Над 40 кампањи за донации се активни на платоформата „GoFundMe“, а сите за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани. Досега, се собрани преку 200.000 долари и се се уште активни. Сите кампањи се креирани од различни организатори, а на истите, има илјадници донатори. Screenshot Screenshot Screenshot За ова на социјалните мрежи реагираше и Ненад Лазаров, доктор и еден од основачите на македонската платформа за донации ...

Сакам да ја информирам јавноста за тежината од оваа трагедија која паѓа врз сите нас. Голем потсетник за одговорностите што ги носиме како Влада и како општество. Предолго, занемарувањето и системските неуспеси ги ставија животите во ризик. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Морам да истакнам дека како Влада будно ја следиме состојбата. Ја споделуваме загриженоста и разочараноста кај граѓаните на ...

На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост. Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се ...

На 22.03.2025 во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во ...

Седумнаесет лица повредени во пожарот од Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави д-р. Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС. Тој посочи дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, ...

Сопственикот на дискотеката „Пулс“, бил внатре и уште пред да избие пожарот земал ПП апарат, сведочи Венко Крстевски, кој како што вели, влегол внатре на две минути пред почетокот на трагедијата. Тој во „Претрес со Ландов“ зборуваше за моментите пред и по пожарот. Посочи дека се сомнева во исправноста на ПП-апаратот и образложи дека по почетокот на неговото користење, густа црна чад се создала за брзо и сите почнале да се гушат. „Пред мене ...

Во Скопје и Охрид денеска ќе се одржат мирни собири преку кои ќе се оддаде почит на жртвите од дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во Кочани ќе има протестен марш за 59 млади луѓе и возачот на Брза помош кои ги загубија животите. Мирниот собир во Скопје е организиран од Студентскиот пленум и ќе се одржи во градскиот парк од 16:30 часот. Собирот е закажан во Градски парк, после споменикот на Гоце Делчев, а во 16:59 часот. Ќе се одржи 60-минутен ...

Денеска (22.03.2025) во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило “фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час. Покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка возачка дозвола. Против него ќе биде поднесена кривична ...

Неформалната организација „Кој е следен“, која ги организираше и протестите за усмртувањето на Фросина Кулакова, најави марш по трагедијата во Кочани. Тие посочуваат дека собирот ќе биде на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во понеделник, во 18:59 часот, во чест на 59 жртви и возачот на Брзата помош. Слоганот е „Доста бевме ние, системо е следен“. Во барањата стои: „Македонија го имаше најтажниот и најтрагичен ден во својата историја и за тоа ...

На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е ...

Владимир Блажев Панчо, пратечкиот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев се единствените од составот на ДНК кои го преживеаја пожарот во дискотеката во Кочани. Горан Тонев има сериозни повреди, но е во стабилна состојба и се наоѓа во една од болниците во Солун. Како што понатаму се наведува, Горан пред два дена бил повторно опериран, а според последните изјави на лекарот неговата здравствена состојба се подобрува. Инаку, Тонев е ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, рече дека Владата ги покрива сите трошоци на лицата кои се лекуваат во странство или во Скопје. Тој вели дека државата нема да остави било кој трошок, да остане непокриен. „Однапред ние резервираме хотел, купуваме авионски карти, информираме дека ние ќе ги платиме трошоците за телефон, добиваат дневница/средства за тековни трошоци. Скоро сите граѓани се опфатени во директна комуникација со ...

На 21.03.2025 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 околу 14.30 часот на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева, при што се запалиле и изгореле дрва, бандера сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна ...

Малолетничка која била присутна во дискотеката трагичната вечер, за „Претрес со Ландов“ раскажа што се случувало пред и откако изби пожарот, по кој загувиме 59 сограѓани и возачот на Брзата помош. Таа посочува дека секогаш при големи концерти и настапи на популарни ѕвезди, имало пиротехника. Прв реагирал пејалот на ДНК Владимир Блажев-Панчо. „Сите снимаа, на сите им беше на шала, не мислеа дека ќе се прошири толку брзо. Не го сфатија сериозно. ...

Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот на минатата недела извршија контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината. „Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност. Исто така, Општина Аеродром веќе изготви план за контрола на хидрантските мрежи во ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата со сите граѓани погодени од оваа несреќа. „Во врска со одлуката на Јавното обвинителство за 30-дневен притвор на поранешниот министер Крешник Бектеши и други претставници на претходната влада, ДУИ сака да појасни неколку клучни аспекти пред јавноста: Прво, концептот на „верижни пропусти“ што довеле до ...

