Додека се навршуваат две години од руската инвазија врз Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски се одлучил за нови промени во воениот врв. – Украинскиот претседател Володимир Зеленски има право да избере кој ќе ја предводи украинската војска, а САД ефективно ќе соработуваат со неговиот нов воен командант, изјави висок претставник на Пентагон. -Претседателот Зеленски е претседател на неговата земја и Украина, за разлика од Русија, има ...

Една од главните одлики на 21 век ќе бидат и брзите возови. Македонија како што сега стојат работите е во почетокот на 20 век – скоро и да нема железница. А сосема друго ветуваа властите целиов мандат. Граѓаните последниве месеци можеа да видат на кое ниво падна железницата во Македонија. Кон Битола одеше само еден воз, па и тој беше принуден до Велес да вози со брзина од дваесетина километри на час оти пругата е несигирна. Се расипуваа ...

Според информациите од социјалните мрежи, стоковната куќа „Икеа“ била евакуирана. Како што може да се види на фотографиите кои се појавија на Инстаграм профилот „Serbialive_Beograd“, вработените и клиентите се на паркингот. Овој инцидент не бил пријавен во полиција, а како што пренесуваат српските медиуми неофицијалн грешка бил вклучен алармот и поради тоа сите присутни го напуштиле ланецот продавници. Според првите информации, за време на оваа ...

Револуционерот Кирил Прличев со македонството се задоил уште од мали денови при разговорите и слушањето на народните преданија кои му ги раскажувал неговиот татко – големиот Григор Прличев. Од него слушнал за тоа дека гробот на Св. Климент Охридски се наоѓа на Плаошник, некаде во близина на Самоиловата тврдина. Тогаш, во 1943 година, заедно со професорот Димче Коцо, тргнале во истражувањата по кои ги откриле темелите на свети Климентовата црква ...

Македонскиот олимписки комитет (МОК) и во следните четири години ќе го предводи Даниел Димевски, откако актуелниот претседател беше реизбран на должноста на редовно изборно Собрание одржано вечерва во Скопје. Димевски, кој беше единствен кандидат за претседател на МОК, доби поддршка од 45 од вкупно присутните 55 претставници на национални спортски федерации и членови на Собранието на МОК со право на глас.Против гласаа осум, а двајца делегати беа ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласира во четвртфиналето на фјучерс турнирот во Анталија, Турција. Таа втората победа на турнирот вреден 35.000 евра, ја забележа против Унгарката Амариса Тот, со 4:6, 6:4 и 6:4. Ѓорческа лошо го почна мечот, го загуби првиот сет, но потоа заигра многу подобро и ги доби следните два сета обезбедувајќи место меѓу осумте најдобри. За пласман во полуфиналето Ѓорческа (242-ра на ВТА листата место) ...

Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо неодамна предупреди дека „Епл“ очекува значителен пад на побарувачката за нивните паметни телефони оваа година. Постојат неколку причини за ова. Една од тие причини е повторното заживување на Хуавеи во Кина, а другата е поврзана со најголемиот конкурент на „Епл“ на пазарот на паметни телефони – јужнокорејскиот „Самсунг“. Имено, најновите топ-модели на оваа компанија имплементирале вештачка интелигенција, а ...

Кралот Чарлс Трети, кој боледува рак, нема да извршува одредени должности, кои во негово име ќе ги преземаат високи членови на британското кралско семејство, а некои ангажмани ќе се вршат на начин што ќе биде приспособен на неговата здравствена состојба. И покрај тоа што направи пауза од јавните обврски, тој даде јавна изјава упатена до Гренада по повод 50-тата година од независноста на земјата. Кралот Чарлс првпат го објави ова откога беше ...

Во предлог-резолуцијата на Европскиот парламент, која ексклузивно ја објави српска телевизија, експлицитно се бара да се поведе независна меѓународна истрага за изборите во соседна Србија. Дополнително, се наведува дека е неопходно да се испрати независна експертска мисија. Членовите на Европскиот парламент ја подготвија резолуцијата за Србија, која следуваше по изборите за кои многу меѓународни набљудувачи оценија дека се нерегуларни. Во ...

Оваа катастрофа, една од најлошите во историјата на земјата, не шокираше сите додека ги гледавме разурнувачките ефекти што таа ги имаше врз турскиот народ. Европската комисија и Турција потпишаа договор со кој преку Фондот за солидарност на Европската Унија (ЕУСФ) на Анкара ќе и биде доделен грант во износ од 400 милиони евра наменети за финансирање на проекти за обнова и санација по катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата на ...

