Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Фудбалерите на Интер продолжуваат сигурно да чекорат кон титулата во Серија А, откако на домашен терен ја совладаа Џенова со 2-0. Скудетото сè повеќе изгледа како прашање на време за „нераазурите“. По разочарувачката елиминација во плејофот од Лигата на шампионите против Бодо глимт, тимот предводен од Кристијан Киву целосно се фокусираше на домашното првенство, каде што засега нема вистинска конкуренција. Патот до новите три бода беше ...
Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години триумфално го почна настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство – Б лига што се одржува во Струмица. Избраничките на Катерина Милеска во првото коло ја совладаа селекцијата на Грузија со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Елена Наумоска во 70 минута од натпреварот. Нашите репрезентативки можеа да забележат и поубедлива победа, но не успеаја да ...
Црногорскиот бизнисмен Ацо Ѓукановиќ е уапсен по претрес на неговата семејна куќа во населбата Растоци во Никшиќ. Братот на поранешниот претседател на Црна Гора е врзан со лисици откако полицијата пронашла три пушки, полициска опрема и панцири. Бизнисменот Ацо Ѓукановиќ е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело недозволено поседување и носење оружје и експлозивни материи, потврдија Полициската управа и Основното државно обвинителство ...
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето во саботата остана заглавен во Дубаи со своето семејство, откако сеопфатните напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран и возвратната одмазда доведоа до затворање на воздушниот простор и откажување на летовите низ Блискиот Исток, објави Ројтерс. Министерот заминал од Рим во петокот вечерта со комерцијален лет за да му се приклучи на семејството кое веќе било на одмор во Дубаи, ...
Членот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, Виктор Ефремовски беше вистинско изненадување за одбраната на селекцијата на Луксембург во третото коло од претквалификациите за Евробаскет 2029 и победата во Скопје над истиот противник со резултат 79:70. Откако влезе во игра, во краток временски период постигна 10 поени, и даде силен придонес во креирањето на двоцифрената предност, која беше некоја константа низ текот на дуелот ...
По нападот на Иран врз територијата на Обединети Арапски Емирати, вклучително и градот Дубаи, безбедносната состојба во регионот дополнително се усложни, а загриженоста се прелеа и во спортските кругови. Сè погласни се шпекулациите дека Кошаркарски клуб Дубаи би можел да остане без можност да ги организира своите натпревари во Евролигата и АБА лига, доколку безбедносните услови не се стабилизираат. Во таков случај, клубот би морал да бара ...
Израелските воздухопловни сили моментално спроведуваат нов обемен бран воздушни напади врз „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, објавија денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесува Тајмс оф Израел. Израелската војска соопшти дека израелските воздухопловни сили вчера извршиле обемни напади „за да воспостават воздушна супериорност и да го отворат патот кон Техеран“. Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) ...
Кошари е едно од најпознатите традиционални јадења во Египет – едноставно по состав, но богато по вкус. Станува збор за целосно посен оброк кој комбинира ориз, леќа, наут и тестенини, прелиени со ароматичен сос од домати и заокружени со обилен слој крцкав пржен кромид. Иако содржи неколку компоненти, подготовката не е сложена, а резултатот е хранлив оброк, идеален и за семејна трпеза и за дружења. Основата ја сочинуваат сварени кафеава леќа ...
Доделувањето на Британските музички награди се одржа синоќа во Манчестер, во арената „Ко-оп лајв“, каде најголемите имиња на британската и светската музичка сцена продефилираа на црвениот тепих и на бината. Церемонијата ја водеше британскиот комичар Џек Вајтхол, кој со препознатлив хумор и провокативни досетки ѝ даде динамика на вечерта, комбинирајќи гламур, иронија и директни забелешки на сметка на ѕвездите. Апсолутна победничка беше ...
Стотици демонстранти утрово се обидоа да го заземат силно обезбедуваниот комплекс во кој се наоѓа американската амбасада во Багдад, по смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави новинар на АФП. „Нивните напори досега не успеаја, но тие продолжуваат да се обидуваат“, изјави за АФП извор од ирачките безбедносни сили. BREKING 🌟❌🚨 AMERICAN EMBASSY IN BAGHDAD IS UNDER ATTACK BY THE PEOPLE pic.twitter.com/Dv3biekJ8M — SKM ...
