Грција ќе испрати две свои фрегати на Кипар, откако нападот од страна на ирански дрон врз британската воздухопловна база на Кипар ја активираше единствената одбранбена доктрина на Грција и Кипар, објави денес грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас. Според неговите зборови, Грција ќе испрати систем за одбрана против дронови „Кентаур“ на една фрегата, а ќе испрати и два авиони Ф-16, објавува Прототема. Дендиас утре ќе го посети и Кипар. Тој ...

Заврши предистрагата за смртта на триесет и двегодишниот Ведат Адеми кој почина на 17 март 2025 година во болницата во Куманово, само еден час откако му била поставена венска линија за администрирање лек во кој имало аналгин. Во неговата медицинска историја имало податок дека додека се лекувал во Германија, пројавил реакција на лек аналгин, ама до тој податок немало потпис и печат од докторот. Тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари, ...

Во екот на сезоната на награди, вечерта посветена на актерските остварувања уште еднаш потврди дека модата и филмот одат рака под рака. Наградите на Здружението на филмските актери не беа насочени само кон признанијата, туку и кон внимателно одбраните модни комбинации на славните личности. Како што сезоната на награди се приближува кон својата кулминација, црвениот тепих на оваа свеченост се наметна како елегантна модна увертира за самата ...

Новата минимална плата е 26.046 денари во нето-износ, односно 38.507 денари во бруто-износ, заедно со придонесите и данокот. Ова го објави министерот за економија Бесар Дурмиши, на прес-конференција по завршување на Економско-социјалниот совет. Министерот рече дека во нето-износ минималната плата се зголемила за 1.667 денари и дека зголемувањето веќе важи за мартовската плата што ќе се исплаќа во април. – Растот на минималната плата е ...

Три американски борбени авиони „Ф-15Е“ беа соборени во таканаречен инцидент со „пријателски оган“, објави Централната команда на САД, јавува Си-ен-ен. Според Централната команда на САД, кувајтската воздушна одбрана погрешно соборила најверојатно три авиони „Ф-15Е“ за време на интензивни борбени операции во кои биле вклучени ирански авиони, балистички ракети и беспилотни летала. „Сите шестмина членови на екипажите навреме се катапултирале, ...

Четворица американски војници загинале од почетокот на конфликтот со Иран, соопшти пред малку Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), потврдувајќи дека бројот на жртви меѓу американските сили расте, јави Си-би-ес. Еден од војниците, чие име засега не е објавено, бил тешко ранет за време на првичните ирански напади, по што им подлегнал на повредите. Според соопштението, „големите борбени операции продолжуваат“, а американските одговори на ...

Тензичната ситуација меѓу Израел и Иран би можела да предизвика сериозни последици и во спортот, особено во Евролига. Првиот човек на Партизан, Остоја Мијаловиќ, денеска соопшти дека натпреварот против Дубаи, кој требаше да се одигра во четврток во Белград, ќе биде одложен. Причината е јасна – тимот од Дубаи во моментов не е во можност да допатува во српската престолнина. Според информациите со кои располага Мијаловиќ, во Дубаи моментално ...

Новите воени судири и политички тензии во Блискиот Исток, особено вклучувајќи ги интервенциите на САД и на Израел врз Иран, предизвикаа бранови на нестабилност низ глобалните пазари. Овие случувања брзо се прелеваат насекаде во светот, па и во помалите економии како што е нашата. Првите сигнали веќе стигнаа – расте цената на нафтените деривати, поскапува златото, паѓа вредноста на акциите на меѓународните пазари, а со тоа и капиталот на ...

Повеќе од 400 македонски државјани побарале информации за евакуација од Блискиот Исток поради заострувањето на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, информира Министерството за надворешни работи. Во моментов се подготвува план за безбедно извлекување на граѓаните кои се наоѓаат во Иран, додека за оние во Обединетите Арапски Емирати и Катар засега нема услови за организирана евакуација. Од МНР соопштија дека, според податоците од ...

Дијана Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Рецептите почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата. Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно вистинско гастрономско уживање – сочно тирамису. – Она што ми се допаѓа кај овој рецепт е што не содржи „живи“ жолчки и што нема желатин, а сепак ја задржува формата и може да ...