Не сакаме да ве изнервираме, ама мора да прашаме – кога ќе е готов патот Кичево – Охрид? Темата и нас ни е смачена, но ете самите настани ја наметнуваат. Вчера делницата ја посети министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и како да произлезе дека рокови за завршување на патот веќе да не постојат, а требаше вече да е завршен. Не се знае ниту колку препроектирања ќе треба да има на се уште незавршениот автопат. Не е јасно и колку пари ќе се ...

По мигрантите, Италија планира да ги донесе затворениците во Албанија. Станува збор за договор како оној со Обединетото кралство, каде осудениците Албанци во Британија ќе ја издржуваат казната во албанските затвори, јавија албанските медиуми. Веста ја соопштил шефот на Одделот за затворска управа, Џовани Русо, во Комисијата за правда, додека зборувал за пренатрупаноста на затворите во Италија. – По цена од 34 евра дневно за секој затвореник ...

На нашите најдобри фудбалери им следуваат натпревари од Лигата на Нациите во вториот дел од оваа година. Од 18:00 часот денеска Македонија ќе ги добие противниците за групната фаза од Лигата на Нации која на програмата е во вториот дел од 2024 година. Репрезентацијата на Македонија е дел од лигата „Ц“ и ждрепката ја чека од третиот шешир каде што се уште: Словачка, Кипар и Северна Ирска што значи дека овие селекции не можат да бидат во нашата ...

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва во Њујорк ќе одржи вонредна седница за ситуацијата на Косово, закажана на барање на Белград. На седницата, која започнува во 21 часот по средноевропско време, Србија ќе биде претставена од претседателот Александар Вучиќ. Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вчера за РТС изјави дека Хју Тод, министерот за надворешни работи на Гвајана, кој во моментов претседава со Советот за безбедност, го ...

Републиканците во американскиот Сенат го блокираа двопартискиот пакет за границата, со што завршија повеќемесечните преговори со демократите за законот наменет за намалување на рекордниот број на илегални преминувања на границите. Законот содржи и голем пакет помош за Украина, која сега исто така пропадна. Според голем број републиканци компромисот за изборната година не е доволен, иако поддржувачите на законот инсистираа дека тоа е најдоброто ...

Експресно и без земање предвид на аргументираните реакции во јавноста – да се усвојат четирите предлог-закони за стратешки инвестиции во енергетиката. Вакво е сценариото на власта со кое се планира во македонскиот парламент да се изгласа владиниот предлог токму непосредно во периодот на распишување на парламентарните и претседателските избори. Владиното мнозинство вчера во Собранието без поголема дискусија брзо го изгласа она што беше ...

Вулкан повторно еруптираше во југозападниот дел на Исланд, по вторпат оваа година. Тоа е шеста ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година. Видливи се светли портокалови стопени карпи, кои се исфрлаат од пукнатините во земјата. Последната ерупција почна на 14 јануари и траеше два дена, а лавата стигна до предградијата на рибарскиот град Гриндавик, чии речиси 4.000 жители мораа да бидат евакуирани. BREAKING: Volcano eruption starts on ...

Колумна на Ивица Боцевски: Каква е улогата на странските изборни консултанти во домашната политика? Никогаш не сум можел да го разберам прескапото ангажирање на консултанти од странство во македонската политика. За да се води кампања во една земја потребно е прво совршено познавање на тамошниот актуелен политички момент, со сите негови суптилности и најситни детали. Потоа невозможно е водење кампања без блискост со кандидатот и со нејзината ...

Власта со години предизвикуваше хаос во Македонија. Ама бумерангот им се врати и сега Владата им е во хаос. Веќе не се знае кој е министер пред разрешување, кој ќе ги гласа новите предлози, имаат ли мнозинство… А се работи за техничка влада избрана пред неколку дена. И оваа влада требаше да мисли само на тоа како да се спроведат фер избори. И што предизвика ваквата смешна состојба? Нормално – тажни работи за населението во Македонија. Нема ...

Овој викенд започнуаат пливачките натпревари на Светското првенство во водени спортови во Доха. Македонија ќе учествува со двајца пливачи во натпреварување, а нивна цел е подобрување на најдобрите лични постигнувања. Никола Ѓуретановиќ и Ева Петровска пријави настап во квалификациите во две категории. 16-годишниот Ѓуретановиќ в недела ќе плива на 400 метри слободно, а на 17 февруари е пријавен во квалификациите на 1.500 метри слободно. Ева ...

