Сувенирите што туристите ги носат од летувањата не се секогаш безопасни. Во многу земји постојат строги правила за изнесување на природни и културни богатства, а нивното прекршување може да резултира со високи парични казни, па дури и затвор. Според Австрискиот клуб за автомобили, мотоцикли и туризам (ÖAMTC), во Хрватска е забрането изнесување на одредени заштитени школки и морски полжави, додека необработените тартуфи можат да се изнесат ...

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ летово одмораат на црногорското приморје, каде што вниманието го привлекува нивната нова јахта „Лејди Би“. Луксузното пловило, кое се истакнува во секоја марина во која ќе се појави, е уредено со две палуби и ентериер што потсетува на модерен хотелски апартман. Иако точната вредност на јахтата не е објавена, станува збор за уште една значајна инвестиција на познатиот пар, кој со години вложува во ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин, осомничен дека ги спречил даночните инспектори да извршат службена контрола на локалитетот „Камени кукли“ во селото Куклица, општина Кратово. Според обвинителството, инцидентот се случил на 16 јули, кога двајца даночни контролори пристигнале да извршат контрола поврзана со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Во тој ...

Вистинска драма се случила во Унгарија, каде што маж е уапсен по сериозен напад врз жена. Според информациите од унгарските власти, осомничениот со автомобил ја следел жената, а потоа намерно ја оттурнал од патот. Инцидентот не завршил тука. Откако жената запрела, мажот наводно извадил оружје што испукува гумени куршуми и пукал кон неа, предизвикувајќи дополнителен страв и опасност. По пријавата, полицијата брзо реагирала и го привела ...

Властите во Виетнам започнаа засилена акција против продажбата на фалсификувани производи, со цел да го намалат црниот пазар на копии од светски познати брендови и да ја подобрат репутацијата на земјата во областа на заштитата на интелектуалната сопственост. Во една од најголемите полициски акции, во два магацина во близина на Хо Ши Мин биле запленети повеќе од 23.000 пара папучи со лажни ознаки на брендови како „Најк“, „Адидас“, „Крокс“ и ...

Кога американските лекари му соопштиле дека му остануваат само неколку месеци живот поради терминален рак на белите дробови, Стаматис Мораитис донел одлука да се врати на родниот грчки остров Икарија за таму да ги помине последните денови. Наместо крај, таму започнало сосема ново поглавје од неговиот живот. Мораитис, кој тогаш имал околу 60 години и со децении живеел во Соединетите Американски Држави, првично мислел дека проблемите со ...

Несекојдневен инцидент се случил на лет на „Туркиш ерлајнс“ кон Германија, кога патник физички нападнал стјуардеса откако не му било дозволено да го смени седиштето. Случајот веднаш бил пријавен на полицијата по слетувањето на авионот во Дизелдорф. Според информациите на германскиот „Билд“, 29-годишен германски државјанин со турско потекло одбил да седи на своето резервирано место затоа што до него седела жена. Патникот побарал да биде ...

Несреќа на железничката пруга се случила во раните утрински часови во Велес, каде што при маневрирање дошло до судир на две локомотиви. Во инцидентот е повреден 27-годишен машиновозач, кој бил пренесен во болница. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 јули 2026 година околу 04:00 часот, од Ургентниот центар при ЈЗУ „Општа болница“ – Велес било пријавено дека кај нив со телесна повреда е донесен Т.Р. (27) од Велес. ...

Вонреден инцидент е забележан за време на викендот на јужната плажа во градот Бург, на германскиот остров Феман, кога дури 273 лица побарале лекарска помош по убод од медузи. Германските спасувачки служби издадоа итно предупредување поради појавата на таканаречените „огнени медузи“, кои го преплавија Балтичкото Море на 11 и 12 јули. Невообичаено високите температури на воздухот и водата предизвикаа овие суштества да стигнат до брегот ...

Несреќа на железничката пруга се случила во раните утрински часови во Велес, каде што при маневрирање дошло до судир на две локомотиви. Во инцидентот е повреден 27-годишен машиновозач, кој бил пренесен во болница. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 јули 2026 година околу 04:00 часот, од Ургентниот центар при ЈЗУ „Општа болница“ – Велес било пријавено дека кај нив со телесна повреда е донесен Т.Р. (27) од Велес. ...

Екипите на јавното претпријатие денеска реализираа низа зафати за поквалитетен живот и поголема безбедност на граѓаните во градот и во населените места. Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци, во координација со Локалната самоуправа, продолжува со засилени активности на повеќе локации низ општината. Во текот на денешниот ден беа успешно реализирани повеќе клучни инфраструктурни и комунални проекти со цел подобрување на условите за живот и безбедноста на ...

Жителите на Велес деновиве добиваат СМС-пораки дека камерите од системот „Безбеден град“ регистрирале возење со брзина поголема од дозволената, што предизвика бројни реакции и дилеми меѓу возачите. Од Министерството за внатрешни работи, сепак, смируваат – станува збор за тестирање на системот, а не за изрекување казни. Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, појасни дека во Велес, како и во повеќе други градови, се спроведува завршната фаза од ...

Летните горештини можат да претворат една омилена детска играчка во сериозна опасност. Експертите предупредуваат дека популарните меки антистрес играчки познати како „сквиши“ не треба да се оставаат во автомобили изложени на високи температури, бидејќи постои ризик од пукање и истекување на жешкиот гел кој се наоѓа во нив. Предупредувањето доаѓа по неколку случаи во Соединетите Американски Држави, каде што деца се здобиле со изгореници откако ...

Трагичен случај е регистриран во гевгелискиот регион, каде што 36-годишен мигрант од Пакистан бил пронајден починат во близина на селото Мрзенци. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера на местото викано „Мрзенско поле“, во атарот на село Мрзенци, било пронајдено безживотното тело на лицето А.М. Според пријавата, околу 11:52 часот група мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош. По пристигнувањето на ...

Еден од најимпресивните предатори во океаните повторно ги збуни научниците. Огромна бела ајкула, позната под името „Контендер“, повторно испрати сигнал откако со месеци била надвор од системите за следење. Станува збор за примерок долг повеќе од четири метри и тежок околу 770 килограми, кој е меѓу најголемите големи бели ајкули некогаш следени во Атлантскиот Океан. Нејзиното движење веќе подолго време го следат истражувачите од организацијата ...

Несекојдневен случај ја привлече вниманието на хрватската јавност откако 38-годишна државјанка на Србија била уапсена под сомнение дека украла лежалки и чадор за сонце од приватен имот, по што добила и дополнителна мерка – забрана за влез и престој во Европскиот економски простор. Според информациите од полицијата, жената е осомничена дека во неделата околу 14 часот влегла во дворот на куќа во сопственост на 59-годишен маж во подрачјето на ...

Тешка несреќа го потресе прилепскиот регион, откако жител на селото Канатларци трагично го загубил животот при превртување на трактор во атарот на селото Подмол. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 20 часот во СВР Битола. При извршениот увид на местото на несреќата бил пронајден превртен трактор, за кој било утврдено дека претходно го управувал М.Т. (54) од Канатларци. И покрај ...

Несекојдневен и опасен инцидент се случил во ресенското село Курбиново, каде што жител бил нападнат од мечка додека престојувал во шумски предел. Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека случајот бил пријавен вчера вечер во 19:50 часот. Според полициските информации, Н.И. (41) од село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки во близина на селото. По нападот, повредениот маж веднаш бил пренесен во Битола, ...

По долг период на екстремно високи температури, Франција беше погодена од силно невреме кое донесе грмотевици, поројни дождови и силни ветрови, оставајќи зад себе човечки жртви и сериозни проблеми со електроснабдувањето. Според информациите од француските медиуми и националниот оператор на електроенергетската мрежа, најмалку две лица го загубиле животот, а околу 53.000 домаќинства останале без електрична енергија поради оштетувања ...

По неодамнешниот инцидент во кој три млади лица беа повлечени од силниот воден тек на реката Треска, повторно се отвори прашањето за опасностите кои ги носат брзите и студени реки, особено во периоди кога нивото на водата може нагло да се промени. Пред два дена беше објавено дека двајца 15-годишници и еден 18-годишник биле однесени од струјата на Треска, откако водостојот на реката ненадејно се зголемил поради зголемен испуст од браната ...

