Она што до пред неколку години изгледаше како незамисливо сценарио, сега станува реална можност: американските производители на автомобили се повлекуваат од дел од кинескиот пазар, додека кинеските автомобилски компании се обидуваат да стигнат што поблиску до американските потрошувачи. На оваа промена укажува и најновата анализа на американскиот портал Aксиос, според која американската автомобилска индустрија го забрзува повлекувањето од ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за проблемот со престојот на превозницте во Шенген-зоната рече дека Македонија има индивидуален пристап на решавање на проблемот и дека има впечаток дека најавените протести „се под притисок од една соседна земја која има свои политички причини“. – Нека си го решаваат тие тоа прашање како што мислат дека треба. Ние имаме ...

До овој момент, пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата погодени од пожарите во Грција, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, во координација со надлежните грчки власти, семејствата биле упатени кон најблиските евакуациски точки, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи. Од ...

Ерлинг Халанд продолжува да ги поместува границите. Норвешкиот голгетер доби дури четири признанија од Гинисовата книга на рекорди, со што уште еднаш се потврди колку неговиот учинок во елитниот фудбал е надвор од сите стандарди. Еден од рекордите го дели со Лионел Меси, додека останатите три ги постави самостојно, во конкуренција која со децении ги поставува највисоките стандарди. Сертификатите му беа врачени пред почетокот на новата ...

Македонската навигација (М-НАВ) пушти во употреба нов систем за управување со воздушниот сообраќај, кој треба да ја зголеми безбедноста и да им го намали оптоварувањето на контролорите во услови на зголемен број летови над Македонија. — Со новиот систем пред сè ја стабилизираме М-НАВ како давател на услуги и обезбедуваме поголемо ниво на сигурност, а ова е особено важно кога воздушниот сообраќај на македонското небо бележи енормен пораст. ...

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“, кој е стациониран во Пацификот, се упатил кон Блискиот Исток по извештаите за проблеми на носачот „Абрахам Линколн“, објави „Еј-би-си-7 њуз“, повикувајќи се на информации од американската морнарица. Ова се случува во период кога се појавија извештаи за проблеми со менталното здравје и со снабдувањето на носачот „Линколн“, кој веќе подолг период е на Блискиот Исток како дел од американските ...

На 34-годишна возраст почина порториканскиот боксер Причард Колон, десет години откако во рингот се здоби со тешки повреди на мозокот. Мечот кој се покажа како кобен за Колон се одржа во октомври 2015 година, а негов противник беше Американецот Терел Вилијамс. Во деветтата рунда, Вилијамс му зададе недозволени удари во тилот на Колон, но борбата не беше прекината. На крајот, Вилијамс беше прогласен за победник по дисквалификацијата на Колон. ...

Душан Влаховиќ стави крај на својата четири и пол годишна авантура во Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ. Српскиот напаѓач во Торино пристигна во јануари 2022 година од Фиорентина, но и покрај солидниот број голови, неговиот период во црно-белиот дрес остана проследен со бројни критики. Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ направи детална финансиска анализа на трансферот и пресмета дека Влаховиќ во целиот период го чинел ...

Александар Чепиговски од битолското село Ивањевци со трактор влегол директно во огнената линија за да помогне да се спаси селото Лознани во Пелагонија од синоќешниот голем пожар, во кој со изгореници беше повреден и еден човек, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. „Да истакнам еден локален жител, храбар тракторист од село Ивањевци, Аце, кој со неговиот огромен трактор направи големо дело орајќи ...

Македонскиот тим се враќа со три медали и една олимписка пофалба од 38. Интернационална олимпијада по информатика, која од 9 до 16 август се одржува во Ташкент, Узбекистан. Во конкуренција од 375 натпреварувачи од 92 земји, Дамјан Давков освои сребрен медал, додека Владимир Грчев и Никола Стојковски се закитија со бронза. Виктор Максимоски доби олимписка пофалба, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија. Македонскиот тим на ИОИ ...

Македонската шминкерка и пејачка Зорица Матијашиќ, позната како Зои Блаж, периодов престојува во Македонија со своето семејство, а убав повод за собирање со најблиските беше роденденската прослава на нејзината ќеркичка Мариа. Иако Мариа го прослави својот прв роденден во мај, Зои одлучи три месеци подоцна да ѝ приреди уште една прослава во Македонија, опкружена со семејството и блиските. За посебниот ден, мајката и ќерката беа модно ...

