Од моментот кога правеше балони со мастика во „Crazy In Love“ до денот кога уништи флота автомобили со бејзбол палка во „Hold Up“, Бијонсе создаде некои од најнезаборавните музички спотови во поп-музиката. Нејзиното мајсторство во правењето спотови се споредуваше со оние на Мадона и Мајкл Џексон во 1980-тите. Потоа, наеднаш застана. Нејзините последни два албума останаа без визуелни елементи, оставајќи ги фановите збунети. Сега Бијонсе ја ...

Шајлин Вудли ќе ја игра главната улога во биографски филм за легендарната рок пејачка Џенис Џоплин. Досега имаше повеќе обиди да се сними филм за животот на Џоплин, но неуспешно. Вудли ќе биде и продуцентка на филмот, што ќе се снима за период од 30 дена. Филмот е поддржан од Филмската комисија на Калифорнија со 2,5 милиони долари. „Калифорнија ѝ значела толку многу на Џенис Џоплин. Оваа држава била сцена на која таа го истражувала не само ...

Македонскиот кларинетист Благој Ламњов, кој живее во Шведска, го сними својот втор албум, „Носталгична љубов 2“. Ламњов вели дека снимал два и пол дена во студио во Малме и сите шест инструменти ги отсвирел самиот. Македонскиот фолклор е, меѓу другото, инспирација и за овој албум на музичарот, како и на првиот „Носталгична љубов“. „Поминав два и пол исцрпувачки, но неверојатни и среќни дена во одличното студио ‘Гула‘ во Малме. Јас, шест ...

„Епл“ се вклучи во лудилото со вештачка интелигенција со нова линија телефони „ајфон“. Четирите различни модели на „ајфон 16“ ќе бидат опремени со специјални чипови потребни за напојување на пакет алатки за вештачка интелигенција, за кои „Епл“ се надева дека ќе го направат неговиот производ уште понезаменлив и ќе го прекинат неодамнешниот пад на продажбата. Откако доби стоечки овации на промотивниот настан во Калифорнија, извршниот директор на ...

Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, соопшти издавачката куќа „Антолог“. За наградата одлучи жири комисијата во состав Јана Михајловска, Зорица Николовска и Владимир Јанковски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин. Лангер е голем познавач на македонските јазик и литература. Студирал ...

Камерниот оркестар на Битола го имаше првиот концерт во Виена, каде што изведе македонски евергрини во барокната црква „Св. Ана“. Настанот се одржа по повод 33 години независност на Македонија и беше свечено отворен од македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, а присуствуваа амбасадори од повеќе земји и бројни Македонци кои живеат во Виена. Ирена Крстеска, Агни Авшар и Ристо Самарџиев ја воодушевија публиката со изведби на ...

Дубаи има околу 18.000 ресторани со избор на кујни од целиот свет. Една од поновите атракции се „клубовите за вечера“, ресторани направени дома, во кои гостите можат да си донесат свои пијалаци. Вечера за еден може да чини околу 100 долари. „Сакав да ги доведам луѓето под еден покрив, на една маса, да ги натерам да зборуваат без граници и да споделам оброк и разговор“, вели палестинскиот готвач Ахмад Халава, кој започна да го менаџира својот ...

Како најава за новата сезона во Македонскиот народен театар (МНТ) започнаа подготовките за претставата „12“, во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите на драмата „12 гневни луѓе“ (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз. Приказната следи порота од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги да ги преиспитаат сопствените морални вредности. Во претставата ...

„На работ“ е насловена заедничката изложба на уметникот Гоце Наневски и музичарот Дориан Јовановиќ, што утре (10 септември) ќе се отвори во Чифте амам во Скопје. Изложбата е опишана како трансмедијален и трансдисциплинарен проект кој содржи повеќе просторни сегменти изведени во разновидни техники и медиуми, како инсталации, видеопроекции и вокален перформанс. „Наневски и Јовановиќ спроведуваат социјален конструктивизам, кој се користи во ...

Во панорамата на Дубаи веќе се истакнува највисоката зграда на светот. Наскоро таму ќе се наоѓа и втората највисока зграда на планетата. „Бурџ Азизи“ почна да се гради во јануари оваа година, но нејзината точна височина тогаш не беше откриена зашто инвеститорот чекаше одобрение од властите на Дубаи. Сега е објавено дека таа ќе биде висока 725 метри. „Од самиот почеток имавме планови за два дизајна: првично одобрениот од 526 метри и вториот, уште ...

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ по 11. пат ќе се одржи во Општина Аеродром од 10 до 14 септември во паркот Авионче. Настанот ќе се отвори со стендап настап на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски. На 11.септември ќе настапи „Импров група“ со актерите Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски и Дамјан Цветановски, чиј водител ќе биде Борјан Стојков. На 12 септември ќе настапат комичарите Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, ...

