
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Кремљ не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп по американско-украинските преговори во Џеда, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не исклучуваме дека може да се појави тема за телефонски разговор на највисоко ниво. Доколку се појави таква потреба, тој ќе се организира многу брзо. Постојните канали за дијалог со Американците дозволуваат тоа ...
Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ, јави РТРС повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска. Наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, а Обвинителството на БиХ ги товари за сторено кривично дело „напад врз ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни (над 15 литри на метар квадратен), во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер, над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од три до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен ...
По повеќе од 50 години денеска почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница. Проектот опфаќа изградба на административна зграда на Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, три новопланирани улични ...
Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски. Како што соопшти судијата Ивица Стефановски на рочиштето одржано на 5 март, прв ќе биде сослушан Манев, потоа Видевски, Кешишев, Ѓорчевски и на крај Палевски. На изминатото рочиште одбраната на Палевски ...
Определени 30 дена притвор за бизнисменот Ратко Капушевски - сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ, Адријан Муча, во случајот со спорниот тендер за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. Од Кривичниот суд информираа дека за нив постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на попречување на истрагата со влијание на сведоци. Во однос на осомничениот Асмир Јахоски - сопственик на „Пуцко Петрол“, по произнесување ...
Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето предавање вчера попладне пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку, за време на нејзината официјална посета на Република Азербејџан, јави известувачот на МИА. Според претседателката, на 80-годишнината од создавањето на Обединетите Нации, светот се соочува со војната во Украина, закани ...
Судскиот процес против седумчлениот лекарски тим кои се обвинети за смртта на еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Диего Армандо Марадона почна денеска во Аргентина. Процесот во судот во предградие на главниот град Буенос Аирес во кој медицински сестри, неврохирург и психијатар се обвинети за убиство од небрежност ќе трае неколку месеци. Марадона почина во својот дом во ноември 2020 година од срцева слабост на 60-годишна возраст ...
Франција во исто време треба да се бори против геополитичките закани и заканите од терористите, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на новата централа на Главната дирекција за внатрешна безбедност (контраразузнавачка служба) во Сент Уен. Тој наведе дека изминатите денови во дебатите слушнал дека не постои геополитичка закана. – Тие луѓе не ги следат актуелните настани, дефинитивно, посочи Макрон алудирајќи на изјавата на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „конструктивноста на разговорите меѓу нашите тимови“ кои се одвиваа денеска во Џеда, Саудиска Арабија. Во видео-обраќање, Зеленски повтори дека украинската позиција е да го прифати денешниот американски предлог за прекин на огнот на небо, море и на фронтот. – Го сметаме за позитивен чекор, изјави тој, додавајќи дека САД „мораат да ја убедат ...
Рускиот претседател Владимир Путин нема намера за отстапки во најавените преговори за прекин на воените дејствија во Украина, јави денеска Блумберг повикувајќи сè на претставници на западни разузнавачки служби. Тој не е подготвен за компромис што се однесува на окупираните територии, неутралниот статус на Украина или присуство на западни мировни сили. Путин однапред поставува максималистички барања во можните преговори за прекин на војната за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на прифаќањето на 30-дневниот прекин на огнот од страна на Украина и потврди дека САД наскоро ќе одржат состанок со Русија – подоцна денеска или утре. Трамп најави и дека повторно ќе го покани Володимир Зеленски во Белата куќа, велејќи: „Сакаме да ставиме крај на војната во Украина“. Зеленски му се заблагодари на американскиот тим за конструктивните разговори во Саудиска Арабија. Украинскиот ...
Соединетите Американски Држави „веднаш ќе ја укинат суспензијата во размената на разузнавачки информации и ќе ја обноват безбедносната помош за Украина“, се вели во заедничката изјава на САД и Украина, објавена од американскиот Стејт департмент. Украина е подготвена да ја прифати американската иницијатива за итен, привремен 30-дневен прекин на огнот по денешните мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија. Овој предлог за прекин на огнот ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин оваа недела, но додаде дека „за танго се потребни двајца“. Ова следува откако Украина денеска го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот, по разговорите меѓу двете земји во Саудиска Арабија. Трамп додаде дека се надева оти Русија ќе го прифати планот за прекин на огнот кој беше изготвен од американски и ...
Премиерот на канадската покраина Онтарио, Даг Форд, денеска изјави дека привремено го суспендира планираниот намет од 25 отсто за извоз на електрична енергија во САД, откако американскиот секретар за трговија, Хауард Латник, се согласи на обновени трговски преговори. Форд рече дека имал „продуктивен разговор“ со Латник во врска со економските односи меѓу САД и Канада. – Се согласивме дека треба да надвладее разумот, изјави Форд пред новинарите, ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави дека Европската Унија ја поздравува веста, нарекувајќи ја „позитивен развој кој може да биде чекор кон сеопфатен, праведен и траен мир за Украина“. Изјавата следува откако Украина денеска соопшти дека е подготвена да ја прифати американската иницијатива за итен, привремен 30-дневен прекин на огнот по денешните мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија. Претседателот на ...
