Повторно избраната претседателка на Европската комисија, родена во Белгија, имаше динамичен старт на европскиот пат. Но Урсула Фон дер Лајен докажа колку вреди пробивајќи пат за жените како прва жена на чело на Комисијата и со постигнување консензус и на германската и на политичката сцена на ЕУ. Големото мнозинство гласови во Европскиот парламент на 18 јули за избор на Германката Урсула фон дер Лајен за втор петгодишен мандат како претседател на ...

Во време кога бројките за наталитетот се во драматичен минус, а на младите кои се иселуваат се во плус, новата Влада се обврза да го стави демографскиот развој во прв план. Но мерките ќе се оддолжат заради дупката во буџетот. Мерки со финансиска поддршка повеќе се популистички, ефект нема, вели Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика Парите за новородено дете ни помогнаа бидејќи месецот после породување барем една просечна плата се ...

Една недела по состанокот на НАТО во Вашингтон, следува уште една средба на лидерите. Овој пат тоа е самитот на Европската политичка заедница на кој ќе се соберат лидерите на речиси сите европски земји освен Белорусија и Русија, a се одржува денеска (18 јули) во Велика Британија. Поточно, сите ќе се соберат во палатата Бленхајм во Оксфордшир, недалеку од Лондон, родното место на легендарниот британски премиер Винстон Черчил. Можеби најголемиот ...

Владата вели дека наследила хаос и долгови и со ребалансот очекува дека ќе ја подобри економската состојба на граѓаните. Дали ќе се зголемува минималната плата како што бараат синдикатите, засега нема конкретен одговор. Првичната проекција за економски раст е неостварлива. Новата власт обвини дека иако морале, претходниците не испланирале голем број расходи и трошеле недомаќински. СДСМ, пак, вели дека ВМРО-ДПМНЕ бара само алиби и нема да ја ...

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го прогласија за свој партнер. Владата ќе поднесе закон за задолжувањето со унгарскиот заем во Собранието. Уште половина милијарда евра најавени за во јануари догодина. Во Унгарија се отвора прашањето од каде толку пари за заем? Се „крчка“ закон со кој Владата на Северна Македонија ќе се задолжи кај Унгарија. Ова доаѓа откако лично премиерот ...

Унгарија повторно го тресе Брисел... Беше јасно од самиот почеток на шестмесечното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ дека тоа претседавање ќе биде контроверзно. Не толку поради законодавната работа во Брисел, бидејќи не се случува нешто многу на тој фронт во моментов, туку поради она што врвните унгарски политичари го правеа во последните денови. По Киев и средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, унгарскиот премиер Виктор ...

Европол и Интерпол со македонската полиција трагаат по измамниците со лажните вести за трговија со крипто-валути, велат од МВР. Дел од трагите на измамничките сајтови водат до адреси во Британија, САД, Сингапур и бараат внесување лични податоци за тргување со крипто. Политичари и новинари кои се злоупотребени во измамата веќе поднеле пријави Два погрешни клика на интернет и веднаш ви ѕвони мобилниот телефон од сомнителен број со префикс од ...

Првично ќе се оспособат 100 алки, а според проценките ќе се стават на нозете на 30-40 осуденици кои би можеле да заминат во куќен затвор и нивното движење да се следи електронски. Тие беа набавени уште во 2015 година со помош од ЕУ и досега државата не успеа да ги стави во употреба. Ако не го направи тоа до крајот на годината ќе треба да се плаќаат милиони евра пенали За околу два месеци отсега, во Северна Македонија би требало да се стават ...

Морнариците на Кина и Русија започнаа заедничка вежба на военото пристаниште во јужна Кина во неделата, 14 јули, неколку дена откако сојузниците на НАТО го нарекоа Пекинг „клучен во овозможување“ на војната во Украина. Заедничките вежби уследија по најновите тензии на Кина со сојузниците во НАТО на почетокот на јули, пишуваат светските медиуми. Кинеското Министерство за одбрана во кусото соопштение соопшти дека силите на двете страни неодамна ...

Пожарите беснеат и опустошуваат површини колку цели градови во Северна Македонија. Прогласена е 30 дена кризна состојба. Но има криза и во делот на опремата за справување со пожарите, гаснат и возила стари 45 години. Нема и луѓе, па општините си помагаат, а почна да пристига помош и од други држави Вчера беше драматично, утрово е подобра ситуацијата, но знаете, во тек на денот станува топло и пожарот пак почнува да се шири, вели Горан Стојанов, ...

