Престрелка во Скопје, во село Моране се случи попладнево, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, едно лице е погодено и е во болница. Повредениот е примен во болницата св. „Наум Охридски“, каде во моментов му се прават испитувања. „Пред пет минути е донесен, со прострелна рана, се прават испитувања“, вели директорот на болницата, д-р Небојша Настов за „Скопје1“, кој засега нема детали за тоа дали лицето е во животна опасност, со оглед ...

Владата ја изразува својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај нашите континуирани апели за почитување на етичкото новинарство, денес ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за трагичниот погреб во Кочани. „Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на овие ...

„Во овие тешки моменти, уште еднаш го повторуваме упатениот апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар кој настана во кочанската дискотека да се придржуваат до етичките принципи“, велат од Владата и додаваат: Најголем дел од медиумите не емитуваат и шират фотографии и видеоматеријали од семејствата на настраданите, а оние кои објавиле такви содржини уште еднаш апелираме да се придржуваат до ...

Странски медиум во живо го пренесува погребот од Кочани и покрај апелот на родителите, семејствата и институциите, тоа да не се прави. Додека ги носат ковчезите еден од странските медиуми непрестранато врши емитување. Веднаш имаше реакција од Минситерството за внатрешни работи, кои отидоа до медиумските екипи и кажаа дека има замолница од семејства, да се престане со преносот во живо. Но и покрај ова, продолжија да го прават истото. „ЗНМ ...

На 19.03.2025 година во 09.32 часот во СВР Штип било пријавено дека во КПУ Затвор-Штип било нападнато службено лице, кое што потоа дошло во просториите на СВР-Штип и пријавило кривично дело по чл.144 ст.4 од КЗ на РСМ. Според пријавеното, истиот ден околу 09.00 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил ...

„Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани“, вели Министерство за здравство и додава: Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации: 1-Алексова Стефанија 2004 2-Џамов Јорданчо 1993 3-Трајчев Иван 2000 4-Ѓоргиев Џоко 2000 5-Коларов Александар 1981 6-Величков Иван 1998 7-Стојанов Андреј 2000 ...

Во Истанбул се одржаа најмасовните протести во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул. 37 лица се приведени во затоа што коментирале на социјалните мрежи за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Protests in Turkey are spreading to all cities. Almost all journalists who were supposed to report what was happening there to the world had their accounts censored by Elon pic.twitter.com/SZGy5bJNXo — Anonymous🏴 ...

Обвинителството до медиумите достави список со возраста на починатите лица во трагедијата во Кочани. Ова доаѓа по низата шпекулации во јавноста во врска со бројот на починати. Во дискотеката „Пулс“, 59 лица го загубија животот. Ден потоа, почина и возач на Брза помош-Кочани, кој неколкупати одел Кочани-Скопје за да спасува животи. „Ви испраќам список со возраст и број на починати лица што е доставен до Јавното обвинителство од Институтот за ...

Две лица кои вчера испукаа втор огномет (вечерта околу 21 часот) се уапсени. Станува збор за двајца 18-годишни лица, кои не ја почитувале седумдневната жалост. „Утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот. Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање ...

Кочани одново замоли, да не се снимаат куќите на починатите, како и граѓаните кои немаат доволно солзи да ги доисплчат жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме? Дали и по оваа трагедија повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ. Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа од пред куќите ...

Сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои се лекуваат во низ болниците во Македонија и странство се во стабилна состојба, вели министерот за здравство, Арбен Таравари. „Сите пациенти кои се во државата и надвор, се добри и во стабилна состојба. Десет пациенти се потешки, но се надвор од животна опасност“, рече Арбен Таравари. Тој рече дека 101 пациент се надвор од државата. „Можеби максимум десет пациенти да се испратат, а можеби и ...

На 19.03.2025 во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, извршија акциска контрола и презедоа координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на ...

Три лица застануваат среде улица во Бутел, активираат огномет и заминуваат – ова го покажува снимката од видео-надзорот од објект близу до улицата. Огнометот пак, предизвика лавина реакции во јавноста – зошто за време на денови на жалост, се активираат огномети?! Снимката од видео-надзорот покажува дека не станува збор за забава, туку мотивот за огнометот е нешто друго. Засега нема информација од МВР, дали тие ќе истражуваат, зошто огнометот е ...

Поворката со посмртните останки на загинатите тргнува од градските гробишта во Бутел. Нивните роднини, пријатели, другари ќе ги испратат до вечните почивалишта. Погребот на жртвите во Кочани ќе се одржи во 12 часот. За жителите од овој град денеска е неработен ден. И во Штип во вечните почивалишта ќе бидат испратени петте жртви од катастрофалниот пожар од овој град на истокот во земјава. Состојбата кај повредените кои се лекуваат во земјава не ...