Во пет наутро социјалните мрежи се преполни со „докази“ дека ранобудниците веќе го фатиле денот. Експертите што се занимаваат со продуктивност често тврдат дека токму таа рутина ја прави разликата меѓу најуспешните и просечните. Како примери редовно се наведуваат извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, претприемачот Ричард Бренсон и актерката Џенифер Анистон, кои се познати по тоа што денот го започнуваат во раните утрински часови, пишува ...
Во руски напад во регионот Дњепропетровск во источна Украина, загина едно лица, а четворица се ранети, изјави началникот на регионалната воена команда, пренесува Москва тајмс. „Непријателот нападна три области од регионот десет пати со беспилотни летала и артилерија“, рече Олександр Ханза преку Телеграм. Во регионот Синелвики, заедниците Славхород и Меживска беа погодени и „за жал, еден маж беше убиен“, додека „уште еден маж и една жена беа ...
„Знам кој ќе го наследи, но не го кажувам тоа“, вели американскиот претседател Доналд Трамп, помеѓу шега и сериозност, за наследникот на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Од САД, синот на шахот, Реза Пахлави, се изјаснува како подготвен да се врати во својата татковина и да се искачи на тронот. Без оглед на сè друго, за овој случај постои уставна одредба. Врз основа на ова, претседателот Пезескијан веќе ја презеде власта. ...
Жесток ирански противудар со балистички ракети вечерва беше изведен врз израелскиот главен град Тел Авив, а неколку ракети ги избегнале пресретнувачките капацитети и погодиле локации во центарот на градот, каде се слушнале повеќе големи експлозии нешто по 22 часот, јавуваат светските медиуми. Неколку згради се целосно уништени. Во Тел Авив моментов и натаму беснеат голем број пожари, а според првичните извештаи, еден човек загинал, а ...
Патниците брзаа да се евакуираат од еден од најпрометните аеродроми во светот во раните утрински часови во неделата по извештаите за ирански напад, бидејќи Техеран погоди туристички центри во пријателски настроените кон САД земји од Персискиот Залив. Драматичните снимки покажаа луѓе како трчаат за да избегаат од коридор исполнет со чад на меѓународниот аеродром во Дубаи, каде што властите потврдија дека четворица вработени се повредени. ...
Метал група „Лавина“ победи на националниот евровизиски избор во Србија и ќе ја претставува својата земја на годинашното издание на Изборот на песна за Евровизија во Виена, Австрија. Со песната „Крај мене“, бендот го освои првото место во финалето на „Песна за Евровизија ’26“ и обезбеди настап во втората половина од првото полуфинале, што ќе се одржи на 12 мај 2026 година. Во конечниот пласман зад „Лавина“ се најдоа Зејна на втората позиција ...
Иранските државни медиуми потврдија дека врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи е убиен во својата канцеларија во израелско-американските напади врз Иран, по претходните извештаи за неговото убиство од страна на американски и израелски претставници, пренесува Ал Џезира. Објавен е 40-дневен период на жалост за долгогодишниот ирански лидер. Потврдата денеска доаѓа откако иранските новински агенции „Тасним“ и „Мехр“ првично објавија дека Хамнеи ...
Министерството за внатрешни работи на Бахреин во саботата соопшти дека неколку станбени згради во главниот град Манама биле цел на ирански ракетен напад. Во соопштението, министерството соопшти дека екипите за цивилна заштита спроведуваат операции за гаснење пожари и спасување во погодените области, додека видео потврдено од АФП и Ал Џезира покажа ирански дрон како удира во станбен облакодер во Манама. Reportedly an Iranian drone hit the Era ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 1 март, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, март го започнувате со немир и силна желба нешто да промените. Можно е да почувствувате дека повеќе не сакате да чекате туѓ сигнал. Денеска ќе сфатите дека иницијативата е во ваши раце. Во односите, директноста ќе ви донесе олеснување, но изберете зборови внимателно. Бик Денот ве потсетува колку ви значи стабилноста. Ќе се ...
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток. По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре ...
