Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Корисниците на iPhone наскоро би можеле да добијат нова моќна алатка против дигиталните измами. Apple развива систем кој треба да препознава обиди за манипулација и да предупредува пред корисникот да направи ризичен чекор, како испраќање пари или споделување чувствителни информации. Новата безбедносна функција, наречена Trust Insights, е дизајнирана да анализира одредени модели на однесување при телефонски разговори, текстуални пораки и ...
Тешка сообраќајна несреќа на индонезискиот остров Јава заврши со трагичен биланс, откако пикап кој превезувал свадбени гости бил удрен од два камиони. Во несреќата животот го загубиле 13 лица, додека петмина други биле повредени. Несреќата се случила на прометен автопат во близина на селото Кијаран Кулон, во областа Индрамају, додека групата патници се враќала од свадбена прослава во соседното село Пареан. Според информациите од локалната ...
Рекордниот топлотен бран што ја зафати Западна Европа кон крајот на јуни предизвикал значително зголемување на бројот на смртни случаи, покажуваат најновите податоци од европската мрежа за следење на смртноста „EuroMOMO“. Според анализите објавени од оваа мрежа, во периодот кога екстремните температури го достигнаа својот врв, биле регистрирани 10.650 смртни случаи повеќе од очекуваното за тој период. Податоците се однесуваат на 27 европски ...
Засилени сообраќајни контроли низ целата држава резултирале со голем број санкции за несовесните возачи. Во текот на изминатиот викенд, полициските службеници регистрирале вкупно 1.426 сообраќајни прекршоци, а 64 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возила. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека најголемиот дел од прекршоците се однесувале на непочитување на ограничувањата на брзината. Од вкупниот број ...
Трагичен настан ја потресе скопската јавност, откако 31-годишен маж е приведен под сомнение дека со нож му нанел смртоносни повреди на својот 52-годишен татко во семејниот дом. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 12 јули во вечерните часови, а околу 23:00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Џ. (31) од Скопје, на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар. Според ...
Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство ја потресе јавноста, откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа напад врз девојче во Куманово. Случајот предизвика големи реакции, а надлежните институции веќе преземаат мерки за негово расчистување. Според информациите, настанот се случил пред околу еден месец, а пријавување во Полициската станица Куманово било обидено во текот на вчерашниот ден. Девојчето кое е жртва, ...
Недостатокот на железо е состојба која може да се манифестира преку различни симптоми, како што се постојан замор, вртоглавици, главоболки, забрзано чукање на срцето или зголемено опаѓање на косата. Навременото препознавање на овие знаци е важно, бидејќи со соодветни лабораториски анализи може да се утврди нивото на железо во организмот и, доколку е потребно, да се започне со соодветен третман. Во ПЗУ ВЕ ЛАБ – Лабораторија, пациентите имаат ...
Познатиот холивудски актер Бред Пит повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради филмска улога или приватниот живот, туку поради неговото појавување на Светското првенство. Фотографиите од трибините брзо се проширија на интернет, а еден детаљ од неговата комбинација стана главна тема за шеги меѓу корисниците на социјалните мрежи. Актерот беше забележан на натпреварот меѓу Шпанија и Белгија, каде што пристигна во ВИП ...
Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Котор–Никшиќ во местото Липци ја потресе јавноста во регионот. Во трагедијата животот го загуби 21-годишна девојка, додека уште 16 лица се повредени, меѓу кои и шест деца. Надлежните ги објавија и првичните информации за причините што довеле до превртувањето на комбето со српски туристи. Според црногорската Управа на полицијата, мини-бусот го управувал 68-годишниот Љ. М. од Котор. Првичните ...
Голем шумски пожар со исклучително големи размери беснее во близина на Париз, принудувајќи ги француските власти да ангажираат противпожарни авиони, хеликоптери и стотици пожарникари во обид да ја стават огнената стихија под контрола. Пожарот избувнал доцна попладнето во познатата шума Фонтенбло, која некогаш била кралско ловиште, а денес е една од најпосетените природни области во Франција, опкружена со повеќе населени места. Според ...
