Откако премиерот Ковачевски побара проверка на имотите на вработените во Царина и УЈП, нивните директори најавуваат засилени контроли. Ова барање на премиерот во време кога почнаа штрајкови за повисоки плати, синдикатите го оценуваат како закана и притисок. Прво темелна проверка на имотната состојба на избраните и именуваните функционери, а потоа сеопфатна проверка и на вработените во администрацијата, реагираат синдикатите. Тие се збунети по ...

Косово и Србија се во преговори, некогаш за технички, а некогаш за политички прашања, од 2011 година. Меѓутоа, никогаш директно не се разговарало за демаркација на границата. Во изминативе две децении во оваа „неутрална зона“ се забележани низа инциденти. Косово и Србија делат гранична линија долга околу 350 километри. За 24 години од крајот на војната, се случија неколку инциденти на овој простор, кој е граница за Косово и административна ...

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски не е оптимист дека земјава наскоро ќе биде членка на ЕУ, па затоа предлага нова стратегија за приближување, односно да се искористат европските пазари и фондови. На домашните политичари им порача да не и стават партиски печат на иницијативата. Нема простор за поголем оптимизам дека Северна Македонија наскоро, ниту пак во наредните години ќе се интегрира во Европската унија (ЕУ), рече поранешниот премиер ...

Нападите во Шебекино и на другите места во регионот на Белгород ја донесоа војната во Русија, додека локалните жители се обидуваат да се справат со новата реалност. Русија -- По серијата неодамнешни напади во регионот, Сергеј вели дека решил да патува од својот дом во Санкт Петербург до градот Белгород, кој е на само 40 километри од украинската граница, барајќи да се приклучи на локалната територијална одбранбена единица. Гранатирањето и ...

Сѐ додека владее неказнивост и неодговорност за лошото работење и сѐ додека партиите поставуваат свои луѓе на раководни позиции, ќе има ниска доверба во институциите, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија, чие последно истражување покажува дека македонските граѓани имаат најниска доверба во судството, Владата и Собранието. Недоверба „уживаат“ и македонските политичари. Недовербата на граѓаните во македонските политичари, а се ...

УКИМ го има целокупниот човечки капацитет за да се најде на Шангајска листа на најдобрите 1000 универзитети во светот, меѓутоа потребни се финансиски средства, вели професор Биљана Ангелова, неодамна избрана за ректор наУниверзитетот, Свети Кирил и Методиј (УКИМ). Затоа државата мора да издвои од својот буџет, вели Ангелова. Во предизборната програма рековте дека ќе се залагате за истражувања, развој на иновации, трансфер кон технологии, но ...

Новите критериуми дефинираат 12 симптоми поврзани со т.н. „пролонгиран ковид“: Замор, замаглен ум, палпитации и хронична кашлица... Истражувачите велат дека идентификувале листа на симптоми кои можат веродостојно да се поврзат со феноменот на долгиот ковид. Ова ја отвори вратата за подобри третмани за долготрајните негативни состојби по терминална болест. Најновата студија е прва што се појави откако се инвестираа речиси 1,2 милијарди долари во ...

Неквалитетни, неверодостојни и целосно спротивставени вештачења на обвинителството и одбраната, се меѓу главните проблеми за долготрајните судски процеси. Судиите и обвинителите сметаат дека наодите и мислењата што ги прават вештаците се најголем ризик за корупција во правосудството. Правни експерти за РСЕ велат дека вештаците многу често работат незаконски. Судските предмети „Ласкарци“ во кој загинаа 19 луѓе, а 37 беа повредени и „Империја“ кој ...

Условна казна затвор, шест илјади евра парична казна и исплата на трошоците за геолошки истражувања е епилогот од уништувањето на дел од археолошкиот локалитет Влахо при копањето јаглен кај битолското село Живојно. Историчарите незадоволни од казната, но велат, барем санкција има. Обвинителството предложи казна од 6 илјади евра за приватната фирма која добила концесија за ископ на јаглен во битолско Живојно и на нејзин товар да паднат ...

Владата идентификуваше значително помалку жртви, а Обвинителството за организиран криминал и корупција немаше доволно ресурси за да се справи со сите случаи под нејзина јурисдикција“, пишува во извештајот на Стејт департментот за Северна Македонија. Потребно е зголемување на ресурсите на полицијата и обвинителството за проактивна истрага на трговијата со луѓе, се вели во извештајот на американскиот Стејт департмент, оценувајќи дека Северна ...

Над една недела од контраофанзивата за која се надева дека ќе го промени курсот на 15-месечната руска инвазија, Украина напредува на јужните и источните делови на линијата на фронтот, но Русија возвраќа, уништувајќи го оружјето доставено од Западот. Но дали украинските напори ќе бидат доволни? Приближно една недела во контраофанзива за која Киев се надева дека ќе го сврти текот на речиси 16-месечната руска инвазија, украинските сили продолжуваат ...

Њузлетер 16.06.2023 - Политичарите ќе ги туркаат уставните измени и реформите, а народот ќе гледа да го истурка месецот. Додека диломираните студенти бираат кој пат во Европа да го фатат, основците чекаат свидетелства за да се запишат во средно, па на факултет, па и тие после да фатат џаде надвор. А во меѓувреме - на протест за повисоки плати. Уставни измени на туркање Преку дебата во Собранието, власта ќе ги убедува пратениците од опозицијата ...

Протестите и штрајковите на вработените во јавниот сектор го стартуваат жешкото синдикално лето. Последни незадоволство изразуваат вработените во Царина, во УЈП, судските административци. Претходно протестираа просветни работници, вработени во култура, во ДИЦ... Тие не сакаат да работат за подпросечни плати, додека функционерите добиваат за 78 отсто повисоки плати. Со затворени граници и неисплаќање на плати на вработените во земјата, се ...

Владата на Косово објави дека е засилена контролата на границата со Србија. Косовскиот премиер Албин Курти бара итно ослободување на „киднапираните“ полицајци и ја повика меѓународната заедница да ги осуди постапките на Србија, велејќи дека е „изненаден од нејзиниот молк“. Белград вели дека полицајците биле уапсени „длабоко во“ српската територија. Премиерот на Косово Албин Курти на 15 јуни изјави дека Косово сè уште дозволува српски возила да ...

Според груба пресметка, околу 80.000 жени се отселиле од земјава помеѓу двата пописа, а околу 128.000 деца растат во странство, вели Јане Крстески, социолог специјализиран за демографија. Според официјалните бројки наталитетот во земјава продолжува да оди надолу. Бројот на родени во земјава паѓа. Во 2022-ра се родиле 3,1 % помалку деца во споредба со 2021-ва. Ова го покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Дека ...

Иако вистинските димензии на можната криза ќе се знаат дури по година или две, психолозите се вознемирени поради порастот на случаите на зависност меѓу руските војници кои се враќаат од Украина. Истражувањето на РСЕ покажа дека, иако сѐ уште е мал, бројот на случаи на војници кои поседуваат нелегални дроги постојано се зголемува по инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. „Министерството за одбрана на Русија има цел оддел за ...

Пристапувањето на Украина во Европската унија и НАТО е веројатно единствената гаранција за тоа како да се обезбеди стабилност во тој регион, изјави чешкиот претседател Петр Павел во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) РСЕ: Според вас, како уривањето на браната Каховка во рускиот окупиран дел на Херсонската област влијаеше на плановите на украинската војска да ги деокупира нејзините јужни територии? Павел: Верувам дека овој настан имаше ...

Директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Петар Петковиќ, изјави дека српската полиција уапсила тројца косовски полицајци бидејќи се наоѓале длабоко на територијата на Србија. Тој ги отфрли тврдењата од Приштина која пак, претходно обвини дека нивните полицајци биле киднапирани од српските сили. Косовската полиција извести дека тројца нивни гранични службеници наводно биле киднапирани од српските сили за време на патрола во ...

Реформите во праводуството и јавната администрација стагнираат, сметаат експертите, а со последните случувања во Судскиот совет, државата би добила неповолна оцена при евентуалното отпочнување на преговорите преку отворање на првиот кластер. Во бурата на секојдневни партиско - политички превирања и препукувања во однос на уставните измени, Северна Македонија паралелно веќе чекори по патот на скринингот - објаснувачки и билатерален во рамки на ...

Преку дебата во Собранието, власта ќе ги убедува пратениците од опозицијата зошто треба да ги поддржат уставните измени. Од владејачката СДСМ велат дека ќе разговараат со колегите за да се обединат во остварување на стратешката цел, членство во ЕУ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека во овие околности нема да поддржат уставни измени, без оглед на понудите кои би можеле да ги добијат за возврат. Нема поместувања во позициите на ...

Најмалку три лица загинале, а 13 биле ранети во најновиот руски ракетен напад врз украинскиот град Одеса, соопшти денеска украинската војска. Два од четирите проектили истрелани кон пристаништето на Црно Море биле соборени, но причинета е голема материјална штета. Во руски ракетни напади загинале најмалку шест лица во текот на ноќта во јужниот пристанишен град на Украина, Одеса и во источниот регион Доњецк, соопштија украинската војска и ...

Власта е насочена кон решавање на политичките проблеми и евро-интеграцијата, а бизнисот и граѓаните бараат таа повеќе да се насочи на економските прашања, на повисоки плати и пензии и поголема контрола на трошењето на буџетските пари. Економски експерти велат дека надворешната политика е важна, но дека економскиот развој е клучен за иднината на земјата. Додека државата е фокусирана врз решавање на прашањето со Бугарија и интеграцијата во ...

Еден ден откако Русите гласаа на национален референдум што служеше како гласање за доверба на претседателството на претседателот Борис Елцин, тогашниот негов американски колега Бил Клинтон му се јави на телефон. Разговорот на Клинтон со Елцин на 26 април 1993 година, еден од неколкуте директни разговори и средби што двајцата лидери ги имаа во првите месеци од претседателствувањето на Клинтон, беше пријателски, поддржувачки и оптимистички. „Сакам ...

Конкурсот за средно образовение е отворен, а училишната година за полуматурантите сè уште не е завршена. Директорите на училиштата велат дека нема најава кога ќе ги добијат свидетелствата за основниците. Родители стравуваат дека полуматурантите ќе го промашат првиот рок за упис во средно училиште. Учениците кои завршија основно образование годинава ќе се запишуваат во средно училиште по електронски пат. Ова е втора година по ред, како уписите во ...

Многу шпекулации, а малку информации. Дел од институциите ги премолчуваат нападите кои ги имаат од хакерите криејќи дека им бараат откуп кога го блокираат системот за работење. МВР открива дека оваа година имало вкупно четири ransowere напади врз институции, но не открива кои се институциите. Ниту една од оние институции кои досега беа споменувани во јавноста не призна дека платила за да си ги одблокира податоците. Дел и негираа дека се мета на ...

Дел од младите живеат во неформални партнерски заедници и за нивниот број државата нема евиденција. А има и такви кои основаат семејство надвор од дома. Официјалните статистики покажуваат дека во 2022-ра, во Северна Македонија имало помалку бракови и разводи отколку во 2021-ва. Скопјанката Ива e во врска 11 години, од кои 9 живее со својот партнер. Од пред една година тие се и родители, но не се во брак. На почетокот причина да не стават ...

Почина Силвио Берлускони, милијардер, медиумски магнат, кој беше италијански премиер со најдолг стаж и покрај скандалите околу неговите секс забави и обвинувањата за корупција, објавија италијанските медиуми во понеделникот. Тој имаше 86 години. Италијанската новинска агенција LaPresse ја објави смртта на Берлускони откако тој беше хоспитализиран во петокот, по втор пат, во последните неколку месеци поради лекување на хронична леукемија. Тој, ...

На предвремените парламентарни избори ниедна партија не освоила доволен број гласови за самостојно да формира парламентарно мнозинство, што значи дека за состав на нова влада ќе биде потребно коалицирање Движењето Европа сега (ПЕС) на Милојко Спајиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, освоиле 25,5 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори во Црна Гора, објави Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) врз основа на ...

Окупираниот југоисток се смета за веројатен приоритет за украинските сили со цел да се закани на копнениот мост на Русија до анектираниот полуостров Крим и да се подели руските сили Украина во неделата на 11 јуни објави дека ги вратила селото Нескучно во источниот регион Доњецк, што е втора територијална придобивка од нејзината офанзива. „Нескучно повторно е под украинско знаме во регионот на Доњецк“, соопшти Државната гранична служба. Претходно ...

Фокусот на руските сили на регионите Луганск и Доњецк доаѓа во време кога украинската војска спроведува голема контраофанзива чија цел е повторно да ја заземе украинската територија окупирана од Москва Украинската војска извести за тешки борби на истокот на земјата додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз делумно окупираните региони Луганск и Доњецк. „Противникот продолжува да ги фокусира своите главни напори на обидите ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52