На 87-годишна возраст почина Оливера Катарина Шакиќ, една од највлијателните и најпрепознатливите уметници од просторот на поранешна Југославија, пренесуваат српските медиуми. Тажната вест за смртта на актерката и пејачка ја соопшти нејзиното семејство, кое засега не објави дополнителни информации за околностите и причината за нејзината смрт. Оливера Катарина зад себе остави повеќе од шест децении богата уметничка кариера, во која се истакна ...

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречиле обид за криумчарење на 348 грама златен накит, чија проценета вредност изнесува околу 1,3 милиони денари. Случајот бил откриен при влез во државата, за време на детална контрола на патничко возило во кое патувал брачен пар – македонски државјани со живеалиште во Белгија. Според информациите од Царинската управа, при темелниот преглед на автомобилот, царинските службеници во чантата ...

Домаќинствата во Европа се соочуваат со големи разлики кога станува збор за задолженоста, покажува најнова анализа на Евростат. Додека во некои држави кредитите се дел од секојдневното финансиско планирање, во други нивото на задолженост е значително пониско. На врвот на листата се наоѓа Данска, каде што долгот на домаќинствата надминува 200 проценти од расположливиот доход. Високо рангирани се и Холандија, Луксембург, Шведска и Норвешка, ...

Научниците предупредуваат дека Сахара постепено се шири, а климатските промени и сè почестите суши го зголемуваат ризикот од дезертификација во делови од Европа. Сепак, тие нагласуваат дека тоа не значи дека пустината буквално ќе ја „проголта“ Европа, туку дека сè повеќе региони би можеле да се соочат со услови слични на пустинските. Најизложени се земјите од јужна Европа, како Шпанија, Португалија, Италија и Грција, каде што долгите сушни ...

Голем пожар избувна вечерва во магацин во местото Митри-Мори, во францускиот департман Сена и Марна, јавува францускиот весник „Ле Фигаро“, повикувајќи се на противпожарната служба. Густи облаци црн чад биле видливи на километри околу местото на пожарот, а снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како чадот се издига во непосредна близина на аеродромот „Шарл де Гол“, кој се наоѓа на само неколку стотици метри од местото на несреќата. ...

Во рамки на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“, вечерва се одржаа спортски игри кои создадоа одлична атмосфера исполнета со смеа, позитивна енергија и дружење. Преку различни спортски активности, учесниците имаа можност да ги покажат своите вештини, но и да ја истакнат важноста на тимската работа, фер-плејот и меѓусебната почит. Настанот уште еднаш потврди дека спортот е еден од најубавите начини за поврзување на луѓето и ...

Иако животниот век продолжува да расте ширум светот, луѓето сè поголем дел од животот го поминуваат со здравствени проблеми, покажува ново глобално истражување објавено во научното списание The Lancet Public Health. Студијата, која опфатила 204 држави, покажува дека очекуваниот животен век расте побрзо отколку бројот на години поминати во добро здравје. Научниците предупредуваат дека фокусот на здравствените системи мора да се насочи не само ...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Нови Сад, откако автомобил „Фолксваген Голф“ излетал од коловозот, се превртел и завршил во канал покрај патот. Според првичните информации од српските медиуми, возилото го управувал 32-годишен маж, кој на остра кривина, од засега непознати причини, ја изгубил контролата над автомобилот. По излетувањето од патот, возилото паднало во канал исполнет со вода и останало превртено на ...

Фудбалерот на Баерн Минхен и француски репрезентативец Мајкл Олисе повторно е во центарот на вниманието, но овојпат поради неговиот приватен живот. Германскиот „Билд“, а потоа и шпанска „Марка“, објавија интервју со Фатима Зонбришер, која тврди дека има ќерка со 24-годишниот фудбалер. Според нејзината изјава, двајцата започнале врска во 2022 година, додека Олисе настапувал за Кристал Палас. Таа тврди дека по нивното разделување дознала дека е ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не застанува по историскиот настап на Вимблдон. По најголемиот успех во својата кариера со пласманот на главниот турнир во Лондон, таа сега го насочува вниманието кон УС Опен. Организаторите на последниот Грен слем турнир во сезоната го објавија списокот на пријавени тенисерки, а меѓу нив се најде и името на Ѓорческа. Како и на Вимблдон, македонската тенисерка ќе се обиде преку квалификациите да обезбеди ...

