Скопје
-7ᴼ /
-7ᴼ
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против две лица од Кичево, Б.Т. (51) и В.Т. (51), поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Според информациите од СВР Охрид, осомничените во својство на инвеститори изградиле станбено-деловен објект без соодветно одобрение за градба, постапувајќи спротивно на законските прописи. Со ваквото незаконско постапување, пријавените оствариле противправна имотна корист во износ од 18.051.600 ...
Над илјада пациенти во Појасот Газа починале додека чекале медицинска евакуација, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според неговата објава на социјалната мрежа „X“, во периодот од јули 2024 година до 28 ноември 2025 година починале најмалку 1.092 лица кои не успеале навреме да бидат евакуирани за лекување. Тој нагласи дека овие податоци, доставени од Министерството за здравство на ...
Обилните врнежи од дожд и силните грмотевици предизвикаа хаос во Дубаи, каде што улиците буквално се претворија во реки, а сообраќајот беше целосно парализиран. Поради влошените временски услови, полицијата упати итен апел до граѓаните да останат во своите домови и да избегнуваат движење, освен ако тоа не е апсолутно неопходно. Предупредувањето беше испратено директно на мобилните телефони на жителите, неколку часа откако дождот ги поплави ...
Министерството за внатрешни работи ќе ги објави јавно сите локации на кои се поставени камерите од системот „Безбеден град“, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што истакна, целта на системот не е да претставува „стапица“ за возачите, туку да придонесе за зголемување на сообраќајната безбедност и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Тошковски нагласи дека транспарентноста е клучен елемент во имплементацијата на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво повеќе не се третира како една од најопасните дроги во САД. Со одлуката, канабисот се преместува од првата во третата категорија на контролирани супстанци. Досега, марихуаната беше класифицирана во истата група со хероин и други тешки дроги, но со новата регулатива ќе се најде во категорија во која спаѓаат, меѓу другото, анаболните стероиди и ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави нов силен инвестициски импулс за македонската економија, потврдувајќи дека во државата ќе влезат две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80 милиони евра. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека станува збор за една турска и една германска компанија, кои веќе дале официјална потврда за инвестициите. Според најавите, двете компании заедно ќе остварат извоз поголем од 200 ...
Министерството за внатрешни работи значително ги засили превентивните и репресивните мерки против нелегалната употреба на пиротехнички средства, при што годинава се запленети речиси трипати повеќе пиротехника во споредба со минатата година. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на Плоштад „Македонија“, заедно со директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот ...
Името на Баба Ванѓа повторно ја бранува јавноста, откако се појавија нови толкувања на нејзините наводни предвидувања за 2026 година. Според следбениците на славната македонска пророчица, светот го очекува една од најнеизвесните години во модерната историја. Најконтроверзното тврдење е дека во ноември 2026 година човештвото ќе оствари контакт со вонземска цивилизација, при што на Земјата наводно ќе се појави „огромен вселенски брод“. Овој ...
Банкарски службеник од Битола ќе одговара кривично поради злоупотреба на службената положба, откако, според полицијата, незаконски ги зголемувал лимитите на кредитни картички и си прибавил значителна финансиска корист. СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С. (35) од Прилеп поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според информациите од полицискиот билтен, осомничениот, во ...
Во координирана полициска акција спроведена во ноќта меѓу 17 и 18 декември, како и во текот на вчерашниот ден, под раководство на јавен обвинител, биле извршени претреси на повеќе локации низ државата, при што уапсени се 11 лица. Акцијата опфатила локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. По поднесена кривична пријава, јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка против ...
Поранешниот црногорски кошаркар Милко Бјелица (41) доживеа сериозна и исклучително опасна несреќа во Белград, кога неговиот автомобил пропаднал низ товарен лифт во подземна гаража. Во возилото во моментот на инцидентот се наоѓале неговата сопруга и двете деца. Според српските медиуми, лифтот станал нестабилен и возилото пропаднало, при што семејството останало заглавено во целосно оштетениот автомобил. Очевидци велат дека ситуацијата била ...
