Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Од 1 август пациентите со астма и ХОББ ќе го земаат лекот фостер во аптека само со партиципација од 280 денари. Од први јануари пак, ксарелто против згрутчување на крвта ќе биде 160 денари во аптека. Ова денеска го најави директорот на Фондот за здравствено осигурување – Поголем избор на брендови од иста генерика може да донесе пониски цени за пациентите. - Овие околу 50 милиони денари само со ова намалување кај фостерот, ние нема да ги ...
Фаворизирање само на одредени региони за мерките за вработување, нерамномерно распределување на парите, сомнителни тендери и доминантно ангажирање на еден адвокат... Државниот завод за ревизија утврди повеќе неправилности за работата на Агенцијата за вработување во 2024 година. За 14-те програми биле потрошени околу 23.5 милиони евра, што е за 16 отсто повеќе од претходната година, а најголем број од средствата им се доделени на 4,5 општини: ...
Можно е Владата повторно да ги активира мерките за цените на горивата. Откако нафтата на светските берзи скокна на околу 80 долари за барел, по новите напади на Блискиот Исток, премиерот Мицкоски вели дека состојбата се следи. Доколку има потреба, мерките стојат на располагање. Оцени дека актуелните случувања создаваат неизвесност на енергетските пазари, но уверува дека државата има доволно резерви и план за навремено снабдување со енергенси. ...
Се регулира пазарот за организирање подарувања. Сите инфлуенсери и познати личности, како и компании кога подаруваат производи, прво ќе мора да побараат дозвола од Министерството за финансии. За неа ќе треба да платат надомест од 6,000 денари. Кога ќе го добијат одобрението, во рок од 3 дена обврзани се да платат и 18% од вредноста на подарокот. Овие новини се дел од Законот за игри на среќа и според надлежното министерство – со истиот ќе се ...
Пратениците од ВРЕДИ Беким Ќоку и Аднан Азизи и заменик генераланиот секретар на владата Хасим Муртезани биле запрени на граничниот премин Ќафасан во обид да преминат кон Албанија. Повеќе од еден час без образложение биле задржани од граничната полиција. Иако подоцна им било кажано дека забрана за влез има лице кое патувало со нив, Ќоку на социјалните мрежи тврди дека и покрај дипломатските пасоши од полициски службеник добил информација дека ...
Владејачкото мнозинство сѐ уште не добило одговор од опозициските СДСМ, Левица, ДУИ, Села и Таравари за тоа дали ќе има усогласен став за Изборниот законик пред 15 јули – крајниот рок според кој Брисел ќе цени дали ќе ни додели дополнителни 4 милиони евра од Планот за раст. Премиерот Мицкоски денеска со нов повик, но и со критика до Левица дека, и покрај тоа што првично се усогласила со измените на изборните правила, подоцна се откажала и ...
Македонија ја зацврстува улогата како сигурен партнер на Интерпол. Од размена на разузнавачки информации и заеднички операции, преку обука на полициски кадар, до испраќање на експерти. Шефот на Интерпол, кој е во официјална посета на Скопје порача дека нашата држава покажува сериозен пристап кон меѓународната полициска соработка, а тоа го докажува преку практични примерии. „Од соработката што ја видов на вашата граница со Албанија, како и од ...
44 годишен охриѓанец сакајќи да ја сокрие дрогата од полицијата проголтал опаковка со наркотична материја. Најнапред му се влошила здравствената состојба по што од страна на полициските службеници повикана била Итната медицинска помош со чие возило бил пренесен во Општата болница, но и покрај преземените медицински мерки, тој починал. Тој и другото лице кое било со него им се добро познати на охридската полиција. - На 08.07.2026 година во ...
Морбиден молк, ладнокрвно смеење и поглед кон таванот, вака 25 годишниот овчар Трајче Бојковски обвинет за серија свирепи убиства се појави пред правдата. Драмата во кумановскиот суд настапи од самиот почеток кога обвинетиот сериски убиец одби да си го потврди сопственото име. Ова кај присутните оштетени роднини на жртвите предизвика револт, коментираа дека тој се преправа. По кратка пауза, Бојковски проговори и без воопшто да се замисли ...
Се следи состојбата со цените на горивата, ќе видиме како ќе се одвива, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека економските мерки остануваат на располагање, но не кажа дали ќе се активираат. Како што истакна Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања, Македонија има убедливо најниска цена на горивата и успеа во јуни да има најниско ниво на инфлација од сите држави во регионот. -Живееме во прилично предизвикувачо време, ...
Две лица се повредени, предизивикана е и материјална штета откако од возило во движење била фрлена рачна бомба во тетовско кон ресторан. - На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од село Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото, информираа од МВР. Од експлозијата е предизвикана ...
Центарот за јавно здравје-Штип вчера добило пријава за труење од храна за шест лица, кои се вработени во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Штип. Во писменото соопштение се наведува дека по пристигнување на пријавите, одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје-Штип веднаш постапило согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции и интоксикации. Епидемиолозите веднаш излегле на ...
42-годишна жена го загуби животот откако со својот автомобил „опел астра“ директно се судри со тешко товарно возило на локален пат во струмичкото село Робово. Кобниот судир се случил вчера во попладневните часови, кога поради сѐ уште неутврдени причини дошло до силен контакт меѓу патничкиот автомобил и камионот „ман“ со скопски регистарски таблички. Како последица од страотниот удар, возачката Р.Г.Р. се здобила со исклучително тешки повреди ...
Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во централниот дел на Македонија, според податоците од сеизмолошките служби. Според достапните податоци, земјотресот се случил денес во 6:54 часот наутро, а епицентарот е регистриран на координати 41,11 степени северна географска ширина и 22,39 степени источна географска должина, во областа на централна Македонија, во близина на Велес. Хипоцентарот е регистриран ...
