корпус деликти“ од Македонија, „ЏаЏаЏа рекордс“ од САД и „Поп депресија“ од Србија. Бендот е во состав Дени Крстев (вокал и гитара), Кристијан Лафазовски (тапани) и Ненад Трифуновски (бас). Работата на албумот „Кога не се сакаме“ започнала уште пред ...

Во Белград започна снимањето на новото продолжение на познатиот филмски серијал „Жикина династија“ во режија на Милан Коњевиќ, а по сценарио на Милена Марковиќ. Филмот ќе се вика „Враќањето на династијата на Жика“, а главната улога ја толкува Никола Којо, кој по повеќе од 30 години се враќа во ликот на Миша Павловиќ. Марија, како и во претходните филмови, требаше да ја игра Риалда Кадриќ, која ненадејно почина пред снимањето во јануари 2021, па ...

„Ворнер брос“ го објави првиот трејлер за научно-фантастичната комедија „Мики 17“ (Mickey 17), во режија на Кореецот Бонг Јун Хо, неговиот прв филм по триумфот на Оскарите во 2020. Во главната улога е Роберт Патинсон, чиј лик Мики се обидува да ја колонизира ледената планета Нифлхајм. Мики притоа постојано умира, но неговата компанија одново го клонира. Во актерската екипа се и Тони Колет, Марк Рафало, Стивен Јеун и Наоми Аки. Заснован врз ...

Пред концертот на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, „Меморија“ сними нова песна насловена „Мој народе“. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а песната е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски, кој заедно со Давор Јордановски се продуценти на песната. Извршен продуцент е Петар Георгиевски-Камиказа. За концертот во ноември од „Меморија“ велат дека повторно ќе бидат отсвирени најголемите хитови, но и промовирани ...

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ по неколку години пауза повторно работи на детска претстава. Изминатите денови започнаа подготовките за претставата „Мачорот во чизми“, работена според драматизација на Катерина Момева, во режија на Деан Дамјановски. „Оваа театарска продукција е наменета за деца на возраст од четири до 12 години, а е работена по високо професионални креативни, кадровски и технички услови кои ги нуди сцената на ...

Македонскот бенд „Бело копче – трибјут Бијело дугме“ сними нова песна насловена „Сувенир од Сараево“ (Сувенир из Сарајева). Бендот е основан од двајца познати македонски музичари: гитаристот Стевче Грозданов и пејачот Зоран Рудан-Цеки. Заедно со нив свират и Горан Гешовски на бас, Борислав Драганов на клавијатури и Емил Милев на тапани. Инспирацијата им е легендарниот босански бенд „Бијело дугме“ и оттаму и насловот на новата песна, за која ...

Четворица македонски фудбалери ќе играат во новата сезона на Лигата на шампионите, која почнува вечерва и првпат има 36 учесници, сите сместени во една група. Според новиот формат, секоја екипа во првата фаза ќе одигра по осум натпревари против различни противници. Финалето е на 31 мај 2015 на „Алијанц арена“ во Минхен. Динамо Загреб ќе игра во ЛШ со двајца поранешни македонски репрезентативци во своите редови: Аријан Адеми и Стефан Ристовски. ...

Хрватската пејачка Нина Бадриќ беше во Скопје за да го најави својот концерт во Филхармонијата на 27 октомври од 20 часот. Бадриќ кажа дека си должи самата на себе концерт во Скопје. „Без оглед на тоа што неколкупати сум била во Скопје, секогаш сакав голем солистички настап, би рекла прв вистински концерт. Чувствувам дека ѝ го должам тоа на скопската публика, но, пред сѐ, си го должам самата на себе“, рече Бадриќ. Таа беше и во Филхармонијата, ...

Ќе се снима петта сезона на популарната серија „Емили во Париз“, објави стриминг гигантот „Нетфликс“. „Нема друго место како Рим“, вели актерката Лили Колинс во видео објавено на социјалните мрежи. Колинс ја игра насловната улога, Американка која се сели по работа во Париз и станува инфлуенсерка. „Воодушевени сме од неверојатните реакции на публиката по четвртата сезона и возбудени сме што ќе се вратиме за петта сезона за да продолжат авантурите ...

Младински културен центар во Скопје беше претворен во богохулен храм како што го нагости австрискиот бенд „Белфегор“ (Belphegor), неприкосновениот предводник на блек/дет метал жанрот. Превртени крстови, факели, животински черепи, мирис на темјан…, концертот организиран од „Терорвоид“ беше музичко-сценски спектакл кој надминува сѐ што досега имаше етикета на екстремно, шокантно и контроверзно. Љубителите на металот долго го посакуваа доаѓањето на ...

Со ремиксот на песната „Blasphemy“ на Португалците Мулинекс и ГПУ Паник, македонскиот бенд „БДМ“ се најде на компилацијата „DTX Gathering“ на издавачката куќа „Диско Тексас“ од Португалија. „Баравме песна за ремикс и штом ја слушнавме оваа, бевме воодушевени од звукот, мелодијата, гласот и продукцијата и решивме дека тоа е тоа. Веднаш почнавме да работиме на неа, да ја направиме во наш стил, но да остане доследна на оригиналот. Многу сме горди ...