Во Европа се најавуваат се повеќе големи железнички проекти, а еден од највозбудливите од нив во иднина ќе ги поврзува Париз и Милано. Нова железничка линија меѓу француската престолнина и вториот по големина град во Италија моментално е во изградба и треба да биде завршена до 2032 година. Маршрутата ќе минува и низ Алпите преку новиот 56,8 километри долг тунел, кој кога ќе биде завршен, ќе биде најдолг на светот. Покрај тоа што ќе придонесе за ...

Силни дождови и песочна бура наметнаа предизвикувачки услови на годинашното издание на фестивалот Брнинг мен во пустината во Невада, кој не се распродаде за првпат од 2011 година. И покрај тоа, околу 70.000 посетители имаа можност да уживаат во воодушевувачки инсталации и спонтани перформанси, што кулминираше со традиционалното палење на Човекот. Деветдневниот фестивал во привремениот град Блек Рок Сити повторно понуди уникатен спој на ...

„Сè што сонувате овде, можете да го направите“, вели Џек Блек во првиот трејлер за филмот „Мајнкрафт“, кој доаѓа во кината во април 2025. Трејлерот открива дека голем дел од филмот ќе биде анимиран. Режиран од Џаред Хес, во филмската адаптација на популарната видеоигра, која има 140 милиони корисници месечно, глумат и Џејсон Момоа, Џенифер Кулиџ, Ема Маерс и Даниеле Брукс. Играта која се појави во 2011 им овозможува на играчите да создаваат 3-Д ...

Американскиот кабаре состав „Постмодерн џубокс“ го донесе светот во Скопје на концертот во Филхрамонијата. Ретко убава можност беше да се слушнат хитовите на „Металика“, „Ју-ту“, Мајкл Џексон, „Спајс грлс“ и Мајли Сајрус во џез и свинг верзии. Скопје како да се врати во 1920-тите и 1930-тите, а десетчлениот бенд сепак звучеше модерно, како од денешно време. Главното шоу го направи церемонијал мајсторот Роџелио Даглас, но овој концерт немаше да ...

На 8 октомври во Националната опера и балет ќе се одржи изборот на Мис на Македонија за Мис Универзум. Досега за учество се имаат пријавено околу 200 девојки, а пријавувањето за сите кандидатки кои наполниле 18 години до 1 јануари оваа година уште трае на страницата missnorthmacedonia.com. Победничката ќе ја претставува Македонија на светскиот избор на Мис Универзум во Мексико на 16 ноември. „Лиценцата за организација на овој избор кај нас ја ...

Ралф Лорен избра познати модели за модното шоу на кое се промовираше неговата колекција „Американа“. Ревијата се одржа во монденската населба Хемптонс во близина на Њујорк, во модерен коњички комплекс од 19 хектари. Креациите ги носеа Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон, меѓу другите, а во првите редови на публиката беше и првата дама на САД, Џил Бајден. На ревијата беше промовирана машка, женска и детска облека. Меѓу гостите на ревијата беа и ...

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложба на плакати од Лазе Трипков, именувана „Визуелни рефлексии“. Изложени се 30 дела од два циклуса на творештвото на авторот од 2020 наваму. „Изложените плакати се од циклусите ‘Креативни рефлексии‘ и ‘Глаголицата‘. Делата се визуелни експресии. ‘Глаголицата‘ е осовременување на модерниот контекст за нејзино полесно разбирање. Плакатите што ги изработив се моја рефлексија, мое доживување на начинот на ...

Леди Гага планира да го објави својот долгоочекуван седми студиски албум во февруари 2025, што ќе биде најавено со прв сингл следниот месец. Кампањата за албумот се надоврза на премиерата на филмот „Џокер: Лудило за двајца“ во Венеција, во кој Гага ја игра Харли Квин. „ХХ октомври: ЛГ7 прв сингл“, напиша пејачката на социјалните мрежи. Таа минатиот месец изненадувачки објави заедничка песна со Бруно Марс, но фановите чекаат нов албум од 2020. ...

Камерниот оркестар на Битола на 9 септември ќе настапи во Виена со проектот „Македонски евергрини и повеќе“ по повод 33 години независност на Македонија. Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Ана“. Како солисти настапуваат оперската пејачка Ирена Крстеска, која работи во операта Штац во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар и Ристо Самарџиев. Ќе диригира Владимир Димовски. Во мај, Камерниот оркестар гостуваше во Рим како дел од културната програма ...

Американскиот рок-рап бенд „Линкин парк“ се врати со нова постава и прва нова музика од смртта на фронтменот Честер Бенингтон во 2017. Како нови членови беа претставени пејачката Емили Армстронг и тапанарот Колин Бритејн. Армстронг, која дојде од алтернативната рок група „Дед Сара“, ќе ги дели вокалните делници со гитаристот Мајк Шинода. Новата постава дебитираше со синглот „The Emptiness Machine“. „Ова е многу специјален ден за нас“, кажа ...

