
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



МОН распиша оглас за нови учебници во основно и средно образование за наредните две учебни години. Рокот за пријавување на огласот е до крајот на оваа учебна година. Но, хаосот со учебниците продолжува: стари учебници треба да се модернизирааат, во новите има бројни пропусти. Некои учебници доаѓаат на крајот на годината, други се повлекуваат, а останува прашањето како ќе започне следната учебна година? Со повлекувањето на учебникот по Историја и ...
Педесет лидери на европските земји и на Европската унија, вклучително и Србија, се во молдавското село Булбоака кај Кишињев, на вториот самит на европската политичка заедница. Ова е прв самит во земја која не е членка на ЕУ и која граничи со Украина, што е симбол на поддршка за Молдавија. Молдавската претседателка Маја Санду денеска (1 јуни) е домаќинка на Самитот во Кишињев каде меѓу другото ќе се разговара за ситуацијата во Косово на 1 јуни, ...
Договорот за Законот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом Кевин МекКарти за подигнување на лимитот на задолжувањето од 31,4 билиони американски долари, како и постигнување нови кратења на федералните трошоци ја помина најважната пречка, напредувајќи кон Претставничкиот дом на дебата и очекувано гласање за усвојување. Извор: Ројтерс Кога беше достигнат „плафонот“ на задолжувањето? Вашингтон редовно ...
Под команда од партијата или по лично политичко убедување тие пишуваат пофалба на секоја објава на Фејсбук од лидерот или критикуваат под секој твит на политичкиот противник. Сите имаат по една фејсбук дивизија која, во недостаток од медиумска писменост и критички став кај граѓаните, лесно „врбува нови деца“ Модерната технологија ги модернизираше и политичките партии во Северна Македонија, па старите лепачи на плакати станаа дигитални лепачи на ...
Најголемата српска партија на Косово соопшти дека ќе продолжи со протестите се додека не им бидат исполнети барањата. Меѓународната заедница повикува на смирување на тензиите, а од косовскиот премиер Албин Курти бара да се откаже од поставувањето градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население. Претставниците на Српската листа, најголемата партија на етничките Срби во Косово, денеска, на 31 мај изјавија дека ќе продолжат со ...
Деловникот на Собранието предвидува строги рокови за дебата за измените на Уставот. Претседателот на Собранието Талат Џафери посочува дека може да има мало скратување, но само ако нема доволно пријавени за дебата. Тој очекува процедурата за уставни измени да трае најмалку 4, а најмногу 6 месеци. Од моментот на доставување на иницијативата за уставни измени во Собранието до нивното усвојување минимално се потребни 4,5 месеци, рече на денешниот ...
И европските и македонските официјални бројки покажуваат дека низ годините бројот на невработени млади се намалува. Кои се причините за ваквиот пад? Лука од Скопје е средношколец во трета година кој работи како келнер. „Не е најплатена работа, ама тоа е, не можам да се жалам. И тоа е нешто. Не е некоја шефовска позиција која сите ја бараат и затоа нема вработеност и бегаат. Искрено не им се работи. Сакаат да земаат големи пари, а не сакаат да ...
Локалните Срби во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток повторно се собираат за да ги спречат новите градоначалници да влезат во општинските згради. Присутен е КФОР како и косовската полиција. Српскиот претседател Вучиќ на средба со амбасадорите на Квинта, ЕУ, Русија и Кина. Над 100 луѓе се собраа во Лепосавиќ. Дописниците на Радио Слободна Европа јавуваат дека повеќе од 100 граѓани се собрале пред зградата на општината. Претставниците на Српската ...
Владата на Косово треба да се повлече од напорите за назначување албански градоначалници во општините со српско мнозинство на северот на Косово, вели Чарлс Капчан, член на Американскиот совет за надворешни работи и професор на Универзитетот Џорџтаун. Тоа се дејствија кои се бескорисни и контрапродуктивни на долг рок, вели тој. „Мислам дека треба да видиме како владата на Србија и владата на Косово седнуваат заедно и се обидуваат да ги разработат ...
Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша измените на законите за изградба на коридорите 8 и 10д, кои минатата недела ги усвои Собранието по скратена постапка. Тој на 29 мај рече дека секој што се сомнева во уставноста на некои од усвоените закони, може да поднесе иницијатива пред Уставниот суд. Текстот на измените на Законот за работни односи не ја содржат формулацијата за 60 работни часа, изјави денеска претседателот на државата Стево ...