Златото повторно се враќа во центарот на вниманието на инвеститорите. По силниот раст во август, благородниот метал повторно се приближува до рекордните нивоа, додека централните банки и инвестициските фондови продолжуваат да ја зголемуваат изложеноста кон злато. Благородниот метал повторно станува еден од најбараните инструменти на глобалните пазари. По периодот на силна корекција во првата половина од годината цената во август се искачи до ...

Најџел Фараж, лидерот на британската десничарска Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП), повторно освои пратеничко место на изборите што самиот ги предизвика минатиот месец, поднесувајќи оставка поради контроверзиите околу неговите финансии. Фараж, кого претходно го пофали американскиот претседател Доналд Трамп и кој беше една од главните фигури во британската кампања за напуштање на Европската Унија, е предмет на ...

Се одигра натпреварите и од вториот ден на 54. меѓународен ракометен турнир Струга во кои славеа ГРК Охрид и РК Прилеп. Играчите на Прилеп славеа со 31:29 против Бутел и е во предност за второто место во групата А што носи борба за третата позиција на турнирот. Еден од најзаслужните за победата на Прилеп беше голманот Трајкоски кој запиша 16 одбрани. Од стрелците најефикасен беше Шипинкоски со шест погодоци, а на спротивната страна во ...

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,4 степени што ја погоди Колумбија претходно оваа недела се зголеми на 281, а стотици луѓе и натаму се водат како исчезнати, објави утринава новинската агенција ЕФЕ, пренесува Анадолија. Повикувајќи се на колумбиските власти, агенцијата соопшти дека 3.971 лице се пријавени како повредени, а 379 и натаму се водат како исчезнати. Земјотресот ја погоди Западна Колумбија во понеделникот, ...

Украинските мажи на возраст од 23 до 60 години кои подлежат на воена обврска повеќе нема да можат да добијат привремена заштита во Германија и би можеле да бидат депортирани, објави „УА.њуз“. Правилото важи само за оние кои пристигнале во Германија на или по 31 јули 2026 година. Украинците кои пристигнале во Германија пред овој датум и веќе имаат привремена заштита се во поинаква ситуација. Нивниот статус автоматски ќе биде продолжен до март ...

Бенџамин Менди некогаш беше еден од најценетите леви бекови во светот, а денес се обидува повторно да ја реактивира својата кариера во Полска. Францускиот фудбалер моментално настапува за Погоњ, но неговата кариера во последните години беше сериозно погодена од судскиот процес и тешките обвиненија со кои се соочи. Менди во 2017 година пристигна во Манчестер сити од Монако за 57,5 милиони евра, со што тогаш стана најскапиот дефанзивец во ...

Симон Трпчески одржа концерт за паметење вчера во Охрид, во Античкиот театар. Мајка му Нетка, сопругата Даниела, синовите Стефан и Андреј и ќерката Лара беа во првиот ред на концертот. Додека свиреше, светски познатиот македонски пијанист често погледнуваше кон своите најблиски и им се насмевнуваше, а во еден момент му се обрати и на еден од синовите. „Убава музика, нели?“, му рече Трпчески тивко, без микрофон, а ова беше една од ...

Не треба да прибегнуваме кон фолклор и емоции, туку секој треба да размислува и да работи на тоа како да живее во мир, стабилност и безбедност. Заедничкиот интерес треба да биде напредокот и интеграцијата на земјата во Европската Унија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на дебатата за 25 години од Рамковниот договор. Тој рече дека ја сака Македонија затоа што е негова земја, земја на неговите баба и дедо и прабаба и додаде дека ја сака ...

Славната оскаровка Никол Кидман во новото интервју се потсети на своите почетоци и бракот со холивудската ѕвезда Том Круз, за кого се омажи на само 22 години. И покрај предупредувањата дека тоа ќе ѝ ја уништи кариерата, актерката истакнува дека во тој момент љубовта ѝ била единствен приоритет. Во новото интервју за британскиот „Вог“, Никол Кидман ја отвоти душата за времето поминато со една од најголемите актерски ѕвезди. Том Круз и Никол ...

Во случај на семејно насилство кој не е лесно да се претстави и опише, полицијата во Велес вчеравечер ги уапсила и мажот и жената, соопшти МВР. Ова се случило откако двајцата се пресметувале со тупаници и дрвен предмет, а мажот, кој бил и под дејство на алкохол, се заканувал дека ќе ја запали куќата со плинска боца. „На 13.08.2026 во 00:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Г.Е.(52) и неговата 49-годишна ...

