Реалити ѕвездата Ким Кардашијан и седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, беа видени заедно за време на романтично патување во Аризона. Двојката, во видео објавено од „ТМЗ“, е фотографирана во близина на езерото Пауел. Според американските медиуми, тие уживале во пустинската атмосфера и зајдисонцето на оваа луксузна дестинација што се протега по должината на реката Колорадо низ Јута и Аризона. Достапните снимки ги покажуваат како ...

Словенец се повредил при скијање на Шар Планина. Според информациите од полицијата, во неделата, во 12:05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на местото викано „Бакардан“, блиску до Титов Врв, има повреден човек. Станува збор за 65-годишниот Ј.Р. од Словенија, кој паднал и се повредил и додека скијал. Тој бил преземен од ратрак-службата и пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде што му била укажана лекарска помош. Двајца скијачи ...

Тим лекари од Клиничкиот центар на Србија соопшти дека има повеќе причини за оптимизам во врска со здравствената состојба на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ отколку во претходните денови, објави „Блиц“. Состојбата на пациентот и натаму е сериозна, но продолжуваат мерките на интензивно лекување, рекле лекарите. – Врз основа на најновите анализи и параметри што се следеа, можеме да кажеме дека денес, повеќе отколку во претходните ...

Најновите достигнувања во градежната роботика овозможија изградба на куќа со три спални соби за само 24 часа, по значително пониска цена од традиционалната градба. Во Австралија, инженерите од компаниите „Крест Роботикс“ и „Ертбилт Технолоџи“ го развија автономниот робот наречен „Шарлот“ – машина со шест нозе, налик на пајак, способна со тродимензионално печатење да изгради цела куќа од 200 квадратни метри за само едно деноноќие. „Шарлот“ – ...

Фудбалерите на Шкендија потешко од очекувањата, но сосема заслужено, стигнаа до три бода против Пелистер славејќи со 2-1 на домашен терен во Тетово. Гостите го изненадија домаќинот на самиот старт. По само седум минути игра, Спировски најдобро се снајде по една мешаница по корнер и ја затресе мрежата за рано водство на битолчани. Шкендија веднаш возврати со офанзива и создаде неколку сериозни закани, а израмнувањето пристигна во 21. минута ...

Министерот за здравство Азир Алиу, кој е член на фракцијата на Алијансата за Албанците која е во рамките на владејачката Вреди, за „Слободен печат“ потврди дека „расчистиле“ со вицепремиерот Арбен Фетаи и за претставник на АА во преговорите за трансформација на Вреди во партија го назначиле Љатиф Арифи. Алиу и неговите поддржувачи не го признаваат Фетаи за преговарач во процесот на трансформација на Вреди, ниту евентуално новата партија што ...

Американската актерка Деми Мур се појави на 32. доделување на Наградите на Здружението на филмските актери, во Лос Анџелес, а нејзиниот изглед стана тема на бројни коментари на општествените мрежи. Demi Moore was glowing at The Actor Awards in Los Angeles, CA ✨🫶 pic.twitter.com/vzzdA0gUKt — Page Six (@PageSix) March 2, 2026 За оваа пригода таа избра креација од модната куќа „Скијапарели“ (Schiaparelli), украсена со долг дел што потсетува ...

Фудбалерките на Иран денеска во Азискиот куп за жени далеку од воените случувања кои ескалираа по нападите на Израел и САД одиграа фудбалски натпревар против Јужна Кореја. Пред натпреварот, селекторката Марзије Џафари одби да ги коментира воените теми и смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, нагласувајќи дека тимот мора да остане фокусиран на турнирот. Атмосферата за време на химната беше тивка и сериозна, иако имаше и по некоја насмевка кон ...

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, во телефонски разговор со својот ирански колега Абас Арагчи изјавил дека Кина го поддржува Иран во одбраната од, како што навел, американско-израелските напади, во услови на продлабочување на кризата на Блискиот Исток. Во серија дипломатски разговори со министрите за надворешни работи на Иран, Оман и Франција, Ванг го изложил официјалниот став на Пекинг за ескалацијата на конфликтот, објави ...

