Скопје
-9ᴼ /
-9ᴼ
Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, изјави дека мировниот договор за запирање на војната е „навистина блиску“ и дека процесот се наоѓа во, како што рече, „последните 10 метри“ – делот што секогаш е најтежок. Иако финализацијата е на повидок, остануваат две нерешени точки кои го кочат конечниот договор: идниот статус на регионот Донбас и судбината на нуклеарната централа Запорожје. Келог, кој во јануари ја напушта ...
На 06.12.2025 година, околу 22:20 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид спровеле акција во селото Велгошти, при што бил лишен од слобода Н.Ѓ. (45) од Охрид. При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја, за која постои сомнение дека е недозволена дрога. Во истиот момент, полициските службеници ги затекнале и А.Т. (31), А.В. (26) и И.Р. (50), сите од Охрид, со кои ...
На 6 декември 2025 година, околу 22:53 часот, СВР Скопје доби пријава од Казнено-поправната установа Затвор Скопје дека двајца затвореници биле затекнати како конзумираат кокаин. Според информациите, инцидентот се случил околу 22:00 часот, кога вработен во затворот, за време на редовна обиколка, забележал дека Д.В. и Г.А. употребуваат забранета супстанца. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат соодветни мерки за ...
Градот Скопје ќе добие новогодишно и божиќно украсување вредно 3.260.000 денари (околу 53.000 евра), а тендерот го доби скопската фирма „Линк Медиа Плус ДООЕЛ“, која како единствен понудувач ќе го изведе проектот. Компанијата веќе има искуство со слични проекти во Општина Центар и во Штип, а претходно работела и на празнични декорации во Кавадарци и Чаир. Според спецификацијата, најголем дел од украсите ќе бидат поставени на плоштадот ...
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Европа може да воведе царини за Кина во наредните месеци ако Пекинг не преземе конкретни мерки за намалување на растечкиот трговски дефицит со Европската Унија, објавија француските медиуми. Според Макрон, ЕУ е принудена да размисли за протекционистички мерки ако Кина не реагира брзо и одговорно, бидејќи стабилноста на европската индустрија и иновации е во прашање. По официјалната посета ...
Во Белград, пред Уставниот суд, денес попладне се одржа протест на група судии и обвинители од целата земја, како реакција на, како што велат, се поголеми политички притисоци врз судството. Протестот беше инициран поради случај во кој на обвинителка од Првото основно јавно обвинителство во Белград ѝ било одбиено да спроведе истрага поврзана со инцидент во шаторската населба пред Собранието. Судии и обвинители истакнуваат дека ваквите ...
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, кое ги застапува родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „Пулс“, денеска јавно ги демантира шпекулациите дека семејствата побарале откажување или намалување на новогодишните активности во Кочани. Во последните денови, во градот се појавија информации дека новогодишната прослава и празничното украсување ќе бидат сведени на минимум, наводно по барање на семејствата на жртвите. Од ...
Македонскиот борец Горјан Гого Славески продолжува да доминира во БКФЦ (бокс со голи раце), постигнувајќи го својот седми триумф во организацијата. Тој го совлада Џа Фар Форт со технички нокаут уште во првата рунда, по само една минута и 34 секунди борба. Славески ја започна борбата агресивно, преземајќи целосна иницијатива од самиот почеток. Неговите удари беа толку силни и континуирани што судијата мораше четири пати да ја прекине рундата, ...
Во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија, петгодишно момче со жижица предизвикало пожар кој целосно уништил автомобил, соопшти полицијата. Инцидентот се случил во саботата на паркинг во станбена област во градот Хаген. Според извештајот, 42-годишната мајка му дала на синот жижица, која таа ја запалила. Додека детето држело жижица, искрите паднале под автомобилот, каде што имало суви лисја, што довело до брзо ширење на огнот. ...
Одгледувачите на овци сè уште чекаат да ги добијат субвенциите за 2025 година, додека сточарите се уште не ја примиле премијата за млекото – кравјо, овчо и козјо – бидејќи само мал дел од нив ја добиле исплатата. Покрај тоа, и градинарите и овоштарите чекаат доисплата за 2024 година. Во одговор на прашање од „Зелена берза“, Платежната агенција соопшти дека финансиските средства за исплата се обезбедуваат и дека предметите се во финална фаза ...
