За Северна Македонија, Кос беше испрашувана од бугарските парламентарци околу прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот. Очекувано, таа застана на страната на Софија, укажувајќи дека интересите на земјите-членки „се на прво место“ и дека блокот „не може да увезува билатерални прашања“. Потенцијалната еврокомесарка за проширување Марта Кос доби „зелено светло“ од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел на 7 ...

Уставните измени би можеле да бидат прашање кое ќе ги обедини власта и опозицијата, но тешко е да се предвиди дека би се нашле на иста фреквенција и за други национални прашања. Дел од аналитичарите сметаат дека досега имало само „инцидентни“ обединувања, а некои очекуваат повеќе поделби, но за тоа се важни и внатрепартиските случувања, пред се во СДСМ. Барања и понуди за предвремени избори, жестока дебата со навреди и обвинувања на првите ...

Договорот за економска соработка меѓу Косово и Србија, признавање на Косово од страна на Израел, политички несогласувања и обвинувања - ова се дел од настаните кои го одбележаа односот на Косово со претходната американска администрација под водство на Доналд Трамп во 2016-2020 година. Соединетите Држави тогаш инсистираа на економска нормализација на односите меѓу Косово и Србија со образложение дека благосостојбата на граѓаните ќе ја стави ...

Пораки со честитки за импресивната победа на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп на 47-те претседателски избори во САД упатија македонскиот државен врв и опозициските лидери. Сите со очекување да се продлабочи стратешкото партнерство меѓу двете земји. Покрај светските лидери и македонските политичари испратија срдечни честитки, набрзо откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп на 47-мите претседателските избори во ...

За време на неговата претседателска кампања, Доналд Трамп даде големи ветувања за тоа што се очекува доколку се врати во Белата куќа. „Со ваша поддршка, ќе ја вратиме силата, доминацијата, просперитетот и гордоста на нашата нација. Ова ќе биде новото златно доба на Америка“, рече Трамп две недели пред денот на изборите. Сега кога Трамп освои втор мандат како претседател, што може да се очекува од неговата претстојна администрација? Одговорот ...

Граѓаните можат да ја тужат државата и да бараат надомест на штета ако трпат последици по загадувањето по одлуката на Врховниот суд, но не веруваат судството. Правници за РСЕ објаснуваат и дека за да се тужи државата прво мора да ги донесе неопходните стратегии, а за отштета, треба да се создаде судска пракса. Скопје се наоѓа на 22-то место на најзагадени градови во светот, измери „Ервижуал“, светската страница која го мери квалитетот на ...

Трамп вети „златно доба“ за САД, а неговиот потпретседателски кандидат Џеј Ди Венс рече дека по „историското политичко враќање“ ќе следува и „историски економски камбек“. На адреса на Трамп веќе пристигнаа честити од челниците во ЕУ и НАТО, а честитаа и македонскиот премиер Мицкоски и лидерите од регионот. Поранешниот претседател Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД, откако проекциите покажаа дека тој победи во ...

Околу половина од сојузните држави во САД гласаа на историските претседателски избори чиј исход најверојатно ќе има големо влијание врз руската војна во Украина, воениот конфликт на Блискиот Исток и други глобални прашања како што се климатските промени. Американците го избираат 47. претседател помеѓу демократската кандидатка Камала Харис која е актуелна потпретседателка и републиканецот и поранешен претседател Доналд Трамп. Исходот во оние ...

04:59 Резултатите во САД засега според предвидувањата, се очекуваат „одлучувачките држави“ Исходот во оние држави каде заврши гласањето, според неофицијалните медиумски проекции, засега се според очекувано, но сè уште не се познати резултатите во т.н. одлучувачки држави. Како што се очекуваше, според неофицијалните проекции, Трамп победи во Алабама, Арканзас, Флорида, Индијана, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Охајо, Оклахома, Јужна Каролина, ...

Црвена боја и камења беа фрлани кон Градското собрание на Нови Сад на протестот на 5 ноември вечерта на кој неколку илјади луѓе бараат одговорност од властите за смртта на 14 лица при уривањето на настрешницата на Железничката станица во тој град што се случи на 1 ноември. Скршено е стаклото на вратата од Градското собрание, а група маскирани лица фрлија пиротехнички средства внатре. Полициски сили во опрема за разбивање демонстрации, ...

Во лиценцирани школи за странски јазици во Северна Македонија може да се полагаат 6 различни тестови за познавање на англиски јазик, меѓу кои и ТОЕФЛ и Кембриџ. МВР не открива дали ќе ги проверува само сертификатите од Бугарија или Албанија. Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска смета дека ова треба да се јавно достапни документи во биографиите на функционерите За кои функционери, поради кои причини и по кои критериуми им се ...