Повеќе лица загинале во авионска несреќа што се случила при слетување на регионалниот аеродром Стејтсвил во американската сојузна држава Северна Каролина, соопштија официјални извори. Според информациите од воздухопловните власти, деловен авион од типот „Цесна Ц550“ се урнал околу 10:20 часот по локално време. Во авионот се наоѓале шест лица. Шерифот на округот Иредел, Дарен Кембел, за „Асошиејтед прес“ потврди дека има жртви, но не ...
Маж на возраст од 44 години од Градско се здобил со повреди откако со патничко возило излетал од коловозот на регионалниот пат Градско–Неготино, во близина на мостот на реката Црна Река. Како што информираат од СВР Велес, сообраќајната несреќа била пријавена вчера околу 07:45 часот. Возилото марка „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Б. од Градско, излетало надвор од коловозот од засега неутврдени причини. Возачот бил ...
Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот Браун во САД, во кое минатата недела беа убиени двајца студенти, е пронајден мртов по шестдневна интензивна потрага што се одвиваше во неколку сојузни држави. Американската полиција соопшти дека станува збор за 48-годишниот Клаудио Невес Валенте, португалски државјанин кој пред околу 25 години студирал на Универзитетот Браун. Неговото тело било пронајдено во складиштен објект во градот Сејлем, ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 40-годишниот С.Х. од Скопје, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна поради тешки кривични дела. Како што информираат од полицијата, апсењето било извршено на 18 декември во 14:20 часот, по претходно издадена судска наредба, во координирана акција на Одделите за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Кисела Вода. Осомничениот бил осуден на казна затвор во траење ...
Уште осум лица осудени за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст, откако издржале повеќе од две третини од изречените затворски казни. Информацијата доаѓа од извори во Кривичниот суд, а одлуките ги донел Кривичниот совет, кој утврдил дека се исполнети сите законски предуслови за ваква мерка. Според достапните информации, на 31 декември, ден пред Нова година, од затвор треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко ...
Во Скопје доцна синоќа е пријавен трагичен настан, за кој првично информираше телевизијата Алсат. Според неофицијални информации, станува збор за смрт на младо лице, за кое се сомнева дека било на возраст од 17 до 18 години. Настанот, според истите извори, се случил на подрачјето на Парк-шумата Гази Баба. Засега нема официјална потврда за околностите под кои настанала смртта. Од Министерството за внатрешни работи се очекува во текот на денот ...
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека во Скопје е надминат прагот на алармирање за загадување со ПМ10 честички, согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем и временската прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи. Прагот на алармирање, кој подразбира надминување на концентрација од 150 μg/m³ во два последователни дена, е регистриран на повеќе мерни станици во градот: Центар, Гази Баба, ...
Во духот на солидарноста и општествената одговорност, компанијата Кристал реализираше хуманитарна активност во Велес, при што беа посетени и поддржани неколку од најранливите семејства во градот. Активноста беше спроведена директно на терен, каде што на семејствата им беа поделени пакети со основни прехранбени производи. Со оваа иницијатива, Кристал уште еднаш покажа дека е компанија која не само што гради доверба преку своите производи, туку ...
Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, истакна дека откупот на тутун во 2025 година се одвива без проблеми, со вкупно откупени околу 15 милиони килограми, а просечната откупна цена изнесува 419,84 денари/кг, за речиси 20 денари повеќе од минатата година. Трипуновски посочи дека, ако продолжи ваквата динамика, откупот ќе заврши до крајот на годината. Тој оцени дека 2025 година е многу успешна за земјоделството, наведувајќи го растот ...
Поранешниот еквадорски фудбалски репрезентативец, Марио Пинеида (33), бил убиен во средата во пристанишниот град Гвајакил, соопшти неговиот клуб Барселона СЦ. Пинеида настапи за Еквадор на квалификациите за Светското првенство 2018 и 2022, а ја освои титулата во еквадорското првенство со Барселона во 2016 година. Тој исто така го носеше дресот на бразилскиот клуб Флуминенсе. Според Министерството за внатрешни работи на Еквадор, Пинеида бил ...
