
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



„Вечерен ѕвон“ е насловен вечерашниот концерт (2 Август) на Охридско лето, посветен на 65 години од раѓањето на македонскиот композитор Гоце Коларовски. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во 21 часот. Ќе настапат: Викторија Коларовска-Гмирја, пијанистките Марија Вршкова и Марија Ѓошевска, виолинистот Владимир Костов, флејтистот Страшо Темков, сопранот Гонца Богоморова, како и гудачкиот квартет составен од Ева Богоевска – виолина, ...
Денес (2 Август) во 20:30 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се отвори изложбата „Ретроспектива“ на уметникот Даме Затуровски. Тој ќе се претстави со своето декади долго и плодно творештво со околу седумдесетина дела изработени во пастел и неколку други техники. Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата, инспирирани од родната Струга. Затуровски е член ...
Кога ќе грмне тапанот на 14-годишната битолчанка Бојана Илиевска, станува јасно дека тапанарството не е само машка професија. Таа беше меѓу петте девојчиња од Школата за традиционални инструменти при Ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ кои свирејќи тапани учествуваа на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола. Младата тапанарка вели дека љубовта кон овој инструмент ја наследила од татко ѝ. „Почнав да тропам на тапани од мојата седма година. ...
Архитектите ги објавија првите снимки од стадионот „Хасан Втори“, кој со своите 115.000 седишта ќе биде најголем фудбалски стадион на светот. Ќе се гради за потребите на Светското фудбалско првенство во 2030 година, чиј домаќин ќе биде и Мароко. Именуван според поранешниот крал на Мароко, стадионот ќе се гради во Бенслимане, околу 40 километри од Казабланка. ФИФА ќе ја одбележи стогодишнината од првото светско првенство со мундијал што ќе се ...
Премиерата на втората сезона на хит-серијата на „Нетфликс“, „Игра на лигни“ (Squid Game), е закажана на 26 декември. Стриминг гигантот ја најави премиерата на долгоочекуваната нова сезона на јужнокорејската акциона драма преку краток трејлер, а во објавата се додава и дека третата и последна сезона ќе излезе во 2025. Во 2022 „Игра на лигни“ испиша историја откако стана прва азиска серија која освоила Еми награди. Глобалната сензација на ...
„Кајмак“ на Милчо Манчевски ја освои наградата за Најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал Фортеца во Црна Гора, кој заврши на 30 јули. За „Кајмак“, чија светска премиера беше пред две години, оваа меѓународна награда е осма по ред досега. Фортеца е мал, но реномиран фестивал кој се одржува во живописниот историски град Пераст, а е содружник со познатиот БаНеФФ од Стокхолм, Шведска каде лани Манчевски ја доби Наградата за достигнувања во ...
Поп-пејачката Ивона Јо го промовираше својот втор сингл оваа година, пет месеци откако ја објави песната „Друго“. Таа вели дека песната „Тие очи“ има модерен побрз ритам, соодветен за овие топли денови. „Пресреќна сум што создадовме песна и спот кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа е дефинитивно она што најмногу ни треба во овој период. Ова го правам за мојата душа и за сите вас“, вели Ивона. Текстот на песната го напиша Тамара ...
На Охридско лето вечерва (31 јули) од 21 часот во „Св. Софија“ концерт ќе одржи триото „Халир“ од Чешка. Ова трио е оформено во 2016 со цел да се одржи споменот на ликот и делото на чешкиот виртуозен виолинист Карел Халир (1859-1909). По неочекуваната смрт на водечкиот чешки пијанист Вацлав Маха во 2022, триото „Халир“ сега го сочинуваат Едуардо Гарсија Салас (шпански виолинист кој живее во Прага), словачката виолончелистка Јана Подолска и ...
Полски нуркачи пронајдоа остатоци од брод покрај брегот на Шведска натоварен со над 100 шишиња шампањ и веруваат дека овој ексклузивен товар бил наменет за рускиот цар. Бродот од 19. век носел и порценал и шишиња минерална вода. Остатоците се откриени 60-ина метри под површината на Балтичкото Море, но нуркачите велат дека ќе им треба дозвола од шведските власти за да го извадат товарот надвор. „Речиси целиот брод е таму. Не е уништен многу. Во ...
Во срцето на планината Бистра, утре (1 август) започнува 5. издание на Галичник филм фестивал, во чија програма ќе бидат прикажани 28 краткометражни играни, документарни и анимирани филмови. Жирито оваа година го сочинуваат актерот Ѓорѓи Јолевски, режисерката Тамара Котевска, филмскиот монтажер Мартин Иванов и кинематограферот Џин Дакар. Покрај филмските проекции, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни активности, како дискусии ...
Четириесет и петтото издание на Скопско лето се затвора вечерва (31 јули) во 20:30 часот во Сули ан со концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ под диригентство на Иван Еминовиќ. Солисти се Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело. На програмата се дела од Вивалди, Аврамовски, Попер, Зографски и Шуплевски. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан ...
