Повеќе од милион луѓе присуствуваа на спектакуларниот огномет на Сиднејскиот заливски мост, со кој беше прославено доаѓањето на 2025 година. Во услови на јасно небо и пријатна температура од 22 Целзиусови степени, традиционалната прослава еруптираше точно на полноќ, кога новата година пристигна во двете најнаселени држави во Австралија, Нов Јужен Велс и Викторија. Големо пиротехничко шоу имаше и во другите поголеми градови низ земјата. Новата ...

Во Италија леќата е незаменлив дел од новогодишното мени, а оваа традиција датира уште од антички Рим. Римјаните јаделе леќа на новогодишната ноќ бидејќи верувале дека им носи среќа. Слично верување постои и во Бразил, каде што се јаде фејоада, јадење направено од грав, свинско месо и зачини. Новогодишните суеверија велат дека јадењето одредена храна на почетокот на годината може да ви донесе среќа и просперитет во годината што претстои. ...

Светот почна да ѝ кажува збогум на 2024 година и постепено да влегува во 2025. Традиционално, честа први да ја прослават новата година ја имаат мали тихоокеански нации. Тоа се случи во 11 часот по македонско време, кога жителите на Кирибати ја пречекаа 2025, следени од Самоа и Тонга. Бидејќи има 39 различни временски зони, на целата планета ѝ требаат 26 часа за да влезе во новата година, од кои последното населено место е Американска Самоа. Таа ...

Симон Трпчески го одржа својот прв новогодишен концерт со популарен репертоар на 20 декември во Скопје. 2024 беше богата со забавни концерти на македонските музичари. Од „Танцот на цвеќињата“, преку „Аве Марија“, „Турски марш“, „Сербез Донка“, па до Френк Синатра, пијанистот со светска кариера и пријателите ѝ приредија на македонската публика ретка привилегија да се ужива во празнична атмосфера. На концертот, тој запеа заедно со неговата ќерка ...

Архитектонското студио „Фостер+партнерс“ дизајнираше два станбени облакодера во Дубаи, високи по 180 метри, кои на врвот ќе бидат споени со базен. Тие ќе содржат 60 станови со панорамски поглед на изгрејсонце, зајдисонце и највисоката зграда на светот Бурџ Халифа. Становите ќе имаат приватни базени на надворешни тераси кои ќе се вртат околу фасадата на зградата, оставајќи впечаток на каскадна вода. Пентхаусот на последниот кат ќе ги поврзе ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Калјари го претстави изгледот на својот нов стадион, што ќе комбинира најсовремен дизајн со неверојатна крајбрежна локација. „Калјари арена“ ќе има 30.000 седишта и ќе се гради на брегот на Средоземното Море, околина со каква што можат да се пофалат малку стадиони во светот. Стадионот треба да биде готов во 2026, а шест години подоцна тука ќе се играат мечеви од Европското фудбалско првенство, што Италија ќе го ...

Поп-пејачот Дарко Гелев-Брејк вели дека му е драго што добива убави коментари за новата балада „Оваа песна не знаев да ја напишам“, која излезе неодамна. Интересно е што песната има тројца автори на текстот: Никола Перевски-Пере од „Нокаут“, Гелев и Игор Џамбазов. Перевски е автор на музиката и на аранжманот . „По добрата концертна авантура со ‘Нокаут’, со петте концерти во Филхармонијата минатата година и концертите на Хераклеја во Битола и ...

„Пекол и рај“ е новата песна на поп-пејачот Огнен Здравковски кој работи во хорот на Националната опера и балет (НОБ). „Нешто ново од мене, сработено со многу љубов. Слушнете ја песната, гледајте го спотот, почувствувајте ја приказната и дозволете да ве освои“, рече Здравковски. Автор на музиката е неговиот колега од хорот на Операта, Александар Тарабунов, текстот е на Зоран Стојановски и Димитар Андоновски, кој е автор на аранжманот, и ги ...

Драмски театар од Скопје ќе има попусти на цената на билетите за претставите на репертоарот во јануари. За сума од 1.400 денари, со 50 отсто попуст на редовната цена на билетите може да се купат блок влезници за 7 претстави и тоа: Претставата „Диши“ на 21 јануари, „Фамилијата Адамс“ (фото) во среда на 22, „Падот на Масада“ во четврток на 23, „Чудесна терапија“ во петок на 24, „Пикник на фронтот“ на 25, „Драми на принцезите“ на 28 и во среда на ...

Калиопи го објави седмиот видеоспот од новиот албум, за песната „Дај, дај ми дај“, во соработка со „Мелем продукција“. На почетокот на годинава, заедно со својот продуцент Ромео Грил го реализираа својот нов албум насловен „Албум, кој беше промовиран на крајот на мај со четири видеоспотови. На тој начин одбележаа и 40 години од нивната заедничка соработка. „Среќна сум и благодарна што имав ваква година. И токму затоа сакав на некаков начин да им ...

