
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



На истакнувањето на знамето на Голема Албанија на концертот по повод приватната посета на косовскиот премиер на Чаир и Тетово, преименување на улица во Скопје во Адем Демачи, и самата посета на Курти предизвикаа бурни рекации во јавноста и обвинувања до Владата Посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир, предизвикаа голем број реакции во јавноста. Опозицијата и дел од експертите вината ја лоцираа и кај Владата, која ...
Од почетокот на годинава се забележани над 150 компјутерски инциденти, од кои 12 се сериозни со барање откуп, вели директорот на Агенцијата за електронски комуникации Јетон Акику. Признава дека по хакерскиот напад во април им бил побаран откуп, не го платиле, но тврди дека проблем брзо го решиле. Колку хакерски напади се пријавени годинава во Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти ( МКД-ЦИРТ) кој спаѓа под АЕК? Најголем број ...
Законите им овозможуваат на државнте институции да не пријавуваат хакерски напади. Така во период од една година година имало најголем број пријави за хакерски напади врз државни институции, но оваа бројка не ја прикажуваат реалната слика на хакирани државни сајтови, вели директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Јетон Акику. Во изминатава година досега имало најголем број на пријави за хакерски напади врз државните институции во ...
Не е синдром на „прегореност“ од работа или „burnout“ сѐ што „гори“, но луѓе со симптоми на исцрпеност има сѐ повеќе. Светската здравствена организација го класифицира како синдром и матичен лекар може врз основа на оваа дијагноза да отвори боледување. Кој бара помош заради исцрпеност од работа? Ако се потврди дека имате состојба на витална исцрпеност од работа или „burnout“ , според меѓународната класификација на болести МКБ10, која ја ...
Во неделата кога сите политичари во државата се на колективен одмор владејачките партии објавија документ наречен Манифест за европскиот пат на Северна Македонија. Дали овој втор обид ,по лидерската средба, може да обезбеди мнозинство за уставни измени? ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта доцни, но и оти не го добиле Манифестот за да се изјаснат. Ќе успее ли власта преку таканаречениот документ Манифест да обезбеди уставните измени да поминат во ...
Д-р Мирко Спироски е имунолог, основач и прв директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика. Тој за Радио Слободна Европа зборува за ризикот и клучните мерки за заштита од ширење на конго-кримска хеморагична треска, откако почина жена по каснување од крлеж. Лекот е набавен деновиве. Д-р Спироски, прво 27 годишна жена почина од конго-кримска хеморагична треска по каснување од крлеж. Сега е заразена болничарка на Инфективна која ја ...
Давид Ратиани погледна нагоре додека руски воен авион зуеше низ грузиското небо, стискајќи ја тупаницата со таков бес што ноктите му се вкопаа во кожата. „Никогаш нема да го заборавам чувството на немоќ што ме обзеде во тој момент“, се сеќава Ја Шашвиашвили на тоа како нејзиниот сопруг во еден од ретките моменти и ги раскажал деталите од своето искуство за време на кратката, разорна војна на Грузија со Русија во 2008 година. Во војната, која ...
Инфлацијата во јули е намалена, но синдикалната потрошувачка кошничка истиот месец е зголемена. Владата се фали дека нејзините мерки даваат резултат против инфлацијата, но синдикатите и економските експерти сметаат дека реално намалување на цените нема. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека инфлацијата во месец јули изнесува 8,4 проценти, што е намалување во однос на јуни кога индексот на трошоците за живот ...
Ангелче Николов кој ја прегази 11-годишната Магдалена во Велес најмногу за 8 години ќе излезе од затвор. Тој е само последниот во низата контроверзни одлуки на судовите кога сторители на исто дело добиваа ниски казни или дури и условни. Кои се другите случаи кои ја разгневија јавноста? Бура од реакции во јавноста предизвика одлуката на Апелација од 18 да му се намали на 8 години затворската казна на Ангелче Николов од Велес, кој во пијана ...
„Не е пријатно, не е пријатно! Камери се поставени насекаде, од влезот во градот од правец на Ваљево, до излезот кон Лозница“, вели Владимир Радивојевиќ од малиот град Осечина во западна Србија за Радио Слободна Европа. Општинската администрација на Осечина, расфрлана планинска општина, купи 113 камери за видео надзор во април 2022 година. Во центарот на градот каде што има само две раскрсници живеат околу 2 700 жители. Така, Осечина, која е ...