Тежок инцидент се случил во близина на познатата Сина пештера на полуостровот Луштица во Црна Гора, каде британска туристка се здобила со сериозни повреди откако нејзините нозе биле зафатени од пропелер на глисер. Жената веднаш била извлечена од морето и пренесена во болница, додека полицијата започнала истрага за околностите под кои се случила несреќата. Според информациите што ги објавуваат црногорските медиуми, несреќата се случила додека ...
Трагичен случај е регистриран во скопската општина Аеродром, каде четириесетгодишен маж бил пронајден починат во својот стан. За случајот веднаш биле известени надлежните служби, кои извршиле увид на местото на настанот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 11 јули околу 18:20 часот. По пристигнувањето на екипа од Итната медицинска помош, лекар констатирал смрт, при што не биле забележани видливи ...
Поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на податоци добиени од ЕВН Македонија, во периодот од 11:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од жителите на улицата „Беаз Куле“ во Општина Ѓорче Петров. Во ...
По случајот што ја потресе македонската јавност, Основниот суд донесе одлука таткото на Меланија Цветковска да биде упатен на задолжително психијатриско лекување во Специјалната психијатриска болница во Демир Хисар. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи најави детална истрага за постапувањето на сите надлежни институции пред да се случи трагичниот настан. Од МВР соопштија дека ќе се испитуваат сите околности поврзани со ...
На 67-годишна возраст почина познатата охридска професорка Соња Думбалоска Делова, веста ја соопшти нејзиното семејство. Думбалоска Делова ќе остане запаметена како исклучителен педагог, долгогодишен пливач и голем вљубеник во спортот. Таа беше основач и инструктор на школата за пливање „Делфини 2012“ од Охрид, преку која обучи и инспирираше бројни генерации млади пливачи. Нејзиниот придонес во развојот на пливањето беше особено значаен и ...
Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар што избувна во бар во Тајланд, откако десетици посетители останале заробени во објектот. Според локалните медиуми, најголем дел од жртвите биле пронајдени во тоалетите, каде што се засолниле во обид да се спасат од пламените јазици и густиот чад. Пожарот избувнал во популарниот локал „Ронг Бир На Лат Прао“, сместен во областа Чатучак во Бангкок. Противпожарните служби добиле повик околу 23:57 часот по ...
Светот на мотоциклизмот е потресен по трагична несреќа што се случи за време на третата рунда од Меѓународниот шампионат Алпе Адрија (AAIMC) на патеката „Автомотодром Брно“ во Чешка, во која животот го загубија двајца натпреварувачи. Во тешкиот судир на патеката загинаа австрискиот возач Филип Штајнмајер и романскиот натпреварувач Адријан Рус, потврди Меѓународната мотоциклистичка федерација (FIM). Филип Штајнмајер, роден на 13 август 1993 ...
Британска туристка се здобила со тешки телесни повреди во инцидент што се случил во саботата во акваториумот кај полуостровот Луштица, во близина на Сината пештера во Црна Гора. Според информациите, жената пливала во една од помалите морски пештери во близина на Сината пештера кога била тешко повредена од пропелерот на глисер со регистрација 192КТ. Претходно, истиот глисер неа и уште неколку туристи ги превезол до пештерата. Според првичните ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера во местото Камичани кај Приједор, при што пет лица се повредени, а една жена се здобила со тешки телесни повреди. Според информациите од Полициската управа Приједор, несреќата се случила околу 15:30 часот. Во судирот учествувале патнички автомобил „Пежо“, управуван од Х.Ш. од Велика Кладуша, и автобус зад чиј волан бил Х.Х. од Добој. Најтешко е повредена возачката на автомобилот, кај која лекарите ...
Долго време се дебатира дали децата интелигенцијата повеќе ја наследуваат од мајката или од таткото. Иако генетиката игра важна улога, научниците нагласуваат дека развојот на интелигенцијата е многу посложен процес и зависи од комбинација на наследни и средински фактори. Според дел од научните истражувања, гените кои влијаат врз когнитивните способности во значителна мера се поврзани со X-хромозомот. Бидејќи жените имаат два X-хромозоми (XX), ...
