САД и ЕУ се загрижени од трупање на српска војска на границата со Косово. Белата куќа и шефот на европската дипломатија Борел повикаа да се повлечат тие сили. Тензиите меѓу Србија и Косово се зголемија по последните настани во Бањска, каде беше убиен косовски полицаец. Белата куќа ја повика Србија да го повлече, како што рече, големото воено распоредување од нејзината граница со Косово, во услови на зголемени тензии по смртоносните судири оваа ...

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека надлежните органи преку меѓународни партнери ќе бараат екстрадиција од Србија во Косово на „сите кои учествувале во планирањето и спроведувањето на терористички акции“ во Бањска. На 24 септември вооружени групи во ова село, во северниот дел на Косово, ги нападнаа косовските полициски сили при што беше убиен наредникот Африм Буњаку. Пет ...

Радоичиќ преку писмо признава дека стои зад нападот во манастирот во селото Бањска. Неговиот адвокат јавно го објави неговото писмо, вое кое стои дека токму тој ги направил сите логистички подготовки за, како што стои во писмото, „одбрана на нашиот народ од окупаторот“. Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде одговорноста за нападот врз полицијата во селото Бањска, изјави на 29 септември неговиот адвокат Горан ...

На прсти се бројат државните институции кои реализирале најголем дел од парите предвидени за капитални инвестиции. Има и такви со нула реализација. На тие што не трошеле, Владата ќе им ги земе и ќе ги пренамени за плати, пензии, субвенции. Нема да се градат и да се реновираат државни објекти, болници, затвори, се намалуваат парите за комунални услуги и урбанизам. Армијата крати од парите за интеграција во НАТО – за купување опрема и машини. На ...

На половина пат е шестиот закон за амнестија во државава, колку што имаше од осамостојувањето на државата досега. Затворите се уште се преполни, условите во нив - нехумани, а ресоцијализацијата и рехабилитацијата на затворениците е „заглавена“ кај недостигот на кадар да работи со нив. Што ќе смени последниот Закон за амнестија? Затворениците штo ќе излезат од другата страна на затворската капија, откако во Собранието ќе помине Законот за ...

Персоналот на американскиот Сенат соопшти дека хакери поврзани со кинеската влада украле околу 60 000 мејлови од сметките на 10 функционери на Стејт департментот во хакерски напад кој се случил летово Новите детали од претходно познат хакерски инцидент не само што би можеле да ја зголемат загриженоста на Вашингтон за хакерските напори на Кина, туку и да го зголемат притисокот врз технолошките гиганти да бидат потранспарентни за начините за ...

Њузлетер 29.09.2023 - Протести, чекање одговори, политички договарања, јавни прозивки... Стари кавги и нови актери. И меѓу нив - едно УСБ Стара приказна, нови актери Неделата ни почна со стара приказна, но со нови актери. По минатонеделната преписка за законот за амнестија во која фејсбук дописи стасуваа и од Будимпешта, на сцена се појави нов „актер“ - УСБ, мемориски стик на кој, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, имало докази за тајна оска ...

Додека опозицијата најавува блокада на предлог-законот за аместија, министерот за правда вели дека ќе им даде албум со фотографии и огледала на пратениците за да се погледнат пред да гласаат. Ако се донесе, законот целосно ќе ослободи најмалку 286 осуденици, а на 996 ќе им се скрати казната. Предлог-законот за амнестија за околу десетина дена треба да се најде пред пратениците во скратена постапка. Иако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ...

Вработени во судската администрација, поделени во два синдикати, во истовреме протестираа низ центарот на Скопје со исти барања - повисоки плати за 78 отсто и да им се исплатат додатоците на плата од 35 отсто, што не ги земаат со месеци. Колкаво покачување добиле судиите, да добијат и административците, порачаа синдикалците. Десетици луѓе чекаат да дојде 11 и 30 часот и веднаш да ја наполнат чекалницата на Кривичниот суд во Скопје. Судската ...

Со можноста да се изрече доживотен затвор за најтешки случаи за уништување на животнта средина, Северна Македонија влезе во друштвото на неколку нации кои го ставија „екоцидот“ во своето законодавство. Но, дилемите се дали ваквиот закон ќе се спроведува или ќе биде само на хартија? Северна Македонија стана дел од глобалното движење во борбата против уништувањето на животната средина, откако го криминализираше „екоцидот“ со последните измени на ...