Дела од 11. Меѓународно графичко триенале од Битола денеска (28 декември) ќе бидат изложени во Музејот на павилјонот Тијањи во Нингбо Културен центар во Кина. Со тоа ќе започне неговата повеќемесечна ликовна турнеја која ќе трае во 6 кинески големи градови и истакнати културни центри. „Присуството на оваа најголема ликовна манифестација кај нас, е на покана на кинеските организатори, според кои, битолското графичко триенале е едно од ...

На 28 декември од 19 часот во Центарот за култура во Тетово ќе се одржи новогодишен концерт на Националната установа „Музички ансамбл на Република Северна Македонија-Тетово“. На завршниот концерт ќе се свират најголемите светски поп-рок хитови како Стинг, Мајкл Бубле, Тина Тарнер, Андреа Бочели и други. Ќе пеат Фјола Ибраими, Леотрим Зејнула, Елита Зибери (фото), Шпетим Мустафа и Вулнет Незири, во придружба на оркестар со кој ќе диригира Премтим ...

Нова спектакуларна жичница е отворена на швајцарските Алпи. Жичницата Шилторн ги носи туристите до ресторанот со ротирачки врв на планината, кој стана познат во филмот за Џејмс Бонд „На тајната служба на нејзиното височество“. Жичницата води до најстрмниот врв во светот, искачувајќи се 775 метри за само четири минути. Го поврзува селото Стехелберг со селото Мирен без автомобили, на околу 1.650 метри надморска височина. Жичницата сè уште не е ...

Пет дена пред дочекот на Новата година, Град Скопје ги објави музичарите кои ќе настапат на скопскиот плоштад на 31 декември, за дочекот на Новата година. Забавата ќе започне од 19.30 часот, со новогодишни хитови од женската група на Сара Мејс „Sarah Mae and the Girlzz“. Во 20.30 настапува групата „Љубојна“, а од 22 часот следи концерт на групата „Ареа“. Скопјани кои ќе бидат на Плоштадот, Новата година ќе ја пречекаат со хитовите на групата ...

Поп-пејачот Драги Иванов ја објави својата трета песна за оваа година „Усни“, која излезе на 25 декември, на католички Божиќ. Песната „Усни“ е напишана, испеана и продуцирана од Драги Иванов, а видеоспотот е снимен со помош од Ѓорги Вацев, кој е одговорен за снимањето и графичкиот дизајн. Иванов за песната која личи на македонските евергрини им се заблагодарува на своите пријатели. „Особено ми е драго што за снимањето на спотот се качив на Водно ...

Пари, успех, моќ, убавина. Често изгледа како славните да имаат сè што би можеле да посакаат, но е така во пракса. Би-Би-Си направи избор на некои од најголемите падови и неуспеси на славните во 2024 година. Камбекот на Кејти Пери требаше да биде триумфално враќање, но критичарите и обожавателите се пожалија дека последниот албум на Пери „143“ звучел застарено и покажал малку уметнички раст. Работите само се влошија кога пејачката го привлече ...

“Македонскиот вокален мелос во современиот контекст- Оживување на една заборавена музика” е првата книга на Вера Милошевска- Јосифовска, пејачката во групата „Љубојна“ и професор во ДМБУ „Илија Николовски-Луј“. Оваа книга е магистерскиот труд на Милошевска- Јосифовска, а промоцијата ќе се одржи на утревечер (28 декември) од 19.30 во „Филхармонија кафе бар“ во Скопје. „Книгата е моето пишано првенче, кое е дел од мојот опсежен магистерски труд. ...

Куќата позната по тоа што Кевин Мекалистер (Меколи Калкин) беше оставен сам дома на Божиќ во филмот „Сам дома“ од 1990 се продаде за 5 милиони долари. Куќата беше огласена за продажба во мај за 5,25 милиони долари. Куќата се наоѓа во Винетка, Илионоис и има пет спални соби и шест бањи. По излегувањето на филмот од 1990 во режија на Крис Колумбус, куќата претрпе големо реновирање. Сегашните сопственици двојно го зголемиле просторот за живеење со ...

На отворено, во центарот на населба Чашка поставена е ликовна изложба Мал формат, на дела од студенти на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Претставени се 18 дела од исто толку автори, студенти. Ова е вторпат да се организира ликовна изложба на отворено во Чашка. „Мал формат е студентска изложба на графики. Може да се види во Галерија под отворено небо – Чашка. На поставката се дел од ...

Морскиот крокодил Барт, ѕвезда на филмот „Крокодилот Данди“ од 1986, угина на возраст од околу 90 години. Веста ја потврдија неговите старатели од природниот парк Крокосаурус Коув во Дарвин, Австралија, каде што пет метри долгиот Барт живееше од 2008. „Со голема тага мораме да објавиме дека угина Барт, легендарниот крокодил и ѕвезда на австралискиот филмски класик ‘Крокодилот Данди‘. Барт угина мирно овој викенд на возраст од околу 90 години, ...

