Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Живот без слобода на говор, социјални мрежи и со уште поголема репресија од страна на државниот апарат, тоа е рецептот што кинеските медиуми би можеле да им го понудат на оние во Србија. Вака Тамара Скроца, новинарка и член на Советот за печат, ги гледа договорите што одредени медиуми во Србија ги потпишаа со кинеските медиумски куќи на 8 мај. За време на дводневната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Србија, беа потпишани околу 30 ...
По реакциите од меѓународната заедница, претседателката Сиљановска Давкова вели дека во официјалната употреба ќе се служи со уставното име на државата Република Северна Македонија. Но таа вели дека има право да го користи и само името Македонија. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ќе се однесува согласно Уставот и законите. Експертите предупредуваат на последиците од непочитување на договорите со соседите – од губење на меѓународна поддршка до застој ...
Иако и во Националната стратегија за спречување на корупција е наведено дека МОН треба да изготви подзаконски акти до 2022 година, досега нема никакви правила за за набавките во училиштата финансирани со пари од родителите. Центарот за граѓански комуникации проценува дека годишно на овој начин нетранспарентно се трошат 10 милиони евра. Пари од родителите во училиштата најчесто се собираат за осигурување на учениците, за униформи, фотографирање, ...
Грузиската полиција уапси 20 лица при насилното растерување на собирот пред парламентот рано на 13 мај, додека пратениците од владејачката партија Грузиски сон го протуркаа одобрувањето на контроверзниот закон за „странски агенти“ кој многумина го сметаат за закана за слободата на говорот и аспирацијата на земјата кон Европската Унија. Embed share Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите во Тбилиси Embed share The code has been copied to ...
Рускиот претседател Владимир Путин, чија војска дома е критикувана дека има мал напредок и и големи загуби за време на нејзината целосна инвазија на Украина, објави дека го заменува долгогодишниот сојузник Сергеј Шојгу на функцијата министер за одбрана. Кремљ соопшти дека Шојгу (66) ќе биде заменет со поранешниот прв вицепремиер Андреј Белоусов (65), кој пак е малку познат политичар, специјализиран за економски прашања. Шојгу пак, кој беше ...
При давање на заклетвата, повторувајќи по претседателот на Собранието, Јован Митрески кој го користеше уставното име Република Северна Македонија, Сиљановска-Давкова употребуваше само Македонија. Таа рече дека ќе биде претседателка на сите, а обраќањето во Собранието го посвети на жените Со свечена заклетва во Собранието во која употребуваше „Македонија“ за државата наместо уставното име Северна Македонија, со говор што го посвети на жените и со ...
Не сите институции и приватни компании жртви на хакери ги пријавуваат нападите до надлежните, вели истражителката за компјутерски криминал Марина Пешовска од Основното јавно обвинителство Скопје, која неодамна доби признание од Меѓународната академија во Будимшешта. Нападите доаѓаат од странство. Вие сте истражител кој се занимава исклучиво со компјутерски криминал и дигитална форензика, каков е профилот на луѓето зад компјутерите кои ги гоните? ...
Турнејата може да се сведе на една сеопфатна порака од Кина: Си ја предводи растечката глобална суперсила која не може да биде ограничена и неговото влијание во Европа е тука за да продолжи. По патувањето за кое имаше многу приказни, кинескиот претседател Си Џинпинг се враќа во Пекинг по петдневната европска турнеја од висок профил со застанувањa во Франција, Србија и Унгарија, што му овозможи на Пекинг да го зацврсти своето упориште во ...
Извесно е дека коалицијата „Вреди“ е сигурен партнер на ВМРО-ДПМНЕ за новата влада. Според математиките за освоен број пратеници, трета партија може, но и не мора да влезе во Владата. Мицкоски веќе ја испрати ДУИ во опозиција, но во партијата чекаат исход од преговорите што ги почнува мандатарот Со денешната средба меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски и лидерите на 21 партија во коалицијата „Твоја Македонија“ почнуваат ...
Грузиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е отворена истрага за нападот на тројца демонстранти, од кои еден е опозициски политичар, за време на собирот против таканаречениот закон за „странски агенти“ во Тбилиси доцна на 8 мај. Министерот за внатрешни работи Вахтанг Гомелаури на 9 мај рече дека нападите на неидентификувани напаѓачи врз специјалистот за меѓународни односи Гиа Јапариѕе, активистот Лаша Гвинианиѕе и Димитри Чиковани, ...
