Соединетите Американски Држави вчера објавија дека собориле два проектила насочени кон танкер во јужниот дел на Црвеното Море, лансирани од делови на Јемен под контрола на Хутите. Брод кој плови под знамето на Сингапур, во данска сопственост, пријавил дека бил погоден од проектил, па американските воени бродови УСС Грејвли и УСС Лабун одговориле на неговите повици за помош, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) на платформата „Икс“ . ...
Британската агенција за поморска трговија објави дека е нападнат брод во Црвеното Море, на околу 112 километри северозападно од јеменското пристаниште Ходида. Од УКМТО велат дека неидентификуван брод пријавил дека нападнале три мали чамци и дека имало размена на оган во која никој од екипажот на бродот не е повреден. Американската централна воена команда (ЦЕНТКОМ) претходно денеска соопшти дека американските воени бродови УСС Гравели и УСС Лабун ...