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерки за обезбедување присуство против 7 лица, службени лица о во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесoa решенија со кои: „Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите 7 осомничени, им определи мерка притвор во ...

Владата на Република Северна Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани. За претставниците на медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на следните населени места: 1. Кочани, вклучувајќи ги с. Оризари, с. Тркање и с. Зрновци, 2. Штип со околните места, 3. Општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи ги с. Соколарци ...

Љупло Палевски-Палчо откако ја би Вања, ме натера да ја одлепам ленатата од нејзината уста за да може да ја слика со вперен пиштол, сликата да ја прати на родителите од кои сакаше да побара пари, сведочи обвинетиот Велибор Манев. Сведоштвото е монструозно. Според обвинетиот, по убиството, Палевски, запалил цигара и го отворил телефонот да види што се случува. Потоа, според него, Палевски извадил нови алати од возилото со кои ги натерал да се ...

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност. „Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани ...

„Дозволете ми да ви се заблагодарам на сите што сте присутни тука. Денеска одлучивме да имаме заедничка прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување, господинот Сашо Клековски и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојановски“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева и додава: Ќе ја започнам оваа прес-конференција со информации коишто се актуелни и има промени од претходната вчерашна изјава којашто е дадена ...

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди. Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семејства со детали околу погребот, информираат од Центарот за управување со кризи. Оттаму ги замолуваат сите граѓани на ...

„Зошто ми го убивте детето?“, го праша Александар Ѓорчевски обвинетиот Велибор Манев откако, по неговото сведочење во кое детално ги опишуваше киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. „На тоа прашање не можам да одговорам, треба да го прашате Палевски, тој што го изврши тоа“, му врати Манев. На денешното рочиште Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски, го испрашуваше второобвинетиот Велибор Манев. Манев рече дека во тој ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека поминале 72 часа и нема ниту еден починат пациент од лицата кои биле хоспитализирани. Рече дека денеска ќе се испратат уште пет лица надвор од државата, а очекува веќе и да се враќаат лица кои се лекуваат во странство. „Добрата вест што сакаме прво да ја соопштиме е дека поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаа трагедијата во Кочани. Вкупно се третираат 178 пациенти низ ...

Адвокатот Марјан Витановски му го откажал полномошното на неговиот клиент Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година, јавува „Плусинфо“. Судијата Ивица Стефановски ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово. Адвокатот Јовица Страшевски ќе продолжи да го застапува Палевски. Од самиот почеток на судењето Палевски беше застапуван од кумановскиот адвокат Марјан ...

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. „Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Лицето ...

Во капелата во Бутел, во 10 часот, семејството, роднините и пријателите ќе го испратат Андреј Ѓорѓиевски, вокалот на „ДНК“. Тој ќе биде погребан на гробиштата во Бутел. Информацијата ја објавија неговите пријатели. Андреј трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој според очевидци, тој излегол навремено, но влегол да спасува заглавени деца. Меѓу 59-те загинати има и малолетници. Од бендот на ДНК, засега за јавноста е ...

Директорот на болницата „св. Наум Охридски“, Небојша Настов вели дека сите 11 пациенти кои се хоспитализирани по пожарот во дискотеката во Кочани се во стабилна состојба. „Сите 11 пациенти се во стабилна состојба, во текот на ноќта немаше компликации. Се правеше план кај кого ќе се прават обработки на раните, нешто што е во тек. Не би очекувале влошување на дневно ниво“, рече Настов. Истовремено, речиси 200 повредени се хоспитализирани и на ...

Професорот на Медицинскиот факултет и хирург на Првата хируршка клиника на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Владимир Дугалиќ, за Фонет изјави дека посетата на претседателот Александар Вучиќ на пациенти од Македонија на одделот за интензивна нега е „срамна политичка пропаганда“, пренесуваат српски медиуми. Дугалиќ истакна дека понекогаш се кае што е дел од лекарската професија кога ќе види како некој пушта „ненадлежен човек без капа“ ...

Погребот на 59-те лица кои загинаа во Кочани, ќе биде извршен утре (четврток), а откако беа завршени сите обдукции, а со тоа и идентификацијата на жртвите. Жителите на Кочани, но и Штип, побараа новинарските екипи да бидат поставени на точно определено место, за роднините и пријателите да можат достоинствено да ги испратат своите најблиски. Исто така бараат да не се дозволи надлетување со дронови, за што Агенцијата за цивилно восухопловство ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави по вчерашниот договор за ограничен прекин на огнот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин дека рускиот претседател планира неколку нови офанзиви. „Путин сака да започне неколку офанзиви во правец на Запорожје, на исток, во правец на Харков и Суми со цел да изврши максимален притисок врз Украина. Тој ќе се обиде да го направи тоа во наредните месеци. И не му е грижа колку ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
94%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.25
66%
1015
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
42%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
73%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
53%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
70%
1014
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
55%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
78%
1015
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71