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека не исклучува можност за контакти со претставници на САД во наредните денови. Оваа најава доаѓа по денешните разговори меѓу САД и Украина во Саудиска Арабија, како и по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека очекува разговор со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела. Трамп, зборувајќи пред новинарите пред Белата куќа, изрази надеж дека во наредните денови ...
Собранието им изгласа недоверба на Дамева, Црвенковска, Адеми, Чочарова – Илиевски и Мустафа – 5-те члена на Судскиот совет што ги избира парламентот. Најбрзите интерпелации во историјата на законодавниот дом поминаа со гласовите на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, но и на опозициската Левица. СДСМ и ДУИ, пак, откако ги искажаа своите аргументи ја напуштија собраниската сала. Покрај изгласаната недоверба пратениците изгласаа и ...
Се’ поизвесно е дека минималецот нема да достигне 500 евра. Експертите велат дека државната каса се уште била во лоша состојба и не може да издржи субвенционирање на придонесите. Ваква интервенција би била можна, но откако економијата ќе закрепне. „Одредени синдикати бараат придонесите да се субвенционираат, меѓутоа во овој момент, буџетот на Владата да испорача таков вид на субвенција е неможен заради моменталната кондиција на Буџетот. Можеби ...
Едно лице било повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец. Ова го потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на кавадаречката Итна медицинска помош. - Според првични информации од лице место, товарното возило со скопски регистарски таблички од засега непознати причини се излизгало во долот. Шоферот од Велес роден 1985 година, успеал да излезе од возилото. Се здобил со лесни телесни повреди, но заради секоја сигурност, ...
За пет лица опфатени во вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут се бара притвор, а за едно од нив мерката би се применила по неговото пронаоѓање. За останатите осомничени се предложени мерки за обезбедување присуство. - Имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд ...
Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди попладнево во Кавадарци, информацијата за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош. - Според првичните информации од лице место, на булеварот меѓу основното општинско училиште „Гоце Делчев“ и новата црква „Света Петка“, дошло до судир помеѓу автобус и мотоцикл со поголема моќност. Повреден беше мотоциклистот. Со тешки телесни повреди, откако му укажавме првична ...
Само еден тендер на компанијата РКМ на Ратко Капушевски стои во Електронскиот систем за јавни набавки каде треба да бидат објавени сите договори кои ги склучуваат јавните институции. Станува збор за рамковна спогодба за набавка на Мазут за потребите на поранешната компанија Балкан Енерџи. Договорот е склучен на 20 јануари 2022 година во вредност од близу 40 милиони евра. Во рамковната спогодба вметнати се само месеците за кои РКМ на Ратко ...
Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишиле од слобода И.Џ. (49) од Тетово, поради сомнение дека подметнал пожар во Катланово. -Денеска околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ.. Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд. По расчистување на случајот ќе биде поднесен ...
Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Прага одржала работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки и со директорот за нови енергетски технологии Јан Прашил. Разговорите биле фокусирани на конкретни инвестиции во македонскиот енергетски сектор, модернизација на капацитетите на АД ЕСМ и можностите за ...
Едно лице било повредено вечерва во сообраќајка кај кавадаречкото село Раец, потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош - Кавадарци. - Лицето било приклештено во камион и извадено од пожарникари. По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов. Биљана Ѓаковска, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Велес, исто така, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека двојно ќе ги зголеми царините за канадскиот челик и алуминиум од 25 на 50 проценти. Тој наведе дека зголемените царини, што утре ќе стапат во сила, се одговор на зголемувањето на царините од покраинската Влада на Онтарио на електричната енергија што се продава на САД. – Му наложив на мојот секретар за трговија да додаде ДОПОЛНИТЕЛНИ 25% царини, на 50%, за целиот челик и алуминиум што доаѓаат во САД ...
Приведените бизнисмени Ратко Капушевски и Асмир Јахоски се уште се во полициска станица и се очекува во попладневните часови да бидат изведени пред Судија на претходна постапка. Според информации на Сител, МВР ја доставило кривичната пријава до јавниот обвинител од Организиран криминал и корупција и во моментот се подготвува наредбата и барањата кои ќе бидат изнесени пред судијата. Во вчерашната акција на Бирото за јавна безбедност и Основното ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска прес-конференција соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија која требаше да стопанисува со паркингот на Клинички центар. Таравари посочи дека се разгледуваат две опции за стопанисување со паркингот. -Првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички ...
На 10.03.2025 спроведена е полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати. Во рамки на акцијата лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно ...