
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Руската инвазија во Украина, израелската офанзива во појасот Газа, но и смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затвор, се главните теми за кои денеска дискутираат над 50 светски лидери на Конференцијата за безбедност во Минхен. Ако не реагираме сега, рускиот претседател Владимир Путин ќе успее да ги направи следните години катастрофални и за другите земји, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски на 17 февруари од панелот ...
Многу набљудувачи јасно ставија до знаење дека ако смртта на Навални донесе некаква промена, тоа ќе биде најтемниот знак во многу мрачни времиња. Тие додаваат дека, ако ништо друго, човекот кој беше симбол на опозиција може само да ги зголеми ризиците од изборни протести. Повеќе од една деценија, дури и во периодот откако беше притворен пред три години, Алексеј Навални беше бескомпромисен противник на Кремљ чија визија за поинаква Русија. ...
Ноќта на 17 февруари, групи неидентификувани лица под надзор на полицијата отстраниле цвеќиња и други предмети оставени во знак на почит кон опозицискиот политичар Алексеј Навални, покажуваат видеата на социјалните мрежи. „Повеќе од 100 луѓе се уапсени ширум Русија поради положување цвеќе во спомен на Навални на различни места“, соопшти мониторинг групата ОВД-Инфо. Во меѓувреме, полицијата го блокираше пристапот до споменикот во сибирскиот град ...
Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални е пронајден мртов, јавуваат руските медиуми кои се повикуваат на Федералната затворска служба. Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални почина во затвор, јави руската државна новинска агенција ИТАР-ТАСС. Агенцијата информира дека одделот на Руската Федерална служба за управување со казнениот систем (ФСИН) ја пријавил смртта на Навални во казнена колонија во Јамало-Ненецкиот автономен округ, ...
Со над 100 милиони евра субвенции годишно, земјоделството тешко напредува, додека континуирано повеќе се увезува храна отколку што се извезува. За зголемено производство, потребен е сигурен пласман, цени и анализа на земјиштето. Земјоделците велат дека само така субвенциите може да бидат ефикасни. Младите земјоделци тешко се одлучуваат да вложат во големо земјоделско производство, бидејќи не се сигурни дека ќе ги вратат парите кои ги инвестирале ...
Соединетите Држави собрале чувствителни разузнавачки информации за руското антисателитско оружје, кои ги споделија со високи претставници на американската влада. Информациите се однесуваат на ново, вселенско нуклеарно оружје дизајнирано да ја загрози распространетата сателитска мрежа на Америка, изјавија официјални лица запознаени со ова прашање, додавајќи дека оружјето сè уште не е оперативно. Разузнавачките податоци предизвикаа, во исто време, ...
Притворени во сопствената држава без своја вина. Кој ќе сноси одговорност? Државна лотарија ви нуди лекување од зависност од коцкање. Ќе бидат ли игри на среќа и изборите? Њузлетер 16.02.2024 Без „Северна“ во личните документи само кај некои соседи Голготата со личните документи продолжува. Што важи, што не важи, за внатрешна употреба, за надворешна употреба, има обрасци, нема обрасци, пасоши, лични карти, возачки, сообраќајни дозволи, ...
Пет години по Договорот од Преспа, Северна Македонија е членка на НАТО, уште чека преговори по поглавја со ЕУ, но останаа обврски за двете земји потписнички. „Од Грција очекуваме да ги ратификува потпишаните меморандуми, но и да се склучат нови договори за соработка во различни области“, вели за РСЕ претседателот Пендаровски. Од Грција нема сигнали дека тоа ќе дојде скоро на дневен ред. Преспанскиот договор е пресвртна точка за Северна ...
Помалку пари од дијаспората во изминатата година пристигнале преку банка во однос на лани, но повеќе пари иселениците донеле во кеш, покажуваат податоците на Народната банка. Парите се за дополна на буџетот на роднините, за реновирање, а помалку за инвестиции во бизнис. Со две речиси просечни плати од по 500 евра, Весна и нејзиниот сопруг имаат пари колку да го протуркаат месецот. За одмори, за кредитот за автомобил и за некое задоволство плус ...
Тие ја напуштија Белорусија за да работат слободно како новинари. Својата работа ја гледаат како дел од кампањата за демократија во нивната татковина. Но, сега, повеќе од три години по репресијата врз медиумите што следеа по масовните протести поради „спорните“ избори во 2020 година, независните белоруски новинари во странство велат дека се борат финансиски да преживеат, пишува редакцијата на англиски јазик на Радио Слободна Европа (РСЕ). ...