Можеби не е така позната и атрактивна како Санторини или Мајорка, но угледниот сајт за патувања „Лонли планет“ ја избра Корчула за најдобриот остров во Европа. Најзелениот далматински остров е сместен само три километри од копното, со што разбирливо има голем број посетители во лето. „Со своите лозја, маслинови насади и густи шуми, лесно достапната Корчула е мирно и прекрасно место за посета и надвор од сезона. Добро зачуваните средновековни ...
Српскиот виолинист со светска кариера и миленик на македонската публика Стефан Миленковиќ на 20 септември ќе има концерт во Филхармонијата во Скопје со македонскиот камерен оркестар „Профундис“. На програмата се дела од Чајковски, Паганини, Сен-Санс, Масне, Бацини и Сарасате. Миленковиќ ја почна кариерата на шест години, одржувајќи повеќе од 1,000 концерти пред да наполни 16 години. Неговите виртуозност и длабочина на изведбата го направија еден ...
Групата „Парусион“ ќе одржи концерт вечерва (30 јули) од 20:30 часот во Куршумли ан,на Скопско лето. Членови на групата се: Михаил Парушев – тапани, Петар Христов – кларинет и саксофон, Ѓоко Грујовски – гитара, Јован Цветковиќ – пијано и Дионис Стратов – бас гитара. „Парусион“ е оформен во 2003 од Михаил Мишко Парушев, кој е композитор и свири на ударни инструменти. Парушев е автор и на солистичкиот албум „Агол“ од 2022 и моментално подготвува ...
Под мотото „Кинореалност ’24“, од 1 до 5 август ќе се одржува 19. издание на интернационалниот филмски фестивал Астерфест во Струмица. Отворањето е во 20:30 часот во Амфитеатарот со проекција на годинашниот кански лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ на хрватскиот режисер Небојша Слијепчевиќ, кој освои Златна палма за најдобар краток филм. Годинашниот добитник на наградата „Астер“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митриќески, која ...
На Охридско лето вечерва (29 јули) концерт ќе одржи квинтетот „Адриатико“, од 21 часот во црквата „Св. Софија“. Ансамблот „Квинтето Адриатико“ е нов проект на италијанскиот пијанист Федерико Ловато, хрватската виолончелистка Латица Аниќ и хрватско-македонскиот контрабасист Илин Диме Димовски. Квинтетот е плод на повеќе од 20-годишната соработка на Ловато и Димовски. „Во постојана потрага по нови предизвици и квалитетно заедничко музицирање, тие ...
Сопранистката Марија Наумовска и пијанистот Андреја Наунов вечерва (29 јули) од 20:30 часот ќе одржат концерт на Скопско лето во Даут пашин амам. На концертот ќе се изведат дела од Штраус. Наунов беше вработен во Националната опера и балет (НОБ) ĸаĸо хорсĸи пејач (2002-2005), а од 2005 работи ĸаĸо пијанист-ĸорепетитор, соработувајќи со голем број диригенти, солисти и режисери. Од 2009 работи и ĸаĸо надворешен соработниĸ на Фаĸултетот за музичка ...
Мајкл Си Хол потврди дека ќе се врати во улогата на Декстер Морган откако беше најавено снимањето на нова серија за омилениот сериски убиец. Како што беше објавено на фестивалот Комик-Кон во Сан Диего, „Декстер: Воскреснување“ ќе биде продолжение на „Декстер: Нова крв“, на чиј крај главниот лик умира, поради што се веруваше дека тоа е дефинитивен крај. Креаторот на серијата Клајд Филипс не откри многу детали од дејството, освен дека Декстер ...
Дубаи планира да претвори 64 километри долга сообраќајница во „најзелениот автопат на светот“, што ќе биде негов одговор на њујоршки Хај лејн. „Зелениот рбет“ ќе го замени патот „Шеик Мохаман бин Заед“, на кој ќе бидат посадени над милион дрвја и ќе бидат изградени пешачки патеки и трамвајски систем на соларна енергија. Целта е да се подобрат урбаниот пејзаж на Дубаи и квалитетот на воздухот, што, пак, би помогнало за разладувањето на градот. ...
Охридско ѓомлезе, комат, питулици, макало, домашна ракија, вино, сирење и кашкавал пробуваа гостите на манифестацијата „Вкусете го Охрид – локално“, која се одржа во центарот на Охрид. За настанот имаше голем интерес од охриѓани, домашните и странските туристи, кои се распрашуваа за потеклото на производите. „Сите специјалитети се приготвени на традиционален начин. И годинава, нашата порака е: ‘Ние сме она што го јадеме‘“, рекоа од ‘Слоу фуд ...