Од „поддршка“ на стадионот и скандирање „Косово е Србија“ до заеднички собири на кои се величат фашистичките водачи од минатото. Објавите на социјалните мрежи укажуваат на оваа повеќегодишна соработка меѓу ултранационалистичките групи од Србија и Романија. Радио Слободна Европа (РСЕ) идентификуваше неколку романски и српски организации кои соработуваат во одбраната на „националните“ и „православните“ вредности. Истовремено, тие учествуваат во ...

Дијабетичарите се вознемирени од помагалата што ги добија. Од МАЛМЕД велат дека тендерот е според законот. Од веледрогеријата „Д-р Пановски“ , пак, тврдат оти испораката е направена според нарачката од Министерството за здравство. Од две зла, е бирано помалото, велат извори на Радио Слободна Европа за тоа како по последниот тендер, до дијабетичарите стигнаа глукометри за кои велат дека се без оригинално пакување, во најлонска кеса и без ...

Град Скопје ќе биде Европска престолнина на културата за 2028 година. Но, европските експерти кои ја разгледувале апликацијата во декември 2022 година, нотирале серија забелешки за понудената програма и инфраструктурни проблеми. Како Скопје ќе стане град на културата, градските власти не одговараат. Во радиус од еден километар, центарот на главниот град долго време изгледа на градилиште без роковник. Тарабите се уште ги кријат започнатите, но, ...

Парламентарните избори во Словачка, кои ќе се одржат во сабота, на 30.09.2023, би можеле да имаат одек и пошироко од оваа релативно мала централно европска држава. Ако им се верува на анкетите, постојат големи шанси Роберт Фицо, популист од партијата Смер, да се врати на власт откако беше премиер од 2006 до 2010 година и повторно од 2012 до 2018 година. Неговото враќање може да има големо влијание за западната политика, особено кон Украина. ...

Последната реформа на образованието по историја е направена во 2004 година и оттогаш се користат истите учебници. Кај учениците нема голем интерес, ниту им се приближува историјата која треба да создава критичко мислење, а не млади подложни на политички манипулации, вели историчарот Петар Тодоров. Гоце Делчев, Методија Андонов Ченто, цар Самоил...Ова се само некои од историските личности за кој во македонската јавност се воделе и се водат ...

Редовно на социјалните мрежи гледаме фотографии, видеа од политичари со деца од најразлични пригоди, па се поставува прашањето што од ова е злоупотреба на деца за политички цели? Експерти велат дека тоа е важно да се разграничи, бидејќи и покрај укажувањата, политичарите се уште тоа како да не го разбираат. На 31 август годинава премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше на отворање на детска градинка во Карпош 3. Покрај Ковачевски, настанот ...

Обвинетите чиј кривичен прогон ќе запре поради измените на Кривичниот законик, ќе може да бараат отштета за времето поминато во притвор, а парите ќе ги добијат од државниот буџет. Искуството покажува дека за отштета се исплаќале суми од 50, па до речиси 100 евра за ден поминат во притвор. Од 2017 година до сега, Врховниот суд донел 39 одлучи да им исплати оштета на граѓани за лежење во затвор. Од нив, во 31 биле поради неосновано лишување од ...

„Стоите во три реда, како во војска, рацете зад грб, главата исправена, оделото закопчано“. Вака соговорникот, вработен во кинеската компанија „Џиншан констракшн“, за Радио Слободна Европа (РСЕ) опишува како изгледаат средбите на работниците и менаџерите пред смената во рудникот во Мајданпек, на истокот на Србија. Изјавата за РСЕ ја дава анонимно затоа што, како што вели, се плаши од одмазда од работодавецот и губење на работното место. ...

Ситуацијата на северот на Косово на 25 септември е мирна, но косовската полиција сѐ уште го држи затворен приодот кон селото Бањска во општина Звечан, по смртоносниот напад од вооружени и маскирани лица на 24 септември. Косовската специјална единица поставила оклопно возило и други возила на раскрсницата Балабан, која води кон Бањска. Косовската полиција на 24 септември во раните утрински часови била нападната од маскирани лица, откако тргнала ...

Ситуацијата во соседството не се одразува на безбедноста во Северна Македонија, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска. Властите со загриженост следат што се случува во Косово и повикуваат на дијалог. Македонските државјани кои вчера беа во близина на насилството, се упатени дома. Безбедно се вратија дома македонските државјани кои вчера беа сместени во бања во близина на манастирот во селото Бањска на северот на Косово, каде што имаше ...

