Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз повторно ќе тренираат заедно – седми пат досега – а овој пат вниманието ќе биде максимално насочено кон нив на Вимблдон. Двајцата тенисери беа финалисти на последните две изданија на Вимблдон, при што помладиот Шпанец двапати излезе како победник. Алкараз покажа дека многу рано во кариерата научил како да игра на трева – подлога која традиционално не им одговара на шпанските играчи. Тој веќе има четири титули на ...

Ејми Паскал и Дејвид Хејман ќе бидат продуценти, а Тања Лапоан извршна продуцентка на новиот филм за Џејмс Бонд, додека името на Дени Вилнев сѐ почесто се споменува како најсериозен кандидат за режисерската фотелја, пренесува Deadline. Режијата на новиот „Бонд“ е една од највнимателно следените теми во филмската индустрија откако Amazon MGM во февруари стекна целосна креативна контрола врз франшизата, во договор со долгогодишните продуценти ...

Иако американскиот претседател Доналд Трамп уште пред неколку години го повика директорот на Apple, Тим Кук, да ги произведува iPhone телефоните во САД, телефонот што го носи неговото име – „Trump T1“ – не е произведен во Америка, и покрај сличните најави. Уредот чини 499 долари, но според повеќето аналитичари, таа цена е невозможна доколку телефонот навистина се изработува во САД. За споредба, „Liberty Phone“ од компанијата Purism, кој е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повика Израел веднаш да го помилува премиерот Бенјамин Нетанјаху или да го прекине судскиот процес за корупција што се води против него, нарекувајќи го „голем херој“ и „воин“. „Судењето Нетанјаху треба веднаш да се запре или да се помилува овој голем херој кој направи толку многу за Израел“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social, додавајќи дека дознал оти Нетанјаху треба повторно да се појави на суд ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста дека Иран преместил високо облагороден ураниум пред воздушните напади на САД и Израел врз нуклеарните локации Фордо, Натанц и Исфахан. Трамп ги критикуваше американските медиуми по објавувањето на доверлив разузнавачки документ што ја доведуваше во прашање ефикасноста на нападите. Според него, операцијата резултирала со „целосно уништување на целните постројки“. ...

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагира на, како што вели, системското прекршување на правото на плата за вработените во културниот сектор. Во јавно објавено соопштение, Синдикатот обвинува дека Министерството за култура и туризам упорно одбива да ги почитува одлуките на Управните одбори во две културни институции, оставајќи ги вработените без исплата за месец мај. Според Синдикатот, Министерството дава телефонски насоки ...

Ексклузивно во ,,Претрес со Ландов”, гостин е адвокатот Владимир Туфегџиќ. Интервјуто со адвокатот на таткото на убиената Вања е снимено веднаш по пресудите: доживотен затвор за Палчо, Кешишев, Манев и Видевски и ослободителната пресуда за таткото на Вања, Акександар. „ Не го добив одговорот зошто е грабнато и убиено ова дете”, ова беа првите зборови по соопштувањето на пресудата на Александар, вели адвокатот Туфегџиќ. Истражните органи не беа ...

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, посочува дека Александар Ѓорчески е убеден дека Љупчо Палевски-Палчо го сторил убиството на Вања Ѓорчевска. Туфегџиќ во „Претрес“ посочи дека токму затоа и му се обратил на Палчо, да му каже, зошто тоа го сторил. „Он лично е убеден, од сето тоа што го слушна. И во своето обраќање во завршниот збор тој му се обрати на Палевски и го повика со зборовите ‘Палевски, стани, поклони се пред сите и кажи зошто ми ја уби ...

Гостин во ,,Претрес со Ландов” е Александар Камбовски, претседател на Судски совет.Тој рече дека му е криво што по лошо се познати во јавноста, а за добар дел сами сносат вина. Сепак, вели, има и добри судии. Огромен терет, посочи, носат на свои плеќи. Има и професионалци меѓу 400 судии. ,,Минимални се шансите да се згреши. По допрен глас реагираме, но не смееме да вршиме притисок. Откако сум претседател 4 судии се разрешени. Мора за ...

Во новата епизода на Претрес имаме два фронта на македонското правораздавање: 👉 Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет 👉 Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски – таткото на убиената Вања Во студиото се отвораат прашања кои повеќе не смеат да останат без одговор. ⚖️ Со Камбовски зборуваме за: Избори на судии без образложенија – и без доверба Судиите кои застаруваат предмети и судат со години Зошто Весна Дамева, со ...

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг го помеша американскиот потпретседател Џеј Ди Венс со сенаторот Марко Рубио, а дополнително, во изјава за ТВ21, го нарече „Диџеј Венс“. Иако изјави дека со поранешниот претседател Доналд Трамп бил и „потпретседателот Диџеј Венс“, тој воопшто не присуствуваше на самитот. Всушност, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имал средба со сенаторот Рубио во Вашингтон, на 29 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја принуди Шпанија да го зголеми буџетот за одбрана, откако Мадрид соопшти дека нема намера да ги следи новите цели на НАТО за трошоци од 5% од БДП до 2035 година. Наместо тоа, Шпанија сака да остане на сегашното ниво од околу 2,1%. „Го сакаат американскиот пазар, а немаат намера да инвестираат во сопствената безбедност. Ќе платат двојно преку трговски договор. Сериозен сум“, изјави Трамп ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно Владимир Путин да има територијални амбиции и надвор од Украина, но додаде дека рускиот лидер сака крај на војната. „Тоа е хаос за него. Мислам дека сака да излезе од сето тоа“, рече Трамп на самитот на НАТО во Хаг, одговарајќи на новинарско прашање. Трамп додаде дека е изненаден од однесувањето на Путин и верува дека „бил заведен“, очекувајќи конфликтот да се реши многу порано. Тој ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет, на Самитот во Хаг, на којшто истакна дека НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана. Осврнувајќи се на конвенционалните и хибридните предизвици и закани, Сиљановска-Давкова истакна дека земјава е посветена на својот фер дел од товарот. Потсетувајќи на симболиката на 26 јуни – денот ...