Зад насмевките на луѓето често се кријат приказни за кои никој не знае. Некои луѓе со години тивко се борат со болка, ограничувања и предизвици, а сепак продолжуваат да работат, да создаваат и да покажуваат сила пред светот. Таква е животната приказна на Мила Арсовска, 42-годишна скопјанка која повеќе од една деценија живее во Њујорк, каде работи како фризерка и стилистка. За многумина таа е позната како успешна професионалка со ведар дух, но ...

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста. Станковски беше обвинет за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“, а пресудата е донесена откако тој ја признал вината пред судот. Од Основниот суд Гевгелија информираа дека станува збор за првостепена пресуда, а на обвинетиот му е продолжен притворот сè до ...

Русија ја губи контролата врз својот излез кон Црното Море поради серијата украински напади, кои ја принудија Москва оваа недела да ја прекине пловидбата низ овој клучен воден пат, со што се ограничува способноста на Кремљ да тргува со остатокот од светот. Ваквиот развој на настаните е голем пресврт за Русија, со оглед на тоа што Азовското Море со години беше надвор од дофатот на Украина. На Москва тоа и служеше како погодна база за ...

Македонските судови донесоа важна одлука во борбата против организираниот криминал – комуникациите од заштитената апликација SkyECC можат да се користат како законски докази во судските постапки. Ова беше потврдено преку две правосилни пресуди на скопскиот Апелационен суд, со кои се прифатени како веродостојни разговорите и пораките разменувани преку оваа дигитална платформа меѓу припадници на криминална група. Еден од случаите се однесува на ...

Едно мало, но преслатко видео од мачорот Пепе стана вистински хит на интернет и успеа да го привлече вниманието на илјадници љубители на животни ширум светот. Портокаловиот мачор со својот необичен ритуал за опуштање ги освои корисниците на ТикТок, а снимката за кратко време собра огромен број позитивни реакции. На видеото Пепе е снимен како удобно лежи на меко ќебе и мирно ги движи своите шепи во добро познатото мачешко „месење“. Ова ...

Фудбалскиот свет со огромно внимание го очекува финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, но покрај големото ривалство на теренот, овој натпревар носи и една неверојатна приказна која изгледа како сцена од филм. Пред речиси две децении, една хуманитарна фотографија создадена без никаква посебна најава стана симбол на чудна фудбалска поврзаност. На неа младотo Лионел Меси, тогаш само 20-годишен фудбалер кој допрва го градеше ...

Најмалку 14 лица загинаа, а пет се повредени во Перу откако комбето со кое се превезувале слетало во пропаст на северот од земјата, соопштија денеска локалните власти. „Смртно настрадаа 14 лица, додека пет се повредени при пад на комбето во бездна“, изјави Рикардо Чилон, претставник на градските власти во Сан Хуан (800 километри северно од Лима), пренесува француски „Фигаро“. Како што додаде тој, во несреќата која се случила во четвртокот, ...

Голема природна катастрофа го потресе југозападниот дел на Кина, откако огромно свлечиште во округот Пенгшуј затрупа дел од станбени објекти и остави непознат број луѓе заробени под урнатините. Според информациите од кинеските државни медиуми, свлечиштето се случило во петокот во подножјето на рид во близина на станбени згради. Земјиштето се одронило со голема брзина, при што биле урнати неколку објекти, а дел од жителите не успеале навреме ...

По налог на дежурниот јавен обвинител, одредена е мерка притвор за осомничениот И. П. од Бор, претседател на Фудбалскиот клуб „Бор 1919“, поради постоење основи на сомнение дека извршил продолжено кривично дело „Злоупотреба на службената положба на одговорно лице“, и за осомничениот Н. Б. од Крушевац, генерален секретар на клубот, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „Злоупотреба на службената положба на одговорно ...

Новата мерка за поддршка на бизнисите и отворање работни места предизвика голем интерес кај компаниите, откако беше објавено дека фирмите ќе можат да добијат неповратни средства до 250.000 денари за секое ново вработено лице. Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека отворањето нови работни места, намалувањето на невработеноста, подобрувањето на животниот стандард и создавањето поповолна бизнис-клима остануваат меѓу главните приоритети на владините ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1030
weather icon

Белград

13ᴼ / 9ᴼ
2.57
59%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
52%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
62%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.34
70%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
54%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
50%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
58%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
67%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32