Во пресрет на создавање на нова опозициска партија во албанскиот блок, во неформална посета на Скопје и Тетово доаѓа косовскиот премиер Албин Курти. Средби со владејачките партии не се во агендата. Според аналитичарите ова значи политичка поддршка за окрупнување на опозициските партии во земјава Косовскиот премиер Албин Курти доаѓа во посета на Северна Македонија по покана на градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу по повод ...
Книжарницата Полица е мета на јавна хајка, оти како поддршка на Парадата на гордоста, на попуст става книга на геј писател. Но, хајката на социјалните мрежи предизвика и друг ефект. Можеби ќе продадевме само 10 примероци од книгата „Крајот на Еди“, а вака продадовме повеќе од 200, вели за РСЕ наградуваниот писател Петар Андоновски. Кога ја ставиле „Крајот на Еди“ на 50 отсто попуст, не ни сонувале дека ќе предизвикаат толкава бура на реакции. ...
Додека се дебатира за линеарно или процентуално покачување на пензиите, протестите на пензионерите се проширија. Обвинувања и за политичка заднина на пензионерските протести. Сојузот на пензионери се изјасни против линеарното покачување, ќе предложи зголемување на минималната пензија. Протестите на пензионерите се проширија во повеќе градови. Почнаа во Прилеп каде незадоволните пензионери побараа линеарно покачување на пензиите од 3.500 денари ...
Во анализата на периодот март 2022 година – февруари 2023 година, по руската инвазија врз Украина, идентификувани се над 10.000 постови на фејсбук и утврдено е дека во функција на ширење на руската пропаганда во земјава се вклучени и „домашни актери“, кои го овозможуваат и засилуваат тоа, или ги пренесуваат пораките Социјалната мрежа „Фејсбук“ е еден од центрите во кој се развиени и се координираат мрежи кои ја засилуваат руската пропаганда, ...
Санкциите се моќни кога Соединетите Држави ги наметнуваат сами, но тие секогаш функционираат помоќно кога ќе им се придружат и други, како на пример Европската Унија или Велика Британија. Ова за радио Слободна Европа го изјави Џон Смит, адвокат и поранешен директор на Канцеларијата за контрола на странски имот (ОФАК) при Министерството за финансии на САД, коментирајќи ги последните санкции наметнати од тоа тело за официјални лица од Република ...
Кинеското Министерство за државна безбедност ги повика сите граѓани да почнат да шпионираат за да ја заштитат националната безбедност на земјата, што е главен приоритет на лидерот Кси Џинпинг. Експертите веруваат дека овој потег ја сигнализира несигурноста на кинеското раководство и може да ги наведе граѓаните да се демнат едни со други. Повикот следи по проширувањето на кинескиот закон за контрашпионажа што стапи на сила во јули. Овој закон ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб ФК Вардар се враќа во прволигашкото друштво. Но, со старите финансиски проблеми. Милорад Миленковски, еден од водачите на навивачката група Комити, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека добиле уверување дека ќе играат пак на арената „Тоше Проески“. Господине Миленковски, со оглед на тоа дека ФК Вардар нема свој стадион, каде ќе ги пречекува гостинските екипи? Поднесено е барање за Акционерското ...
Состојбата со поплавите во Словенија не е подобрена. Многу реки во централна, северна и источна Словенија сѐ уште се поплавуваат, јавија локалните медиуми. Обилни врнежи наврнаа во текот на ноќта од 4 до 5 август во словенечките провинции Горењска и Корушка, поради што има нови поплави во тие области. Водостоите на реките на југот на Словенија, кои на места се излеаа, е во пораст, а многу патишта сѐ уште се затворени. Областа на Чрна во Корушка ...
Иницијативата на Антикорупциската Комисија до Обвинителството го вклучува градоначалникот Стевче Јакимовски и советниците кои учествувале во постапката за изгласување на деталниот урбанистички план. За антикорупционерите, промената на ДУП-от претставува организиран криминал. Државната комисија за спречување на корупцијата ќе бара од Обвинителството за организиран криминал и корупција кривично да ги гони сите кои учествувале во постапка за ...
