Скопје
-9ᴼ /
-9ᴼ
Североисточниот дел на Јапонија денеска беше погодно од силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер, кој предизвика штети, повреди и сериозни безбедносни аларми во неколку префектури. Според првичните информации, три лица се повредени – едно во Аомори по рушење на дел од пат, како и две лица во Хокаидо кои паднале додека се обидувале да избегаат за време на потресот. Во префектурата Аомори најмалку 2.700 домаќинства останале без ...
Германија официјално ја затвори квотата за вработување работници од Западен Балкан за 2025 година – сите 50.000 работни дозволи се веќе распределени. Ова значи дека до крајот на годината нема да се разгледуваат нови апликации за работници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Северна Македонија. Според правилото што Берлин го воведе во јуни 2024 година, постапката на хартија изгледа едноставна: германскиот работодавач ...
Најновите статистички податоци за октомври 2025 година покажуваат јасна слика: Србија ја има убедливо најниската инфлација во регионот, додека Македонија се наоѓа во горниот дел од листата, со раст на цените над регионалниот просек – но сепак под нивоата на земјите со најсилни инфлациски притисоци. Во октомври, Србија забележа инфлација од само 2,8 проценти, што ја прави најстабилна економија меѓу земјите надвор од Европската Унија што се ...
Сведоштвото на поранешниот оперативец на ЦИА, Џон Киријаку, открива шокантна и во исто време вознемирувачка реалност за најризичните точки на планетата. Човек кој во име на разузнавањето работел во 72 држави, не раскажува приказни за егзотика и авантури – туку за постојана закана, заседи, хаос и смрт. Иако Стејт Департментот на САД редовно ги предупредува своите граѓани да ги избегнуваат државите со највисоко ниво на ризик – Иран, Украина, ...
Странски фудбалер предизвика вистински хаос во Лондон, откако бил уапсен под сомнение за напад и нарушување на јавниот ред и мир, јавува „Би-би-си“. Инцидентот, кој брзо го привлече вниманието на јавноста, се случил во централниот дел на градот, каде сведоци пријавиле агресивно однесување што довело до итна полициска интервенција. По доаѓањето на службениците, фудбалерот бил приведен и однесен на распит, каде, според првичните информации, се ...
Секторот за внатрешни работи во Охрид објави дека завчера попладне, во просториите на поранешните оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, било откриено машко безживотно тело. Настанот се случил на 06.12.2025 година околу 16:20 часот. По преземените мерки и извршената идентификација, утврдено е дека станува збор за З.Т. (57) од Охрид, кој на 4 декември во 18:25 часот бил пријавен во СВР Охрид како исчезнат, откако се оддалечил од ...
Според последните контроли на Управата за јавни приходи (УЈП), од околу 4.000 спроведени проверки, секој четврти објект е откриен со неправилности, главно во делот на неиздавање фискални сметки. Ова, според УЈП, укажува на широка пракса на неевидентиран готовински промет, која се користи и за плаќања помеѓу фирми „на рака“ и исплата на плати во плик – практики кои се спротивни на законот, создаваат сивата економија, нелојална конкуренција и ...
Граѓаните кои денеска патуваат кон Македонија се соочуваат со значителни задржувања на граничниот премин „Дојран“. Поради штрајк на земјоделците, граничниот премин „Богородица“ (Евзони) е целосно затворен за влез и излез од 11:00 часот, што предизвика хаос кај возачите на терен. Според информации од АМСМ, на „Дојран“ сообраќајот се одвива, но поради зголемен интензитет, се формираат колони на влез во државата. Времето на чекање за излез од ...
Легендарниот Меколи Калкин, кој како дете го играше незаборавниот Кевин Мекалистер, конечно открива детали за можно продолжение на култниот божиќен филм „Сам дома“. Во последните години, Калкин повторно ја прегрна носталгијата околу улогата што го направи светски познат, вклучувајќи учество во реклами и специјални емисии посветени на филмот. Во својата серија „Носталгична вечер со Меколи Калкин“, актерот ја сподели својата визија за новото ...
На шпанскиот остров Тенерифе вчера се случи страшна трагедија кога моќни џиновски бранови го погодија крајбрежјето, одземајќи три животи и повредувајќи најмалку 15 лица. Несреќата ги шокираше локалните жители и туристите, кои неочекувано беа повлечени во морето од силните налети на вода. Според локалните власти, меѓу загинатите е 79-годишна жена од Холандија, која, и покрај напорите на спасувачите за реанимација, починала на самото место. ...