Славната оскаровка Никол Кидман во новото интервју се потсети на своите почетоци и бракот со холивудската ѕвезда Том Круз, за кого се омажи на само 22 години. И покрај предупредувањата дека тоа ќе ѝ ја уништи кариерата, актерката истакнува дека во тој момент љубовта ѝ била единствен приоритет. Во новото интервју за британскиот „Вог“, Никол Кидман ја отвоти душата за времето поминато со една од најголемите актерски ѕвезди. Том Круз и Никол ...

Најновото издание на издавачката куќа „Илика“ е романот „Забранета тетратка“ од италијанската писателка Алба де Сеспедес. Ова е втора книга во едицијата „Класици“ на оваа издавачка куќа. Преводот од италијански јазик е на Ирина Талевска, а лектурата на Софија Чолаковска-Поповска, додека за графичкото обликување на книгата се погрижија Ема Велковска и Марија Смилевска. Алба де Сеспедес е кубанско-италијанска писателка родена во 1911 година. ...

Европската централна банка предупредува дека забрзаната дигитализација на плаќањата може постепено да ја потисне готовината, иако повеќето компании во еврозоната сè уште прифаќаат банкноти и монети. Готовината сè уште е широко прифатена во еврозоната, но начинот на кој граѓаните плаќаат забрзано се менува. Европската централна банка (ЕЦБ) вели дека ширењето на безготовинските и дигиталните плаќања може да има несакан ефект – постепено ...

Обилни врнежи во текот на ноќта ја зафатија Источна Јапонија и поплавија патишта и десетици домови, заробија илјадници луѓе, а најмалку шестмина загинаа, објави „Кјодо њуз“. Јапонската метеоролошка агенција издаде највисоко, петто ниво на предупредување за поројни дождови во повеќе од една третина од општините во префектурата Чиба, во близина на Токио. Градовите Чиба и Ичикава, како и други општини, вчеравечер ги повикаа граѓаните веднаш да ...

Повеќе од 200 пожарникари се борат целосно да го изгаснат големиот пожар на Халкидики, една од главните туристички дестинации во Грција, каде се наоѓаат и голем број македонски туристи. Оттука и македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија објави дежурни телефонски броеви за граѓаните што престојуваат во погодените подрачја на полуостровот и кои имаат потреба од итна помош. „Министерството со внимание ја следи ...

Американскиот тенисер Бен Шелтон ја одбрани титулата во Канада и го освои својот втор Мастерс трофеј во кариерата. Откако на стартот на турнирот ги елиминираше речиси сите фаворити, Шелтон го доби американското финале во Монтреал против Брендон Накашима со 6:3, 7:6(4). На тој начин успеа да зачува 1.000 поени освоени минатата сезона, па шампионот повторно се најде на шестото место на АТП-листата со 3.630 поени, веднаш зад Новак Ѓоковиќ, кој ...

Борбени авиони, ангажирани во мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор над Балтикот, денеска собориле „странско беспилотно летало“ во воздушниот простор на Латвија, соопшти војската на земјата. Во соопштението, латвиските вооружени сили наведоа дека дронот навлегол во Латвија „како последица на руското електронско војување“ и дека бил пресретнат над регионот Балви, во источниот дел на земјата. Војската распореди дополнителни единици ...

Ново истражување од австралиските научници сугерира дека изборот на зеленчук може да игра важна улога во зачувувањето на здравјето на срцето, но не на ист начин кај мажите и жените. Истражувачите ги анализирале навиките во исхраната на повеќе од 600 млади возрасни луѓе во Австралија, па го споредиле внесувањето на различни видови зеленчук со раните показатели за ризикот за развој на срцеви болести и дијабетес тип 2, пишува „Ју.Ес. њуз“. ...

Купувањето сопствен дом станува сè потежок предизвик за младите во Европа, но за жените патот до сопствен имот може да биде уште подолг и поскап. Високите цени на недвижностите, каматите, инфлацијата и кризата со трошоците за живот ги зголемија бариерите за сите, но жените се соочуваат и со дополнителен проблем – пониските приходи и поголемите финансиски притисоци во текот на животот. Според податоците наведени во анализата на Еуроњуз, на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35