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Овие зборови прозвучија во етерот на 28 декември во 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ. Утревечер (27 декември), од 21 часот, во клубот „Ла кања“ за овој исклучително значаен јубилеј за македонската државност и култура, Канал 103 во соработка со „Партизанска ...

Македонскиот филм за деца „Стела“ ќе биде дел од образовните програми во Шведска. Филмот ќе се користи како средство за учење на македонскиот јазик и за запознавање со културата и природата на Македонија. Филмот ја раскажува емотивната приказна за Никола, младо момче кое заедно со својот дедо и шарпланинката Стела се соочува со предизвици како врсничкото насилство и семејните потешкотии. Иницијатори на проекот се професорките по македонски јазик ...

За еден ден се распродадени билетите за трите концерти од предновогодишната традиционална програма на Музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип. За денес (25 декември) се предвидени два концерта од 17 и од 20 часот, а првиот се одржа синоќа (24 декември) на големата сцена на Домот на културата во Штип. „Секоја година во овој период, Штип станува Виена во мало. Ако во Виена се одржуваат новогодишните концерти на 1 јануари, ние традиционално ...

Целодневна забава за Нова година најави скопската општина Кисела вода на 31 декември пред платото на спортската сала „Расадник“. Настанот наречен „Скопска Новогодишна приказна“, започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. За децата, следи настап на речекот на Новата година ќе го означи настапот на Влатко Лозаноски- Лозано. Ова е наш подарок не само за ...

Порнографија се сите слики и видеа кои се произведени за да предизвикаат сексуална возбуда. Најголемиот дел од порнографските производи се создадени за машкaта популација и затоа ги покажуваат машките фантазии. Исто така во порнографските видеа, најчесто никој не носи кондом. Притоа, актерите во порнографските филмови обично имаат поголеми мускули и пенис, додека актерките се многу послаби и имаат поголеми гради на кои обично имаат хируршки ...

Здравата исхрана е важен фактор кој влијае на намалување на ризикот од зараза од ковид-19. Истражувачки медицински тим во Индонезија вели дека со медитеранската исхрана може да се намали ризикот од добивање на ковид. За да истражи дали ризикот од инфекција и сериозноста може да се ублажат со медитеранската исхрана, тимот прегледа шест студии со повеќе од 55.400 учесници вкупно во пет земји и беа објавени помеѓу 2020 и 2023. Учесниците пријавија ...

Се смета дека вафлите се еден од најстарите десерти во Европа. Често прелиени со мед, шлаг, сируп или џем, тие се идеални за појадок или ужина и се многу популарни во северозападна Европа, САД и Азија. Во Белгија, каде што се познати како гауфри, има разни варијации на вафли. Според експертите, современите вафли потекнуваат од крустули, деликатес што го сакале старите Римјани. „Многу веројатно е дека вафлите потекнуваат од крустули, слатки ...

Слаткарницата „Минимал“ во градот Таичунг на Тајван е единствениот угостителски објект во светот чиј сладолед има добиено ѕвезда „мишелин“. „Фокусирајќи се на мраз и сладолед, ресторанот вешто ги обложува вкусовите и текстурите преку температурни варијации и креативни комбинации, користејќи уникатни локални состојки од Тајван. Прецизните вкусови, деликатноста и зрелите, вешти техники нѐ импресионираа и достигнаа повисоко ниво, гарантирајќи ја ...

Уметникот Бојан Ковски во живо демонстрираше цртање на тело, на изложбата „Кара“ (Carra) која се одржа на 1 ноември во Националната опера и балет (НОБ). Ковски ја најави моделката и неколку минути црташе пред гостите. Изложбата е инспирирана од познатата италијанската пејачка, актерка и модел Рафаела Кара, која почина во 2021. Беа поставени 12 body-art инсталации, секоја со уникатен визуелен идентитет. На Ковски претходно му позираа 15 модели, ...

Светски познатиот дизајнер Мирко Илиќ денеска (5 декември) од 20:30 часот на Архитектонскиот факултет во Скопје ќе одржи предавање на тема „Дизајн активизам“, а утре во 19:30 часот ќе се отвори изложбата на постери „Толеранција“. Проектот „Tolerance“ е најмасовната изложба на постери во светот која досега е видена од преку 600.000 луѓе во САД, Бразил, Јапонија, Кина, Германија, Словенија, Аргентина, БиХ, Италија, Хрватска и Португалија. Илиќ се ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
75%
1010
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
90%
1008
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1014
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.84
79%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
98%
1008
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
91%
1014
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
100%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
0.0
79%
1013
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
80%
1010
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1014
Currency

61.6217

Currency

52.9633

Currency

70.9274

Currency

34.3556

Currency

37.6708

Currency

66.7907

Currency

7.43901

Currency

0.65463

Currency

0.3504

Currency

0.52568

Currency

1.262

Currency

0.6035