Мозочниот удар може да се случи во секое време, но истражувањата покажуваат дека најголем број случаи се регистрираат во утринските часови, најчесто помеѓу 6 часот наутро и пладне. Според невролозите, причината лежи во природните промени што се случуваат во организмот по будењето. Во тој период крвта е погуста и полесно создава згрутчувања, додека природните механизми што ги разградуваат згрутчувањата се помалку активни. Дополнително, по ...

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“ во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 21 јули околу 14 часот. Во судирот учествувале мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишен жител на селото Волково, и патничко возило чиј возач по несреќата го напуштил местото на настанот. Повредениот ...

Сопственик на ресторан со две „Мишелин“ ѕвезди во Јужна Кореја се соочува со можност да добие едногодишна затворска казна, откако обвинителите го обвинија дека користел мравки како декорација во десерти, пренесува Би-би-си, повикувајќи се на локални медиуми. Покрај затворската казна, обвинителството побарало и парична казна од 20 милиони вони (околу 11.800 евра). Случајот бил откриен откако инспектори од Министерството за безбедност на ...

Норвешката и светската спортска јавност се простуваат од Олаф Туфте, двократен олимписки шампион во веслање, кој почина на 50-годишна возраст. Според информациите, Туфте бил пронајден на својата фарма, на околу 80 километри од Осло. По повикот до итните служби, бил организиран итен транспорт со хеликоптер до болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот. Причината за смртта засега не е соопштена. Зад себе ги остави сопругата Аина и ...

Гостиварецот Дарко Грујоски на социјалните мрежи објави микробиолошки наод според кој во неговиот измет биле пронајдени јајца од цревниот паразит Ascaris lumbricoides. Во објавата тој побара одговорност и праша кој ќе ги надомести трошоците за прегледите, лекувањето и изгубените работни денови. Во изјава за „360 степени“, Грујоски вели дека на испитување се одлучил откако забележал крв во столицата. Тој нагласува дека не тврди оти паразитите ...

Едно лице загина, а друго е повредено откако училишен хеликоптер од типот R-44 се урна во местото Темели, во округот Синџан, во близина на Анкара, соопштија турските власти. Според првичните информации, несреќата се случила околу 10:02 часот, за време на обучувачки лет. Веднаш по падот на хеликоптерот, на местото пристигнале екипи на жандармеријата и итните служби, кои го обезбедиле теренот и започнале со увид. Турскиот министер за правда ...

Многу возачи веруваат дека камерите за мерење брзина ги регистрираат возилата уште на неколку стотици метри оддалеченост. Според експертите, тоа не е точно. Фиксните камери работат во прецизно определена зона на мерење, а брзината ја регистрираат само кога возилото ќе влезе во тој опсег. Доколку е надминато дозволеното ограничување, тогаш системот го евидентира прекршокот и го фотографира возилото. Еден од најчесто користените системи во ...

Компанијата „ОпенАИ“ соопшти дека за време на контролирано безбедносно тестирање еден од нејзините напредни модели на вештачка интелигенција покажал неочекувано однесување, успевајќи да ги заобиколи дел од поставените ограничувања и да пристапи до системи поврзани со платформата „Хагинг фејс“, пренесува Би-би-си. Според компанијата, станува збор за експеримент во контролирана средина, во кој таканаречениот ВИ-агент самостојно пронашол ...

Бугарскиот парламент го одобри барањето на Соединетите Американски Држави за користење на воздухопловната база Безмер како логистичка поддршка за американските операции на Блискиот Исток. Одлуката била изгласана со 136 гласа „за“, 13 „против“ и двајца воздржани. Според усвоениот план, во периодот од 24 јули до 1 октомври во базата ќе можат да бидат распоредени до осум американски авиони-танкери KC-135, до 250 припадници на воениот персонал, ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска треба да ја донесе конечната одлука за статусот на Охридскиот Регион, односно дали ќе го задржи статусот на светско природно и културно наследство или ќе биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Одлуката ќе се темели на извештаите за тоа колку Македонија и Албанија ги исполниле препораките на УНЕСКО за заштита на регионот. Во фокусот на оценувањето се справувањето со ...

Вкупно 33 лица побарале лекарска помош и биле згрижени во скопските болници по силното невреме што вчера го зафати главниот град, информира Министерството за здравство. Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ биле примени 22 повредени лица, од кои двајца остануваат на болничко лекување поради сериозноста на повредите. Во меѓувреме, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле примени 11 пациенти, при што тројца се ...

Многумина веруваат дека астрологијата може да открие какви сме во љубовта, а според астролозите, Бикот и Девицата се меѓу хороскопските знаци кои најмногу ја ценат верноста и посветеноста во врската. Бик Луѓето родени во знакот Бик, според астролошките толкувања, се познати по својата искреност, стабилност и силни морални принципи. Кога ќе изградат емотивна врска, тие вложуваат многу труд и очекуваат исто ниво на доверба и лојалност од ...

Сè повеќе млади луѓе ширум светот заболуваат од одредени видови рак, а ново научно истражување сугерира дека една од можните причини би можела да биде забрзаното биолошко стареење на организмот. Истражувањето, спроведено од научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон, покажува дека кај поновите генерации постои поголема разлика меѓу хронолошката возраст – бројот на години што ги има човек – и биолошката возраст, која ...

Трагичен случај од Австралија повторно го привлече вниманието кон ретката алергија на месо што може да се развие по каснување од крлеж. Петнаесетгодишниот Џереми Веб починал во 2022 година, откако на кампување изел говедска колбасица. Во почетокот, причината за смртта била заведена како последица од астма, но по дополнителна истрага, судскиот вештак утврдил дека момчето починало од анафилактичен шок предизвикан од алфа-гал синдром, ретка ...

Директорот на Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување во Србија (ПИО), Реља Огњеновиќ, најави дека државната финансиска помош за пензионерите ќе биде исплатена најдоцна до 15 септември. Информацијата беше соопштена на трибина организирана во белградската општина Раковица, на која присуствуваа повеќе од 300 пензионери. Огњеновиќ изјави дека ПИО фондот, во соработка со Министерството за финансии и Министерството за труд, работи ...

Capri Pool Veles оваа сабота, 25 јули, го одбележува својот роденден со голема Night Vibe забава! 🎉 За одличната атмосфера ќе се погрижи гостин DJ Mats, кој ќе пушта музика до доцна во ноќта покрај базенот. Почетокот е во 21:00 часот, а влезот е бесплатен. Доколку сакате добра музика, летна атмосфера и незаборавна вечер со друштвото, ова е настанот што не треба да го пропуштите. 📍 Capri Pool Veles 🗓️ Сабота, 25.07. 🕘 Почеток: 21:00 часот ...

Додека цените на летувањето на голем дел од јадранското крајбрежје продолжуваат да растат, една дестинација и натаму останува меѓу најисплатливите избори за оние што сакаат море без огромни трошоци, пренесува „N1 Загреб“. За многу семејства, одморот на хрватското приморје станува сè поскап поради повисоките цени на сместувањето, храната и угостителските услуги. Доколку немате сопствен апартман или роднини кај кои можете да престојувате, ...

Триесет и седумгодишен жител на Кичево го загуби животот во пожар што избувнал во стан на улицата „4 Јули“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 21 јули во 18:55 часот, кога од Територијалната противпожарна единица Кичево било известено дека избувнал пожар во станбен објект. Пожарникарите веднаш интервенирале и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. По завршувањето на ...

Франција стана првата земја-членка на Европската Унија што усвои закон со кој на децата помлади од 15 години ќе им биде забрането да отвораат профили на популарните социјални мрежи како TikTok, Instagram и Snapchat. Законот, кој е силно поддржан од францускиот претседател Емануел Макрон, доби зелено светло во Националното собрание со 279 гласа „за“ и 81 „против“, откако претходно беше одобрен и во Сенатот. Пред да стапи во сила, потребно е да ...

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 62-годишен жител на струмичкиот регион, кој е осомничен за тешко кривично дело извршено врз малолетничка помлада од 15 години. Според информациите што ги соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за лицето А.С. (62), против кое е поведена постапка поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Од полицијата ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
58%
1029
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
0.45
61%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.11
69%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
70%
1026
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
5.36
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
54%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
49%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
59%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
6.17
72%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Бакар

12.58