Многу победници на изборите, некои убедливи, некои помалку, а најголем победник се граѓаните кои гласаа во мирна и демократска атмосфера. Единствените најголеми губитници, можат да извлечат поука од катастрофалниот пораз. Њузлетер 10.05.2024 Победник: Прва жена претседател на државата Она што беше јасно по првиот круг претседателски избори, уште поубедливо се потврди во вториот круг. Гордана Сиљановска Давкова е претседателка на државата, прва ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска информира дека на 9 мај одржал партиски останок на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го градат коалицискиот потенцијал со останатите партии. „Фокусот ќе бидат луѓето на прво место: економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард, фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда, како и реализација на ...
Социјалната мрежа Тик-Ток во четвртокот соопшти дека ќе започне да користи технологија чија цел е да помогне во означување на слики и видеа генерирани од вештачка интелигенција. Во соопштението, Бајт денс (Bite Dance), кинеската компанија која е сопственик на Тик-Ток, рече дека ќе усвои „содржински акредитиви“, дигитален воден печат кој покажува како се креирани и уредувани сликите. Лидер во развојот на оваа технологија е Адоб (Adobe), но таа е ...
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски. „Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Северна Македонија на следното ниво, напиша Вархеји во честитката до Мицкоски објавена на платформата „Х“. Претходно, Вархеји победата на претседателски избори и ...
За да го поддржат барањето на Косово за членство во Советот на Европа, западните земји и поставија услов на официјална Приштина: преземање конкретни чекори кон формирање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО). Ова за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдија од германската амбасада во Косово. „Доставувањето на нацрт-статутот на Заедницата до Уставниот суд на разгледување би бил таков (конкретен) чекор“, се вели во одговорот на амбасадата. ...
Сиљановска-Давкова отсега ќе практикува политика, наместо да ја предава како предмет на факултет. Во обраќањата до јавноста нема да користи „Северна“ пред името Македонија. Уставни измени ќе прифати ако ги изгласа Собранието. Приватно, Сиљановска-Давкова себе си се опишува како легалист, бунтовник, борец за правда. Ќе се залага за повеќе жени на клучни функции. Северна Македонија ја доби првата жена – претседателка на државата по вториот круг ...
По седум години, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на власт во Северна Македонија. Според првичните резултати од ДИК, убедливата победа на партијата и донесе 59 пратеници во 120-члениот парламент. СДСМ падна на 18 пратеници што е за еден помалку и од ДУИ. Мицкоски веќе ги испрати во опозиција и најави разговори за влада со „Вреди“ која освои 13 мандати. Еуфорично и со стиховите од песната „Бисер балкански“, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ...
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, победи и порача: ќе бидам претседател на сите. Нејзиниот противкандидат од СДСМ, Пендаровски и честиташе и призна пораз. Одзивот од 46% беше пресуден за успешни избори. Инаугурацијата на Сиљановска-Давкова, најверојатно до недела, 12 мај. Северна Македонија за прв пат од осамостојувањето доби Претседателка на Републиката. Универзитетската професорка Гордана Сиљановска - Давкова, поддржана од опозициската десничарска ...
Граѓаните на Северна Македоонија гласаат на единаесеттите парламентарни избори во Македонија, како и на вториот круг од претседателските избори. До 13 часот одзивот на гласачите за претседателските избори е 22, 63 отсто, а за парламентарните 25,54 проценти. Идниот претседател/ка заклетвата ќе ја даде пред стариот собраниски состав, по што ќе треба да се конституира новиот парламент, за чие место се борат кандидати од 17 партии и коалиции. Со ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пред Палатата Србија беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја предводи српската делегација, заедно со гардата на српската војска, при што беа интонирани државните химни на двете земји. „Заедничко челично пријателство“ меѓу Кина и Србија е главната порака на двајцата претседатели Си Џинпинг и Александар Вучиќ од средбата во Белград денеска (8 мај). Како што најавија двајцата ...