Познатата српска манекенка Аника Божиќ, која е во брак со арапскиот бизнисмен Јусуф ал Сарај, ги информирала своите следбеници на Инстаграм дека е евакуирана од Дубаи поради ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и САД. „Безбедна сум и евакуирана сум од Дубаи. Ви благодарам на сите што ми се јавивте. Добив стотици пораки, а вашата поддршка навистина многу ми значи. Доживувањето на нешто вакво те потсетува колку нормалниот живот е навистина ...

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески за МИА вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергенсите во формулирањето на цените на другите производи. Ристески во интервју за МИА денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a ...

На глобалниот криптопазар денес цената на најпознатата криптовалута биткоин се движи околу 65.000 американски долари откако бележи блага корекција во однос на претходните денови. Според најновите податоци, BTC се „одржува“ во тесен опсег со волатилност што ги третира инвеститорите внимателно, додека пазарот прави напори да ја задржи поддршката над клучните технички нивоа. Тргувањето денес ја одразува реакцијата на инвеститорите на последните ...

Шефот на иранската национална безбедност, Али Лариџани, соопшти дека Иран нема да преговара со САД демантирајќи го притоа пишувањето на „Волстрит журнал“ дека тој наводно приватно побарал дипломатска средба со американската делегација за обновување на преговорите и покрај отпочнатата воена операција на Вашингтон и Тел Авив кон Техеран. Лариџани изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го втурнал регионот на Блискиот Исток во хаос ...

Родилка родена во 1991 година во саботата починала на Клиниката за гинекологија и акушерство неколку часа по извршен царски рез, дознава „Слободен печат“ од свои извори. Од Министерството за здравство ја потврдуваат информацијата и велат дека од ГАК добиле информација дека случајот денеска го разгледувала комисијата за квалитет во болницата. Повеќе детали најавија за утре. Родилка родена во 1991 година во саботата починала на Клиниката за ...

На површина од 362 квадрати на улицата „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода се прави нов паркинг простор со капацитет од 21 паркинг место. Покрај паркингот, како што информираат од Општината, се изведува и атмосферски приклучок со што ќе се спречи задржувањето на водата при врнежи, а ќе биде поставено и ЛЕД осветлување за поголема прегледност и безбедност во ноќните часови. Уредувањето на сообраќајот во мирување е континуиран процес на ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со поддршка од Шведска, денеска ги додели наградите за најдобри новинарски стории за 2025 година на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“. Првата награда отиде кај Михаил Милошевски за сторијата „Уште пет града дознаа што им го загадува воздухот, што ќе преземат ...

Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте Попладневни вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот ...

Аргентинскиот фудбалски гениј и за многумина најдобар на сите времиња, Лионел Меси, продолжува да воодушевува со настапите во САД. Тој изминатата ноќ беше херој на Интер Мајами на гостувањето кај Орландо Сити. Тимот од Флорида славеше по голем пресврт со 4-2, а Меси со два погодоци беше централна фигура на натпреварот. Еден од неговите голови беше вистинска мајсторија од слободен удар. View this post on Instagram A post shared by Fabrizio ...

Гласините за врската меѓу Зендаја и Том Холанд добија нов пресврт откако нивниот долгогодишен стилист Ло Роуч изјави дека двојката веќе стапила во брак. На црвениот тепих на доделувањето на наградите на Здружението на филмските актери, Роуч во разговор со новинар рече: „Свадбата веќе се случи“, додавајќи низ смеа: „Ја пропуштивте“. На дополнително прашање дали тоа е вистина, тој одговори: „Апсолутно вистина“. Засега нема официјална потврда ...

Како и луѓето, кучињата имаат различни крвни групи, а познавањето на крвната група на вашето домашно милениче може да му го спаси животот. Иако трансфузијата на крв може да биде од суштинско значење во итни ситуации, давањето некомпатибилна крв може да предизвика опасни по живот реакции. Крвта од донор може да носи и паразити или вируси, поради што е важно да се разберат основите на кучешките крвни групи. Сите разлики во крвните групи се ...

Германија, според министерот за надворешни работи Јохан Вадефул, нема да учествува во воени акции против Иран. „Сојузната влада нема намера да се вклучува“, изјави Вадефул за германското радио Дојчландфунк . За разлика од Британија, која им дозволува на САД да ги користат британските бази во регионот за уништување на иранските ракети и ракетните лансирни рампи, Германија таму нема такви бази. „Ние исто така немаме ни соодветни воени ...

