Министерството за здравство остана глуво на барањата на луѓето со ретки болести – обвинија голем број здруженија и граѓани, кои се собраа за да го одбележат Денот на ретките болести. Додека ресорниот министер ветува редовна терапија преку променета тригодишна постапка, од друга страна, здруженијата уште не се уверени и бараат гаранции дека лековите и услугите ќе стигнат до пациентите. Од Националната алијанса за ретки болести на Македонија ...

Словенечката репрезентација ја победи Чешка на гостински терен, со резултат од 86:84 (21:27, 15:27, 27:9, 23:21) во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во кошарка 2027 година. Иако Чесите целосно доминираа во текот на првото полувреме, имајќи неколку пати предност од дури 19 коша разлика, во вториот дел Словенците направија голем пресврт за победа. Чешка ја доби првата четвртина со резултат од 27:21, како и втората со ...

Наследникот на Ворен Бафет, Грег Абел, го објави своето прво писмо до акционерите на Беркшир Хатавеј, бидејќи компанијата истовремено регистрираше отпис од 4,5 милијарди долари на своите удели во Крафт Хајнц и Оксидентал Петролеум. Абел ја презеде функцијата извршен директор на почетокот на јануари, па ова е негова шанса да го постави тонот за идното раководство на конгломератот. Инвеститорите внимателно следат дали ќе има големи промени, но ...

Најмалку 22 лица се убиени по проиранските демонстрации во Пакистан, во кои стотици луѓе маршираа кон американскиот конзулат во Карачи. Безбедносните сили во Ирак, исто така, употребија солзавец кон демонстрантите кои се обидоа да ја нападнат амбасадата на САД во Багдад, пренесува Гардијан. Додека гневот расте откако во американско-израелските напади е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, толпа демонстранти во Карачи ...

На влезот во Струмица, во рамки на катастарската парцела 6531/23, каде е формирана градежна парцела 41.60, се гради станбен блок, каде како инвеститори се јавуваат повеќе правни и физички лица. Меѓу коинвеститорите е и бугарска фирма во сопственост на извесен Влатко Јовановски, чие име и презиме одговара на вработен во струмичката компанија „Дано-Транс“, која е во сопственост на баџанакот на премиерот Христијан Мицкоски. Од компанијата не ...

Редовната физичка активност не придонесува само за подобро телесно здравје, туку може да помогне и во контролирање на емоциите во стресни ситуации. Истражување објавено во научното списание „Акта психологика“ покажува дека повисоката кардиореспираторна кондиција е поврзана со пониско ниво на анксиозност и гнев, како и со поголема емоционална издржливост. Истражувачите од Федералниот универзитет во Гојас, Бразил, спровеле експеримент со 40 ...

Столб од густ чад се издига од областа каде што се наоѓа американската амбасада во Кувајт, а пожарникарите се упатиле кон областа и работат, додека персоналот од амбасадата е во засолниште во објектот, пренесува Ројал њуз. Во исто време, компанијата KIPIC на емиратот објави дека беспилотно летало удрило во рафинерија, при што биле повредени двајца работници. Претходно, властите соопштија дека воздушната одбрана пресретнала – неодреден – број ...

Помеѓу внимателниот оптимизам и отворениот песимизам, европската приказна на Македонија повторно се најде во зона на неизвесност. Извештајот на европратеникот Томас Вајц донесе формулација што на прв поглед звучи охрабрувачки, бидејќи бележиме институционален напредок. Но, зад дипломатските редови се чита и нешто друго: политичката бариера не е поместена. Во домашната јавност тоа се преведува на едноставно прашање – дали сме поблиску до ...

Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Тај, најави дека е многу реално Иран да се повлече од Светското фудбалско првенство по американските и израелските воени напади, а веќе се отвора прашањето која селекција би можела да го замени. Доколку Светската фудбалска федерација одлучи дека Иран нема да настапи, неговото место ќе ѝ припадне на некоја азиска селекција. Во игра се две опции и тешко дека ќе се оди надвор од тие рамки. ...