Животните во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип со летните горештени се справуваат со свежа вода, полесна храна и дебела сенка, истакна денеска Зоран Божиков, доктор по ветеринарна медицина. Тој вели дека како кај луѓето, така и за животните при вакви летни температури се бара дополнителна грижа. Во летниот период им се менува начинот на исхрана, добиваат повеќе овошје и зеленчук, а водата за пиење редовно се менува, за да биде секогаш свежа. - ...
Малолетник се здобил со повреди откако возејќи електричен тротинет се судрил со патнички автомобил во Гостивар. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека незгодата се случила вчера околу 19 часот. - На 08.07.2026 во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,пежо“ со гостиварски ...
Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека Граничната полиција „постапила согласно законот во случајот пријавен вчера на граничниот премин „Ќафасан", каде на едно лице не му било дозволено да влезе на албанска територија поради законски пречки". На прес-конференција, на прашањето за случајот со двајцата пратеници и еден функционер на ВЛЕН на граничниот премин „Ќафасан“ објасни дека на граничниот премин се ...
Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Како што соопштуваат од Министерството за финансии, целта на новото законско решение со кое за прв пат се воспоставува ...
По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар - соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Како што наведува МЕРМС, уредбата е донесена во согласност со член ...
Пејачката на хитот „Total Eclipse Of The Heart“, Бони Тајлер, почина на 75-годишна возраст, се наведува во соопштение објавено на нејзината веб-страница. Велшката поп-ѕвезда, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, почина само неколку месеци откако беше лекувана на интензивна нега, каде што беше ставена во индуцирана кома по итна операција на цревата, пренесе ДПА. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на пејачката, нејзиното ...
Обезбедување европски начин на електронско плаќање, намалување на зависноста на Европската Унија од странските платежни системи, зајакнување на отпорноста на европската економија и поттикнување на иновациите и технолошкиот развој се целите на планот за воведување на дигиталното евро, чија регулаторна рамка доби поддршка од Европскиот парламент. Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи и создавање средина погодна за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека секој натамошен напад врз бродови ќе наиде на уште поостар одговор, откако американската војска изврши нови напади врз земјата. „Ова е одмазда за вчерашното бомбардирање на бродови од страна на Иран. Ако тоа се повтори, ќе стане многу полошо!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social). Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека лансирала нов бран ...
Коалиција од девет европски земји го повикува Брисел да ја продолжи итната флексибилност за Системот за влез/излез (ЕЕС), со аргумент дека блокот сè уште не е подготвен да ги укине моменталните заштитни мерки. Во заедничкото писмо со датум од 7 јули, во кое „Политико“ имаше увид, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија му порачаа на комесарот за внатрешни работи, Магнус Брунер, дека првите ...
Западна Европа го имаше најтоплиот јуни откако постојат мерења, соопшти Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“. Кон крајот на изминатиот месец регионот беше зафатен од силен топлотен бран што постави температурни рекорди, го наруши снабдувањето со електрична енергија и доведе до затворање училишта. Според месечниот извештај на „Коперник“ објавен денеска, изминатиот јуни бил втор најтопол месец на глобално ниво откако се ...
Три лица загинаа синоќа во руски воздушен напад во градот Дружкивка во украинскиот регион Доњецк, соопшти Канцеларијата на регионалниот обвинител. Погодена била куќа, при што се повредени и две жени. Една жртва има и во руските напади во регионот Херсон. „Руските сили ја нападнаа Дружкивка со воздушна бомба ‘ФАБ-250’. Убиени се две жени, на возраст од 71 и 74 години, и еден 56-годишен маж“, се вели во соопштението на обвинителството на ...
Бројот загинати во двата разорни земјотреса што ја потресоа Венецуела на 24 јуни се искачи на 3.811, додека 16.740 лица се повредени, а 17.907 луѓе останале без покрив над главата, соопшти денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, повторно повика на укинување на меѓународните санкции и ослободување на замрзнатите државни средства во странство, со цел ...
Најмалку 14 лица загинаа, а 78 се повредени во американските напади врз иранските провинции во изминатите 48 часа, соопшти денеска иранското Министерство за здравство, истакнувајќи дека ударите биле извршени и за време на важечкото примирје меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Шефот на Центарот за односи со јавноста и информирање на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур, објави на Х дека САД на 7 и 8 јули извршиле напади врз ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, ја отфрли изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Израел ќе се повлече од Либан, нагласувајќи дека на неговата земја не и е потребно ничие одобрение за да остане таму. „Не баравме ничие одобрение за да влеземе во Либан, ниту ни треба одобрение за да останеме таму“, ја пренесува „Тајмс оф Израел“ изјавата на Кац. Кац уште посочил дека Израел има „право и должност“ да ги брани ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека иранското раководство го контактирало и изразило желба за постигнување договор, откако Соединетите Американски Држави извршија нови напади врз ирански цели. „Се јавија пред извесно време. Толку очајнички сакаат да постигнат договор“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер форс еден“ при враќањето во САД од самитот на НАТО во Анкара. Неговите изјави следуваат откако американската ...
Ковчегот на убиениот ирански лидер ајатолахот Али Хамнеи пристигна во ирачкиот град Кербала утрово како последна станица од неговата шестдневна погребна поворка пред да се врати во Иран за погреб. Поворката привлече огромен број Ирачани во светилиштето на имамот Абас. Хамнеи беше убиен на 28 февруари за време на израелските и американските воздушни напади врз Иран. Неговото тело треба да се врати во Иран во Машхад и да биде погребано во ...