Милена секојдневно се соочува со тешка и неизвесна борба и има потреба од нашата поддршка за да добие можност за подобро утре. Нејзината мајка, во искрен апел, ја споделува семејната приказна и ги повикува сите хумани луѓе да помогнат – било преку донација, споделување или збор на поддршка. „Да се обединиме и да ѝ ја дадеме на Милена шансата што ѝ е неопходна! – ова не е само моја желба, туку апел до сите добри луѓе. Секој ваш денар, секое ...
Неверојатна сообраќајна несреќа ја потресе Србија минатата сабота, кога автомобил излетал од патот во селото Остривац, близу Чуприја, и завршил буквално врз семејна куќа. Сцената, која личи на кадар од акционен филм, беше снимена и за миг се прошири на социјалните мрежи. Инцидентот се случил кога возачот, излегувајќи од остра кривина, ја изгубил контролата врз возилото. Автомобилот се пролизгал, ја пробил оградата на дворот и по превртување ...
Шеесет и двегодишна жена од Кочани пријавила во полицијата дека била измамена од две жени кои ѝ ветиле дека ќе ѝ „растурат магија“. Инспекторите потврдуваат дека станува збор за уште еден случај во низата измами што таргетираат доверливи и вознемирени лица. Според исказот што оштетената го дала во полициската станица, двете жени се појавиле во дворот на нејзината семејна куќа во кочанско село. Тие ѝ кажале дека е „врзана со магија“ и дека ...
Скопјанка на 82 години станала жртва на уште една измама со лажна сообраќајка, метод што сè почесто го користат измамници за да ограбат постари лица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 06.12.2025 во 10:20 часот, жената пријавила дека телефонски ја контактирало лице кое се претставило како полициски службеник. Лажниот „полицаец“ ѝ соопштил дека нејзината внука наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која загинало ...
Командантот на украинските вооружени сили, генерал Олександр Сирски, во интервју за Sky News предупреди дека Москва ги користи мировните иницијативи посредувани од САД како параван за нови офанзиви по целата фронтова линија. Сирски нагласи дека Украина нема да прифати никаква „размена на мир за територија“, ниту договор што подразбира повлекување од Донбас. „Ние се бориме токму затоа што не сакаме да ја предадеме нашата земја. За нас е ...
Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на фудбалот, освојувајќи го 47-миот трофеј во својата неверојатна кариера, што го прави најтрофеен фудбалер на сите времиња. Со клубот Интер Мајами, Меси повторно се покажа како клучен играч, носејќи ја екипата до нова титула во американскиот фудбал. И покрај тоа што веќе е во ветеранските години, неговото влијание на теренот останува огромно – како лидер, креатор и играч кој прави разлика во ...
Жителите на една станбена зграда во Беч останаа во целосен шок кога на терасата од еден од становите се појави – Ферари. Станува збор за модел Ferrari 296 GTB, суперавтомобил чија вредност се проценува на околу 400.000 евра. Снимки од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, прикажувајќи како возилото, со помош на кран, внимателно се подига и поставува на терасата. Соседите во неверување ги следеле случувањата, дел од нив мислејќи ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска јасно демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на бегалски кампови во земјава. Според Милошоски, договорот е еден од најзначајните документи постигнати со Велика Британија и се фокусира на заедничка соработка во области како инфраструктура, инвестиции, економија и безбедност. Тој посочи дека договорот предвидува изградба ...
Во текот на 06. и 07 декември 2025 година, полицијата во повеќе градови низ Македонија лиши од слобода возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Сите случаи се документирани, а против сторителите ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Сите приведени се подложени на соодветни законски постапки, а полицијата апелира до возачите за возење со одговорност и почитување ...
Во Македонија се отвора се поголем простор за жените да станат пожарникарки, следејќи ги примерите од поразвиените земји. Десетина жени од Источна Македонија веќе започнаа обуки за приклучување кон доброволните противпожарни друштва преку програмата „И ти можеш да бидеш хероина“, која комбинира теоретски и практични тренинзи за реагирање при пожари и користење на основната противпожарна опрема. Меѓу учесничките е Танкица Стојанова од ...