Македонските млади атлетичари остварија одличен настап на Балканското првенство за атлетичари до 20 години во Крајова, Романија, освојувајќи сребрен медал, поставувајќи два младински национални рекорда и повеќе лични рекорди. Најголемиот успех го постигна женската штафета на 4×100 метри, која го освои сребрениот медал со време од 48,95 секунди. Во составот настапија Ева Митевска, Тамара Атанасовска, Лина Исени и Марта Димковска, кои го урнаа ...
Русија ја суспендираше пловидбата во Азовското Море по серијата украински напади со беспилотни летала врз десетици пловила и стратешки објекти во регионот, јавуваат руските и украинските извори. Командантот на украинските сили за беспилотни летала, Роберт Бровди, соопшти дека во текот на ноќта биле погодени десет танкери, четири траекти, како и голема рафинерија за нафта во рускиот град Сизрањ. Тој наведе дека украинските сили извршиле и ...
Спортските игралишта во ООУ „Гоце Делчев“ во Виница биле мета на вандализам, а според раководството на училиштето, сторителите се малолетни лица кои се јасно идентификувани преку системот за видеонадзор. Од училиштето информираат дека веќе е формирана комисија која треба да ја утврди и процени причинетата материјална штета, по што случајот ќе биде проследен до надлежните институции. „Сторителите се комплетно и јасно снимени од сите агли на ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 22 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Меѓу приведените е и возач од Велес, кој управувал возило под дејство на алкохол. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Во рамки на акциските контроли, најголем дел од ...
Авион на авиокомпанијата „Виз Ер“, кој летал кон Меѓународниот аеродром Скопје, бил принуден да го промени правецот и да слета на аеродромот во Приштина поради лошите временски услови над скопскиот регион. Според податоците од платформите за следење на летови, авионот со ознака W64732 извесен период кружел над поширокото подрачје на Скопје, обидувајќи се да ги дочека условите за безбедно слетување. Сепак, по неколку неуспешни обиди и поради ...
Едно лице го загуби животот, а 17 други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на главниот пат Котор – Никшиќ, во близина на местото Липци, пренесуваат црногорските медиуми. Според неофицијалните информации објавени од ТВ „Вијести“, несреќата се случила околу 13:40 часот, кога патничко комбе од засега непознати причини излетало од коловозот. Од Полициската управа за „Вијести“ неофицијално потврдиле дека во несреќата ...
Мажот за кого неговата ќерка јавно побара помош преку видео објава на Инстаграм, барајќи институциите итно да реагираат и да обезбедат негово психијатриско лекување, денеска е транспортиран од кумановската болница во психијатриската установа во Демир Хисар, каде ќе биде хоспитализиран, дознава „Слободен печат“ од доброупатени извори. Според информациите, транспортот ќе биде извршен со полициска придружба, медицинска сестра и возило на ...
Две лица синоќа се обиделе насилно да провалат во црквата „Св. Петка“ во селото Ботун, која се наоѓа покрај патот кон Охрид, но нивниот обид завршил безуспешно, информираат мештани за „Скопје1“. Според жителите кои доставиле снимка од безбедносните камери, обидот за упад се случил околу 20 часот. На видеозаписот се гледаат две лица кои пристапуваат кон влезната врата на верскиот објект и се обидуваат насилно да ја пробијат со тежок метален ...
Украинската армија соопшти дека во текот на ноќта извела напад врз рафинерија за нафта во рускиот град Сизрање, во Самарската област, објект кој се наоѓа на повеќе од 800 километри од украинската граница. Според украинската страна, нападот е дел од пошироката стратегија за нарушување на снабдувањето со гориво на руските сили и ограничување на логистичките линии кон окупираниот Крим. Од друга страна, гувернерот на Самарската област, Вјачеслав ...
Во изминатите 24 часа полицијата регистрирала девет случаи на семејно насилство низ Македонија, при што шест лица биле лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи. Во Кавадарци, полициски службеници ја привеле 37-годишната жена, која според пријавата физички ја нападнала својата 57-годишна мајка и ѝ упатувала закани. При алкотестирање кај неа биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Во Куманово бил приведен 71-годишен ...