Министерот за правда се сомнева во доделување предмети на „вистинскиот обвинител“ преку електронскиот систем во Обвинителството. Обвинителството тврди дека преку „Case маnаgement“ системот не може да се манипулира со предметите, затоа што тој служи за управување, а не распределување на предмети. Електронскиот систем во обвинителствата под името „Case management system“ со кој се распределуваат предмети е лесен за манипулирање и се отвара сомнеж ...
Локалните срби во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток повторно се собираат за да ги спречат новите градоначалници да влезат во општинските згради. Присутен е КФОР како и косовската полиција. Косовската полиција употреби солзавец за да ги растера граѓаните, откако КФОР им дозволи да се соберат пред зградата на општината во Звечан, денеска, 29 мај. Блокиран е и патот до општинската зграда каде е поставена метална ограда, јавуваат новинарите на Радио ...
Над 64 милиони гласачи во Турција денеска, на 28 мај повторно гласаат во вториот круг од претседателски избори. Гласаа и двајцата кандидати, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и опозициски кандидат Кемал Киличдароглу. И двајцата ги повикаа граѓаните да го дадат својот глас. Избирачките места во вториот круг од претседателските избори во Турција беа отворени на 28 мај 08:00 часот по локално време, а ќе бидат затворени во 17:00 часот. ...
Менувањето на Преамбулата на Уставот е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ, уверува холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Во неделното интервју за РСЕ, тој жестоко ги критикува состојбите во судството и борбата против корупцијата. Амбасадорот зборува за политички влијанија во сите сфери од правосудниот систем, за лошите резултати во спроведување на реформите, за злоупотребата на ...
Верувам дека кланската војна за престолот на Путин започна, но тоа не значи дека ќе го урнат, вели во интервју за РСЕ Роман Анин - руски истражувачки новинар кој работел за Новаја Газета и бил меѓу основачите на независното издание „iStories“ во 2020 година. Роман Анин предавал новинарство во Москва и работел со меѓународни мрежи, вклучително и Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) и Проектот за известување за организиран ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ издаде наредба за подигнување на борбената готовност на војската на Србија, откако косовската полиција употреби солзавец и шок бомби за да ги растера граѓаните собрани пред општинската зграда во Звечан. До ова дојде откако новите градоначалници на Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток се обидоа да влезат во службените објекти на општините, но наидоа на отпор од српските граѓани, вработени во привремените органи на ...
Демократскиот сенатор од САД, Крис Марфи, ги повика пратениците да гласаат за уставните измени, за да ја отворат можноста за членството на земјата во ЕУ. Премиерот Ковачевски ја потврди одлучноста за продолжување на европската интеграција. Лидерот на опозицијата Мицкоски повтори дека во овој парламентарен состав уставни измени нема да има. Во време кога Русија е сериозна закана за НАТО алијансата, но и за европските демократии, уставните измени ...
Сериозни критики за правосудниот систем упати холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп во неделното интервју на РСЕ. Според него, Судскиот совет во земјава стана нелегитимно тело. Холандија стави „во мирување “ голем проект со Судскиот совет . Ова за Радио Слободна Европа го открива холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп кој остро ги критикуваше последните случувања во Советот, кој избира и назначува судии и чија задача е да ја ...
Кетрин Ештон, поранешна висока претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи, ги повика Косово и Србија да седнат на преговарачка маса и да најдат одговори за нивните разлики. Таа рече дека нивната иднина зависи од односите што ќе ги воспостават со ЕУ и од односите на земјите од регионот. Во интервјуто за Радио Слободна Европа кое беше спроведено преку е-маил, таа се осврна на времето кога посредуваше во дијалогот меѓу овие две ...
Њузлетер 26.05.2023 - Граѓаните се разочарани и од домашните и од меѓународните политички елити. Професорската фела предупредува на опасност од создавање неписмени генерации. Демократијата тапка во место. Државата се почесто вели „Дај“ отколку што „дава“. „Државата да си плати“ За 8 месеци треба да се заменат околу милион важечки пасоши на граѓаните. Според МВР само 40 отсто пасоши се со новото име „Република Северна Македонија“. Народниот ...