Шпаркасе Банка АД Скопје го воведе новиот онлајн потрошувачки кредит – современо дигитално решение што овозможува брз, едноставен и целосно онлајн пристап до финансиски средства, без посета на експозитура и без административни процедури. Целиот процес се одвива дигитално, со највисоки стандарди на сигурност и заштита, при што од апликација до исплата на средствата се потребни најмногу 10 минути по одобрувањето. Решението е целосно без ...

Уште една повозрасна жена од кумановскиот регион ќе биде ексхумирана откако почна истрагата за серија убиства во регионот на селата Старо Нагоричане и Челопек, а за што осомничен е Трајко Б. овчар од селото Малотино, кој моментално се наоѓа во притвор. Обвинителството не открива од каде е третата потенцијална жртва за која е наредена ексхумација ниту кога починала, но открија дека се работи за повозрасна женска личност. Јавниот обвинител ...

Лука Дончиќ беше лидерот на Лос Анџелес лејкерс во триумфот над Сакраменто кингс, а дополнителна инспирација за одличниот настап имаше и од трибините каде што беше присутен најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ. Српскиот ас се наоѓа во САД поради настапот на турнирот Индијан Велс, па ја искористи можноста во слободно време да проследи и НБА натпревар. Novak Djokovic sharing a moment with Luka Doncic. Legends. ...

Во текот на изминатата ноќ, полицајци од СВР Охрид и ОВР Струга фатиле двајца малолетници кои управувале автомобили без возачки дозволи. „Синоќа околу 23:40 часот, при контрола во патниот сообраќај на пресекот на улиците ‘Сатеска’ и ‘Гоце Делчев’ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучија патничко возило ‘фолксваген голф’ со охридски регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема ...

Две лица се повредени денеска во инцидент во кој беше вклучен маж кој со нож напаѓал во станбена област во шкотскиот град Единбург, соопшти полицијата на Шкотска, пренесува Ројтерс. Скот Кенеди, главен инспектор на шкотските сили, рече дека полицајците биле повикани поради пријави за маж со нож порано утрово. Кенеди рече дека нарушувањето на редот е под контрола, дека не се верува дека постои поширок ризик за јавноста и дека инцидентот не се ...

Поради тековната безбедносна ситуација во регионот, летовите до и од Саудиска Арабија се суспендирани до 7 март, соопшти авиокомпанијата „Визер“. „Континуирано ги следиме случувањата и сме во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и другите релевантни институции. Како што се развива ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во ...

Поранешната учесничка во телевизиски реални емисии Кејт Фердинанд и претприемачката Луиза Зисман открија дека со своите деца ноќта ја минале во подрумите на своите домови во Дубаи, по ракетните напади што го погодија градот во саботата навечер. Тие се меѓу бројните познати личности и влијателни јавни фигури кои живеат во Дубаи и ги споделија своите искуства по нападите во регионот. Кејт Фердинанд, која со сопругот, поранешниот фудбалер Рио ...

Момче од Вевчани во саботата излетало со автомобил од коловозот на автопатот Скопје-Штип, а со тешки повреди завршила неговата 44-годишна сопантничка, исто од Вевчани. „На 28 февруари 2026 година, во 07:15 часот, во ОВР Свети Николе е пријавено дека на автопатот Скопје-Штип, кај Свети Николе, патничко возило ‘опел’ со вевчански регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.К. од с.Вевчани, Струшко, излетало надвор од коловозот,“ соопшти ...

Мајсторот на Хамонд, рок-визионерот и основач на култни групи од времето на Југославија, Тихомир Поп Асановиќ, на 10 март, во салата на Филхармонија во Скопје, ќе одржи концерт со голем број музички гости. Човекот што ја одбележа балканската рок-сцена, а кој својата младост ја помина во Скопје, со концерт ќе им се заблагодари на Македонците за убавите сеќавања што го следат целиот живот. Легендарниот џез и рок-органист Тихомир Поп Асановиќ ...

Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 проценти во однос на претходната одлука од 27 февруари 2026 година. Според пресметките на Комисијата, референтните цени на светскиот пазар бележат раст кај бензините од 2,977 проценти, кај дизелот од 0,464 проценти, кај екстра ...

Најголемата соларна електрана во Хрватска се гради во областа Промина, во внатрешноста на Шибеник. Ќе има повеќе од 300.000 фотоволтаични модули на две полиња. Се отстранува ниската вегетација и земјиштето се подготвува за изградба на најголемата соларна електрана. „Теренот е расчистен, има ниска вегетација, нема шума. После тоа, се планира теренот, се набива почвата и се засипува за да се создаде чисто плато за да можат да се монтираат ...