Ажурирање на Избирачкиот список, консензус за измени на Изборниот законик и договор за комплетирање на ДИК се дел од прашањата пред институциите и партиите во пресрет на претседателските и парламентарни избори што се распишуваат денеска. Промовирањето на кандидатите треба да заврши во март. Во Избирачкиот список во моментов се запишани точно 1 801 760 граѓани кои имаат право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори. ...
Психички проблеми, разводи, голема задолженост и продажба на имот. Ова се дел од приказните на зависници од коцкање кои ги споделуваат со психијатрите барајќи излез од зависноста. Во државата нема никакви податоци за зависници од коцкање, а лекарите предупредуваат дека онлајн коцкањето е поопасно. За играта од забава да премине во зависност, потребен е само еден чекор, предупредуваат психолозите со кои разговараше РСЕ. Со 48 издадени лиценци на ...
Феминистките и групите за правата на жените во Русија велат дека се чувствуваат небезбедни бидејќи владата на претседателот Владимир Путин ги промовира таканаречените традиционални вредности, оставајќи ги сè поранливи на прогон според нејасните закони против „екстремизмот“. Зошто? Минатиот октомври, феминистичка група наречена Корзина во Ижевск, главниот град на централната руска област Удмуртија, го организираше фестивалот Матка, со серија ...
Од 2015 година до сега, двојно се намалил бројот на превезени патници со автобус на меѓуградски релации. Нема автобуски линии што со години е проблем за граѓаните од внатрешноста. Пред крај на мандатот пратеници поднесоа законски измени на само еден член со кој се враќа јавниот автобуски превоз. Измена на само еден член од закон ќе го отвори патот за изнаоѓање решение за немањето јавен автобуски превоз од една општина до друга – проблем со кој ...
Средношколките во крајбрежната провинција Балкан во Туркменистан се подложени на задолжителни тестови за невиност, за кои властите велат дека се потребни за да се процени „моралот на тинејџерките“, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик. Властите не побарале согласност од тинејџерите или нивните родители за контроверзните тестови што ги прават гинеколози, велат за РСЕ неколку родители и ученици. Учениците кои ќе ...
Тројно е зголемен интересот за вакцинирање со вакцината ДиТеПер, вели д-р Сирма Кировска од поликлиниката „Идадија“. Ред се чека и во другите диспанзери - се ставаат пропуштени дози поради препораката невакцинирани деца да не се примаат во градинка. До 8 февруари имаше 22 случаи на голема кашлица. Ред се чека за вакцина против голема кашлица во поликлиниката „Идадија“ во центарот на Скопје, пет дена откако Комисијата за заразни болести препорача ...
Собранието да преземе итни чекори со цел да се надмине состојбата која произлезе од примената на Преспанскиот договор, односно проблемот кој се појави со возачките дозволи, побарал претседателот на Парламентот Јован Митрески, на денешната координација со координаторите на пратеничките групи. „Тој истакна дека има најави дека пратеничките групи ќе достават различни предлози за законски измени, поради што нагласи дека пратеничките групи треба да ...
По неколку недели тивко размислување, проевропската влада на Молдавија го отфрли барањето на Русија за да бидат поставени избирачки места во отцепениот регион Трансдњестар, на молдавската територија помеѓу реката Дњестар и украинската граница, за време на гласањето следниот месец за официјализирање на претседателскиот реизбор на Владимир Путин. Одлуката нема да има никаков значаен ефект врз претседателските избори во Русија на 15-17 март, па ...
Ако можела и сакала државата до сега ќе изградела енергетски капацитет, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата, додава тој. Господин Бислимовски, во Собранијето по скратана постапка влегува предлог закони за стратегшки инвестиции во енергетиката, вредни над 700 милиони евра во ...
Во шумската југоисточна област Авдијивка, индустрискиот град Донбас, каде што украинските војници жестоко се спротивставуваат на руските напади, се наоѓа објектот „Царски лов“, каде туристите се релаксираат во ресторанот, хотелот, градините и отворениот базен. Како што пишува редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик, објектот им служел и на украинските сили како утврдена база, а 53-та моторизирана и 110-та механизирана ...
Во дел од амбасадите каде е најбројна дијаспората има и по 300 луѓе дневно кои поднесуваат барања за пасоши. МНР најавува мобилизација на дипломатијата. Државата нема да ги извести другите земји дека престанува важноста на старите пасоши, но очекува флексибилност заради за проблемот со издавање нови пасоши. Дали ќе се патува со лични карти во регионот секоја држава посебно ќе одлучува. Неколку стотини илјади граѓани од вторник (13 февруари) нема ...
Пратеници на Алијансата за Албанците ги претставија новите кандидати за министри, за кои тврдат дека биле одраз на едногласна одлука на партијата да ги смени актуелните министри Меџити и Алиу. Координаторот на пратеничката група Аднан Незири рече дека има мнозинство за разрешување на министрите. На само десет дена од изборот на Техничката влада со мандат да ги организира изборите, во тек е процес за нејзино прекројување. На седницата за 9 ...
Се множат членови на семејствата на функционери кои влегуваат во бизнисот со струја, а за граѓаните сметките се поголеми. Ќе има ли одговорност за раководството на Фондот за иновации, кое го „почести“ внукот на Али Ахмети со над 80 илјади евра? Њузлетер 09.02.2024 И семејството на министерот Бочварски во бизнисот со струја Во бизнисот со струја досега влегоа сопругата на екс премиерот Ковачевски, Елена, синот на поранешниот премиер од СДСМ Зоран ...
Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со Такер Карлсон, американски коментатор кој се прослави со ширење теории на заговор и ја доведе во прашање поддршката на Вашингтон за Киев во неговата борба против рсуките сили, беше широко критикувано затоа што Карлсон му дал на рускиот лидер пропагандна платформа во неговото прво интервју со американски новинар откако почна руската инвазија врз Украина пред речиси две години. Во интервјуто кое ...
Секој граѓанин кој ќе биде оневозможен да ја ползува слободата на движење ќе има право да поднесе тужба и да бара надомест на штета, вели професорот по уставно право, Денис Прешова. Државата сигурно има барем организациска одговорност, смета Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Судот во Стразбур Со личен пример ќе покажам дека граѓанин може да ја тужи државата ако не по своја вина остане без патна исправа по 12 февруари, вели ...
Сликата со преполни контејнери во разни делови на Скопје често се повторува, но главната борба е како главниот град да воспостави добар систем за управување со отпадот кој треба да даде решение и за дивите депонии, некои со опасен отпад. Ветувањето за комунална полиција, кое за власта беше приоритет, никогаш не се оствари. Под сенките на високите згради во Скопје се почестa станува глетката на преполни контејнери од кој се излева комуналниот ...
Нема вистински напредок во преговорите меѓу Белград и Приштина бидејќи двете страни го чекаат исходот од изборите за Европскиот Парламент, со тоа што Белград со посебно внимание го чека исходот од американските претседателски избори наесен, вели во интервју за Радио Слободна Европа извршниот директор на невладината организација за стратешки анализи во Братислава, Јан Цингел. „Србија верува дека администрацијата на Доналд Трамп би била многу ...
Во ЕВН уште пристигнуваат жалби од граѓаните, а во Регулаторна пристигнале 30 поплаки заради високи јануарски сметки за струја. Поскапување нема, велат од Регулаторна, а според ЕВН потрошувачката е зголемена. Граѓаните се жалат дека за исто количество потрошена струја добиле многу повисоки сметки. Јануарските сметки се со ново покачување, се жалат дел од граѓаните. Потрошувачите со кои разговаравме велат дека во споредба со последните два месеци ...
Балансерот за вработување по етнички клуч не си ја врши работата и како таков треба да се замени со друго законско решение во кое квалификациите на апликантите ќе бидат приоритет пред националноста, смета министерот за администрација Азир Алиу. Мерит системот треба да е на прво место, додава тој. Господине Алиу, Државната Комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива до Уставен суд за да се провери уставноста на алатката балансер за ...
Европските земјоделци протестираат со месеци, а демонстрациите се шират низ стариот континент. Последни се приклучија шпанските земјоделци на 6 февруари, а досега Австрија, Данска, Финска и Шведска се единствените земји-членки на Европската Унија од 27-те од нив, во кои земјоделците не излегоа на улица. Земјоделците се жалат дека е потешко од кога било да се заработи пристоен живот, бидејќи трошоците за енергија и ѓубрива се зголемуваат поради ...