Кочанскиот суд одлучли само 19 осомничени да останат во притвор, а откако Обвинителството почна да собира докази и да се сомнева дека тие дека со постапување или непостапување придонеле кон пожарот во дискотеката „Пулс“ или пак преку (не)правење надзор не го спречиле клубот да работи. За поранешните градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, мерката ...

Иницијативата „Кој е следен“, најави нов собир, овојпат, пред Собранието. Тие рекоа дека темата е „Народно Собрание“. „Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме. Зошто се собираме пред Собранието? Затоа што не молчиме. Затоа што имаме барања што не може да чекаат. Затоа што демократијата не оди на ...

Има многу суперхерои кои вечерта кога избил пожарот, биле дома, но станале и излегле да помогнат, а сега доаѓаат да помагаат во „SupportKocani“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата. „Оделе таму за да помагаат. Луѓе со гас маски дошле, влегле внатре свесно во огин за да ги вадат луѓето. Некои од тие што влегле да ги спасуваат другарите се починати. Ќе го споменам Александар кој ми е колега. Тој раскажа како отишле до шанкот да пијат ...

Од 24 пациенти повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, девет ќе бидат испишани од болница. Тие се во стабилна и добра состојба. Вчера се вратија пет пациенти од надвор од државата. Еден од Атина и четири од Шпанија. Надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денеска се најавени да се вратат осум пациенти. Два во Белгија, два во Турција, два во Австраија и два во Хрватска. Од утре, остануваат 101 пациент на лекување. „Имаме најави за ...

На социјалните медиуми се продаваат мелеми за изгореници, но не знаеме дали се стерилни, а раните мора да се третираат соодветно, посочи Јасмина Ѓоргиевска Павловска директорка и докторка на Клиниката за пластична хирургија. Таа посочи дека треба да се внимава, посочувајќи дека инфекции може да се појават во секоја фаза додека има рани. „За инфекции не може никој да каже, тоа може да го има во секоја фаза додека не зарасне раната. Првиот и ...

„Страшната трагедија во Кочани, во која загинаа 59 луѓе, повикува на неселективна и темелна истрага за лоцирање на одговорност“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ и додава: За жал, од досегашниот тек на истрагата гледаме дека се води селективно и не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата. Како тоа тие што се директно одговорни за безбедноста на самиот настан, во БЈБ ...

На 26.03.2025 во 16.25 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од П.М. (71) од Македонска Каменица, удрило во пешакот И.Ј.(80). Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево. Поврзани ...

На 25.03.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.С.(30) од с.Долно Количани, скопско, и патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата го напуштило местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „опел“ С.К.(27) ...

„Во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој се гледа како машко лице насилно се однесува кон женско лице, МВР ја известува јавноста дека СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата, поврзани со конкретниот случај, и насилникот е лишен од слобода. Имено, настанот во СВР Струмица беше пријавен на 23.03.2025 (недела) во 08.25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по ...

Нова снимка која трае 25 секунди покажува каква гужва, која резултирала со стампедо, настанала во моментот кога се запали дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во првите секунди од снимката. дел од присутните се уште стојат и не го напуштаат објектот, а дел од нив (како и креаторот на снимката) снимаат. За тоа време, пожарот се шири. Веќе околу 20-та секунда од снимката, се слушаат и врисоци, но и коментар: „Излавај (излегувај), излавајте ...

Најблиските безбедносни соработници на американскиот претседател Доналд Трамп ја користеа апликацијата Сигнал за да разменуваат пораки за претстојниот воен напад. Но, истрагата на Der Spiegel откри дека нивните приватни податоци – вклучувајќи ги и броевите на мобилните телефони – се слободно достапни на интернет. Приватните информации на клучните советници за безбедност на претседателот Доналд Трамп може да се најдат на интернет без многу ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се подготвува за две нови големи пролетни офанзиви во регионите Суми и Харков. Во интервју за „Фигаро“, Зеленски рече дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да „купи време“ за да се подготви за нова фаза од војната. „Можам да потврдам дека Путин се обидува да добие време и се подготвува за пролетна офанзива. Гледаме како се одвиваат подготовките за оваа идна операција“, ...

Тешка тишина, гата, лутина владее од каде има повредени и загинати во трагедијата во Кочани, вели психотерапевтот, Розалија Секулоска во „Претрес“, која изминативе денови беше на терен. „Често не сум одела во тие градови, не можам да споредам, меѓутоа првото нешто е тишина, една тешка тишина. Потоа ги има сите тага, лутина, безнадежност. Како да застанало времето, како еден вакум“, вели психотерапевтот Секулоска. Таа посочува дека е потребно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе „многу повисоки“ тарифи за Европската унија (ЕУ) и Канада, доколку соработуваат во борбата против царините. „Доколку Европската унија ги здружи силите со Канада за да им нанесе економска штета на Соединетите држави, ќе им бидат наметнати огромни царини, многу поголеми од тековно планираните, за да го заштитат најдобриот пријател што секоја од овие две земји некогаш го имала“, ...

Откако Русија и Украина се договорија да спроведат делумен прекин на огнот со посредство на САД поради нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море, украинскиот претседател Володимир Зеленски даде изјава за вестите на Евровизија. Тој смета дека е клучно САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација. „Многу е важно Америка да не му помогне на Путин да излезе од оваа ...

По иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, денеска во Париз се одржува самит на европските лидери на кој ќе се разговара за идниот формат на безбедносни гаранции за Украина, како и за координација на актуелните теми кои се разгледуваат паралелно во преговорите предводени од САД – вклучително и контроверзното руско барање за ублажување на постоечките санкции. Зборувајќи заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Макрон ...

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто се разговараше за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 животи. Со едноминутно молчење членовите на највисокиот орган на СДСМ оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани и изразија сочувство со болката и тагата на нивните семејства. Заклучок на Централниот одбор на СДСМ е дека досегашниот тек на истрагата ...

Од враќањето на власт во јануари, Трамп постојано инсистираше на тоа дека САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд, одбивајќи да ја исклучи можноста за употреба на сила за да се постигне таа цел. „Потребен ни е Гренланд за меѓународна безбедност. Ни треба. Мора да го имаме. Мразам да го кажам, но мораме да го имаме“, му рече Трамп сега на Винс Кољанезе. Гренланд, кој бара независност од Данска, има огромни неискористени резерви на минерали и ...

Војската на Јужна Кореја во четвртокот соопшти дека се чини дека Пјонгјанг испратил уште 3.000 војници за поддршка на Русија во нејзината војна против Украина, објави новинската агенција Јонхап. „Од околу 11.000 севернокорејски војници кои беа испратени во Русија, 4.000 беа убиени, а се чини дека приближно 3.000 или повеќе дополнителни војници беа испратени во јануари и февруари“, пиша агенцијата која го цитираше Здружениот генералштаб (JCS) ...

“Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор. За 3 лица мерката ефективен ја замени со куќен притвор”, велат од Обвинителството за притворите на осомничените за пожарот во дискотеката Пулс каде загинаа 59 лица. За двајца од нив, поранешни градоначалници на Кочани, ОЈО Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да опстои мерката ефективен ...

Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност. Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат. Јован не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика. Од ...

Владата ќе ја паузира постапката за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, потврди и владината портпаролка Марија Митева. „Сакам да појаснам дека Владата и да добие мислење од Советот на јавни обвинители, ќе ја запре постапката и истото нема да го прати до Собранието, чисто да немаме нејаснотии околу ова“, рече Митева. Советот на јавни обвинители, пак, не успеа да се состане оти немаше кворум за одлуки. Постапката за разрешување ...

ФОТО: Социјални медиуми Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин и го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци. „Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 ...

Во текот на вчерашните (25.03.2025) активности на полициските службеници во насока на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 674 платни налози. Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 252, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 175, како и ...

Продолжуваме со тематските прес-конференции на кои детално и транспарентно ќе ве информираме за сите преземени активности, а уште поважно за тоа како течат процедурите и до која фаза се сите постапки. За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап – кој се заснова на брза акција, јасни правила и нулта толеранција за неправилности. На оваа ...

ФОТО Илустрација СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’. На 21.01.2025, пријавениот – вработен во регионалната дирекција на УЈП – Тетово, искористувајќи ја својата положба и овластување, го известувал менаџерот во казино во Тетово и оддавал службени информации за планираните контроли во казиното. Поврзани ...

Обвинетиот каратист Боре Видевски, на кому му се суди за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кога бил уапсен од полицијата, па давал исказ пред обвинител, раскажал сѐ, во детали, планот и реализацијата на грозоморниот чин. Ова го покажуваат записниците кои беа читани во судницата, а откако Видевски, во тек на судењето, реши да негира било каква поврзаност со убиствата. Прашања до обвинетиот поставуваше и судијата Ивица Стефановски, ...

„Продолжуваат да излегуваат нови, загрижувачки детали за институционалните пропусти кои можеби довеле до најстрашната трагедија во поновата историја на Македонија, во која животот го загубија 59 млади луѓе“, вели СДСМ и додава: Објектот познат како дискотека „Пулс“ во Кочани, каде се случи трагедијата, работел нелегално – тоа веќе е документирано и потврдено. Тоа е дел од активната истрага која треба да даде одговори, но и да утврди ...

Дарко Стојанов, кој вчера се врати од лекувањето во Србија, а по повредите кои ги имаше вопожарот во Кочани се огласи на социјалните мрежи. Тој вели дека болката во пеколот ја чувствува и тој, рана која нема да зарасне. Се заблагодари на докторите во Србија, за кои посочува дека му го спасиле животот. Неговата објава во целост: „Тој е првиот пациент кој беше на лекување во странство, а кој се врати дома. Стојанов се заблагодарува на целиот ...

Пет повредени од дискотеката „Пулс“ се враќаат од лекувањата во странство во текот на денот, а за утре е најавено враќање на уште четири пациенти. Тие прво ќе бидат хоспитализирани 24 часа во домашните клиники, па ако треба ќе се пуштат дома или ќе останат на лекување. Повеќето од овие лица, биле пратени во странство на лекување поради изгореници. Четворица пациенти продолжуваат да бидат во критична состојба, но се стабилни. Сепак, Таравари ...

weather icon

Скопје

39ᴼ / 39ᴼ
2.06
20%
1012
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
3.09
34%
1017
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
2.06
39%
1015
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
22%
1015
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
4.99
26%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
3.09
48%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
24%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
3.09
36%
1014
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.09
18%
1013
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
5.66
39%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
29%
1015
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
8.23
100%
1015
Currency

61.53

Currency

52.2238

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71