Расте бројот на пријави за семејно насилство во Велешко, а според податоците на институциите, во 2025 година бројките се повисоки во однос на претходните две години, објави СДК. Во СВР Велес лани биле регистрирани 93 случаи, во 2024 година 76, а во 2023 година бројот на пријави е 59. Во Центарот за социјални работи Велес во 2025 година се евидентирани 86 случаи, во 2024 година – 73, а во 2023 година, пак, 68 случаи. Податоците ги опфаќаат ...

Поранешниот премиер Артан Груби кој по 14 месеци бегство, се врати во Македонија и замина во куќен притвор, иако беше повеќе од пет часа во Обвинителството, не дал исказ за злоупотребите во Државна лотарија од над 8 милиони евра. Според последните информации од Обвинителството, неговата одбрана врши увид во доказите. -Одбраната на осомничениот врши увид во доказите и тој се уште не дал исказ по однос на сомненијата за стореното кривично дело ...

23-годишниот македонски напаѓач Марио Илиевски продолжува да прикажува одлични настапи во дресот на ФК Приштина, а вчера во косовското првенство постигна погодок каков што ретко се гледа. Приштина ремизираше 1-1 против ФК Дрита, а стрелец на единствениот гол за домаќините беше токму Илиевски. Македонскиот интернационалец погоди од центарот на теренот, мајсторски изненадувајќи го противничкиот голман и предизвикувајќи воодушевување кај ...

Иран утрово изврши напад во кој беше погодена канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а неговата судбина во моментов е непозната, соопшти Иранската револуционерна гарда. – За време на последниот ирански одговор врз Израел, канцеларијата на премиерот на овој криминален режим, како и локацијата на командантот на воздухопловните сили на овој режим, беа цел на ракетите „Хејбар“, се вели во соопштението објавено од иранската ...

Внукот на покојниот ајатолах и основач на Исламската Република Иран Рухолах Хомеини, Хасан Хомеини, веројатно ќе има истакната улога во размислувањата на свештениците што ќе одредат кој ќе го замени ајатолахот Али Хамнеи како врховен лидер. Убиството на 86-годишниот Хамнеи во американско-израелскиот напад донесе нова итност за одговарање на прашањето кој ќе биде следниот врховен лидер, јавува Ројтерс. Хасан Хомеини е најистакнатиот од 15-те ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во вторник ќе го прими генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој доаѓа во официјална посета на земјава. За него ќе бидат приредени највисоки државни и воени почести во Кабинетот на претседателот, по што е предвидена тет-а-тет средба, како и пленарни разговори меѓу македонската делегација и претставниците на НАТО. Во агендата е вклучена и заедничка прес-конференција на претседателката и ...

Скопските општини со различно темпо влегоа во меѓуопштинската акција на локалните самоуправи и Градот Скопје за мапирање и уривање на дивите времени објекти поставени по тротоарите, пешачките патеки, покрај пешачките премини и велосипедски патеки, кои со години ги узурпирале јавните простори низ главниот град. Како што соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во неговата најава за оваа акција, досега се предвидени отстранувања на 60 ...

Со доаѓањето на потоплите денови, дебелите палта, џемпери и јакни ги заменуваме со полесни парчиња облека. Но пред зимската гардероба да ја тргнете до следната сезона, неопходна е соодветна подготовка. Правилното складирање е клучно за да ја зачувате формата, бојата и квалитетот на ткаенината, а со тоа и да го продолжите нејзиниот век на траење, пишува „Нет“. Темелно чистење пред складирање Првиот и најважен чекор е целосно чистење на ...

Во време кога граѓаните се соочуваат со високи цени на прехранбените производи и зголемена неизвесност на пазарот, темата за нефер трговски практики повторно се најде во центарот на јавната дебата. Законот за забрана на нефер трговски практики, кој стапи во сила пред повеќе од една година, носеше очекувања за трајно намалување на цените и уредување на односите помеѓу дистрибутерите, трговците и добавувачите. Министерот за економија и труд, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
70%
1014
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
72%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.58
89%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
75%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
2.06
58%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Калај

43.91

Злато

144593.23

Родиум

358480.82

Алуминиум

3.19

Кобалт

3.86