Странските дипломати порачуваат дека промената на Уставот ќе биде последно барање за продолжување на патот на земјава кон ЕУ. Но, аналитичари сметаат дека дипломатската офанзива „нема голем“ ефект врз ставот на опозицијата, но и врз ставот на јавноста. За граѓаните, ЕУ и блокадата на Бугарија во моментов не се најважните проблеми. Уставните измени влегуваат во собраниска процедура, откако на 18 јули поминаа на владина седница. Процесот во ...

Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека САД ќе ги употребат „сите можни средства“ за да го спречат претседателот на Република Српска, Милорад Додик, да ја отцепи РС од Босна и Херцеговина. Во сведочењето пред Поткомитетот за Европа на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, тој порача дека Косово и Србија треба ги исполнат своите обврски според Договорот за ...

Договорот со кој Украина може да извезува жито преку Црното Море истече на полноќ во понеделник на 17 јули, а Русија објави дека се повлекува од договорот. Договорот, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција во јули минатата година, имаше за цел да ја ублажи глобалната прехранбена криза со овозможување безбеден извоз на украинско жито, што беше блокирано кога Русија ја нападна Украина. Зошто е важен договорот? Украина е главен ...

Околу 400 луѓе и побегнале на македонската правда. Поранешен премиер, екс разузнавачи, осудени за петкратното убиство кај Смилковското езеро, осуден за насилниот упад во Собрание на 27 април, се само дел од луѓето кои со години се бараат со меѓународни потерници. Македонската полиција со години трага по криминаци кои успеале да и побегнат на правдата. Најдолго се трага, по осудениот за убиство Ацо Боцевски - Циганот. Потерницата за него е ...

Договорот за повисоки плати во јавниот сектор ги подели синдикатите,некои, меѓу кои и образование, се незадоволни од процентот за кој ќе се зголемат платите. Секторите кои протестираа бараа за 30 отсто повисоки плати, а добија 10 проценти. Дел од нив со незадоволството ќе продолжат од септември. За дел од синдикатите останува „жешкото“ синдикално лето, дел, пак го ставија во мирување, откако падна договор со власта да зголемување на платите во ...

Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, соопшти дека очекува косовските институции да ја координираат употребата на сите категории беспилотни летала, вклучително и дронот Бајрактар TБ-2. Во писмената изјава за Радио Слободна Европа, КФОР потсетува дека командантот на оваа мисија има примарна власт над воздушниот простор на Косово од крајот на војната во 1999 година. Ден претходно косовскиот премиер Албин Курти објави дека земјата купила ...

Тројцата министри од Германија, Полска и Франција, при денешната посета, како што ја нарекоа „во критична фаза за иднината“ на Северна Македонија, побараа сите политички лидери да ги подржат усгтавните измени. Тоа, според нив, ќе значи “да“ за подобра европска иднина. Разбирање за разочарувањето на Северна Македонија во бавниот напредок кон Европската унија, но, и силна поддршка во нејзиниот пат кон донесување на уставните измени за да продолжат ...

Владата најави дека утре ќе ја преиспитува одлуката за спојување на концесиите на „Еуромакс ресурсес“, за рудникот Иловица-Штука. Таа има правна можност да ја повлече својата одлуката и да ја стави вон сила, велат правни експерти, но „оштетената страна“ има исто така можност повторно да тужи. Владата има правна можност да ја поништи својата одлука од 27 јуни за спојување на двете концесии за експлоатација на бакар и злато во локалитетот Иловица ...

Единствениот случај за кој е поднесено обвинение за демнење е на двајца сопружници кој пријавиле дека ги „демне“ човек кого го познавале. Обвинителството го гони, но се уште не стигнал до судење. Казната е од парична до пет години затвор. Кого може да го пријавите за „демнење“ или кој е „демнач“? Секоја ситуација е уникатна и индивидуална, а ова е ново кривично дело кое жртвите треба да знаат да го препознаат и на време да го пријават ...

Најновата видео-снимка објавена од рускиот канал Астра, покажува група руски војници во Украина кои се во заробеништво во јами и визби, затоа што одбиле да одат на првата линија на фронтот со недоволно опрема и поддршка. Руски војник осуден за непослушност бил меѓу групата регрути кои ги обвинуваат нивните претпоставени дека ги затвориле во визба во источна Украина, откако тие одбиле да се борат, подложувајќи ги на нехигиенски услови за живот и ...

Десетици милиони луѓе се борат со опасно високи температури ширум светот на 16 јули, додека прогнозите за рекордно толло време надвиснуват над САД, Европа и Азија, како најново регистрирана последица од глобалното затоплување. Моќниот топлотен бран што се протега од Калифорнија до Тексас се очекуваше да го достигне врвот овој викедн, како што соопшти американската Национална метеоролошка служба, која предупреди на „исклучително топол и опасен ...

Долго време речиси не постои соработка со Град Скопје, вели градоначалниокт на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој семта дека преку расформирање на претпријатието „Комунална Хигиена“, ингеренциите треба да ги добијат скопските општини, за да се добие подобра хигиена во градот, но и да се избегнат партиски вработувања. Г-не Ѓорѓиевски, се вжешти атмосферата меѓу вас и градоначалничката на ...

Стотици струмичани на 15 јули излегоа на протест против последната владина одлука за спојување на концесиите на рудникот Иловица-Штука. Демонстрантите бараат да се одземе концецијата, затоа што, како што велат, е незаконски доделена. Итно и неодложно одземање на „криминално споената концесија“ за рудникот Иловица-Штука, поради прекршување на Законот за минерални суровини во однос на условите за добивање концесија и за спојување на концесии, е ...

Дискриминирачки и апсурден е еднородителскиот систем после развод, велат голем дел од татковците. Во над 90 отсто случаи децата се доделуваат кај мајката. Ова e злоупотреба на децата, предупредуваат од Меѓаши. Државата се уште не воведува заедничко старателство на децата по развод на бракот. Татковците по разводот се жалат дека децата се отуѓуваат од нив, затоа што со гледање едвај неколку часа месечно тие не можат да бидат дел од процесот на ...

Два од три авиони за гасење на пожари се на контролен сервис во Шпанија. Тешко се наоѓаат и пилоти, има само половина од потребниот број. И Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи на иста линија – годинава сме повеќе подготвени за справување со евентуални пожари. Метеоролошките најави за стартот на пеколно летни температури, полека го вклучуваат и алармот за ризикот од пожари. Во моментов, државата располага со еден ...

Додека војната на Русија против Украина продолжува да беснее, децата ширум Русија може да очекуваат значителни промени во училишната програма од септември, со наставни програми кои имаат милитаристички тенденции, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик. На дебатата во Долниот дом на парламентот на крајот на минатиот месец, пратеникот на Државната дума Андреј Картаполов се пожали на, како што рече, неподготвеноста на младите ...

Њузлетер 14.07.2023 - Скопје заглавено во ѓубре, политичарите и институциите заглавени во недоверба. И меѓу два протести на комуналците, административците или буџетарите - нови вести за украинскиот фронт, за самит на НАТО, за балканските евро-атлантски желби... И многу политика и критики за бавни реформи во Северна Македонија. Верувам - Не верувам Судовите и Обвинителството имаат најниска доверба кај граѓаните, според последните анкети. Банките ...

Европската тројка министри за надворешни работи од Австрија, Чешка и Словачка по средбите со сите политички лидери во Скопје порачаа дека уставните измени се единствената можност за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија. До Софија испратија порака да размислува стратегиски. Уставните измени се внатрешно прашање, но без вметнувањето на Бугарите во Уставот Северна Македонија ќе застане на патот кон Европската Унија, а ќе остане и ...

„Живееше доволно“, „доста ти е“, „жива ќе те запалиме“... Овие се дел од заканите кои на свој грб ги почувствувале две од многуте Украински кои биле затворени од руските сили. Викторија Андруша и Људмила Хусејнова раскажуваат каков „третман“ добиле во руски притвор Три дена откако руските сили се префрлија преку границата во Украина, движејќи се кон главниот град, Викторија Андруша, 26-годишна наставничка по математика и компјутерски науки, им ...

Стопанството се противи на предлогот да плаќаат данок на солидарност. Bелат дека на тој начин се „удира“ врз успешните. Државата еднократно сака да им наплати данок на екстра профит, оти сега е време да возвратат и да придонесат за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза. Големите компании кои лани оствариле десетици милиони евра приход, бараат државата да не ми наплаќа данок на екстра профит. Се работи за еднократен данок, ...