Полицаец сопира некоја госпоѓа која возела брзо и ѝ вели: „Госпоѓо, покажете ми ги вашите документи“. На ова, таа му враќа: „Ве молам, не ме казнувајте. Јас сум професорка“. Полицаецот, со широка насмевка на лицето, ѝ вели: „Е долго го чекав овој момент. Ајде сега на лист да напишете 1000 пати: ‘Никогаш повеќе нема да возам брзо’“. Полицаец сопира некоја госпоѓа која возела брзо и ѝ вели: „Госпоѓо, покажете ми ги вашите документи“. На ова, ...
1498 – На патот кон Индија, португалскиот морепловец Васко де Гама како прв Европеец испловил на брегот на сегашната африканска држава Мозамбик. 1562 – Француските римокатолици, со благослов од Ватикан, најбрутално претепале околу 1.200 хугеноти (француски протестанти), предизвикувајќи ја религиозната војна којашто траела до 1598 година. 1643 – Умрел Џироламо Фрескобалди, италијански оргулист и композитор, најголем мајстор на оргули во ...
За многу луѓе, кафето е неизоставен дел од нивната утринска рутина – ја подобрува будноста, дава енергија и често е првиот чекор во новиот ден. Но, според невролозите, постои начин тоа да се направи уште покорисно за здравјето на мозокот. Со додавање на одредени зачини, кафето може да стане моќен сојузник во зачувувањето на менталните функции и спречувањето на невродегенеративните болести. Кои зачини го подобруваат кафето и здравјето на ...
Поминуваме околу една третина од животот спиејќи, а сепак често занемаруваме еден од клучните елементи што влијаат на квалитетот на нашиот сон: постелнината. Вистинските чаршафи можат да направат разлика помеѓу немирна ноќ исполнета со потење и вртење и длабок, освежувачки сон. Изборот на идеална постелнина може да изгледа комплициран поради мноштвото материјали, видови ткаење и маркетиншки тврдења за бројот на нишки. Сепак, со неколку ...
Реза Пахлави, син на последниот шах на Иран, коментираше на социјалните мрежи по веста за смртта на ајатолахот Али Хамнеи, велејќи дека тоа го означува де факто крајот на Исламската Република. Пахлави, кој живее во егзил во Соединетите Држави откако неговиот татко беше соборен за време на Иранската револуција во 1979 година, испрати остра порака до остатоците од режимот и ги повика безбедносните сили да се приклучат на народот. Крај на ...
Брачниот пар Сашка и Ѓорѓе Ѓоковиќ, брат на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, веќе извесен период престојува во Дубаи. Поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, меѓу жителите владее вознемиреност, а според информации на српските медиуми, Сашка и Ѓорѓе од безбедносни причини итно ја напуштиле зградата во која живеат. Станбениот објект се наоѓал во близина на Бурџ Калифа, една од најпознатите локации во градот. Според ...
Здолништето и патиките заедно сигурно можат да изгледаат стилски и модерно. За некои, оваа комбинација сè уште не е врв на елеганција бидејќи делува премногу лежерно, премногу секојдневно, но токму затоа е толку интересна. Кога е добро смислена, комбинацијата од здолниште и патики станува вистински моден погодок кој е лежерен, стилски и совршен за пролетните денови. Ви претставуваме изгледи што ги разбиваат предрасудите и покажуваме како ...
Дали навистина можеме да промениме некого? Тоа е прашање кое често ѝ се поставува на експертката за сексуални односи, Трејси Кокс. Нејзин општ совет е да избегнувате „лоши“ мажи, бидејќи добрите воопшто не се здодевни. „Ова најмногу ме прашуваат жени кои сакаат да го сменат партнерот. И секогаш е убава жена која прашува дали може да го промени ‘лошиот маж’. Има многу краток одговор на ова прашање: ’Дали сакаат да се променат?’“, вели Кокс. ...
Русија на неодамнешните преговори во Женева изјави дека е подготвена да го прифати американскиот предлог за повоени безбедносни гаранции за Украина, изјави во саботата Кирило Буданов, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Буданов ги откри овие информации во интервју емитувано на украинската телевизија, пишува Ројтерс. „На последните разговори, руската страна, на пример, изјави дека ќе ги прифати безбедносните ...
Снимки се споделуваат на социјалните мрежи од прославата во Техеран по објавувањето на смртта на ајатолахот. Во Техеран се слушаат извици на радост и аплауз откако две израелски телевизиски станици објавија дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен. Исто така, вечерва беше објавено дека фотографија од телото на убиениот ирански врховен лидер им била прикажана на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на американскиот ...