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека од 2022 до 2025 година, економиите на европските земји претрпеле загуби до 1,6 трилиони евра поради антируските санкции. Во соопштението се наведува дека, и покрај „невиден економски притисок“ од западните земји, руската економија покажала висок степен на отпорност и прилагодливост со континуиран и стабилен раст. Москва тврди дека едностраните мерки на Запад не само што влијаат врз ...
Службите за итни случаи и полицијата интервенираа на аеродромот Хитроу во Лондон поради „сериозен инцидент“ кој се случи утрово. Според локалните медиуми, неколку лица се повредени и се префрлени во болница. Лондонската полиција соопшти дека група мажи испрскале неколку лица со „некаков вид спреј со бибер“, по што го напуштиле местото на настанот. Едно лице е уапсено под сомнение за напад, а истрагата продолжува за пронаоѓање на останатите ...
Во рамките на интензивната операција против дистрибуцијата на наркотици, националната полиција на Перу заплени 3.407 килограми кокаин хидрохлорид во регионот Пиура, во северозападниот дел на земјата, со што го спречи испраќањето на товарот во странство, соопшти Министерството за внатрешни работи на Перу. Претседателот на Перу, Хосе Хери, нагласи дека конфискуваната дрога потекнува од регионот ВРАЕМ (VRAEM – Valle de los Ríos Apurímac, Ene y ...
Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но проблемот останува нерешен поради недоволна инфраструктура за собирање и предавање. Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад отколку остатокот од Медитеранот, при што над 80% од него е пластика. За да се справи со оваа криза, здружението Sunce, во соработка со организации од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste. ...
Бегството на 50-годишниот Назиф Муслија, обвинет за убиството на неговата сопруга Саџиде Муслија, заврши по повеќе од 30 часа потрага во италијанската провинција Анкона. Муслија беше пронајден тешко повреден во шума во селцето Бракано ди Мателика, Мачерата, по обид за самоубиство. Ловџија кој се нашол на местото го забележал и веднаш алармирал полиција, што спречило трагичен исход, објави 4NEWS.mk. Убиството се случи на 3 декември во Пјанело ...
Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, на својот Фејсбук профил објави дека започнува отстранување на сите билборди од Железничката станица Скопје, јави 4NEWS.mk. Ивановски истакна дека оваа иницијатива е дел од напорите за враќање на оригиналниот изглед на станицата. „Во насока на ослободување на просторот и автентичниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други ...
Епидемиолошките податоци покажуваат дека границата за почеток на пубертетот се намалува, а овој тренд е особено изразен кај девојчињата. Истражувањата укажуваат дека прераниот пубертет станал почест по пандемијата на ковид-19. Доц. д-р сц. Невена Крниќ, началничка на Одделот за ендокринологија и дијабетес при Клиниката за педијатрија на KBC Загреб, објаснува дека трендот на порано започнување на пубертетот е забележан првично во западните ...
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека во пресрет на новогодишните празници ќе се спроведуваат засилени и проширени контроли на евидентирањето на готовинскиот промет. Фокусот ќе биде насочен кон сите угостителски објекти – ресторани, кафе-барови, дискотеки, сендвичари и други субјекти кои работат со плаќања во готово. Пред почетокот на строгите контроли, УЈП реализираше обемен советодавен процес со цел да ги информира даночните ...
Во познат ресторан на Нов Белград, синоќа околу 21 часот, се случи вооружен напад во кој тешко беше повреден 30-годишниот Н.К., навивач на Партизан. Тој седел на маса заедно со Ненад Алајбеговиќ – Алибег, поранешен водач на групата „Забрањени“, за кого се верува дека бил вистинската мета. Очевидци опишуваат дека напаѓачот со качулка се качил на првиот кат, пришол до масата и речиси една минута се преправал дека гледа во мобилен телефон. ...
Тест-фазата на новиот сообраќаен систем „Сејф сити“ веќе го менува однесувањето на скопјани. Во првиот ден од тестирањето беа регистрирани 110.000 прекршоци, а веќе следното утро бројката се преполови, што покажува дека камерите веднаш имаат ефект врз возачите. Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, објаснува дека целта на системот е зголемување на безбедноста и намалување на трагичните последици на сообраќајниците. Лани во Македонија ...