Здравко Чолиќ со концерт во придружба на симфониски оркестар ја отвори реновираната Сина сала во Сава центарот во Белград. Концертот симболично започна со песната „Продолжи понатаму“ (Produži dalje), која предизвика силни емоции кај публиката. Песната во 1977 ја напиша Корнелије Ковач, а текстот е на Бора Ѓорѓевиќ, кој почина во Љубљана на 3 септември. „Атмосферата јасно покажа дека салата, сега во модернизирана форма, е подготвена повторно да ...

Младите од генерацијата Зед повеќе сакаат долги врски отколку куси аванури, покажа ново истражување. Истражувачите велат дека тинејџерите и 20-годишниците имаат изненадувачка опсесија со традиционалната романса. Околу 81% сакаат стабилна врска, а 44% рекле дека често размислуваат за тоа. Кај постарите генерации, околу 75% сакаат врска со една личност, а 25% мислат дека тоа е нормално. „За новите генерации е документирано дека генерално имаат ...

Пејачката Адел, која ја објави свршувачката со американскиот спортски агент Рич Пол, им кажа на обожавателите дека гради нов живот и дека ќе направи пауза од музиката „за да го живее моментот сега“. По завршувањето на последниот концерт од нејзината европска турнеја во Минхен, Адел им порача на своите обожаватели дека нема да ги гледа „неверојатно долго време“, Триесет и шестгодишната британска пејачка кажа дека ѝ треба одмор и дека сака да го ...

Хоакин Феникс, кој доби Оскар за најдобар актер за насловната улога во „Џокер“ од 2019, кажа дека имал сон за својот лик, што го натерало режисерот Тод Филипс да сними продолжение. „Џокер: Лудило за двајца“ (Joker: Folie a Deux) вчера имаше светска премиера на Венецискиот фестивал како еден од најисчекуваните филмови, а главните актери Феникс и Леди Гага беа наградени со 11-минутни овации. Приказната продолжува таму каде што завршува првиот ...

Каролина Гочева ќе одржи турнеја во Германија со шест концерти во шест града. Во организација на „Авалон“ и „Легаси евент“, поп-ѕвездата ќе настапи во Штутгарт на 23 ноември, Нирнберг на 26 ноември, Диселдорф на 29 ноември и во Мајнц на 1 декември. Турнејата продолжува во Хамбург на 13 декември, а завршува на 16 декември во Берлин. Каролина ќе пее во концертни сали со својот бенд, со двочасовен репертоар од најголемите хитови. Пролетната турнеја ...

Слаткаристика ќе одржи есенска турнеја во Австралија заедно со групата „Либеро“. Првиот концерт е во Волонгонг на 15 ноември. Следниот ден хип хоп музичарот ќе настапи во Мелбурн, а турнејата продолжува со уште два концерта, на 22 ноември во Сиднеј и на 23 ноември во Перт. Минатиот месец, по повеќе од 14 години, Марко Маринковиќ-Слаткаристика и Тони Зен снимија дует. Песната „Милион лета“ беше промовирана на 29 август, а спотот го снимија во ...

Од 10 до 16 септември, во Кинотеката во Скопје ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм. Се отвора со францускиот краток филм „Андалузиски пес“ од 1929, во режија на Луис Буњуел. Музичка придружба на овој нем филм ќе биде Милош Станојевиќ, еден од најеминентните современи српски пијанисти. Ќе се прикажат повеќе француски, литвански, германски и шпански играни и документарни филмови. Фестивалот на 16 септември ќе се ...

Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ ќе одржи концерт во Скопје, во Филхармонијата на 27 октомври од 20 часот, објави таа на своите профили на социјалните мрежи. На регионалната сцена Бадриќ е активна од 1996 и има издадено десет студиски албуми. Има соработувано со браќата Тавитјан на албумот „Македонското срце чука во 7/8“, каде ја испеа преработката на македонската народна песна „Не кажувај либе добра ноќ“. „Мислам дека успеав затоа што не ...

Дејвид Финчер ја продолжува соработката со „Нетфликс“, а неговиот следен проект ќе биде вестерн. Филмот е насловен „Bitterroot“ и сценариото било напишано уште во 2008, тогаш под името „Big Hole“. Приказната ќе следи остарен сточар кој, откако ќе му ја украдат животната заштеда, тргнува во потрага да си ги врати парите, ограбувајќи банки и ловејќи ги крадците. Него го брка сопствениот син, кој е шериф во градот. Филмот по стилот и тонот се ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
63%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
6.69
67%
1013
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1014
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
4.62
82%
1013
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.0
86%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
7.2
51%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1016
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
86%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
89%
1013
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52