Американски борбен авион Ф-15 утрово е соборен и се урна во Кувајт. Според видеата објавени на Икс, пилотите ги активирале своите падобрани за итни случаи и биле спасени по слетувањето на земја. Првичните проценки покажуваат дека авионот бил соборен од пријателски оган додека американскиот борбен авион летал над Кувајт како дел од операција за лоцирање и соборување на непријателски беспилотни летала. Видеата го прикажуваат двомоторниот ...

Откако САД и Израел во текот на викендот започнаа напади врз Иран, цените на нафтата утринава нагло пораснаа, а берзанските индекси паднаа, заканувајќи се да го нарушат глобалното економско закрепнување и можеби повторно да ја разгорат инфлацијата, пренесуваат светските медиуми. Цената на американската сурова нафта синоќа се зголеми за дури осум проценти, на околу 72 долари за барел, а подоцна се стабилизираше на 71 долар. Суровата нафта ...

Ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток доби нова, загрижувачка димензија откако, според првичните извештаи, Иран извршил напад врз нафтена инфраструктура во Саудиска Арабија. Со беспилотни летала од типот „шахид“ бил погоден објект на „Сауди Арамко“ во Рас Танура, локација што важи за еден од најголемите и стратешки најзначајни нафтени центри во светот. The footage 👇 of direct hit pic.twitter.com/iIdbt0VEGX — Acharya Chanakya ...

Во земјата денеска ќе преовладува прeтежно облачно време. По одделни котлини има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 2, а максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко. Во делови од котлината има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ...

Денеска во дербито од 27 коло во најсилното италијанско првенство фудбалерите на Рома на домашен терен ремизираше 3:3 против Јувентус. Римскиот клуб на стадионот „Олимпико“ водеше по првото полувреме со голот на Весли Франка во 39 минута. Израмни екипата од Торино на стартот од вториот дел (47`) преку Консеисао, а Рома ја врати предноста во 54 минута благодарение на погодокот на Ндика. Во 65 минута Мален се погрижи за 3:1, а до самиот крај ...

Нови сирени за воздушен напади се огласија изутринава во Израел и Кувајт откако Иран започна со нов напад со балистички ракети. Како што информираат медиумите Тел Авив веднаш возврати со воздушни напади врз цели во Либан откако Хезболах претходно испука ракети врз Хаифа. Поради ракети и беспилотни летала лансирани од Либан рано утрово исто така беа активирани сирени во Хаифа и низ северен Израел, откако Хезболах изврши напади врз земјата во ...

Британската воздухопловна база (RAF) Акротири на Кипар е погодена со беспилотни летала, потврди Министерството за одбрана на Велика Британија. Во нападот нема жртви, но како мерка на претпазливост, персоналот кој не е неопходен за работењето на базата ќе биде привремено преместен. Владата на Велика Британија сè уште не потврдила од каде дошол дронот и најави истрага за случајот, пишува „Скај њуз“. Како што наведува медиумот дронот не се знае ...

Ирански официјални претставници соопштија дека загинале најмалку 153 луѓе, меѓу кои и деца, откако, напад погодил училиште во јужен Иран, објави Би-би-си. Иран ги обвини САД и Израел за нападот. Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека ги разгледува извештаите за инцидентот, додека израелската армија наведе дека „не е запознаена“ со какви било операции на ИДФ во таа област. Училиштето за девојчиња се наоѓало во ...

На глобалниот пазар на благородни метали денес, златото продолжува да котира на високо ниво, што ја одразува зголемената побарувачка на инвеститорите во услови на неизвесни економски индикатори. Според најновите пазарни податоци, спот-цената на златото во Европa се движи околу 4.593 евра за унца (31,1 грам), со околу 147 евра за грам 24-каратно злато во најновите котации. Грам злато денес чини 141 евро Златото по високи цени на светските ...

Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, в понеделник без електрична енергија ќе останат делови од Тетово и од тетовското село Желино. Според најавата, во село Желино прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот. Без струја ќе бидат објекти кои се наоѓаат во центарот на селото. Во Тетово, пак, прекинот е предвиден од 09:00 до 14:30 часот, при што без напојување ќе остане дел од улицата „Вонвардарска“. Надлежните информираат дека ...

1459 – Роден е холандскиот свештеник Адријан Флорисзон, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година станал единствениот холандски поглавар на римокатоличката црква во нејзината историја. Умрел во септември во 1523 година, не успевајќи да ја оствари замислата за обединување на европските земји во борбата против Отоманското царство. 1810 – Роден е италијанскиот свештеник Винченцо Ѓоакино Печи, кој како папа Лав XIII во текот на ...

Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се наоѓаат во ризичните подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за информираат дека досега повеќе од 150 граѓани стапиле во контакт со амбасадите во Тел Авив, Доха и во Абу Даби, барајќи информации за можностите за евакуација. Од МНР посочуваат дека со сите пријавени луѓе се одржува редовна комуникација и дека, доколку се одлучат ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие детектирал објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник, соопшти полицијата. „Веднаш по добиените сознанија беше постапено итно и координирано, при што беа преземени сите неопходни мерки и активности за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко време ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека во моментов нема закани по стабилноста и безбедноста на државата, ниту, пак, индикации за ризик во регионот, по седницата на Советот за безбедност посветена на случувањата на Блискиот Исток откако САД и Израел го нападнаа Иран во саботата. Таа посочи дека институциите внимателно ја следат ситуацијата и дека функционира систем за рано предупредување, при што надлежните органи се во ...

Сирени за тревога поради сомневање за инфилтрација со дронови се огласија низ северниот дел на Израел, објави „Тајмс оф Израел“. Предупредувањата се активирани во бројни населени места во Горна Галилеја. Засега не е јасно од каде потекнуваат дроновите. Претходно, израелската војска соопшти дека соборила повеќе од 50 дронови лансирани кон Израел од Иран. Иранскиот министер Аракчи: Трамп нема право да ни каже да нѐ возвраќаме, имаме право да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ја изнесе, како што ја опиша, можната временска рамка за конфликтот на САД со Иран, сугерирајќи дека операцијата би можела да трае неколку недели, објави Си-ен-ен. – Отсекогаш беше замислено како процес од четири недели. Сметавме дека ќе трае околу четири недели. Колку и да е силна земјата, таа е голема држава – ќе бидат потребни четири недели, или помалку – изјави Трамп. Неговите изјави ...

Дека светот копнее по вистински љубовни приказни сведочи и популарноста на серијата „Љубовна приказна: Џон Ф. Кенеди Помладиот и Керолин Бисет“ (Love Story: John F. Kennedy Jr. & Carolyn Bessette), која моментално се емитува на каналот Еф-икс и на платформата Хулу, пишува „Стил“. Приказната ги следи Џон Фицџералд Кенеди Помладиот и неговата сопруга Керолин Бисет, како и многуте неволји низ кои минувале и како пар и како поединци. Би ...

Фудбалерите на Арсенал вечерва на домашен терен го победија тимот на Челси со 2:1, во натпреварот од 28 коло од Премиер лигата. Арсенал поведе во лондонското дерби по корнер во 21 минута, кога Вилијам Салиба скокна највисоко. Челзи израмни во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме, со автогол на Пјеро Инкапје. Победничкиот гол за Арсенал го постигна Јуријен Тимбер во 66 минута, а Челси играше со фудбалер помалку од 70 ...

Во неделата, според извештаи, израелските воздушни напади ја погодиле болницата „Ганди“, лоцирана во северен Техеран, што претставува дополнителна ескалација на американско-израелската воена акција против Иран. Нападот се случува еден ден по претходните удари, во беше убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи – развој на настаните што дополнително ја влоши воената состојба. Операциите продолжуваат и во неделата навечер, при што ...

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои престојуваат во Катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и во Бахреин да бидат претпазливи и редовно да ги следат официјалните соопштенија. Од Владата порачуваат граѓаните доследно да ги почитуваат насоките и препораките на надлежните институции во земјите каде што се наоѓаат. ...

Израелските воздухопловни сили завршија бран напади насочени кон ирански штабови во Техеран, каде што биле собрани ирански војници, изјави портпаролот на израелската војска, бригаден генерал Ефи Дефрин, на прес-конференција. Дефрин посочи дека во нападите биле вклучени повеќе од 100 борбени авиони на израелските воздухопловни сили, при што биле погодени десетици штабови на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, вклучително и неговите ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
56%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.6
90%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
74%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
77%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
54%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Калај

43.91

Паладиум

44753.84

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86

Родиум

358480.82

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00