Северна Македонија воведува скрининг за бебиња за болеста СМА како што има во најголем дел од европските и во дел од балканските држави. Скринигот треба да почне за околу две недели, во најголемите родилишта во државава. Со навремено откривање и терапија болеста се држи под контрола, велат лекарите За околу две недели, во Северна Македонија треба да почне скрининг(тестирање) на новороденчиња за спинална мускулна атрофија (СМА), генетски наследна ...

На конвенцијата, републиканците ќе го прикажат Доналд Трамп како маченик и некој што се жртвува за доброто на земјата, вели за Радио Слободна Европа Метју Далек, професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон, за Радио Слободна Европа (РСЕ). „Трамп веројатно политички ефективно ќе го искористи обидот за атентат врз него за да го зајакне својот имиџ кој многу луѓе го сметаат за привлечен. Сликата на навистина силен човек, некој кој е неуништлив, злобно ...

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) го идентификуваше 20-годишниот Томас Метју Крукс од паркот Бетел, Пенсилванија, како осомничен за обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг. Осомничениот Томас Метју Крукс бил застрелан и убиен од тајната служба по само неколку секунди откако тој наводно пукал кон бината каде што поранешниот американски претседател Доналд Трамп зборувал на ...

По обидот за атентат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се чуствува добро. ФБИ го „неутрализира “ осомничениот 20-годишен напаѓач кој истрелал неколку куршуми кон бината каде што Трамп држеше говор на митингот во Пенсилванија. Претседателот Џо Бајден го осуди политичкото насилство. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше ранет во, како што рекоа претставниците на законот, „обид за атентат“ за време на предизборен ...

Градските власти да се разбудат од зимскиот сон, е пораката што министерот за локална самоуправа Златко Пирински ја упати до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, потенцирајќи дека главниот град е пред колапс во тешка финансиска состојба. Министре најавивте сто милиони евра за општините веднаш по ребалансот на буџетот. Зошто централната власт ќе ја врши работата и задачите на локалната власт, како што се реконструкција на водоводни ...

Оружје произведено во Србија го користат украинските сили. Ова како вест одекна во април 2023 година, по објавените документи од Пентагон. Но, по кој пат и како српската муниција пристигнува во Украина е се уште тајна. Преку посредници и нетранспарентно, ова е најкусиот одговор на прашањето како военото оружје произведено во Србија стигнува до Украина. Начините на кои оружјето и муницијата од Србија завршуваат во рацете на украинската армија се ...

Владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди бара укинување на онлајн фирмите за обложување и коцкање во интернет просторот, додека опозициската ДУИ нивно физичко дислоцирање и целосно затворање од населените места во хотели со пет ѕвезди. Во Собранието нова иницијатива за Законот за игри на среќа. И власта и опозицијата се согласни на делумно затворање на обложувалниците и казината во Северна Македонија, но, во различни сфера од нивното ...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека Алијансата „ги поставува основите за победа на Украина“ во нејзините напори да се одбрани од Русија. Осврнувајќи се на сеопфатната инвазија на Русија на Украина која започна во февруари 2022 година, Столтенберг на неговата последна прес-конференција на самитот на НАТО рече дека Алијансата „не може и нема да дозволи тоа да се повтори“. Тој и порача на Русија дека „насилството и ...

Пари за покачувањето на пензиите оваа година владата ќе може да најде, но за следната најавениот заем од Унгарија може да биде само почеток, велат експерти. Повеќе пари во Фондот за пензиско може да дојдат и преку зголемување на старосната граница за пензионирање, но главно е да зголеми соодносот меѓу вработените и пензионерите Двајца пензионирани пилоти со договор на дело ќе бидат ангажирани да управуваат со авионите за гаснење на пожар. Оваа ...

Ревидираше Државниот завод за ревизија, ревидира и новиот шеф на дипломатијата, ревидираше и НАТО, ревидираа и соседите, ревидираат и граѓаните... Њузлетер 12.07.2024 „Без свиткани кичми“ и „Веќе сме повеќе од соседи“ Учеството на самитот на НАТО во Вашингтон за Христијан Мицкоски беше прво претставување како премиер на меѓународна сцена. Односите со соседите не беа тема на самитот, но премиерите на Северна Македонија, Бугарија и Грција јавно си ...

Лидерите на НАТО кои присуствуваа на историскиот самит во Вашингтон го поддржаа „неповратниот пат“ на Украина кон членството, соопштувајќи дека Киев има право да избира свои безбедносни аранжмани и дека неговата „иднина е во НАТО“. Позицијата на Алијансата, изнесена во заедничката изјава по првиот ден од дискусиите на самитот на 10 јули, даде јасен знак за континуираната поддршка на НАТО за напорите на Украина да се одбрани од инвазијата на ...