Полемиката меѓу Скопје и Софија околу идентитетските прашања повторно се разгори, откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го усвои извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц. Извештајот, кој беше поддржан со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“, веднаш предизвика реакции и на домашната и на бугарската политичка сцена. Бугарскиот претседател Румен Радев испрати остро писмо ...

Директорот Јанев денеска во Берат Албанија учествува и предводи делегација на БЈБ – МВР на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа, во рамки на албанското претседателство на асоцијацијата. Заедно со колегите од регионот, директорот Јанев се осврна на предизвиците од илегалната миграција и борбата против трговијата со луѓе, сузбивањето на организираниот криминал и јакнење на регионалната соработка преку ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С. (22) од Прилеп, со престој во Охрид, и К.М. (19) од селото Лескоец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Несреќата се случила на 19 јуни 2025 година, кога К.М., иако знаел дека И.С. нема возачка дозвола, му дозволил да управува со неговото возило марка „Голф“. При движење по охридските улици, И.С. удрил двајца пешаци. ...

Во Кривичниот суд во Скопје ќе им се суди на 34-та обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова е одлуката на Врховниот суд откако кочанскиот суд се иззема. „Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на ...

По изрекувањето на доживотни затворски казни за четворицата обвинети за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, нивните адвокати најавија жалби до Апелацискиот суд, оценувајќи дека пресудата е донесена без докази и без темелна правна анализа. Страшевски: Пресуда по шаблон, обвинение без докази Јовица Страшевски, адвокат на Љупчо Палевски, изјави дека не сака да ја коментира пресудата сè додека не го добие ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на НАТО самитот во Хаг, оствари средби со претседателот на Чешка, Петр Павел, премиерот на Република Естонија, Кристен Михал и со премиерот на Кралството Белгија, Барт де Вевер. На средбите соговорниците изразија задоволство од одличната билатерална соработка и партнерство во различни области и поддршка за евроинтегративниот пат на државава. Заблагодарувајќи му се на претседателот Петр ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забележаниот раст на туризмот во Македонија за 20 проценти, како и за тоа на што се должи растот и кои се очекувањата на Владата, изјави: „Да, тоа е добар податок во првите четири месеци од оваа година. Добар податок во смисла на тоа дека повеќе од 20% имаме и туристи и ноќевања. Тоа значи повеќе пари, за граѓаните кои ...

На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Бојковски истакна дека седницата за разрешување на претседател на Управен одбор не треба да се одржи поради тоа што Советот нема право да разрешува претседател на Управен одбор. „Седницата за разрешување на претседател на Управен одбор не треба да се одржи затоа што немаме право да разрешиме претседател на Управен одбор. Прва работа кој гласал, ...

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Сашо Петрушевски, денеска учествуваше на Регионалниот форум на MARRI, кој се одржа во Тирана, Република Албанија. На форумот беше дискутирано и едногласно усвоено Годишниот извештај на Регионалниот центар на MARRI за периодот јули 2024 – јуни 2025, како и Независниот финансиски извештај за 2024 година, што претставува значаен чекор кон транспарентност и ...

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување. Димитриевска рече дека тие немале докази „какви што сакаат да има“, но за нив неспорно е дека исказите на обвинетите се докази. „Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски, иако не слушнавме аргументи од судот, неспорен факт е дека само родителите ...

Александар Ѓорчески, татко на убиената Вања, е ослободен од вина. Судијата рече дека обвинителите не докажале вина кај него. „Јавниот обвинител не докажа дека надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил делото“, рече судијата Ивица Стефановски. Според Обвинителството, Ѓорчевски наводно им помогнал на останатите обвинети во планирањето на киднапирањето на неговата ќерка, преку давање информации директно до Љупчо Палевски. За разлика ...

Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски и Велибор Манев се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорческа. „На секој од обвинетите поединечно им одредува доживотен затвор“, рече судијата Ивица Стефановски. Случајот започна во ноември 2023 година, кога Панче прво беше пријавен за исчезнат, а неколку дена подоцна и малолетната Вања. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември, во близина на Велес и кај местото наречено ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс ја искористи говорничката бина на Републиканската вечера во Охајо за да ја претстави таканаречената „Трампова доктрина“ – нов надворешнополитички пристап кој, според него, комбинира јасно дефинирани интереси, агресивна дипломатија и прецизна употреба на воена моќ. Во обраќањето, Ванс го посочи неодамнешниот воздушен напад врз Иран како „исклучително успешен пример“ за новата стратегија: „Не само што го ...

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и со членови на СДСМ. Од таму Филипче зборуваше за првата година на ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека државата тоне, додека владините функционери се кријат зад празни зборови и лажни успеси. „Откако сфатија дека незадоволството расте и граѓаните се чувствуваат измамени, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најдоброто допрва ќе ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
41%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
3.6
64%
1020
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
73%
1024
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
38%
1019
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.12
33%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
79%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.17
40%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
57%
1017
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
51%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
43%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
5.66
70%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 21ᴼ
4.12
100%
1015
Currency

61.54

Currency

52.6624

Currency

70.9477

Currency

34.6945

Currency

38.0578

Currency

65.9863

Currency

7.37394

Currency

0.64871

Currency

0.35804

Currency

0.52671

Currency

1.27699

Currency

0.59729