Владата се фали со зголемувањето на просечната плата, но голем број вработени во јавниот сектор и натаму се на ниво на минималец. Додека платите на функционерите се зголемија за 78 отсто, просветните работници со мал фонд на часови земаат 12.000 денари месечно. Синдикатите велат дека пресметките на платите за функционерите се прави со коефициент, а за работниците со бодови. Иако просечната нето плата во март годинава е зголемена и изнесува ...
Дел од младите не штедат зборови кога сакаат да ги навредат врсниците, велат средношколците, а потврдуваат експертите. Како да им се помогне на жрвтите на булинг, но и на насилниците? Ме задеваа во основно бидејќи имав подобри оценки, а бев и малку повлечена. Јас сум покрупно дете, па од мал бев жртва на булинг. Соучениците ми велеа дека мојата облека не е модерна или дека не е добро да се носи истата облека секој ден. Ова се дел од сведоштвата ...
Сонер Чагаптај е директор на Турската истражувачка програма на Институтот во Вашингтон. Тој има пишувано опширно за американско-турските односи, турската внатрешна политика и турскиот национализам, во научни списанија и големи меѓународни печатени медиуми. Чагаптај беше редовен колумнист за Хуриет Дејли Њуз, најстариот и највлијателниот весник на англиски јазик во Турција, и соработник на блогот на на Си-Ен-Ен (Global Public Square). Редовно се ...
Австралија го елиминира ракот на грло на матка благодарение на високата стапка на вакцинација против ХПВ и скринингот, додека во Македонија вакцинацијата опаѓа, а секоја година над 150 жени заболуваат од овој канцер вели др Игор Алуловски од УК за гинекологија. Колку карциномот на грло на матка е застапен кај нас? За жал бројките со цервикалниот карцином во државата се лоши односно не покажуваат тренд на намалување, дури можам да кажам дека низ ...
Руските доброволни единици усогласени со Украина го извршија најголемиот напад на руска територија од почетокот на инвазијата на Москва во февруари минатата година. Нападот, во кој проукраинските сили за првпат се обидоа да окупираат дел од Русија, е извршен додека Украина се подготвува за долгоочекуваната офанзива чија цел е ослободување на територија под руска окупација, пишуваат светските медиуми. Кремљ го минимизира инцидентот Гувернерот на ...
Демократијата во Северна Македонија тапка во место, има длабока политичка поларизација и блокада во Собранието која го попречува носењето на закони, а граѓаните имаат се помалку доверба во институциите. Ова се главните заклучоци за земјава во новиот извештај на Фридом хаус. Во сите земји од Западен Балкан граѓаните се разочарани од политичките елити. Во време кога руската инвазија врз Украина претставува најзначајната закана за европскиот мир од ...
Македонски граѓани во петок ќе отпатуваат во Србија да му дадат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. Луѓето кои го организираат превозот тврдат дека тоа го прават без поддршка од партии и влади. Комуниколот Петар Арсовски смета српските власти работат на силна промоција во регионот. Најмалку 300 граѓани од Тетово, Неготино, Куманово и Скопје се подготвуваат в петок рано наутро да заминат со вкупно 6 автобуси во Белград откако се ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, последниот протест во Белград „Против насилство“, го нарече обид за обоени револуции. Дел од опозицијата во Србија, која ги организира протестите, во изјавата на Вучиќ гледа манипулација. Доведоа до пад на авторитарните режими во Киргистан, Украина, Грузија, Северна Македонија... Овие денови, „обоените револуции“ ги споменува и српскиот претседател Александар Вучиќ. „Обоена револуција“ е термин кој се ...
Дел од просветните работници бараат соработка од родителите и предупредуваат на опасноста од создавање неписмени генерации во иднина. Резултатите од Меѓународната студија за читање (PIRLS 2021) покажаа дека учениците во четврто одделение се на дното на листата со потпросечен резултат во читање. „Мамо, те молам прочитај ми неколку страници од лектирата, сакам побрзо да ја завршам“. Вака мајка на десетгодишен ученик од Скопје ни раскажува како со ...
За 8 месеци треба да се заменат околу милион важечки пасоши на граѓаните. Според МВР само 40 отсто пасоши се со новото име „Република Северна Македонија“. Народниот правобранител Зибери ја критикува Владата зошто сите трошоци за замена на личните документи кои произлегуваат од Договорот со Грција, мора да ги платат граѓаните. Министерството за внатрешни работи (МВР) до 12 февруари 2024 година треба да издаде околу еден милион пасоши со новото ...