Американците почнаа да гласаат на историските претседателски избори чиј исход најверојатно ќе има големо влијание врз руската војна во Украина, воениот конфликт на Блискиот Исток и глобалните прашања како што се климатските промени. Гласачките места беа отворени во 5 часот наутро (по американско време) во некои источни држави, а гласањето ќе продолжи низ целата земја, вклучително и на Алјаска и Хаваи, се до вечерните часови во тие далечни ...

Американските разузнавачки и безбедносни претставници ги обвинија Русија и Иран дека ги засилуваат сајбер нападите и кампањите за дезинформации додека Американците се упатуваат кон гласачките места на 5 ноември за да гласаат на претседателските избори. „Актерите на влијание поврзани со Русија „произведуваат видеа и создаваат лажни написи за да ја поткопаат легитимноста на изборите, да влеат страв кај гласачите во однос на изборниот процес и ...

Планот за тргање на основите по кои се забранува дискриминација, како родовиот идентитет и сексуалната ориентација, ќе ги обесхрабри жртвите да побараат заштита, реагира дел од граѓанскиот сектор. Министерката за образованиe тбрди дека МОН е против секаква дискриминација, но смета дека нема потреба да се набројуваат сите основи за дискриминација. Од Комисијата за антидискриминација вела ова е политичка порака. Ако досега законите даваа јасна ...

На почетокот на мировните разговори кои започнаа неколку дена откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, Москва предложила договор чии еднострани услови значеа предавање на Киев. До овие сознанија дојде истражувачката единица на рускиот сервис на Радио Слободна Европа, Система (Systema). Според нацртот документот во кој имаше увид Система, прифаќањето на предлогот би ја оставило Украина неутрална нација со мала ...

УНЕСКО внимателно ја следи состојбата на Охридското Езеро, но дали ќе биде ставен на листата на светско културно наследство во опасност за РСЕ изјавија дека ќе одлучуваат во јули 2025. Жителите на Охрид и екологистите предупредуваат дека и натаму претераната урбанизација, преоптоварениот колекторски систем и загадените реките го уништуваат Охридското езеро. Во јули 2025 година Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и ...

Проевропската кандидатка е во тесно водство со помалку од илјада гласови пред нејзиниот противкандидат. Изборите се одржуваат во атмосфера на обвинувања за руско мешање во претседателската трка и во референдумот за потенцијалната интеграција на Молдавија во Европската унија. Актуелната проевропска претседателка на Молдавија, Маја Санду, е во тесна предност пред нејзиниот противкандидатот, Александр Стојаногло кој важи за близок до Русија, во ...

На Тетовскиот универзитет утврден е нелегален избор на двајца наставници, нерегуларности има и на „Апостол Павле“ и во Струга, открива министерката за образование, Весна Јаневска во интервју за РСЕ. Образованието заслужува оценка единица, вели Јаневска и најавува нови наставни методи. Поминаа повеќе од сто дена од вашиот мандат, ако треба да дадете генерална оценка за состојбата што ја затекнавте во образованието од 1 до 5, која оценка би ја ...

Молдавските гласачи ќе избираат помеѓу актуелната про-ЕУ претседателка Маја Санду и поранешниот генерален обвинител Александр Стојаногло, кој е поддржан од проруската Социјалистичка партија. Молдавскиот сервис на РСЕ ги претставува кандидатите, нивните кампањи и контроверзите во нивните кариери. Во вториот круг од претседателските избори на 3 ноември, молдавските гласачи ќе избираат помеѓу актуелната про-ЕУ претседателка Маја Санду, која ...

Во несреќата загинаа 14 лица, меѓу кои и еден државјанин на Северна Македонија. Спасувачката акција на железничката страница траеше до доцните часови на 1 ноември. Претседателот Вучиќ побара кривична и политичка одговорност. Обвинувања и барања за одговорност упати и дел од опозицијата. Во петокот, на 1 ноември, нешто пред 22 часот заврши спасувачката акција во Нови Сад, каде што 14 лица загинаа, а три беа тешко повредени откако се урна ...

Железничката станица во Нови Сад беше реконструирана и отворена во јули 2024, но според Железница на Србија- инфраструктура, настрешницата која падна и усмрти и повреди повеќе лица не била „предмет на реконструкција“. Најмалку тринаесет лица загинаа, а повеќемина се повредени откако денеска (1 ноември) се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, Србија. Веднаш по несреќата на терен излегоа 80 спасувачи од неколку градови кои со ...