Околу 30 превозници во Гостивар ги паркираа своите минибуси пред општината како знак на протест. Тие бараат исплата на долгот за превоз на ученици, кој не им е исплатен од март. Превозниците истакнуваат дека продолжуваат да ги превезуваат учениците во тешки услови, но ако не им се исплатат средствата, ќе го блокираат влезот на општината и патиштата. Тие нагласуваат дека голем дел од нив имаат значителни долгови, а досега добиле само средства ...
Брајан Волш (50) од Бостон доби доживотен затвор без можност за условна слобода за убиството на неговата сопруга Ана Волш (39), родена во Белград. Ана исчезна пред речиси три години, а нејзиното тело никогаш не е пронајдено. Судската одлука следуваше по осумдневно судење и пет часа расправа на поротата, која го прогласи Волш за виновен за убиство од прв степен, објави „Вашингтон пост“. Според обвинението, Волш ја убил Ана во јануари 2023 ...
Соединетите Американски Држави дадоа зелено светло за продажба на вооружување на Тајван во вредност од приближно 11,1 милијарди долари, со цел да ги подобрат одбранбените капацитети на островот. Според агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста на САД (DSCA), овој пакет опрема ќе придонесе за одржување на стабилноста, воената рамнотежа и економскиот развој во регионот. Продажбата вклучува самоодни хаубици и придружна опрема со ...
Во Тирана денеска избувна хаос во албанскиот парламент, откако пратениците од опозицијата запалија бакљи и фрлаа вода за време на седницата. Инцидентот се случи поради спорови околу корупциските скандали поврзани со владата, а хаосот беше проследен со туркање и чад што се ширеше низ салата, додека безбедносните сили се обидуваа да воспостават ред. Опозицијата обвинува дека владата ги игнорира нивните барања за истрага на корупциски случаи што ...
Општина Росоман денеска реализираше исплата на финансиска помош за родители на новородени деца. Градоначалникот Ѓорѓи Крстевски преку Фејсбук соопшти дека секој родител кој навремено поднел барање добил по 12.000 денари. „Општина Росоман ќе продолжи со оваа мерка и во иднина, а во рамки на можностите ќе работиме и на зголемување на износот, со цел поголема поддршка за младите семејства. Грижата за најмладите е инвестиција во иднината на ...
Во затворот Идризово, осуденичките од отвореното одделение ја користат шивалната како дел од процесот на ресоцијализација. Савка Гацевски, која работи таму од март, ја опишува работата како начин не само да им поминува времето, туку и како подготовка за нормален живот по излегувањето од казната. Работното време е од осум часа, а секоја жена има зададени задачи, што им помага да се вратат во ритам сличен на надворешниот живот. Во шивачката ...
Двајца жители на Кавадарци се пријавени за кривично дело „лихварство“ според член 260 од Кривичниот законик. ОВР Неготино поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против Н.С. (59) и Р.С. (34), поради сомнение дека во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на едно лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, со лихва која на крајот достигнала 167.000 денари. Оштетениот доставил и докази ...
Обвинителството поднесе обвинение против две лица од ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и финансиски злоупотреби. Се работи за поранешниот в.д. директор Сабахадин Рустеми и менаџерот за отпад, кои се сомничат дека како соизвршители, преку несобирање и неконтролирано управување со отпадот во Скопје, предизвикале ризик по здравјето на граѓаните и штета врз природата. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оцени дека дејствијата ...
Советот на јавни обвинители денеска не успеа да избере в.д. државен јавен обвинител, бидејќи на итната седница не присуствувал еден од членовите. Од Советот истакнуваат дека отсуството било оправдано. Поради тоа, седницата, која требаше да се одржи на 18.12.2025 во 11 часот, е одложена за 22.12.2025, во 11 часот. Изборот на в.д. државен јавен обвинител беше итен по оставката на досегашниот државен обвинител Љупчо Коцевски, кој ја поднесе ...