Вчера рано наутро, мирното село Будинарци во Беровско беше потресено од вистинска драма која ги остави локалните жители во шок. 52-годишната М.М. од село Возарци со своето патничко возило „Хјундаи“ со штипски регистарски ознаки удри во двајца мажи, Д.Г. (38) и Ѓ.Ч. (24), кои се наоѓале пред локална кафеана. Сведоците велат дека сцената била хаотична – луѓето трчале настрана, додека автомобилот се движел кон пешаците. Но, инцидентот не застана ...
Индиската престолнина, Њу Делхи, се соочува со сериозна здравствена криза предизвикана од токсичен воздух. Во периодот од 2022 до 2024 година, повеќе од 200.000 луѓе се јавиле во шесте најголеми болници со акутни респираторни заболувања, додека над 30.000 од нив морале да бидат хоспитализирани, потврди индиската влада. Токсичниот воздух е константен проблем, особено во зимските месеци, кога урбаните и приградските области се зафатени од ...
Телото на 12-годишно мигрантско момче беше пронајдено на брегот кај грчкиот остров Самос, по трагичен инцидент во кој детето било удрено од пропелер на чамецот со кој се обидувала да стигне до островот. Во групата имало уште 37 мигранти кои успеале да се спасат и да побараат помош. Телото на момчето веднаш било пренесено во локалната болница, а истрагата за околностите на смртта е во тек. Овој инцидент се случи само неколку часа по ново ...
Денеска во трговскиот центар „Сторо Сторсентер“ во Осло, Норвешка, избувнa пукање кое предизвика голема паника меѓу посетителите. Според првичните информации од норвешките медиуми, настанот се случил во текот на денот, кога неидентификувано лице започнало да пука во еден дел од трговскиот центар. Полицијата веднаш интервенирала и го фатила напаѓачот, обезбедувајќи ја областа и спречувајќи евентуално поголема штета. Засега нема официјални ...
Вечерва регионот беше потресен од трагичен настан – телото на бремена жена е пронајдено во реката Бистрица, во селото Грабаница, во близина на Клина. Жената, на возраст од околу 40 години, претходно била пријавена за исчезната од страна на нејзиното семејство. Според изјавата на портпаролот на полицијата за пеќскиот регион, Фадил Гаши, семејството пријавило дека жената ја напуштила куќата околу 11:00 часот наутро, а подоцна, околу 19:30 ...
Струмичанец се здоби со тешки повреди откако возилото што го управувал излетало од регионалниот пат Кавадарци-Неготино, во близина на кавадаречкото село Марена. Според СВР Велес, несреќата се случила вчера околу 10:50 часот. С.А. (46) од Струмица управувал патничко возило „гели“ со скопски регистарски ознаки кога излетал надвор од коловозот. Повредениот веднаш бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни ...
По тензичните изјави од американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот лидер Володимир Зеленски излезе со реакција дека американските претставници се добро запознаени со клучните украински позиции. Зеленски го оцени последниот дипломатски дијалог како „конструктивен, но не и едноставен“, по средбата со специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и со Џеред Кушнер, кои престојуваат во Киев за напори околу потенцијалниот мировен план. ...
Чешка годинава се соочува со најголемата епидемија на хепатитис А во последните четири децении. Според Државниот завод за јавно здравје (SZÚ), регистрирани се 2.880 случаи, што е дури 4,5 пати повеќе од минатата година. Бројот на починати се искачи на 31, додека лани беа пријавени само две жртви. Најтешко погодено е главното жариште во Прага, каде што се пријавени над 40% од сите случаи, а потоа следат Средночешкиот регион и Моравско-Шлезиска ...
Летот од Приштина кон Истанбул заврши со тензија кога авион „Boeing 737-800“ на авиокомпанијата „AJet“ по слетувањето ненадејно се најде надвор од пистата. Наместо да продолжи по предвидената патека за рулирање, леталото завршило на мека земјена површина, каде што конечно запрело. Инцидентот се случил додека на аеродромот врнеле интензивни дождови, што според првичните информации имало директно влијание врз маневрирањето по слетувањето. Иако ...
Утрината во Техничкото училиште во Нов Белград се создаде вистинска вознемиреност кога учебниот процес беше нагло прекинат по примена порака за можна експлозивна направа во зградата. Наставниците и раководството без двоумење ја спроведоа итната евакуација, а ходниците за миг се испразнија додека учениците брзо се упатуваа кон безбедната зона надвор од училиштето. Дојавата, која пристигнала пред почетокот на дел од часовите, предизвикала ...