Новиот филм на Клинт Иствуд, „Поротник број 2“, ќе има светска премиера на филмскиот фестивал АФИ во Холивуд на 27 октомври, а „Ворнер брос“ потоа ќе го објави и во кината. За разлика од претходниот филм во кој и глумеше, Иствуд сега само е режисер, а во актерската екипа се Николас Хоулт, оскаровецот Џеј Кеј Симонс. Тони Колет, Крис Месина, Зои Дојч и Кифер Садерленд. Филмот следи поротник на судење за убиство (Хоулт) кој се бори со сериозна ...

Во чест на познатиот музички менаџер Даниел Милошески-Данче, еден од основачите на „Авалон“, на 6 октомври во Националната опера и балет ќе се одржи хуманитарен концерт. Милошески ненадејно почина на 15 јули 2014, а концертот насловен „Во спомен на љубовта за Данче“ се организира по повод десет години од неговата смрт. Ќе настапат „Ареа“, Агни Авшар, Ана и Стефан Петановски, Бени и „Нон стоп“, „ДНК“, „Златно славејче“, Кристина Арнаудова, ...

Утре (17 септември) од 20 часот, во Пијано центарот во Скопје концерт ќе одржи дуото Јасмина Трајческа од Македонија и Ловорка Немеш Дулар од Словенија. Концертот е во рамките на втората сезона на фестивалот на современа музика Денови на македонска музика, кој со есенското издание ја продолжува концертната традиција. На концертот ќе бидат изведени дела за две пијана од реномираните македонски композитори Томислав Зографски и Стојче Тошевски. ...

Јапонската историска драма „Шогун“ стана првата серија на неанглиски јазик која освои Еми за најдобра драмска серија. „Шогун“ доби уште четири награди на ноќешното доделување во Лос Анџелес, по претходно освоените 14 во технички категории, вклучувајќи за главните актери Хиројуки Санада и Ана Саваи. Таа е првата актерка од азиско потекло која освои Еми за најдобра актерка во драма. „Hacks“ изненадувачки беше прогласена за најдобра хумористична ...

Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан по 12. пат почнува вечерва (15 септември) во 20 часот во Даут пашин амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, па лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае до 17 септември. На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со Карабаш и ...

На 20 септември Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ тргнува на турнеја низ поранешна Југославија, при што ќе настапи во Црна Гора, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Првиот концерт е во Подгорица на 20 септември во Културно-информативниот центар „Будо Томовиќ“. Два дена подоцна „Танец“ настапува во Љубљана во „Цанкарјев дом“. Во Загреб ќе одржи концерт во салата „Ватрослав Лисински“ на 24 септември. Турнејата завршува со ...

Уметничката галерија „Безистен“ во Штип два дена ќе биде собирен центар на 45 млади пијанисти од 13 држави кои ќе учествуваат на третиот натпреварувачки фестивал „Златен пијано талент“ (Golden piano talents). Главната координаторка и организаторка на настанот, професорката по пијано Марија Максимова, вели дека учесниците се селектирани од стручно жири составено од меѓународно докажани пијанисти и педагози. „Во рамките на фестивалот ќе се одржат ...

Музичките награди Ем-Ти-Ви видео беа одложени за еден ден за да се избегне судир со ТВ-дебатата на Доналд Трамп и Камала Харис, па синоќа целото внимание беше насочено во њујоршката „УБС арена“. Годишниот настан има репутација за чуден моден стил од 1984, кога Мадона во венчаница ја пееше „Како девица“ (Like a Virgin) на првото доделување на овие музички награди. Ова беше доловено од пејачките Адисон Реј и Анита, кои се одлучија за невестинска ...

Ејч-Би-О започна аудиција за млади актери за својата нова серија „Хари Потер“. За улогите на Хари, Рон и Хермиона се бараат деца кои во април 2025 ќе бидат на возраст од девет до 11 години и мора да бидат жители на Велика Британија или Ирска. Засега не е познато кога ќе излезе серијата, но во повикот за аудиција стои дека снимањето ќе се одвива во Британија во 2025/26. Се очекува серијата да има седум сезони, по една за секоја книга за Хари ...

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави како гостинка во серијата „Емили во Париз“, во епизода од четвртата сезона која ќе биде достапна од 12 септември на „Нетфликс“. Макрон ќе се игра себеси и ќе носи сопствена облека, објави магазинот „Ел“, без да ѝ бидат дадени посебни упатства за облекување од серијата позната по модата. Сценаристот и режисер Дарен Стар изјави дека „Макрон има голем талент“. Како што кажа главната актерка Лили ...

Драмски театар во Скопје сезоната ја почнува со подготовка на претставата „Драма за принцезите“. Таа се работи по текстот „Девојката и смртта I-V“ на австриската писателка и драматург Елфиде Јелинек, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2004. Дел од екипата доаѓа од Словенија: режисерката Жива Бизовичар, драматургот Ник Жнидаршич и сценографот Јан Кремељ. Костимографијата е на македонскиот дизајнер Александар Ношпал. Младата ...

Британскиот електробенд „Кошин“ доаѓа во Скопје на 18 октомври, објави „Пасворд продукција“, Триото, кое одбележува 25 години постоење, ќе одржи концерт во Младински културен центар како најава на фестивалот Таксират. Предводен од пејачката Шан Еванс, „Кошин“ го објави првиот албум „Resist“ во 2001 и од него произлегоа најголемите хитови „Catch“ и „Hide U“. Вториот албум „Kokopelli“ помина уште подобро на топ-листите. Првите 100 билети ќе се ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
63%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
6.69
67%
1013
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1014
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
4.62
82%
1013
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.0
86%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
7.2
51%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1016
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
86%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
89%
1013
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52