08:00 МВР: Лични документи може да се подигнат денеска од 8 до 19 часот Министерството за внатрешни работи информира дека од 8 до 19 часот денеска (8 мај) ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при МВР. „Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат“, информира МВР. ...
Во Северна Македонија се одржуваат седми претседателски и 11. парламентарни избори. Право на глас имаат над 1,8 милиони граѓани. Во трката за шеф на државата гласачите се одлучуваат меѓу актуелниот претседател Стево Пендаровски и досегашната пратеничка и негова ривалка пред пет години, Гордана Сиљановска-Давкова. Тој или таа заклетвата ќе ја дадат пред стариот собраниски состав, по што ќе треба да се конституира новиот парламент. За место во ...
Ако има цензус од 40 отсто на претседателските избори, новиот претседател ќе даде заклетва пред стариот собраниски состав и тој ќе дава мандат за новата влада. Ако нема цензус, мандатот за нова Влада може да го додели актуелниот собраниски спикер Јован Митревски кој ќе треба да распише нови избори. Граѓаните на 8 мај гласаат на двојните избори: парламентарни и вториот круг од претседателските. Вкупно 17 кандидатски листи на партиите и коалициите ...
Откако беше прогласен за победник на претседателските избори во март, резултат кој никогаш не беше доведен во прашање, Владимир Путин го започнува новиот шестгодишен мандат со свечена инаугурација во Кремљ денеска, на 7 мај. Она што следува е помалку сигурно од изборните резултати, но има силни индикации: повеќе луѓе за војната во Украина, нови даноци за финансирање на војната, нови реконструкции на персоналот во Кремљ, нови закани за НАТО ...
Полагањето на државната матура почнува на 1 јуни и прв пат ќе се полага во големи простори по скандалот лани кога на вибер беа споделени прашањата. Голем интерес на матурантите и за симулацијата на полагањето. Нема да има блокатори за мобилни телефони, но електронски уреди ќе бидат забранети. Еден месец до полагањерто на државната матура, подготовките во училиштата ширум Северна Македонија веќе течат, а минатата сабота се одржа симулација за тоа ...
Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да се случи и за парламентарните. Без разлика на ова партиските набљудувачи се на пат по светот, но имињата се тајна. Вкупно за ова се предвидени 800 илјади евра државни пари. Утре 7 ми мај гласа македонската дијаспора на вториот круг од Претседателските избори 2024 година односно за двајцата кандидати кои го поминаа првиот круг и тоа кандидатот на СДСМ, ...
Одлуката на Вишиот управен суд која во неколку наврати заврши во корист на ДКСК не охрабрува и ни дава потик во работата, вели претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска. Во меѓувреме, тече законскиот рок од 15 дена во кој ДКСК планира да покрене иницијатива за одговорност за спроведениот оглас пред надлежните институции. За три дена во Македонија ќе се одржат двојни избори. Колку пријави има до ДКСК од почетокот на кампањата до сега ...
Претстојното патување на кинескиот лидер Си Џинпинг во Франција, Србија и Унгарија ќе се фокусира на економските врски на Кина со Европа и ескалацијата на трговските тензии меѓу Пекинг и Брисел. Но, позицијата на Кина за руската војна во Украина, исто така, ќе заземе централно место, особено за време на посетата на Си на Франција, изјавија двајца претставници на ЕУ за РСЕ. Високо на агендата е учеството на Кина на меѓународната конференција ...
Неколку партии ветуваат постизборна „реформа“ на јавните претпријатија и акционерски друштва - граѓаните да добијат акции, но и да ја контролираат нивната работа. За економските експерти овие мерки звучат атрактивно и популистички, а од друга страна наметнуваат повеќе прашања, отколку што нудат одговори за реализација. Голем дел од јавните претпријатија, но и акционерски друштва работат со стари и трупаат нови долгови, а без дотации преку ...
По масовните продемократски протести во Белорусија во 2020 година, владата презеде строги мерки - меѓу другото насочени кон независните медиуми. Некои од многуте новинари кои ја напуштија својата професија или целосно заминаа од земјата, раскажуваа како нивните животи засекогаш се промениле. Настасија работеше како новинар во Белорусија 15 години. Се до 2022 година, откако медиумот каде што работеше се согласи да го исполни барањето на владата - ...