Северна Македонија планира да отвори нов рудник за јаглен среде поставените амбициозни цели за енергетска транзиција. Со ова државата ги игнорира меѓународните обврски и домашните стратегии и планови, но уште еден рудник во Пелагонискиот регион значи комплетна негрижа за здравјето на граѓаните кои страдаат од чести канцерогени заболувања, реагира граѓанската организација „Еко свест“. Владината компанија за производство на електрична енергија – ...

Очигледно не беше спонтан напад, изјави за Радио Слободна Чарлс Капчан, професор на Универзитетот Џорџтаун и поранешен директор за европски прашања во Советот за национална безбедност на САД во администрациите на Бил Клинтон и Барак Обама. Косовската полиција соопшти дека еден полицаец е одговорен за нападот на триесетина добро вооружени лица во Бањска ноќта меѓу саботата и неделата. Во акцијата на полицијата убиени се тројца напаѓачи, а ...

Тензии на северот на Коаово откако изутрината во местото Бањска е убиен косовски полицаец, а подоцна косовската полиција соопшти дека според официјални информации досега се убиени тројца напаѓачи во реонот на Бањски манастир акде имало 30 тина напаѓачи. Косовската полиција соопшти дека според официјални информации досега се убиени тројца напаѓачи на север на Косово. Во соопштението на косовската полиција се додава и дека четворица напаѓачи се ...

Премиерот на Косово Албин Курти соопшти дека околу 30 вооружени луѓе се обиколени од косовската полиција во и околу Бањскиот манастир откако во Звечане беше убиен полицаец, а двајца беа ранети. На пресконференција за новинарите, косовскиот премиер Албин Курти го нарече денешниот ден како „тежок ден“ за Косово, откако изутрината во пукање во Звечане загина еден полицаец, а двајца беа повредени. „Убиството на полицајците треба да се претвори во ...

Илузорно е да мислиме проблемот со аерозагадувањето можеме да го решиме две, три или четири години. Праксите покажуваат дека тоа се случува од десет до 20 години, одобено за големите градови, вели министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во неделното интервју на РСЕ. Г-ѓо Шукова, британски Гардијан објави дека сите во Европа дишат токсичен воздух, но во Северна Македонија е најтоксичен. Дали сте запрепастена од овој ...

Синовите тинејџери на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров - Адам, Ахмат и Зелимхан, ги полнат насловните страници на домашните медиуми, но и на тие во Москва. Кадиров, во време на засилени гласини за неговото здравје, сака да испрати порака до сите со политички амбиции, дека власта останува во рацете на неговите деца, коментираат аналитичари. На прв поглед, тој изгледа како секој друг средношколец во облека на опасно момче и со бејзбол капа свртена ...

Северна Македонија протера руски свештеник под сомнение за шпионажа. Една недела подоцна, и Бугарија го протера истиот свештеник кој со години живеел во Софија. Што знаеме за архимандритот Васијан, претставникот на Московската патријаршија во Софија? Рускиот 48-годишен свештеник секој ден со години го напушта својот стан наутро елитна улица „Саборна“ која се наоѓа во центарот на Софија. Додека пешачи 350 метри до црквата каде што служи - Руската ...

Покрај борбата за лекот „трикафта“, пациентите со цистична фиброза тешко доаѓаат и до основната терапија со „креон“. Пациентите повторно не ја исклучуваат опцијата да организираат нов протест. Голготата на пациентите со цистична фиброза и борбата да се стигне до лекот „трикафта“ кој за нив живот значи, се уште трае. Кон почетокот на месец март вкупно 12 пациенти почнаа да примаат „трикафта“, но останатите 68 пациенти во земјава, кои се ...

Њузлетер 22.09.2023 - Се отвораат картите од политичките игри под маса во врска со уставните измени. За пензионерите засега нема поголеми пензии, но за нив и за другите граѓани, за кои нема повисоки плати, има “гарантирани цени“. Законот за амнестија заглави во Влада Главна тема деновиве во јавноста, по медиумите, меѓу политичарите беше и сеуште е: кој сѐ се сретнал или не се сретнал со „политичкиот пензионер“ и бегалец Никола Груевски, што ...

Северна Македонија треба да се погрижи нејзините закони не само да се во согласност со Уставот, туку и со европските очекувања и стандарди, вели специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар коментирајќи ги последните измени на Кривичниот закон во Северна Македонија. Во интервју за Радио Слободна Европа тој вели дека корупцијата е најголемиот проблем во земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Во ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52