Германскиот воздухопловен центар (DLR) објави необична, но возбудлива можност за шест храбри поединци: 100 дена целосна изолација во истражувачки објект, како дел од студијата „SOLIS100“, за што учесниците ќе добијат 23.000 евра. Целта е да се проучи како долгата изолација и тесниот простор влијаат на телото и психата, како подготовка за идните мисии на Месечината и Марс, во соработка со Европската вселенска агенција (ESA). Живот како ...
Според најновите податоци на Народната банка, странските директни инвестиции (СДИ) во земјава за првите девет месеци од 2025 година изнесуваат 209,4 милиони евра, што претставува драстичен пад во споредба со истиот период минатата година, кога тие надминуваа 840 милиони евра. Особено критична е состојбата во третиот квартал (јули–септември), кога наместо прилив, е регистриран вкупен нето-одлив од 21,8 милиони евра. Овој негативен тренд е ...
Два борбени авиони на Холандија беа подигнати од воената база Волкел откако непознат авион влезе во холандскиот воздушен простор, објави 4NEWS.mk. Министерството за одбрана издаде предупредување за брз одговор, мерка што се активира секогаш кога авион навлегува без идентификација. Таквите операции се редовни и се изведуваат неколку пати годишно. Портпаролот на министерството истакна дека станува можеби за дрон, но не од оние кои се ...
Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, во гостување во емисијата „Претрес со Ландов“ ги разјасни најчестите дилеми околу функционирањето на системот „Безбеден град“, посочувајќи дека камерите не казнуваат кога условите го налагаат спротивното. Трепкачко-жолто и регулирање од сообраќаец Топаловски истакна дека кога раскрсница е ставена под посебен режим – било да станува збор за трепкачко-жолто или регулирање од сообраќаец – системот ...
На 7 декември 2025 година, околу 03:00 часот по полноќ, во ОВР Кичево била пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар–Кичево, во близина на кичевското село Трапчин Дол. Според информациите, патничко возило „Волво“ со американски регистарски таблички, управувано од 32-годишниот Ф.А. од Кичево, излетало од коловозот под засега неутврдени околности. Во несреќата тешки телесни повреди добила 25-годишната сопатничка А.З. од ...
Програмата „Преглед на годината со Владимир Путин“ бележи огромен интерес од граѓаните – досега се пристигнати над 314.000 барања со прашања упатени до рускиот претседател, пренесува РИА Новости. Според податоците, 67% од прашањата ги испратиле жени, додека 33% се од мажи. Темите што најмногу ги интересираат Русите се од социјалната сфера, а веднаш зад нив се прашањата поврзани со воената одбрана, поддршка на војниците, како и економската ...
Шпанските власти отворија широка истрага за потеклото на неодамнешната епидемија на африканска свинска треска во Каталонија, откако стана јасно дека вирусот што ги заразил дивите свињи околу Барселона не одговара на познатите соеви што циркулираат во ЕУ. Досега се потврдени 13 случаи кај мртви диви свињи, што ја разгоре загриженоста поради огромната економска закана за индустријата за свинско месо вредна 8,8 милијарди евра годишно, објавува ...
Полицијата и семејството на велешанецот Стојанче Клифов (48) интензивно трагаат по него, откако околу полноќ во сабота кон недела му се изгубила секоја трага. Неговото исчезнување го подигна Велес на нозе, а блиските апелираат до сите граѓани за помош. Наташа, сестрата на Стојанче, за Викимедиа изјави дека брат и живеел со нивните родители и никогаш досега не се случило да замине без да каже каде оди. Овој пат, излегол од домот ненадејно и ...
Утре, Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон, Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу учениците на Светите браќа Кирил и Методиј. Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина. Свети Климент е првиот македонски архиепископ и творец на прочуената Охридска книжевна школа, позната како првиот словенски универзитет. Тој образувал повеќе од 3.500 ученици за црковна богослужба, а паралелно со ...
Луана Лопес Лара, 29-годишна поранешна балерина од Бразил, влезе во историјата како најмладата жена која самостојно заработила милијарда долари, според најновата листа на „Форбс“. Со ова таа ги надмина Кајли Џенер и Тејлор Свифт, преземајќи го врвното место меѓу младите женски милијардери. Лара е коосновач на финтек платформата „Kalshi“, која се занимава со тргување и предвидување на реални настани – од избори и спортски натпревари, до ...