Оскаровецот Роберт Дауни Џуниор се враќа во филмскиот серијал „Одмаздници“, но овојпат како негативецот Виктор вон Дум, попознат како Доктор Дум. Педесет и деветгодишниот Дауни, кој се прослави како Ајрон Мен, ги изненади фановите на фестивалот Комик-Кон во Сан Диего, при што објави дека отсега ќе игра нов лик и ќе носи друга маска. Дауни дебитираше како Ајрон Мен во 2008 и потоа ја повтори оваа улога во уште осум филма на „Марвел“. Режисерите ...
По петте концерти лани во Филхармонијата и концертот на Хераклеја во Битола на 5 јули, „Нокаут“ сношти одржа концерт во Античкиот театар во Охрид. Специјален гостин беше Дарко Гелев-Брејк. За него, фронтменот на бендот Никола Перевски-Пере претходно рече дека им требале пет години да го убедат пак да запее. Публиката го пречека Брејк со голем аплауз, а тој настапот го почна свирејќи пијано. „Кога ја пишував песната ‘Болиш’ дома, ѝ ја пуштив на ...
Откако воведе месечен билет од 49 евра за целиот јавен превоз, Германија сега планира да овозможи неограничено гледање филмови во кино по поволна цена. Проектот наречен Cinfinity треба да почне во октомври низ целата земја, при што за 12,5 евра месечно ќе може да се оди во кино во кое било време. Повеќе од 100 киносали досега се пријавиле за оваа иницијатива. За билетот ќе можат да аплицираат само постари од 18 години. Просечната цена на ...
Кенза Лејли од Мароко е избрана за првата Мис вештачка интелигенција на светот. „Иако јас не чувствувам емоции како луѓето, искрено сум возбудена поради тоа“, изјави Лејли за „Њујорк пост“. Титулата доаѓа со голема награда од 20.000 долари за нејзиниот креатор од Мароко, кој ја оживеа Лејли за Fanvue World AI Creator Awards. Конкурсот беше објавен во април и беа поканети визионери за вештачка интелигенција од целиот свет да ја покажат својата ...
Во изборот на дестинација за патување, на туристите им се битни културно-историските знаменитости, на некои ноќниот живот, фестивал, но за повеќето патници, најинтересен дел од секое патување е храната. „Тајм аут“ (Time Out) направи нова ранг-листа на градови во светот со најдобра храна. „Храната е сѐ кога патувате. Добар или лош оброк може да го подобри или расипе патувањето. Тоа најчесто е една од работите по кои го паметиме патувањето“, вели ...
„Дојди на трпезата“ беше насовот на вториот гастрономски конгрес на „Слоу фуд Македонија“ кој се одржа во Битола, со 70 делегати од целата држава. „Нашата мисија е добра, чиста и здрава храна, здрава животната средина, да се грижиме за здравјето на луѓето и животните и да си сочуваме природните ресурси каде што се произведува нашата храна. Млади започнаа да размислуваат за свое парче земја и за храна која самите ќе ја произведуваат“, кажа ...
Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветaновски, „Бизнисот на задоволството“, ќе има домашна кинопремиера на 19 септември, од кога ќе биде на репертоарот во Синеплекс. Филмот имаше македонска премиера на затворањето на минатогодишното издание на Синедејс во Скопје и во меѓувреме беше прикажан на повеќе од 20 фестивали низ светот и освои десет награди, последната во Уругвај. Во овој политички трилер улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана ...
Тапанарот во триото на Влатко Стефановски, неговиот син Јан, сношти (26 јули) за првпат запеа пред публика, на концертот во Антички театар во Охрид во рамките на Охридско лето, со кој Стефановски славеше 50 години кариера. „Сега следи една премиера. Првпат пред вас ќе ја свириме песната ‘Го чекам дождот’ од албумот ‘Као какао’. Таа му е омилена на Јан и тој ќе ја испее“, рече Влатко Стефановски. Младиот музичар одлично ја испеа песната, која е ...
Францускиот метал бенд „Гоџира“ е изненадувачкиот додаток на вечерашната церемонија на отворањето на Олимписките игри во Париз, што првпат нема да се одржи на стадион, туку на реката Сена. По неколкудневните шпекулации, француските медиуми потврдија дека на отворањето ќе пеат Селин Дион, Леди Гага и Аја Накамура, додека „Гоџира“ ќе ја придружува швајцарската оперска пејачка Марина Виоти. „Гоџира“ со тоа ќе стане првиот метал бенд кој настапил на ...
Македонскиот диџеј и продуцент Галоски објави нов сингл насловен „Hypnotized”, што го сними во соработка со јапонскиот музичар Јакса. Издаден од „Хистерија рекордс“, синглот беше премиерно емитуван во радиоемисиите на глобалните музички ѕвезди Тиесто и Армин ван Бурен и ја достигна првата позиција на „1001Tracklists“. Галоски летово ќе има настапи ширум земјава, но и низ Балканот. Тој ќе биде дел и од претстојното издание на фестивалот Охрид ...