Северна Македонија има амбиција за придвижување кон пристапните преговори со ЕУ, но треба да ги усвои уставните измени, изјави евроамбасадорот Микалис Рокас. Првичната анализа на Министерството за европски прашања за оценките на ЕК во извештајот е дека има земјава бележи напредок. Довербата во правосудниот систем треба да биде засилена, корупцијата да се решава преку следење на случаите во судовите и обвинителствата. Во борбата против ...

Кога Американците ќе гласаат за претседател на 5 ноември, нивната одлука ќе одекне низ целиот свет. Украина, чија одбрана против Русија во голема мера зависи од американската воена, финансиска и дипломатска поддршка, може да ги почувствува ефектите повеќе од која било друга странска земја. За време на претседателот во заминување Џо Бајден, Соединетите Држави и одвојуваа повеќе од 56 милијарди американски долари само за безбедносна помош на ...

Патиштата кон ЕУ, водат преку Уставни измени и преку коридорите 8 и 10. За некои македонски амбасадори патиштата може да водат назад, дома. Соединетите Држави пред крстопат. Њузлетер 01.11.2024 Автопатот накај ЕУ води преку уставни измени Европската Комисија го објави Извештајот за напредокот на европскиот пат на 10 земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ за 2024 година. „Северна Македонија сè уште нема усвоено релевантни ...

Резултатите од изборите во Молдавија и Грузија ги истакнуваат различните начини на кои нивните влади и граѓанското општество се спротиставија на руското мешање и другите криминални елементи во клучните моменти за двете земји. Гласовите од претседателските избори и референдумот за уставот на ЕУ во Молдавија и парламентарните избори во Грузија го истакнаа потенцијалот за драматично пренасочување на геополитичката ориентација на двете поранешни ...

Европската комисија го претстави своето годишно проширување на 30 октомври, со поинаков тон од минатогодишното објавување, кога извршната власт на ЕУ даде историски препораки: предложи отворање пристапни преговори со Молдавија, Украина и условно за Босна и Херцеговина, и предложи да се даде кандидатски статус. за Грузија. Оваа година, извештајот на Европската комисија имаше помалку големи вести и препораки. ЕК го претстави своето годишно ...

Околу 250.000 жени во Северна Македонија се надвор од пазарот на трудот. Причини за тоа се ограничена поддршка за детска грижа, домашни обврски, недостапност на флексибилни работни места и културни бариери. Вредноста на работата на домаќинките е проценета на 8 отсто од БДП. Според образованието, 36 годишната Ангела М. е медицинска сестра – има диплома за завршено четиригодишно средно стручно образование и положила државен испит за да може да ...

Северна Македонија сè уште нема усвоено измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата, како што се Бугарите. Ова меѓу другото стои во нацрт извештајот на ЕК во кој РСЕ имаше увид. Комисијата останува на политиките за проширување, но за Грузија го запира процесот. Бугарите како малцинство и нивниот влез во Уставот на Република Северна Македонија, се дел од нацрт извештајот на Европската Комисија која ...

Постојаните разузнавачки извештаи дека илјадници севернокорејски војници се упатуваат кон Русија го вклучија алармот дека тие би можеле да бидат искористени во војната против Украина. Тој страв сега се „кристализираше“ со потврда дека севернокорејските војници не само што се на руска територија, туку веќе се распоредени во западниот регион што се граничи со Украина, каде што руските сили се обидуваат да го победат украинскиот упад. Не се ...

Три почетоци на изградба на истиот пат на Коридорот 8. За ВМРО ДПМНЕ ова е најголем проект, а во опозиција го критикуваа договорот со Бехтел и Енка. ДУИ задоволни, СДСМ изненадени од промената на ставот на премиерот Мицкоски. Кога владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, договорот со Бехтел и Енка за изградба на Коридорите 8 и 10, го нарекуваа криминален, таен и најавуваа негово репреговарање. Сега, за министерот за транспорт и врски, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
990
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
4.12
71%
988
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
83%
989
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
4.12
75%
991
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.99
93%
992
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
97%
989
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
91%
989
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
987
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
988
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
94%
992
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
90%
988
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
994
Currency

61.635

Currency

51.8732

Currency

70.7867

Currency

36.9714

Currency

38.2337

Currency

67.4946

Currency

7.50345

Currency

0.67228

Currency

0.33801

Currency

0.52487

Currency

1.18836

Currency

0.57248

Кобалт

64.04

Бакар

11.98

Алуминиум

3.13

Паладиум

52309.26

Рутениум

45750.51

Цинк

3.44

Калај

50.54

Сребро

2475.93

Злато

159145.23

Родиум

339190.38

Платина

65523.22

Иридиум

213919.04