Советот за безбедност заседаваше повеќе од два часа зад затворени врати во Вила Водно, во сенка на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и растечката неизвесност околу можните регионални последици. Пораката од државниот врв е јасна: Македонија е стабилна и безбедна. Но, додека институциите уверуваат дека нема директна закана, дел од безбедносната јавност прашува дали реакцијата е навремена и суштинска или е само формална. По ...

Смртта на Али Хаменеи означува историска пресвртница – не само за Иран, туку за целиот регион. 86-годишниот духовен и политички водач беше убиен во израелско-американски воздушен напад. Според Уставот, совет од 88 шиитски верски лица треба да одлучува кој ќе го наследи. Можни кандидати се поранешниот претседател Хасан Рохани, синот на Хаменеи, Моџтаба, кој важи за близок до Револуционерната гарда, како и Хасан Хомеини, внук на основачот на ...

Комуналците на Општина Карпош започнаа со расчистување на депонијата лоцирана до СЦ „Борис Трајковски“, а се постави и рампа за да не влегуваат камиончиња и да истураат шут и друго ѓубре на просторот, се пофалија од Општина Карпош пред месец и пол. Оттаму тогаш дури најавија и дека општинските инспектори будно ќе следат и ќе превенираат случаи на несовесно фрлање отпад и дека ќе казнуваат согласно своите надлежности и законски прописи. ...

Инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи (МВР) неколку години управувал полициски хеликоптер со фалсификувана дозвола. Во тој период, според информациите што ги објави „Фокус“, со хеликоптерот се превезувале и високи политичари и министри. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава против него поради сомнение за „фалсификување исправа“ според Кривичниот законик. ...

Во Баку денеска капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, ќе испише нова страница во националната историја. На натпреварот закажан за 17:00 часот, Стојановски ќе се израмни со Тодор Гечевски по бројот на одиграни официјални средби во дресот со државниот грб, двајцата со по 90 настапи на официјални дуели. Според статистиката на ФИБА, во оваа бројка не се пресметани двата меча од Европското првенство во Полска ...

Колку пати дневно го земате мобилниот „само на секунда“, а потоа сфаќате дека поминал цел час? За тиктокерката Јона Бурчиjага од Калифорнија, оваа навика станала толку силна што повеќе не ја контролирала. Штом ќе го земела телефонот, автоматски ја отворала апликацијата и со часови гледала видеа – често без да забележи колку време поминало. „Не ни сфаќав колку време поминувам на интернет. Пред да ги сменам навиките, ги користев социјалните ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ѝ се обрати на јавноста. Тој пред малку изјави дека нападите на САД врз Иран не се насочени кон „промена на режимот“, иако призна дека раководството во таа земја се променило, објави Гардијан. „Ова не е таканаречена војна за промена на режимот, но режимот сигурно се променил и светот е подобар поради тоа“, рече Хегсет на прес-конференција во Пентагон. Министерот, исто така, потврди дека САД не ја ...

Откако во средината на февруари оваа година беа забележани активности за уривање и отстранување на познатиот угостителски објект пред влезот во „Рамстор мол“ во Центар, утрово објектот кој со години работеше и беше дел од трговскиот центар е речиси целосно отстранет. Засега нема информација дали урнатиот локал ќе биде заменет со нов угостителски објект, или пак просторот ќе се пренамени во пешачка зона. Откако во средината на февруари оваа ...

Во време кога сме бомбардирани со наслови за „милиони преку ноќ“ од медиумите и социјалните мрежи, лесно е да се поверува дека успехот е оддалечен само еден клик. Честопати има приказни за луѓе кои заработиле огромни суми пари во рок од неколку часа или денови – продавајќи акции во технолошки компании, лансирајќи вирални производи, па дури и тргувајќи со криптовалути. Сепак, вистинскиот финансиски успех ретко се случува случајно или без ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
70%
1014
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
72%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.58
89%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
75%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
2.06
58%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Родиум

358480.82

Алуминиум

3.19

Сребро

2179.44

Калај

43.91

Злато

144593.23

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51