Периодот на големи количини дожд, а сега и екстемно високи температури прават големи штети врз земјоделието во Северна Македонија. Кај некои житни култури посевите се намалени од 30 до 50 отсто, велат земјоделци за РСЕ. Овие непогоди ќе зачестат, а на тоа треба да се подготват и градовите. Земјоделците во земјава и регионот се соочуваат со тешка ситуација за време на жетвите на житните култури, отткако минатава пролет беше погодена од големи ...
Доколку биде прогласен за виновен, Алексеј Навални, најпознатиот противник на рускиот претседател Владимир Путин ќе помине вкупно 29 години во затвор. Обвиненијата за екстремизам тој го отфрли како апсурдни и политички мотивирани. Рускиот суд во петок ќе ја објави пресудата против опозицискиот политичар Алексеј Навални (47) под обвинение за екстремизам. Навални и неговите сојузници ги отфрлија обвинувањата како „апсурдни“ и политички мотивирани. ...
Уставниот суд го предаде на тим од советници и судии предметот за земјиштето каде што се наоѓа поранешната фабрика Треска. Иницијаторите бараат да се почитува генералниот урбанистички план, додека некои инвеститори почнаа јавна кампања за идните згради на овој простор. Во ист ден кога е пуштено промотивно видео и фотографии за тоа како ќе изгледа изградбата на нов урбан комплекс кој треба да никне на местото на поранешната фабрика Треска, ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потврди дека приватна фирма не и го продолжила договорот на вработена само поради тоа што e бремена. Дискриминацијата е забранета со повеќе закони и конвенции, но не ја препознал Трудовиот инспекторат. Жената правдата ќе ја бара и на суд. Кумановчанката Магдалена Стојмановиќ Константинов изминатите месец дена ги поминува во грижата кон своето бебе како мајка која во моментов е на породилно ...
Жените ќе го сносат товарот од екстремните горештини бидејќи почестите топлотни бранови на планетата која се загрева претставува се поголема закана за нивната работа, заработка и живот, предупредуваат истражувачите од Фондацијата Адриен Аршт-Рокфелер Влијанијата на зголемената топлина се несразмерно опасни за жените, било да е тоа дома или на работа, се наведува во извештајот насловен како „Жешката поделба“ на Центарот за отпорност на ...
Под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“ државата го прославува 2 Август - денот на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и првото заседание на АСНОМ. Но, и овојпат не изостанаа поделбите. Политичарите од власта упатија пораки за потребата за уставните измени и интеграцијата во ЕУ. Oпозицијата ги осуди дека договораат распродавање на македонскиот идентитет. Премиерот Димитар Ковачевски од скопско ...
Обемот, фреквенцијата и интензитетот на забележаните наративи покажуваат дека Северна Македонија и Балканот се високо на агендата на Кремљ, вели Росана Алексоска, од граѓанската асоцијација МОСТ Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Русија спроведува влијание во Северна Македонија според т.н. концепт на „остра моќ“, покажува најновата студија на граѓанската иницијатива „Мост“, во која се анализирани руската пропаганда, влијание и ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени ...
Напад врз 18-годишна жена во Стара Загора предизвика револт во бугарската јавност. За насилството беше обвинето нејзиното поранешно момче, но тој до неодамна беше на слобода. Истражните органи велат дека работат на случајот „од минута во минута“. Илјадници граѓани одржаа протести во главниот град Софија и другите бугарски градови по случајот со шокантното насилство врз 18-годишна жена. Инцидентот се случил на 26 јуни во централниот град Стара ...
Просечната инфлација во Еврозоната е 5,3 проценти, што е најниско ниво од почетокот на 2022 година кога го достигна пикот од над 9 отсто. Во Северна Македонија инфлацијата и натаму е двојно повисока и изнесува скоро 10 проценти. Проценките на економски експерти се дека високата инфлација во земјава ќе трае ушто долго, главно поради политиките на увоз на храна. Намалените стапки на инфлацијата во Еврозоната главно се должат на падот на цените на ...
Фактот дека украинските беспилотни летала пристигнаа во срцето на руската престолнина во последните месеци, дури и ако досега не предизвикаа голема штета, е засрамувачки за руските власти, кои на јавноста и порачаа дека Русија има целосна контрола врз нивната „специјална воена операција“ во Украина. Беспилотно летало удрило во кула во деловниот кварт на Москва, изјави градоначалникот на руската престолнина, додавајќи дека противвоздушната ...