“Пред да започнам со информирање на јавноста за состојбата со контролите на ДПИ сакам да нагласам дека како Влада будно ја следиме и состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, силната и искрена желба да се помогне е разбирлива, дека е повеќе од оправдана и дека се разбира за огромна почит, но во определени моменти мораме како Влада да апелираме и замолиме да не се шпекулира со информации дека на ...

Застрашувачко видео од лице на возраст од 49-години, кое признава дека договорило средба преку „Фејсбук“ со девојче кое му кажало дека е 14 години, е објавено од неформалната организација „Пантер“. Во видеото, организацијата го обвинува дека е педофил. Тој сам кажува дека е женет човек, кој има и внуци. „Се каам што се допишувам со малолетнички, ова не ми требаше, ова е најголемата глупост што сум ја направил“, јас сум најголемото ѓубре, вели ...

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, рече дека објектот на дискотеката „Пулс“ и неговата градба не е спорна до 2012 година, кога според него, почнала реадаптацијата за да почнат да се одржуваат забави. „Одреден временски период се користи како фабрика за текстил, потоа како магацин. Дограден е еден дел од 50 метри квадратни, кој е легализиран во 2012 година и е приклучен на постојниот објект. Проблемот настанува кога се ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. Тој соопшти дека од досега извршената проверка констатирано е следното: „Од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат ...

Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека досега се осомничени 34 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на присуство. За сите е побарана мерка притвор. Тој рече дека се гонат тие што ги издале лиценците, тие што не контролирале, сопственикот кој го владеел кабарето, член на бендот ДНК, обезбедувачите кои направиле пропусти и дозволиле да влезат малолетници, но и да се внесе пиротехниката. „Постои ...

Илка Каба Бектеши, сопруга на Крешник Бектеши кои доби 30 дневен притвор, рече дека ексминистерот за економија не бил уапсен туку отишол во станица по добиена покана. Таа тврди дека го пуштиле да си оди дома, но откако се подготвил да излезе од станица, му кажале дека му одредуваат 24-часовна мерка. Сопругата на Бектеши обвини дека апсењето на ексминистерот е оттргнување на вниманието од вистинските виновници. „По 3 минути подготвување за ...

Лекувањето е бесплатно, а Владата обезбеди карти и сместување за по двајца членови на семејствата, за повредените кои се лекуваат во странство. Ова го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, по апелите да се донира преку трансакциски сметки. „Генерално во 99 отсто, сигурни сме дека е бесплатно лекувањето и нема потреба никој да собира пари. Како Влада обезбедивме и за по двајца членови на семејство да патуваат, да им плати Владата, ...

Министерот за здравство, Арбен Тарвари, посочува дека сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, се во стабилна состојба, иако има некои се покритични. Од идната недела, очекува пациенти да се вратат дома. „Бројката на пациенти кои се лекуваат се 162 пациенти. Добра вест е што денеска 10 од пациентите кои лежат во државава ќе бидат испишани. Вчера имаше три испишани пациенти. 115 пациенти се на лекување надвор од државата. Сите се во ...

„Секторот Инспекторат при Општина Карпош упаќа јавен апел до сите сопственици на локали коишто вршат угостителска дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека од вчера започна заедничка проширена контрола на овластените инспектори. Ваква инспекциска контрола последен пат беше спроведена во 2024 година, и од таа причина се известуваат сопствениците на локали дека се должни, на лице место имаат подготвено фотокопии ...

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од хероите од големиот пожар во Кочани. Tој без двоумење влегол во опожарениот објект и успеал да спаси повеќе од 20 деца, откако претходно ја натопил маицата со вода и ја ставил на лицето да се заштити од огнот пред да тргне во херојскиот подвиг. Јадранка Бреслиева, мајка на син кој бил спасен од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, преку социјалните мрежи му изрази огромна почит и ...

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот. „Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти. Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, ...

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. „Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, велат од Обвинителството, одговарајќи на прашањето, дали е приведен градоначалников Љупчо Папазов. Досега се ...

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, бил приведен од страна на полициски службеници, доцна попладнево. Според првичните информации, освен него, полицијата уапсила и негови претходници. Уапсен е и неговиот претходник, Николчо Илијев, во чие време функционирала дискотеката. Според неофицијалните информации, уапсен е и Ратко Димитровски, кој пак беше градоначалник се до 2017 година. Од институциите – молк. Штуро соопштение има од ...

Полицијата вчера го привела раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, фатен како зема мито. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство загонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. „Лицето како раководно службено лице од почетокот на годинава во повеќе наврати директно ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1016
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
0.0
68%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
94%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.25
67%
1015
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
93%
1014
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.12
41%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
77%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
53%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
70%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
78%
1015
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71