Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар што избувна во бар во Тајланд, откако десетици посетители останале заробени во објектот. Според локалните медиуми, најголем дел од жртвите биле пронајдени во тоалетите, каде што се засолниле во обид да се спасат од пламените јазици и густиот чад. Пожарот избувнал во популарниот локал „Ронг Бир На Лат Прао“, сместен во областа Чатучак во Бангкок. Противпожарните служби добиле повик околу 23:57 часот по ...

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени во катастрофален пожар што ноќеска избувна во преполн бар во округот Чатучак во Бангкок, Тајланд. Осуммина од повредените се во критична состојба и се борат за живот. Според првичните информации, најголем дел од жртвите починале од вдишување чад. Директорот на Одделот за катастрофи во Бангкок, Суријачаи Равиван, изјави дека истрагата за причините за пожарот е во тек. Пожарникарите добиле ...

Тајландските власти истражуваат дали небрежноста е причината за смртоносниот пожар во бар во Бангкок доцна во неделата, бидејќи преживеаните пријавиле дека врати биле заклучени и дека немало сигнализација за итни излези, пренесува Би-би-си. Употребата на запаливи материјали како декорација можеби го олеснила брзото ширење на пожарот, кој започнал во близина на сцената, вели полицијата. „Ова укажува на недостаток на претпазливост и ...

Страшниот пожар во бар во Бангкок, во кој животот го загубија 30 лица, откри низа сериозни безбедносни пропусти во објектот. Тајландските истражители при првичниот увид пронашле повеќе неправилности кои можеби придонеле трагедијата да добие толку големи размери. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Тајланд, еден од излезите предвидени за евакуација во задниот дел од локалот бил блокиран со тезга за продажба на слатки. ...