Албанија денеска била погодена од земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала. Според податоците објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил четири километри од Либражди и 19 километри од Елбасан. Албанските медиуми јавуваат дека земјотресот бил на длабочина од 15 километри. Наведено е дека бил регистриран во 6.32 часот. Според првите информации, нема материјална ...

На заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, тој исто така рече дека е горд што претставува земја која, како што нагласи, е слободна и независна. „Што се однесува до руското влијание, да бидам многу јасен… економското влијание е неспоредливо помало од германското, што се однесува до политичкото влијание, не можам да зборувам за сите актери, можеби врз некои имаат можеби немаат влијание на некои, на ...

Најсериозен проблем за граѓаните на Албанија е корупцијата, а најголема доверба имаат во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), покажуваат резултатите од истражувањето на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Од околу 1.800 лица на возраст над 18 години, опфатени со анкетата, речиси 86 отсто рекле дека корупцијата во Албанија е сериозен проблем, додека 69 отсто од нив веруваат дека СПАК може да ја заврши ...

Најстарата жена во Иран и во светот, почина во својата 125-та година од животот, како што покажуваат податоците од нејзините лични документи. Таа пред скоро три години беше призната за најстара жена на светот и во Гинисовата книга на рекорди. Масумех Санеи Тороги, родена на 23 септември 1899 година, почина завчера во Машхад, во североисточени Иран. Се верува дека Иранката починала на постара возраст од Французинката Жан Калмен, која во 1997 ...

Во заедничка полициска акција насловена „ѕидар“ на италијанските, германските, албанските, шпанските и британските власти, уапсени се 59 членови на албанската мрежа за шверц на дрога, меѓу нив има жени, а на уште десет осомничени им се изречени други мерки на претпазливост во Италија. Мрежата главно шверцувала хероин, кокаин, хашиш и марихуана во Германија и Шпанија користејќи автомобили со двојно дно или тајни прегради, соопшти Европол. – ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше со 2-0 во сетови против Маделиеф Хагеман од Холандија на стартот на турнирот во Анталија. Третата носителка немаше проблеми против Хагеман и славеше во двата сета со по 6-2 и за еден час обезбеди пласман во второто коло. Ѓорческа во второто коло ќе игра против победничката од дуелот меѓу Амарија Киара Тот и Владислава Андревскаја. Турнирот се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 ...

Изборите се скоро пристигнати, ама власта уште сака да се бави со “купи – продај“ политика, наместо со подготовка за изборниот процес. Во 5 до 12 им текна да ја граделе енергетската инфраструктура на Македонија. Пардон, не да ја градат, туку да дадат странци да ја градат со наша обилна помош и потоа да си ја управуваат, а нам граѓаните да ни наплаќаат за тоа. Да се затворела гасната централа „Те То“ во Скопје во време на енергетска криза, оти ...

Штрајкот на копнениот персонал на Луфтханза започна на неколку германски аеродроми, потврди утринава портпаролот на синдикатот Верди во Франкфурт, јави ДПА. Аеродромите во Франкфурт и Минхен ќе бидат најтешко погодени. Луфтханза, најголемата германска авиокомпанија, откажа меѓу 80 проценти и 90 отсто од своите околу илјада летови закажани за денеска. Верди ги повика и вработените во различни компании на Луфтханза во Хамбург, Берлин и Дизелдорф ...

Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помладиот син на кралот Чарлс Трети, итно пристигнал од Америка во Велика Британија за да биде со својот татко, кому му беше дијагностициран рак. За потсетување, вчера Бакингемската палата соопшти дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој рак боледува кралот. Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и ...

Додека досега нарушувањето на лојалноста меѓу брачните другари го нарекувавме морален проблем, во нацрт-измените на Кривичниот законик, ова ќе биде кривично дело за кое може да се изрече затворска казна до три години. Според предлог-законот доставен на расправа, одржување на два или повеќе брака истовремено, или соживот во исто време со еден или повеќе партнери, се казнува со парична казна или со затвор до три години, објави албанска телевизија. ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
44%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
57%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
64%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.82
38%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
84%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
1.79
40%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
53%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
39%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
45%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
46%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
57%
1012
Currency

61.535

Currency

52.4284

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75