Во последните три месеци од својот мандат, ексминистерот за надворешни работи распишал 16 интерни огласи. На работа во дипломатско-конзуларните претставништва, пак, испратил 14 дипломати. Во меѓувреме, неговиот наследник почна со ревизии на дипломатите и на упатувањата од Османи, кои за дел од критичарите наликуваат на „евакуација на кадри“. Амбасадорската фотелја на Северна Македонија во Обединетите Нации (ОН) во Њујорк, можеби нема да биде ...

Учеството на самитот на НАТО во Вашингтон на Христијан Мицкоски е прво претставување како премиер на меѓународна сцена. Односите со соседите не беа тема на самитот, но премиерите на Северна Македонија, Бугарија, и Грција јавно си разменија пораки. За НАТО, Западен Балкан е еден од регионите од стратешко значење и останува силно посветен на неговата безбедност и стабилност НАТО ќе продолжи да го унапредува политички дијалог и практичната ...

Од 40 предмети поврзани со ревизорски извештаи, за кои ДЗР пред неполни два месеци барал податоци од Обвинителство, „Онкологија“ е единствениот што е во фаза на истрага, дел се затворени бидејќи нема основ за кривично гонење, а во повеќeто се уште траат проверките. Додека се чека епилог, Обвинителството тврди дека ги разгледува сите извештаи на ревизорите. Јавното претпријатие „Железници - Инфраструктура“, Јавното претпријатие за државни патишта ...

Неидентификувана активистка од групата наречена Уралска феминистичка иницијатива беше приведена на 4 мај во индустрискиот град Челјабинск додека држеше натпис на кој пишуваше: „Немањето деца не е кривично дело“. Според ОВД-инфо (OVD-Info), организација која ги следи проблемите на политичката репресија во Русија, младата жена подоцна била ослободена без да биде покренато обвинение против неа. Додека многу минувачи можеби за првпат го видоа го ...

Радио Слободна Европа вработува новинар/ка за вести и прилози во Бирото во Скопје. Новинарот за вести и прилози треба да известува и да пишува добро структурирани вести. Одличната способност за пишување, брзината, точноста, вниманието на деталите и искуството за проверка на факти како новинар, се од суштинско значење. Новинарот за вести и прилози треба да биде способен да работи ефикасно под притисок и како член на тимот, доставувајќи широк ...

Северна Македонија во последниот период забави со реализација на капиталните проекти и со привлекување на странски инвестиции и тоа делумно е причина зошто има најниски минимални плати во регионот. Економски експерти предупредуваат дека платите мора да растат, особено за да се спречи иселувањето. Со минимална плата која во моментов изнесува 367 евра, Северна Македонија и натаму е меѓу земјите со најниски минимални примања во Европа. Главните ...

Капацитетот на Европската Унија за производство на артилериска муниција од 155 мм може да биде помал од половина од јавните проценки на високи претставници на ЕУ, што пак може да влијае на способноста на блокот да ги исполни ветувањата за испораките на Украина, откри истражувачката единица на украинскиот сервис Шеми и нејзините партнери во новинарската истрага. Покрај прашањето за капацитетот, интервјуата со производители на муниција, купувачи, ...

На делницата која дел е изградена, а дел се уште се гради кај Момин поток, ќе треба одново да се работи ако се реализира гасоводниот прстен околу Скопје. Ова произлегува од ревизорскиот извештај кој открива дека државната Номагас предвидела градење на гасоводот, но на градот не му се чекало. „Изградена е нова сообраќајница и кружен тек, со што при изградба на гасоводниот прстен би требало повторно да се работи на веќе изградените објекти“, ...

Дали начинот на кој функционира Универзитетскиот клинички центар Љубљана може да се преслика при спојувањето на скопскиот Клинички центар, реформа што најави новата Влада? Македонски доктори кои работат во Словенија за РСЕ ги објаснуваат разликите меѓу македонското и словенечкото здравство Универзитетскиот клинички центар(УКЦ) во Љубљана, најголемиот болнички центар во Словенија, е примерот според кој би можел да се спои и да функционира ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
93%
1024
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Софија

8ᴼ / 1ᴼ
1.03
58%
1023
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.23
89%
1022
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 6ᴼ
0.45
86%
1022
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
79%
1021
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
1022
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
87%
1022
Currency

61.53

Currency

52.9853

Currency

69.6684

Currency

34.5999

Currency

37.7613

Currency

66.8287

Currency

7.44934

Currency

0.65657

Currency

0.34291

Currency

0.52612

Currency

1.25406

Currency

0.599