Тројца министри за надворешни работи од Австрија, Чешка и Словачка во Скопје порачаа нема време за чекање за уставни измени, а до Софија испратија порака да размислува стратегиски. Тие денеска имаат средби со политичари од власта и опозицијата. Да се одложи усвојувањето на уставните амандмани ќе значи да се одложи пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија. Би било штета, Скопје откако истрча еден тежок маратон да се сопне на ...

Заврши „историскиот самит на НАТО“, како што рече генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, додавајќи дека во изминатите два дена донеле големи одлуки за да го прилагодат НАТО за иднината. Тој изјави дека по самитот Украина е поблиску до НАТО повеќе од кога било досега. Се договоривме за најдеталните и најсилните одбранбени планови на НАТО од Студената војна, ја зајакнавме нашата посветеност на инвестициите во одбраната, рече ...

Трансформацијата на „Македонско село“ кое се најавуваше да биде во служба на развој на стартап и ИТ компаниите, сепак, нема да се случи. Од Фондот за иновации не гледаат економска исплатливост за трансформацијата што неколку години наназад ја најавуваше Владата. Напуштени и празни се 205 македонски села, покажува последниот попис во 2021 година. Но, во Скопје има уште едно такво село кое демографски не влегува во статистиката, а ја дели истата ...

Пожарот во Кумановски суд го привлече вниманието на јавноста кон овој суд. Но, таму се разгорени меѓучовечките односи, а нотирани се и проблеми со АКМИС и архивирање на предметите. Тоа го покажува извештаите на Судскиот совет и Министерството за правда. Претседателката на Судот демантира. Архивата во Кумановскиот суд која беше опожарена била во вистински хаос, покажува извештајот на Комисијата за надзор над АКМИС-от кој се користи за ...

По пауза од една недела Русија втора ноќ по ред изврши напади со беспилотни летала - камикази врз Киев, а системите за противвоздушна одбрана го одбија ударот, соопштија украинските власти. Русија изврши нов напад со беспилотни летала врз Киев на 12 јули втора ноќ по ред, но сите противвоздушна одбрана, соопшти воената управа на главниот град на Украина. „По пауза од повеќе од една недела, непријателот втор ден по ред лансираше беспилотни летала ...

Лидерите на НАТО договорија пакет од три мерки за приближување на Украина до Алијансата, но тој не содржи рамка за пристапување. За Зеленски тоа е апсурдно и без преседан. Столтенберг рече дека „додека Украина не победи, нема воопшто да се разговара за членство“. Иднината на Украина е внатре во НАТО, но воената алијанса ќе упати покана до Киев само кога „членките ќе се согласат и ќе се исполнат условите“, изјави генералниот секретар на НАТО, ...

Големата подршка која Данела Арсовска ја доби на локалните избори, за година и пол се „стопи“. Граѓаните на последната анкета на ИРИ се изјаснија дека не се задоволни од нејзиното управување со Скопје. Радио Слободна Европа анализира, што вети, а што исполни Арсовска. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во предизборната програма им се обраќаше на скопјани со „драги мои“ и им објасни зошто се кандидира за градоначалник. „Градот тоне во ...

Судовите и Обвинителствто имаат најниска доверба кај граѓаните, според последните анкети. Банките и општините котираат највиско на листата. Овие резултати, аналитичарите ги гледаат во отсуството на одговорност и неказнивост во државата, но и во кадровската политика која наградува сервилност и партиска лојалност, а не квалитет. Политичките структури кои владеат во Северна Македонија вообичаено се критични кон работата на институциите пред да ...

Лидерите на земјите-членки на НАТО на 11 и 12 јули во литванската престолнина Вилнус ќе разговараат за многу теми, меѓу кои доминира приемот на Шведска и напорите на Украина да стане членка на најголемата воена организација. Иако самитите на НАТО се одржуваат секоја втора година, ова е четврти собир од ваков вид во последните 18 месеци, односно од руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари минатата година. Еден самит веќе се одржа ...

Народната банка на Северна Македонија презеде дополнителни мерки за заштита на финансиската стабилност на банките, во услови кога пазарот на недвижности упатува дека има потреба од претпазливост. Поранешниот гувернер Петар Гошев смета дека мерката може да ги заузда цените на становите. По трет пат оваа година Народната банка ја менува таканаречената стапка за противцикличен заштитен слој на капиталот на банките, што значи дека банките ќе мораат ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52